Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОЧАНИ

media-libraryo8c6sjcb2bi95vSZtEc

Собранието во четврток ќе одржи комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани

Собранието на Република Северна Македонија за 12 март 2026 година ја закажа својата 93. седница, која ќе има комеморативен карактер.Оваа пленарна седница, што ќе се одржи во салата „Македонија“, е посветена на одбележувањето на една година од трагичниот настан во Кочани.Како единствена точка на дневниот ред, комеморацијата претставува официјален чин на оддавање почит кон жртвите и сеќавање на настанот што ја потресе јавноста, со што законодавниот дом директно се вклучува во одбележувањето на оваа тажна годишнина.

Македонија | пред 2 седмици

skolo-4

Училиште во Кочани евакуирано по пријава за лажна бомба

Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.Веднаш по добивањето на информацијата, учениците и вработените биле евакуирани од објектот според утврдените безбедносни протоколи.Заканата била испратена преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Штип.Службени лица на МВР веднаш излегле на терен и извршиле детален антитерористички преглед на училишната зграда.Истрагата е во тек за да се открие изворот на лажната дојава, а во училиштето се постапува согласно предвидените процедури за вакви ситуации.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryda196ujduqq140xGZ3s

„Сто пати си кажавме колку се сакаме како да знаевме дека е последно“, Ана се потсети на последниот настап со ДНК пред Кочани

Се ближи 16 март, кобниот датум кога ќе се наврши една година од страшната трагедија во кочанското кабаре „Пулс“, во која животот го загубија 63 лица.Придружниот вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, на социјалните мрежи сподели фотографии од настап во еден скопски клуб, само една недела пред трагедијата во Кочани.Паметам како вчера да беше… секоја песна, секоја емоција. Сто пати си кажавме колку се сакаме, скокавме, се забавувавме, се гушкавме, како да знаевме дека е последно… Бескрајно многу ми недостасувате“, напиша таа.

Магазин | пред 2 седмици

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Сведок смени исказ за трагедијата во „Пулс“, ќе му се чита што кажал во истрагата

Трајче Димишковски вработен како возач-доставувач од 2008 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, денес сведочеше на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“.Тој сведочеше дека агенцијата „Рубикон секјурити солушнс“ го обезбедувала објектот, а обезбедувањето дозволило дискотеката да биде преполна на 18 март 2025 година. Според неговото сведочење, биле пуштени голем број малолетници и деца, била употребена пиротехника без дозвола од полицијата, а немало поставени кордони ниту организирана евакуација за време на несреќата. Посочи и дека обезбедувањето работело без униформи и ознаки.На почетокот од сведочењето Димишковски изјави дека работел како обезбедување во училишта, а постојано вработување има во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како возач.Го познавам лицето Александар Нацев од 2008 година, од Дирекцијата каде што работевме заедно. Се познавам и со обвинетиот Јане Начевски, сопственикот на ‘Рубикон’, комшии се со Нацев“, изјави сведокот.Во април 2025 добил полномошно од Јане Јанчевски да потпишува за плати во „Рубикон“, оти немало кој да потпишува.Полномошното беше само за плати, немаше други задолженија. Сѐ течеше тековно, луѓето се договараа меѓу себе за смените и кој каде да оди. Ми требаше совет како да направам вирмани, го прашав Нацев како да ги подготвам платите. Тогаш мораше да се пуштат плати, се доцнеше со рокот за исплата. Имаше и други вработени, но јас бев најслободен оти бев ангажиран за средните училишта и можев да одам“ – рече сведокот.Нему му бил даден и печат, кој бил во ташната со документацијата, која била во службеното возило на агенцијата кое тој го користел.Неговото сведочење се следеше внимателно, бидејќи, како што беше посочено во судницата, тој го сменил исказот даден во истрагата.Сведочењето на Трајче се прекина и ќе продолжи в четврток, кога ќе се чита што кажал пред обвинителите по трагедијата која однесе 63 млади животи.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

„63 бели столчиња – 63 животи“: Објавена програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, која ќе се одржи од 14 до 16 март со повеќе комеморативни, духовни и културни настани.Одбележувањето започнува на 14 март со богослужби во храмот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Кочани. Во 08:00 часот ќе се одржи литургија за упокоените, а во 09:30 часот ќе следува општ парастос. Во 10:45 часот на Градските гробишта во Кочани ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагедијата на 16 март 2025 година.На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 09:00 часот ќе се одржи рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе се организира и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на релација Пониква – врв Панаѓур – Осогово.Во спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ во Кочани во 10:00 часот ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.Во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи музичко-балетски перформанс „Кочани ви благодари“ во 13:30 часот, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 18:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.Централното одбележување ќе се одржи на 16 март. Во 02:15 часот пред објектот „Пулс“ ќе се одржи настанот „Светлина што останува“, а во 07:00 часот ќе започне трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.Во Паркот на револуцијата во Кочани во 08:45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, како и мурал „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.Во 09:00 часот е предвиден прием на гости и делегации, а во 10:00 часот ќе се одржи молитва за упокоените.Комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10:30 часот во НУЦК „Бели мугри“, додека во 12:30 часот ќе биде отворен меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.

Македонија | пред 3 седмици

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“. Тие направија увид во состојбата и најавија конкретни чекори за уредување на просторот околу здравствената установа и санација на асфалтните површини.Според министерот Алиу, станува збор за активности кои треба да го подобрат пристапот до болницата и условите за пациентите и медицинскиот персонал.„Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме видливи резултати по 30 години. Пристапот и инфраструктурата во здравството се составен дел од системот и не го опфаќаат само внатрешниот, туку и надворешниот дел. Благодарност до градоначалникот кој за кратко време направи организација за средување на просторот“, изјави Алиу.Тој додаде дека Владата и Министерството за здравство се фокусирани на враќање на довербата во јавното здравство преку три клучни столба – зајакнување на човечките капацитети, подобрување на инфраструктурата и системски промени.Министерот потсети дека оваа посета е продолжение на институционалната грижа за Кочани, откако кон крајот на ноември минатата година во регионот беше отворен регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.Во наредниот период ќе се спроведе чистење на вегетацијата и расчистување на запуштените површини во дворот на болницата, со што ќе се создадат нови паркинг места. Планирано е и демонтирање и отстранување на модуларната болница, со што дополнително ќе се ослободи простор за паркинг.Во следната фаза е предвидено и етапно реновирање на одредени делови од болницата.

Македонија | пред 3 седмици

Papazov

Поранешниот градоначалник на Кочани бара укинување на куќниот притвор

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој ја водеше општината во времето на трагедијата во кабарето „Пулс“ и е меѓу обвинетите функционери, доставил барање до Судот за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост. Предлогот, сепак, треба прво да го разгледа Јавното обвинителство.Судот го повика Обвинителството да се произнесе, но јавниот обвинител побара одлука да се донесе на следната главна расправа, наведувајќи дека „ги немаме сите информации во овој момент“.Денешното рочиште за трагедијата, во која загинаа 63 млади лица, се одржа во судницата во „Идризово“ и продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. Беа повикани пет сведоци, од кои четворица се обезбедени и присуствуваа.Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настапот на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Со пиротехника за време на настап на ДНК се запалиле звучници во Гевгелија, сведочи продавач на ваква техника

Пред трагедијата во „Пулс“ во Кочани, на настап на групата ДНК во ресторан во Гевгелија се запалиле платно и звучници, сведочеше пред судот сопственикот на продавница за пиротехника Горан Игновски. Тој рече дека за инцидентот слушнал од колега кој работи со озвучување.ДНК на настап во ресторан во Гевгелија имаат запалено платно и звучници. Колега од Гевгелија, Јани Мурџиев, кој работи со озвучување, ми раскажа за ова. Не знам кога точно се случило“, изјави Игновски.Во своето сведочење тој зборуваше и за пиротехниката што се користела на настапите. Откако ги видел видеата од пожарот во Кочани, посочи дека прскалките кои биле употребени имале домет поголем од три метри.Да користеа со домет од метар или два, немаше да настане пожар. Такви со домет од три метри се продаваат на Бит-пазар и се за надворешна употреба“, рече сведокот.Сведокот додаде дека по пожарот во Кочани имал две кутии со вакви прскалки – едната ја предал во полиција, а другата, како што рече, најверојатно сè уште ја има. Според неговите зборови, вкупно продал најмногу 15 вакви кутии.Тој ја објасни и разликата меѓу таканаречените „топли“ и „ладни“ прскалки.Топлата прскалка гори околу 30 секунди и чини околу 500 денари. Ладните прскалки за истото време чинат околу 100 денари, но уредот за нив чини околу 30.000 денари и мора да има струја и кабли“, рече Игновски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица.Јавниот обвинител најави дека на крајот од денешното рочиште ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со судска наредба.На претходното рочиште пред Судот сведочеше ПР на ДНК кој кажа дека прскалките биле од бендот, купувани легално од продавница во Кисела Вода, како и редовни гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март, минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5515

Што е планирано за годишнината од трагедијата во „Пулс“ од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе присуствува на настаните по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тој изјави дека за време на пратеничките прашања бил информиран од пратеници дека во Собранието ќе се одржи комеморативна седница, а дека во Кочани исто така ќе има одбележување на трагедијата.„Знам дека за време на пратеничките прашања ме информираа пратениците дека ќе има комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет организираме настан на кој ќе поканиме дел од медицинските екипи кои помагаа и ќе бидат тука“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека Владата обезбедува транспорт и сместување, како и организација на настан кој ќе има форма на конференција.„Комеморативна седница, како што ме информираше градоначалникот, ќе има и во Кочани. На сите овие настани ќе присуствувам“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Повраќаа црно, пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа во многу лоша состојба“, гостинка сведочи за обезбедувањето на „Пулс“

21-годишната Мартина Ристевска, која кобната вечер била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рече дека им е благодарна на обезбедувачите, меѓу кои ги спомена Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, дека ги жртвувале своите животи за да спасат што повеќе луѓе.Настана голема гужва, не се ни сеќавам како стигнав до вратата. Надвор беа Лазо и Столе и ми подадоа рака. Имаше многу луѓе паднати врз мене, ме извлекоа, па извлекуваа и други. Ме тргнаа настрана. Се најдов со двете другарки, и тие беа сигурни, па почнавме да помагаме на другите, да носиме вода и да се јавуваме на телефони, да кажеме што се случило. Членовите на обезбедувањето околу мене, видов дека помагаат на сите, иако беа во многу лоша состојба, повраќаа црно, им пружаа помош на сите – пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа навистина во многу лоша состојба – рече Ристевска.Го жртвуваа своето здравје за да спасат повеќе животи и јас засекогаш им сум благодарна. А и другите што ги спасија им се благодарни. Ќе имаше многу повеќе жртви ако не беа тие – рече девојката.

Македонија | пред 3 седмици

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Судечкиот совет одби спојување на предметите за „Пулс“

Aдвокати на обвинетите во судењето за случајот „Пулс“ побараа спојување на предметот за трагедијата во Кочани, со предметот против 13-те полициски службеници што се обвинети за исто кривично дело.Судечкиот совет донесе одлука да не го прифати барањето и да продолжи со предметот во кој им се суди на 35 физички и три правни лица.Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од ОЈО ГОКК, каде што вкупно има 25 обвинети и каде едниот предмет е веќе во завршна фаза, евентуалното спојување би довело до одолговлекување и на тие и на оваа постапка.Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка во фаза на доказна постапка и другите постапки поднесени од ОЈОГОКК каде што вкупно има 25 обвинети и едниот е во завршна фаза. Во таков случај евентуално спојување би довело до одолговлекување на тие и оваа постапка спротивно на начелото на економичност и целеисходност на постапката и неоправдано одолговлекување – рече судијката Диана Груевска Илиевска.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, на минатото рочиште побара судот да донесе решение за пренесување на Јованов во затворот во Идризово бидејќи затворскиот персонал од затворот во Куманово, како што рече, се однесува „деградичарки нечовечки и понижувачки кон обвинетиот“.На денешното рочиште Коцевска изјави дека управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент.Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен“, вели Коцевска.Но, обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, како што тврдеше неговата адвокатка на минатите рочишта, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.Од управата апелираат да не се земаат предвид паушални изјави што го нарушуваат угледот на затворот. Појаснуваат дека редовни претреси се прават во сите ќелии, а не само кај него.Според адвокатката Коцевска нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Сопственикот на објектот во кој беше сместен „Пулс“ се буни дека не можел да седи пет саати во судница, судијката му се закани со притвор

Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“.Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од болница, сериозно е болен. Тврди дека имал сепса на градите и бактерија во грлото.Јас не можам повеќе да плаќам шофери да ме возат на рочиштата, час и пол натака, час и пол навака. Се враќам и во кревет се борам за живот. Слушам и дека некои групи во Кочани се спремаат да ме лишат од живот – рече обвинетиот Милковски.Судијката Дијана Груевска Илиевска рече дека е информирана од лекарите за неговата здравствена состојба.Знам дека ви е најдена бактеријата. Судот направи сѐ што можеше, судот не може да ви обезбеди превоз до судницата – рече судијката.Милковски кажа дека нема да доаѓа од следното рочиште, а судијката му кажа дека ако не дојде на следното рочиште, ќе предложи притвор за него.Ако треба, ќе одам во притвор – рече Милковски.Одбраната предложи судот да донесе одлука за спојување на оваа постапка со новиот предмет во кој Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници.Одбраната посочи дека станува збор за исто кривично дело и дека оштетените се исти.Обвинителите рекоа дека не се надлежни да постапуваат во предмети кои се водат во друго обвинителство.Ова прашање е надминато на самиот почеток. Не зачудува фактот што одбраната често тука и во јавноста реагираат на обемноста на предметот и обвинетите, а сега бараат спојување“, рекоа кочанските обвинители.Ако судот одлучи да се спојат двата предмети, тоа би значело дека судскиот процес ќе треба да започне отпочеток.

Македонија | пред 3 седмици

puls-35-1

Ново рочиште за трагедијата во „Пулс“ – продолжува судскиот процес

Денес продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката.Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска, која на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, остана на ставот дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел прскалките во ниеден клуб каде што настапувале со групата ДНК, посочувајќи дека можно е тоа да го правело и техничко лице од клубот.Музичарот Горан Тонев, кој исто така настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле веќе поставени кога се качиле на бината, но дека не знае кој ги поставил и кој ги активирал. Тој опиша брзо ширење на огнот и густ чад во просторот.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Македонија | пред 3 седмици

puls-38

Со тродневна програма ќе се одбележи годишнината од „Пулс“

Кочани од 14 до 16 март со тридневна програма ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 62 млади лица. Градот најавува денови на тишина, благодарност и достоинствено сеќавање.На 14 март, под мотото „Молитвен шепот“, ќе се одбележи Ден на тишина. Во храмовите ќе се палат свеќи за упокојување на душите на прерано згаснатите животи. Организаторите посочуваат дека духовното единство треба да биде мелем за раните што сè уште болат.Следниот ден, 15 март, ќе биде посветен на хероите. Под наслов „Кочани Ви благодари“, градот ќе им оддаде признание на лекарите, медицинските тимови и сите кои во критичните моменти помогнаа во спасувањето на повредените. Ќе бидат доделени статуетки на благодарност, а ќе се одржи и културна програма во чест на оние кои беа светлина во најтешките часови.На 16 март, точно на денот на трагедијата, ќе се одбележи Денот на вечното сеќавање. Кочани ќе застане во мир и сплотеност, со оддавање почит на младите чии имиња, како што велат организаторите, засекогаш се врежани во темелите на градот.Градоначалникот Грозданов до младите кои ја преживеаја кобната ноќ. Тој ги повика лично да ги поканат лекарите и медицинскиот персонал што се бореле за нивните животи.„Ве охрабрувам сами да ги поканите вашите доктори, вашите ангели чувари. Општината ќе ги пречека со отворено срце и со сите почести, но вашата лична покана е она што ја прави разликата. Тоа е чин на жива благодарност“, истакна Грозданов.Со оваа програма, Кочани испраќа порака дека болката не е заборавена, но дека благодарноста и сплотеноста остануваат трајна вредност.

Македонија | пред 4 седмици

media-library6gvg6mttmcefbs54Zru

Таткото на загинатата Надица од „Пулс“: Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз смртта на нашите деца

„Нема да дозволиме некој да си ја пере совеста врз туѓа трагедија. Нема да дозволиме никој да гази врз смртта на нашите деца за да ја спаси сопствената позиција или углед.“ Со овие зборови Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“, повторно се обрати пред јавноста, нагласувајќи дека родителите остануваат обединети во борбата за целосна одговорност.Тој посочи дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со случајот, но дека, според него, постојат и други со „многу поголема моќ, обврски и надлежности“ кои засега не се опфатени со обвинението. „Тоа што денес не се опфатени не значи дека се ослободени од одговорност. Законот е јасен – ова дело не застарува. Ќе има ден и ќе ги чекаме и нив на обвинителна клупа“, рече Наунов.Осврнувајќи се на информациите дека се бара свикување колегиум за повторно разгледување на обвинението и евентуално ослободување на дел од обвинетите, тој порача дека „колегиумот може да прегледува документи, но не може да брише факти, пропусти и нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт“.Наунов направи разлика меѓу човечкиот инстинкт за самоодбрана и службената должност. „Кој помогнал – чест му и слава. Кој не помогнал – тоа е слабост на човекот, а не доказ за вина. Но суштината е во тоа кој имал должност, а не ја извршил. Кој имал овластување и не го употребил. Кој имал моќ, а ја свртел главата“, истакна тој.Тој нагласи дека родителите не бараат одмазда, туку правда и систем што ќе ги штити децата. „Ревизијата е техничка процедура, не е амнестија. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Вистината ќе излезе на виделина, сакал некој или не“, порача Наунов, најавувајќи дека борбата ќе продолжи сè додека не се утврди целосната одговорност за трагедијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0qojsto6r1e79CSBgB

Како се справи Македонија со трагедијата во Кочани, а како Швајцарија со Кран Монтана – Здружението „16 март 2025“ со споредба: човечност што лечи vs. молк што боли

Здружението „16 март 2025“ реагира на социјалните мрежи со остра споредба меѓу институционалниот одговор по трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана и односот на домашните власти по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од здружението посочуваат дека додека швајцарските институции обезбедиле брза финансиска помош, организирале државна комеморација и воспоставиле координирана поддршка за семејствата, кај нас речиси една година по трагедијата нема официјална комеморација, ниту јасен институционален план за поддршка и одговорност.„Две реакции на иста трагедија: човечност што лечи vs. молк што болиПо трагедијата во Crans-Montana на 1 јануари 2026 година, швајцарските власти демонстрираа пример за брза, организирана и човечка институционална реакција. Според информациите што ги пренесоа властите, за секое лице кое починало или било хоспитализирано се издвојуваат по 56.000 долари како директна помош. Дополнително, кантоналните власти во Вале, пред еден месец на сите засегнати им исплатиле по 10.000 швајцарски франци како облик на солидарност.Важно е да се истакне дека во Crans-Montana веќе беше одржана официјална државна комеморација на 8 јануари 2026 година, само една недела по трагедијата. Овој чин претставува јасна изјава на солидарност, признание и институционална поддршка кон семејствата на загинатите и повредените.Дополнително, во Швајцарија се организираат заеднички средби меѓу семејствата, државните претставници и осигурителните компании, со цел да се избегнат долги и исцрпувачки судски процеси.За оваа намена, Швајцарија има предвидено вкупно 20 милиони долари, како фонд за обесштетување и поддршка на сите погодени. Покрај тоа, 8,5 милиони долари ќе бидат префрлени на кантоналните власти за покривање на трошоците за итните интервенции и санација на последиците.Со тоа државата испраќа порака дека стои зад своите граѓани во моментите кога им е најпотребно.Овој модел на постапување ја става човечноста и одговорноста на прво место.Спротивно на ова, семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани на 16 март 2025 година и понатаму се соочуваат со институционално молчење. До денес не е обезбедена ниту финансиска, ниту морална поддршка, нема координирани средби со семејствата и нема план за институционална и финансиска поддршка.И најважно — во нашата држава до денес не е одржана државна комеморација за жртвите од трагедијата „Пулс“. Таквиот чин не е формалност, туку основна обврска на државата кога ќе бидат изгубени животи како последица на системски пропусти. Комеморацијата е официјален акт на национална почит и јавно признавање на трагедијата, како и јасна порака дека институциите стојат зад своите граѓани.Нејзиното изостанување скоро една година претставува сериозен институционален пропуст кој создава впечаток на дистанца, игноранција и одбегнување одговорност. Со ваквиот однос, државата испраќа длабоко погрешна и навредлива порака — како вината да се префрла врз загинатите деца и нивните семејства, наместо врз причините и пропустите што доведоа до трагедијата.Додека во Швајцарија судските процеси се избегнуваат со брза институционална координација, кај нас судските постапки се одолговлекуваат, а според достапните информации од правниот процес, во обвинителниот акт сè уште не се вклучени актуелни функционери, раководители или директори кои имаат позиција на одговорност во трагедијата „Пулс“.Семејствата беа оставени сами и во најтешките моменти. И погребите и надгробните обележја кај вечните почивалишта беа платени од донации преку Црвениот крст, а не од државата.Затоа ги поставуваме прашањата што одекнуваат скоро цела година:- Како е можно една одговорна држава, кога ќе изгуби свои деца, да реагира веднаш — со државна комеморација, со институционална поддршка, со финансиска помош, со јавни ставови, со јасен план за вистина и правда — а нашата држава скоро една година да не направи апсолутно ништо?- Како е можно институциите да не покажат ниту најминимален чин на човечка и државничка должност?- Како е можно да нема гест, нема позиција, нема став, нема јавна обврска?Како е можно трагедијата „Пулс“ да биде третирана како непријатност што треба да се сокрие, наместо како национална рана што мора да се залечи со вистина и со правда?- Како е можно државата да не спроведе ниту една сериозна мерка, ниту една реформа, ниту една јавна истина — како да се работи за настан што не ја засега?Семејствата на загинатите деца не бараат милост, ниту политичка услуга.Бараат нешто што е темел на секоја демократска држава: одговорност, транспарентност и државен став.Бараат државата да покаже дека стои зад своите граѓани, а не зад своето молчење.Зашто кога институциите ќе молчат толку долго, молкот престанува да биде тишина — станува став.Станува порака дека трагедијата не е приоритет.Станува признание дека одговорноста се избегнува.Станува обвинување врз самите жртви и нивните семејства.Но вистината не може да се затвори.Ни правдата не може да се паузира.Ни болката не може да се измие со игнорирање. .Болката останува наша.И колку и да бегаат од одговорност, срамот останува нивен — и ќе остане нивен сè додека државата конечно не постапи како држава: со јавно признание, со државна комеморација и со јасен пат кон вистина и правда“, велат од Здружението 16 март 2025.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykcn4etd875f144WG0Px

(Видео) „Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење“, Џамбазов со емотивен говор за „Пулс“

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од масакрот во Крагуевац во 1941 година.„Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија?“, праша тој, повлекувајќи паралела меѓу историските злосторства и современата трагедија.Џамбазов го спомена и масакрот во Крагуевац од 21 октомври 1941 година, кога беа стрелани ученици и наставници, потсетувајќи на зборовите на наставникот кој рекол: „Пукајте, јас и сега држам час“.„Како кај нас не се најде некој да го каже тоа, да ги заштитеше овие деца?“, праша Џамбазов, додека зад него на видеобим стоеше испишан насловот „Македонска крвава бајка“.Неговиот говор повторно ја отвори болната тема за одговорноста за трагедијата во „Пулс“ и за тоа дали општеството научило нешто од сопствените трагедии.

Настани | пред 1 месец

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Панчо викна – „Деко, гори“, кога бев келнер нѐ раздолжуваше и Михајло

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што денеска исказ даде Бојан Клименков, другар на загинатиот Петар Иванов. Клименков е поранешен келнер во локалот, кој кобната вечер бил таму како гостин.Клименков изјави дека шеф во „Пулс“ бил Дејан Манасиев, кој, според него, исплаќал заедно со Михајло и Дејан Јованов – Деко.Тој посочи дека посетителите однапред знаеле кога ќе има полициски инспекции поврзани со малолетници и дека по заминувањето на инспекциите повторно се враќале во објектот.Сведокот истакна дека критичната вечер забележал три прскалки кои, според него, се активирале автоматски, најверојатно преку систем со копче, бидејќи никој физички не дошол да ги запали. Огнот, како што рече, започнал од таванот веднаш по догорувањето на прскалките.„Вечерта не ги видовме прскалките, ама кога ги запалија, осетивме како нè пецкаат, па се тргнавме. Имаше три прскалки, сами се активираа, најверојатно со копче. Откако се активираа, се тргнавме настрана, видовме дека се запали плафонот над левата прскалка, лево гледано кон бината. Панчо викна ‘Деко, Деко, гори’. Деко дојде со противпожарен апарат и се обиде да гасне, па се упати десно од бината, можеби да се исклучи струјата. Тогаш Панчо рече ‘излегувајте’ и сите тргнавме кон надвор“, сведочеше Клименков, пренесе Плусинфо.Тој опиша дека во метежот кај влезот имало меѓу 300 и 400 луѓе, а густиот чад оневозможувал видливост. Додаде дека почувствувал силен мирис во салата кој предизвикувал поспаност и губење на свеста.„Беше топло, ме зафати стампедото и се онесвестив. Кога се освестив, над мене имаше пет-шест тела. Ми помогна Горан Илиев да излезам. Додека лежев ги видов сите кои спасуваа – Лазар Захариев, Горан Илиев, Методиј Клименков, мојот брат, Мартин Јосифов, Драган Петрушев. Кога ме извлекоа ги видов пожарникарите. Надвор пак се онесвестив и се освестив во комбето на пат кон болница“, рече тој.Во судницата беше спомената и врата која била заклучена, а за која претходно имало тврдења дека служела како излез за евакуација на малолетници при полициски рации.Судењето се одвива под засилено полициско обезбедување. Следното рочиште е закажано за 5 март, кога ќе бидат сослушани нови сведоци на Обвинителството.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk2l776t3a7u09BS5x6w

Гитаристот на ДНК за „Пулс“: Огнот беше над мојата глава, капеа црни капки, од кои имам изгореници, но повеќе имав од топлината

Денес пред Судот сведочеше Горан Тонев, гитаристот на групата ДНК. Тонев во судницата се појави со видливи изгореници на лицето и вратот, како последица од пожарот.Тој изјави дека околу една година и три месеци имал устен договор со Филип Стевановски да настапува како надворешен соработник и гитарист со дуото ДНК.Тој рече дека не забележал поставување на пиротехника на бината.– Секогаш прво правевеме тонска проба, па бендот се повлекуваше, а кога се враќавме на настанот тие веќе беа наместени. Не знам кој ги поставувал – рече тој и додаде дека и претходно се користела пиротехника на настапите на ДНК.Според него, прскалките се активирале околу 2.30 часот.– Потоа Владимир Блажев Панчо рече на микрофонот сите да излеземе надвор. Тоа го рече затоа што плафонот почнал да гори. Од местото каде што стоев јас, тоа не се гледаше јасно. Кога рече Панчо, тогаш го видов пламенот. Го оставив својот инструмент на бината и се упатив кон единствениот излез. Во дискотеката имаше премногу луѓе, така што, веднаш се заглавив во стампедо, кое траеше долго време. Долго време не успевав да излезам оттаму. Во тие моменти мислев дека го губам мојот живот – рече тој.Од Тонев беше побарано да го опише пожарот.– Јас се симнав од бината. Се ширеше екстремно брзо. Капеше одозгора и беше екстремно топло. Имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу долго. Кога погледнав нагоре, огнот беше над мојата глава и капеа црни капки, од кои имам изгореници, но повеќе имав од топлината – рече тој.Гитаристот сведочеше дека се здобил со изгореници на дишните патишта, десното уво, десната рака, лицето и грбот. Поради сериозноста на повредите бил лекуван во Солун и сè уште не е во можност да се врати на работа.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0n3c9d5rmf72hqziMf

„Бев најдолу во стампедото, ногата ми беше заглавена, мирисот тераше на спиење“, потресно сведоштво на преживеаниот вокал од ДНК

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружна пејачка на некогашната група ДНК, чии главни вокали починаа во катастрофалниот пожар во Кочани, прва сведочеше на денешното рочиште за пожарот вo дискотеката „Пулс“. Таа е сведок на Обвинителството.Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.Сведокот посочи дека за техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставува прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблемВо последните 4-5 години ДНК беше многу баран бенд и настапуваше често. На сите настапи во последните години имаше прскалки и никогаш немаше проблем. Стоеја до нас, до опремата, прскаа во мене, никогаш немало проблем“, одговараше Ана на прашањата.Пред настапот, членовите на бендот чекале во канцеларија – импровизирана просторија до дискотеката. За да стигнат до бината, изведувачите морале да се пробиваат низ публиката.На четвртата песна избил пожарот.Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’, на рефренот беа пуштени прскалките. Јас погледнав инстинктивно нагоре и видов искри. Панчо на микрофон рече да излеземе. Бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, беше затворена со катанец и не можевме да излеземе. Но, сè се случи брзо. Почувствував топлина, пукање и удар во грбот од пластика. Настана стампедо. Сара тргна со мене. Го поминавме шанкот, но тука се разделивме. Паднав најдолу во стампедото, пред самиот излез. Настана страшна паника и хаос. Се чувствуваше мирис кој тераше на спиење. Во стапицата со мене беше еден дечко кој сите нè држеше будни. Ногата ми беше фатена на друга страна. Беше хорор, не можам да опишам“, сведочеше Ана.Потоа, преживеаните во толпата почувствувале свеж воздух. Се намалил притисокот и почнале да ги извлекуваат натрупаните луѓе.„Не се сеќавам кое беше момчето што ми помогна, но ми го спаси животот“, рече Костадовска во сведочењето.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – денес искази на петмина сведоци

Денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи судењето на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени. За катастрофата што се случи на 16 март 2025 година им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.Денес е предвидено искази да даваат петмина сведоци предложени од Јавното обвинителство.Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштота и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, за дејствија што ги преземале или не ги преземале во периодот од 2012 година до денот на пожарот, а поради што настанала катастрофата.Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaqp9oi0hmkk846OaCEP

Фондацијата „Заедно за едно“ донира 90 комплети терапевтски ракавици за рехабилитација во Кочани

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, велат од Фондацијата.

Македонија | пред 1 месец

kocanii

Пожар во куќа во Кочани, изгоре куќа

Пожар избувнал рано утринава во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 22 февруари 2026 година, во 02.35 часот, во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа во која во моментот немало присутни лица.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања