Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„63 бели столчиња – 63 животи“: Објавена програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn
Скопје1.мк

Општина Кочани објави програма за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, од 14 до 16 март, со комеморативни, духовни, спортски и културни настани. На 14 март ќе има литургија, парастос и опело. На 15 март следат трки, планинарски марш, кошаркарски турнир, перформанс, концерт и промоција на книга. На 16 март се централните настани: „Светлина што останува“, трка, инсталација „63 бели столчиња“, мурал, комеморација и отворање меморијал „Недовршени соништа“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, која ќе се одржи од 14 до 16 март со повеќе комеморативни, духовни и културни настани.

Одбележувањето започнува на 14 март со богослужби во храмот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Кочани. Во 08:00 часот ќе се одржи литургија за упокоените, а во 09:30 часот ќе следува општ парастос. Во 10:45 часот на Градските гробишта во Кочани ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагедијата на 16 март 2025 година.

На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 09:00 часот ќе се одржи рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе се организира и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ на релација Пониква – врв Панаѓур – Осогово.

Во спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ во Кочани во 10:00 часот ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.

Во НУЦК „Бели мугри“ ќе се одржи музичко-балетски перформанс „Кочани ви благодари“ во 13:30 часот, по што следува концерт на Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Во 18:00 часот ќе биде промовирана книгата „Ќе те има“ од Марина Стојчевска.

Централното одбележување ќе се одржи на 16 март. Во 02:15 часот пред објектот „Пулс“ ќе се одржи настанот „Светлина што останува“, а во 07:00 часот ќе започне трката „Св. Николе – Штип – Облешево – Кочани“.

Во Паркот на револуцијата во Кочани во 08:45 часот ќе биде поставена симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, како и мурал „Ѕид на сеќавање“, посветен на жртвите.

Во 09:00 часот е предвиден прием на гости и делегации, а во 10:00 часот ќе се одржи молитва за упокоените.

Комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ ќе се одржи во 10:30 часот во НУЦК „Бели мугри“, додека во 12:30 часот ќе биде отворен меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“.

media-libraryej5aj3va9pekbn7Z2Og

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања