Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Бев најдолу во стампедото, ногата ми беше заглавена, мирисот тераше на спиење“, потресно сведоштво на преживеаниот вокал од ДНК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn0n3c9d5rmf72hqziMf

Професорката Ана Костадиновска, придружна пејачка ангажирана по потреба со ДНК, прва сведочеше на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа кажа дека со Сара Пројковска имала блиска соработка, а за техничка поддршка бил задолжен Мартин Атанасов; прскалки се користеле со години без проблем. Пожарот избил на четвртата песна, кога на рефрен биле пуштени прскалките и таа видела искри. При обид за излез, видела врата до бината заклучена со катанец, настанало стампедо, паника и хаос, а почувствувала и мирис што „тера на спиење“. Подоцна, со свеж воздух почнале да извлекуваат луѓе; непознато момче, според неа, ѝ го спасило животот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружна пејачка на некогашната група ДНК, чии главни вокали починаа во катастрофалниот пожар во Кочани, прва сведочеше на денешното рочиште за пожарот вo дискотеката „Пулс“. Таа е сведок на Обвинителството.

Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.

— реклама —

Сведокот посочи дека за техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставува прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблем

Во последните 4-5 години ДНК беше многу баран бенд и настапуваше често. На сите настапи во последните години имаше прскалки и никогаш немаше проблем. Стоеја до нас, до опремата, прскаа во мене, никогаш немало проблем“, одговараше Ана на прашањата.

— реклама —

Пред настапот, членовите на бендот чекале во канцеларија – импровизирана просторија до дискотеката. За да стигнат до бината, изведувачите морале да се пробиваат низ публиката.

На четвртата песна избил пожарот.

Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’, на рефренот беа пуштени прскалките. Јас погледнав инстинктивно нагоре и видов искри. Панчо на микрофон рече да излеземе. Бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, беше затворена со катанец и не можевме да излеземе. Но, сè се случи брзо. Почувствував топлина, пукање и удар во грбот од пластика. Настана стампедо. Сара тргна со мене. Го поминавме шанкот, но тука се разделивме. Паднав најдолу во стампедото, пред самиот излез. Настана страшна паника и хаос. Се чувствуваше мирис кој тераше на спиење. Во стапицата со мене беше еден дечко кој сите нè држеше будни. Ногата ми беше фатена на друга страна. Беше хорор, не можам да опишам“, сведочеше Ана.

Потоа, преживеаните во толпата почувствувале свеж воздух. Се намалил притисокот и почнале да ги извлекуваат натрупаните луѓе.

„Не се сеќавам кое беше момчето што ми помогна, но ми го спаси животот“, рече Костадовска во сведочењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања