Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СУДСКИ ПОСТАПКИ

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Судењето против девет полицајци обвинети во случајот „Пулс“ повторно се откажува. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го повика судот да го одложи рочиштето поради нерешениот статус на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која ги поднесе обвиненијата.Советот на јавни обвинители моментално заседава за избор на нов шеф на Обвинителството, Ненад Савески, а за слободната функција во ОЈО ГОКК се пријавени 10 кандидати, вклучително и Алексова Трајчева, автор на три обвиненија поврзани со пожарот во дискотеката.Претходното рочиште за обвинението против тројца полицајци, закажано на 18 март, исто така беше одложено по иста причина.

Македонија | пред 6 дена

media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Оваа лакардија Обвинителството е должно да ја прекине, изложуваме премногу луѓе на огромна траума, вели Шилегов за судскиот процес „Пулс“

На денешното рочишта за пожарот во дискотеката „Пулс“, адвокатот Петре Шилегов, упати остри критики до судот и обвинителството, посочувајќи на очигледни двојни аршини при одредувањето на мерките за обезбедување на обвинетите.Шилегов потенцираше дека јавноста со право реагира на нееднаквоста пред законот. Иако, како што вели, лично не е поборник за секогаш да се посегнува по мерката притвор, смета дека правилата мора да важат за сите граѓани подеднакво.„Аршините за определување мерки за обезбедување присуство на судење треба да бидат еднакви за сите, а не да зависиме од нечија волја. Очигледно е дека во конкретниот случај има различни аршини. Не може за едни да имате едно правно мислење за истиот кривично-правен настан, а за други сосема поинакво“, изјави Шилегов.Тој упати директен повик до Јавното обвинителство да покаже одговорност и да стави крај на начинот на кој се води постапката, квалификувајќи го тековниот тек на судењето како „лакардија“ која непотребно ги трауматизира оштетените.„Оваа лакардија која се случува во конкретниот предмет, Јавното обвинителство е должно да ја прекине. Надвор од материјалниот аспект, ние изложуваме премногу луѓе на огромна траума“, порача адвокатот Шилегов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn0n3c9d5rmf72hqziMf

„Бев најдолу во стампедото, ногата ми беше заглавена, мирисот тераше на спиење“, потресно сведоштво на преживеаниот вокал од ДНК

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружна пејачка на некогашната група ДНК, чии главни вокали починаа во катастрофалниот пожар во Кочани, прва сведочеше на денешното рочиште за пожарот вo дискотеката „Пулс“. Таа е сведок на Обвинителството.Костадовска појасни дека не била постојан член на бендот, туку била ангажирана по потреба, зависно од настапите. Заедно со неа настапувала и Сара Пројковска, со која, како што рече, има блиска пријателска и професионална соработка.Сведокот посочи дека за техничката поддршка бил задолжен Мартин Атанасов, додавајќи дека лично никогаш не видела кој ги поставува прскалките на сцената, иако тие со години се користеле без да предизвикаат проблемВо последните 4-5 години ДНК беше многу баран бенд и настапуваше често. На сите настапи во последните години имаше прскалки и никогаш немаше проблем. Стоеја до нас, до опремата, прскаа во мене, никогаш немало проблем“, одговараше Ана на прашањата.Пред настапот, членовите на бендот чекале во канцеларија – импровизирана просторија до дискотеката. За да стигнат до бината, изведувачите морале да се пробиваат низ публиката.На четвртата песна избил пожарот.Ја изведувавме песната ‘Што сака нека биде’, на рефренот беа пуштени прскалките. Јас погледнав инстинктивно нагоре и видов искри. Панчо на микрофон рече да излеземе. Бевме бавни, не ја сфативме сериозно ситуацијата. Видов врата до бината, беше затворена со катанец и не можевме да излеземе. Но, сè се случи брзо. Почувствував топлина, пукање и удар во грбот од пластика. Настана стампедо. Сара тргна со мене. Го поминавме шанкот, но тука се разделивме. Паднав најдолу во стампедото, пред самиот излез. Настана страшна паника и хаос. Се чувствуваше мирис кој тераше на спиење. Во стапицата со мене беше еден дечко кој сите нè држеше будни. Ногата ми беше фатена на друга страна. Беше хорор, не можам да опишам“, сведочеше Ана.Потоа, преживеаните во толпата почувствувале свеж воздух. Се намалил притисокот и почнале да ги извлекуваат натрупаните луѓе.„Не се сеќавам кое беше момчето што ми помогна, но ми го спаси животот“, рече Костадовска во сведочењето.

Македонија | пред 1 месец

puls-6

Одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува во судска постапка.Советот за оценка на обвинителниот акт го прифатил и второто обвинение со број КО 2317/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.Обвинението, поднесено на 4 септември 2025 година, се однесува на едно лице – А.Н., осомничен за кривично дело по член 292 став 2 во врска со член 288 став 3, став 2 и член 22 од Кривичниот законик.Според информациите од судот, А.Н. се јавува како одговорно лице и реален сопственик на обвинетото правно лице „Рубикон секјурити солушн“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, фирма за обезбедување на имот и лица.Со одобрувањето на обвинителниот акт е формиран кривично-правен предмет со број К.бр. 1970/25, кој, согласно АКМИС-системот, е распределен кај судијката Биљана Смаќовска за понатамошно постапување.Кривичниот суд информира дека за сите нови информации поврзани со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Македонија | пред 5 месеци

boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден на затворска казна во случај каде што е ослободена Фросина Ременски

Бојан Јовановски на повторното судење за Меѓународен сојуз доби пет годи затворска казна.Судијката Софче Гаврилова Ефремова смета дека сторил измама на бизнисмени и иако во текот на судењето бизнсменот Ардијан Амазовски се повчеле и кажа дека не се чувствува оштетен.Исто така, сведок на рочиштето кажа дека изјавата дадена во претходниот судски процес била изнудена и дека таа не се чувствува оштетена.На ова рочиште беше изречена и затворска казна од две години за Јасна Ерцеговиќ како и две условни осуди за двајца други обвинети.Апелација го врати предметот на повторно судење, откако Кривичниот суд ја ослободи од вина експратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

Македонија | пред 5 месеци

jancev1

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа - прифатени мерките по сообраќајката

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките на претпазливост што ги предложи Обвинителството за пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.Со одлуката, на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка.Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи во неделата по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишен малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди доби сопатникот на Јанчев.Според извршените анализи, ниту еден од возачите не бил под дејство на алкохол или други супстанции. Автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, а во тек е и сообраќајно вештачење.Обвинителството најави дека ќе продолжи со прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.https://skopje1.mk/archives/348344

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-03-at-17.18.27

(Видео) Кокаин по Snapchat, имагинарен учител во судница - дилеми за психата на Штекли, вештакот раскажуваше за траумите

Афектна студеност, психопатско однесување и психотична основа – вака вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски ја опиша состојбата на обвинетиот Раде Трајковски – Штекли, за кого смета дека не е способен да го следи судењето.Хаџи Ангелковски пред судот изјави дека пред десетина години Штекли му бил пациент, а неодамна со него водел четиричасовен разговор. Според вештакот, обвинетиот има процесна психоза, која ако не се лекува може од привремена да стане трајна. Во своето вештачење наведе дека Штекли престанал да јаде месо „за да ги заштити своите браќа и сестри од претходниот живот“, дека нема емотивна поврзаност со своите три деца и дека тврди оти „имагинарен учител“ го водел од „Ист Гејт“ кон болница, при што бил нападнат од зад грб. Хаџи Ангелковски истакна дека мајката на Штекли боледувала од шизофренија, што, според него, го зголемува ризикот за 20 пати, обвинетиот да ја има истата болест. Посочи и дека бил жртва на семејно насилство, бидејќи таткото ја тепал неговата мајка. Тој тврди дека и за време на самото рочиште Штекли имал халуцинации и дека не можел со потребно внимание да ја следи постапката.Спротивно на тоа, обвинителството достави психијатриско вештачење според кое Трајковски е апсихотичен и способен активно да учествува во судењето. На следното рочиште, својот наод ќе го презентира и нивниот ангажиран вештак, што ќе биде клучно за одлуката на судот дали Штекли е процесно способен. Обвинението опфаќа 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. Според обвинителството, групата била добро организирана, со поделени улоги од набавка до продажба на кокаин и марихуана.Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата меѓу членовите се одвивала преку апликацијата Snapchat.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_2106ll

Напаѓачот на Арсовска доби две години затвор

Две години казна затвор му е изречена на Сулејман Јамалари, осуден дека физички ја нападнал скопската градоначалничка Данела Арсовска. Кривичниот суд ја изрече пресудата и го огласи за виновен, а во казната му се пресметува и времето поминато во притвор.Тој ќе остане во притвор се до правосилност на пресудата.Јамалари е осуден бидејќи ја удрил по лице и раката, а потоа со нога во потколеница. Тој беше гонет за грубо насилство и предизвикување на чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.

Скопје | пред 6 месеци

rocista

Предметот „Адитив“ добива продолжение – судот одобри обвинение, нови тројца под истрага!

Советот за оцена на обвинителен акт го одобри обвинението против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е и обвинителен предлог против уште три лица за „оддавање службена тајна“, соопшти Кривичниот суд.Како што велат оттаму, советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост.Заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на ОЈО ГОКК беше поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна,кој предлог не подлежи на оцена, како и предлог за спојување на обвиненијата со предметот познат како „Адитив“ за кое барање дополнително ќе се одлучува.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Снимки од видео надзор го снимиле убиството на ексфункционерот на ДУИ - собрани се доказите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени.„Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-03-at-23.14.49

Снимки на Обвинителство: „Реното“ му го покажува патот на „цитроенот“ во Визбегово, возат до местото каде Вања е убиена, па го палат едното возило

За 15 минути, киднаперите на убиената Вања Ѓорческа успеале да ја однесат од пред зградата во Дебар Маало, до Визбегово, покажуваат снимките на Обивнителството прибавени во истрагата. „Цитроенот“ вози сам од киднапирањето до Визбегово, каде му се придружува возилото „Рену канго“ кое го управувале лица од партијата „Десна“, а според обвинението, во моментите пред убиството, го возел Љупчо Палевски-Палчо.Од камера на „Метал бург“, плац во Визбегово, во 7:56  се гледа како поминува возилото „Рено кангу“ и се движи во правец спрема Горно Оризари. На истото видео, по осум секунди поминува и возилото „циторен“ во кое била Вања, следејќи го првото возило.По еден саат и 12 минути, односно во 9:08 минути двете возила се гледаат на камера од пречистетелната станица како поминуваат едно по друго одалечени 11 секунди. Одат кон локацијата каде „циторенто“ беше најден запален. Во 9:21 минута на камерата се гледа само „Реното кангу“ како се враќа назад.„’Цитроенот’ не го следи кангугото, истото не се враќа назад односно очигледно е дека истото било запалено“, рече обвинителката.Во 9.39 од друга камера исто се забележува како 'реното кангу' се враќа назад и не го следи 'цитроенот'.Адвокатот Марјан Витановски, приговараше дека на снимките не се гледал ликот на Љупчо Палевски-Палчо.Потоа, според обвинителката, презентирајќи ги снимките, на улицата „Џон Кенеди“, се гледа движење на „Рено Кангу“ во 9:51 минута. Се движи од булеварот „Христијан Тородовски Карпош“ и продолжува по „Цветан Димов“ кон Центар.Претходното движење:

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

Возилото „Реното кангу“ излегува од партијата „Десна“ и се враќа таму по убивањето на Вања

Возилото „Рену кангу“ тргнува од партијата „Десна“ денот кога Вања е грабната, па се враќа таму, откако е убиена. До 9 часот и 30 минути Вања веќе била убиена и „цитроенот“ запален. Ова го покажаа видео снимките кои ги презентираше Обвинителството, а собрани од „Сејф сити“ и приватни објекти. Од снимките досега се виде дека „цитроенот“ бил сам пред зградата на Вања од каде е грабната, а „Рено кангото“ се придружува накде кај Визбегово. Возат едно позади друго, односно прво „Реното“, па после десетина секунди проаѓа и „Цитроенот“. Се враќа само „Реното“, бидејќи „Цитроенот“ е запален. Според истрагата на Обвинителството, „Рено кангуто“ го возел Љупчо Палевски-Палчо, а „цитроенот“ го возел Велибор Манев.„Од Бит пазар, продолжува кон Мавровка каде е забележано во 9:56 минути. ‘Реното кангу’ доаѓа од булевар Крсте Петков Мисирков за лентата за право, и продолжува по булеварот кон Веро Џамбо. Движењето на ‘Реното кангу’ пред МАНУ, во 9 часот и 58 минути по крајната лева лента се забележува регистарската ознака и џемперот кој го носи лицето на совозачкото место“, објаснуваше обвинителката која ја презентираше снимката.На ова челновите на партијата „Десна“ кои го следат судењето како јавност довикуваа: „Каде е тој џемпер?“.„Продолжува кон раскрсницата кај Веро Џамбо во 9:59 минути и врти лево и тука се забележува истите лица на возачко и совозачко место како и регистарските таблички. Во 10 часот ‘Реното кангу’ поминува пред Веро Џамбо и се исклучува и свртува во десно од булеварот ‘Кузман Јосифовски Питу’ кон седиштето на партијата ‘Десна’, од каде што возилото ‘Рено кангу’ истиот ден го започна движењето презентирано од видеата. По извршувањето на кривичните дела повторно се враќа на истото место од каде што тргна“, презентираше обвинитечката.Презентирана беше и снимка од движењето на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска.„’Мицубиши’ кој е сопственост на обвинетиот Александар Ѓорчевски, а движењето се однесува за ден 27.11.2023 година каде што во 9 часот и 14 минути се забележува кај мостот кај Александар Палас, во кое што може да се забележи регистарската ознака и се движи во правец на Момин поток. Истото возило се гледа и во 14 часот и 28 минути поминува на раскрсницата од Сарај кон Ѓорче Петров, на влез во Скопје“, презентираше обвинителката.Следува презентација на снимки за грабнувањето на Панче Жежовски и неговото убиство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-00.20.11

Обвинителство: Поднесовме обвинение за криумчарење чорапи преку Блаце

„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството и додаваат:На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација.Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.

Македонија | пред 1 година

pukanje-cair

Помилуваниот припадник на нарко-кланот „Барон“ доби обвинение за пукањето во Чаир

Помилуваниот Акиф Равманоски, за кого медиумите пишуваат дека е припадник на нарко кланот „Барон“, доби ново обвинение. Ова се однесува на пукањето пред зградата на Општина Чаир:По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот кој се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со огнено оружје – пиштол беше повредено едно лице.Првообвинетиот се товари за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и Учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето.Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.

Македонија | пред 1 година

policija-1313

Обид за убиство во Крива Паланка, еден осомничен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство.Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но и се предизвикани тешки телесни повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-23-at-20.38.05

Важи аменстијата: Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски ослободени од гонење за организирање на 27 април

Прекинат е кривичниот прогон на Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот донесе решение, со кое посочува дека амнестијата важи за нив.„Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, се додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Лично и како совет, се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок“, рече судијата Илија Трпков.Судијата додаде: „Имајќи во предвид на наведеното, на крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април, сами се организирале, сами размислиле дека треба да влезат во Собранието, кршат и тепаат. На сите ни е јасно, а и на осудените лица во затворите – дека тоа не е така, дека некој ги организирал да влезат во Собранието. Инаку тоа не може да се случи. Не може да се пробие полициски кордон на кошаркарски натпревар, а не во Собранието“.Тој кажа дека не е патриотски да се упадне во Собранието.„Некои овие осудени лица ги нарекува патриоти, ги тапка по рамо. Тие можеби се патриоти, но не може да каже дека патриотски псотапиле. Тие што ги организирале и овие лица (осудениците), треба да се срамат. За тепање на народни претставници и кршење - не може да се каже дека се патриоти. Сигурно одлуката (за амнестија) ќе побуди различни емоции и чувства. За конкретните настани во Собранието, за кривичните дела кои се случија таму, наведнете ја главата и побарајте прошка од државата, како што обвинетите побараа“, додаде судијата Илија Трпков.

Македонија | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Дете на возраст од 15 години фатено со автомобил и два пиштоли во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Истрагата е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-08.12.40

Се бара притвор за Штекли и уште девет лица: три се во бегство

Од вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на подрачјето на Градот Скопје се спроведува координирана акција во соработка со МВР. Одделот за специјални полициски операции изврши претреси на 20 локации во Скопје и на една локација во Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци.Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомневање дека се членови на криминална група која подолг временски период извршува кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и наркотични средства. Осомничените – членови на криминалната група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците.Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка против 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.

Македонија | пред 1 година

najcevska

Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска смета дека Обвинителството треба да ја испита смртта на Алекс од Свети Николе. Таа не верува на извештајот од ДСЗИ, според кој, вина кај лекарскиот персонал немало.„Наместо извештаи на инспекторатот кој очигледно ги штити лекарите со сите случаи на смрт на дете да се позанимава јавното обвинителство. Длабинска истрага за секој од случаите, наместо површни извештаи кои мирисаат на корупција. И доколку се утврди грешка во извештајот на инспекторатот секој од потпишаните инспектори и непосредно надредените да одговараат кривично за прикривање на убиство“, вели Најчевска.Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.Сепак таткото излезе со друго тврдење:

Коментари | пред 1 година

sudija

Судијка и сопственици на аптеки од Велес, добија обвинение

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.За фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело е обвинета судијката која во текот на постапката беше и разрешена од судиската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава.Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во Судот, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот.Со посебно решение, таа ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина.

Македонија | пред 1 година

269270811_3122456584744255_158385271110718809_n

Се заканувале, запалиле автомобил, а целта била да изнудат пари - детали за случај од Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Гостиварец осомничен за силување на девојче: Од познанство на интернет, до злоставување

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик е осомничен 22-годишник од Гостивар.Основното јавно обвинителство Гостивар поведе истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче.Со жртвата се запознале преку апликацијата “Снеп-чет” и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Македонија | пред 1 година

vardar-3

Една од починатите жени го возела автомобилот кој излета во Вардар - детали од обвинителот

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите.Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот.По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.

Македонија | пред 1 година

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Десет лица во рацете на Обвинителството, сосе двајца службеници „паднаа“ при криумчарење на луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања