Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОЧАНИ

Foto

Сиљановска во неверување: Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните, по повод трагедијата што рано утрово се случи во Кочани.Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова:Почитувани сограѓани,Сите сме во шок, и самата сум шокирана: како мајка, како човек, како претседателка. Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност.Не знам со кои зборови да им изразам сочувство на родителите и најблиските на погинатите. Вашата неизмерна болка е и моја.Утринава ги посетив болниците. Пред нив ме дочекаа родителите на повредените, со надеж и доверба во медицинскиот персонал. И јас, како нив, верувам дека ќе го сторат не само можното, туку и неможното за да им помогнат на нивните сакани.Знам и чувствувам дека не сме сами, оти веднаш се огласија, не само соседите, туку и подалечните држави.Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција заради добивање врвна медицинска помош и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и Светот се со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин. Вечно ќе им бидеме благодарни.Почитувани и сакани граѓани,Ве молам, водени од хуманоста и емпатијата да се сплотиме во болката свесни дека смртта и болеста подеднакво нè допираат сите, без оглед на било каква припадност.Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација.Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и активност.Ниту еден одговорен овој пат не смее да ги избегне правото, правдата и казната!Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите, да ги здружиме силите околу преживеаните. Да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе.Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на луѓето за профитот и богатството на поединците.Ништо не е повредно од човечкиот, а особено од младешкиот живот.

Македонија | пред 1 година

srbija-makedonija

Во Србија 18 март ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица.Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани.„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Освен Србија, сочувство изразија и Бугарија и Грција и понудија да испратат медицинска помош во Македонија.Украинскиот претседател Володомир Зеленски, албанскиот претседател Бајрам Бегај, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, косовскиот премиер Албин Курти, се дел од државниците од Европа кои изразија сочувство до семејствата на загинатите и до македонскиот народ по трагедијата во Кочани.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.22

(Видео) Татко си ја бара едната ќерка, другата паднала и газеле врз неа, но се спасила

Родител на две девојки кои биле вчера во дискотеката во Кочани, се уште ја бара едната ќерка, додека другата е хоспитализирана.„Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“, вели таткото Бобан Тасев за МИА.Тој сведочи дека едното девојче кое го нашол и е хоспитализирано паднало при евакуацијата, а врз неа газеле други лица што се обиделе да се спасаст.Девојчињата се Лепа и Марија Тасева на 20 и 25 години.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-13-at-13.52.11

Амбасадорката Агелер понуди помош во име на САД по трагедијата во Кочани каде загинаа 51 лице

Амбасадорката Агелер изрази сочувство за трагедијата во Кочани и понуди помош Ангела Агелер, амбасадорката на САД во земјава , изрази најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Таа во име на САД му понуди помош на премиерот Мицкоски.„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христијан Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес“, напиша Агелер на социјалните мрежи.

Македонија | пред 1 година

soob

(Видео) Роднина на повредена малолетничка: Мртви тела лежат по холот на болницата во Кочани, мора да прескокнуваш за да видиш каква е сестра ти

Роднина на повредено девојче кое е на возраст од 16 години, сведочи за ужасните моменти кои ги затекнал во болницата во Кочани. Таа била меѓу првите кои излегле од дискотеката, но има сериозни изгореници.„Јас бев на лице место во болницата, ова беше нешто страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, вели роднина на повредената девојка.Тој посочи дека вратата на дискотеката, влезот, е мал.„Тоа е една мала врата, мал пролаз, сигурно не можеле сите да излезат. Видов над 100 повредени во болница, мислам ни еден клинички центар не може да прими толкава бројка“, вели родинината.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Трагедија во Кочани - десетици жртви и повредени во пожар во дискотека

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат десетици. Оваа информација е непотврдена и се чекаат институциите! Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК. Повеќе информации во текот на денот. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Бројот на жртви се утврдува - први информации за пожарот во дискотека во Кочани

„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.24

(Видео) Над 30 жртви, десетици повредени - при бегањето имало стампедо, починале од гушење, дел биле заглавени

Над 30 жртви, претежно млади лица, има од пожарот во дискотеката „Пулс“ Кочани. Ова се неофицијалните информации кои се добиваат од вклучени во истрагата од институциите, по страшната трагедија. Точниот број и натаму се утврдува.  Има и многу повредени лица кои се однесени низ болниците во државата.Ваква трагедија, Македонија не памети. Според првичните информации, пожарот избувнал околу три часот изутрина. По првиот чад, гостите тргнале кон излезот, каде се створило стампедо и хаос.Огнот брзо се ширел. Дел од гостите биле жртви на огнот, а дел се угушиле од чадот. Противпожарните бригади и Брзата помош реагираше брзо. Внатре, според неофицијални бројки, имало стотици гости.Досега се огласија само од Обвинителството.„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат оттаму.На терен е и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ, Александар Јанев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Детални и официјални инфорамции очекуваме од институциите.

Македонија | пред 1 година

124

Повеќе од 50 загинати во трагичната несреќа во Кочани

Според информации од МВР, кои се уште се неофицијално во трагедијата во Кочани загинаа најмалку 50 лица и има глем број на повредени.Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје хоспитализирани се 27 лица со тешни изгореници на лицето, вратот и рацете, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.Меѓу повредените се млади лица а и малолетници.Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноческа се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош.

Македонија | пред 1 година

kocani

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ - сите болници мобилизирани

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.Во акцијата се вклучени и хеликоптери, па дел од повредените се транспортираат и во клиниката „Жан Митрев“. Во сите медицински установи имало мобилизација.Полесно повредените медицинска помош добиваат и во кочанската болница.Семејства и роднини на лицата одат од болница до болница и бараат информации за нивните блиски. На терен, сите институции работат координирано и се собираат точни информации, по што ќе излезат со детали.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-08.38.08

(Фото) За над 15 лица кои биле во дискотеката се бараат информации на социјалните мрежи

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии кружат на социјалните мрежи. Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“.

Македонија | пред 1 година

fasdf

Над 70 повредени во скопските болници - има и малолетници, најголем дел од повредените имаат изгореници

Над 70 повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се хоспитализирани ви скопските болници. Загрижувачки се информациите дека помеѓу повредените има малолетници. Во болницата „св. Наум Охридски“ се примени 27 пациенти на возраст од 16 до 46 години. Неофицијалните информации се дека има над 50 жртви.„Вкупно се хоспитализирани 27 пациенти. Во моментов се прават хируршки обработки на последните примени. Сега за сега, пациентите се во стабилна состојба. Изгорениците се сериозни, во однос на длабочината и колку од телото е зафатено. Најголем дел од пациентите имаат изгореници на вратот и лицето, што се очекуваат компликации во наредните денови“, рече директорот Небојша Настов, кој раководи со болницата „св. Наум Охридски“.Во Клиничкиот центар се примени 34 лица. Најголем дел се веднаш пренесени во Клиниката за пластичка хирургија. Две лица се во критична состојба, пет се на одделот за интензивно лекување.Засега е познато дека тројца се пренесени со хеликоптер во болницата „8 септември“. Во текот на ноќта, возилата на Брза помош и по двапати се враќале да транспортираат повредени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

(Видео) Први снимки од моментот кога се пали дискотеката во Кочани

Пиротехнички средства се најверојатно предизвикувачите на големиот пожар, во кој има над 30 жртви во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. „Скопје1“ дојде до две видеа на кои се гледа моментот кога се пали кровниот дел од клубот, на што реагира и Панчо од ДНК и бара од присутните да го напуштат клубот.„Идете надвор, идете надвор, ќе се вратиме“, вели Панчо, по што се гледа како се реагира за гаснење на пожарот, а Панчо повторува: „Идете надвор сите“.Според првичните информации, само во Клинички центар Скопје има 28 хоспитализирани, дел од нив се борат за живот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-08-121645

„Се прави регионална депонија по европски стандарди“, Министерството за животна средина бара разбирање од жителите на Кочани кои се уште го блокираат патот

Жителите од Кочани продолжуваат со протести на патот кон Пониква, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. Како што најавија блокадите ќе траат деноноќно сè до целосно исполнување на нивните барања.„Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон село Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини“, извести АМСМ.Според жителите чадот од градската депонија во Кочани изминатиот период беше причина за повеќе предупредувачки протести на жителите, кои подолг временски период се соочуваат со овој проблем, а истиот стана сериозен откако на Градската депонија започна да се депонира и отпадот од соседните општини, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај светиниколско Мечкуевци.Од Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикуваат жителите на Кочани да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.„Самиот процес е комплексен и опфаќа повеќе работни задачи. Досега се набавени возила и опрема за собирање на отпадот за сите општини во двата региона (вкупно 18) во вредност од 8 милиони евра. Во моментов во тек е затворање на нестандардните депонии и ѓубришта во Источниот Регион, се очекува во најбрзо време да започне и во Североисточниот Регион – Прва фаза (околу 8 милиони евра), а претстои изградба на Централна постројка за управување со отпад која се состои од погон за селектирање, постројка МБТ, депонија, постројка за композитор, зелена точка за Источен и Североисточен регион во Св.Николе и шест локални капацитети за управување со отпад – претоварни станици, постројки за компостирање и зелени пунктови за Источниот и Североисточниот регион“, соопшти МЖСПП.Оттаму посочуваат дека последните две активности се со вкупна вредност од повеќе десетици милиони евра, за што постапката за јавна набавка е објавена и се очекува договорот да биде склучен, по што се очекува во првата половина од 2025 година да започнат градежните работи. Предвидениот рок за завршување на градежните работи е 18 месеци.Во втора фаза, следува затворање на сите нестандардни депонии во двата региони, по што целокупниот отпад ќе се одлага на Централната депонија во Св. Николе преку трансфер станиците.Од министерството нагласуваат дека обврската за управување на општинските нестандардни депонии кои во првата фаза ќе останат отворени (се до изградбата на Централната постројка во Св. Николе) и имаат обврска да го примаат отпадот од веќе исчистените и затворени нестандардни депонии во одреден број општини, останува на општините и јавните комунални претпријатија, а Владата останува посветена да ги помогне со цел воспоставување регионалниот систем според највисоките европски и светски стандарди.„Во однос на депонијата во Кочани информираме дека таа има обврска да го прима отпадот од општините Виница, Чешиново, Облешево и Зрновци. Свесни за недоволните капацитети за управување со депонијата на Јавното комунално претпријатие што неодамна резултираше со палење на отпадот на кочанската депонија, како Влада излеговме во пресрет и обезбедивме поддршка со механизација за безбедно тековно управување со локацијата во Кочани“, велат од МЖСПП.Според министерството, пожарите кои се случуваа во минатото не зависат од количината на отпадот, туку од несоодветното управување со локацијата.За ресорното министерство, забраната за пристап до локацијата за депонирање не е решение и не оди во прилог на почиста животна средина туку само ја влошува состојбата за која веќе се потрошени неповратни средства.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-15.59.15

(Видео) „Што народ сме ние?!“

Вработените во КЈП „Водовод“ од Кочани кои се задолжени за собирање и складирање на отпадот во градската депонија, утрово најдоа кучиња фрлени во отпад.Јавно прашаа: Што народ сме ние?!

Македонија | пред 1 година

2

Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови

Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода.

Македонија | пред 1 година

Kocani-960x540-1

Поплавени домови, паднати столбови, оштетени возила - хаос во Кочани

Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот, јавува Канал осум.На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека се работи за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во рамки на можностите ќе даде и Општина Кочани.-Добиени се поголем број пријави за поплавени домови и дуќани во централното градско подрачје, за паднати столбови за напојување со електрична енергија и за телефонска комуникација, опожарување на електрични броила, оштетени моторни возила, како и кратко спојување на жици за електрична енергија што се закануваше да предизвика пожар, а го санираа припадниците нја ТППЕ – Кочани. Според првичните согледувања, најголеми штети има во подрумските и приземните простории на индивидуалните објекти за живеење, но поплавени се и простории во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, во ресторанот „Але-дар“, дел од производствените хали во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, а има пријави и за штети во неколку други приватни компании. На терен во текот на целиот ден се екипи на противпожарната единица, на комуналното претпријатие „Водовод“, на ЕВН и други служби, кои заедно со нашите комунални редари ги регистрираат негативните ефекти од обилните врнежи, истакна градоначалникот Папазов.Во обраќањето до јавноста, тој упати апел до сопствениците на објекти кои претрпеле штета од невремето да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, најдоцна до 1 август. Заедно со пријавата треба да приложат копија од имотен лист или друг документ за докажување сопственост, копии од лична карта и трансакциска сметка, како и фотографии од настанатата штета, доколку ги имаат.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања