Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОЧАНИ

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата“, рече Таравари.Во Македонија има повеќе пациенти кои се на механичка вентилација.„Сите во Македонија се во стабилна и добра состојба“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

obid

(Видео) Една снимка, два деманти: „Кој е следен?“ тврдат дека се мета на лажни вести, собирот ниту на УКИМ не е откажан

Снимка на која се гледа како македонски студенти се консултираат со српски студенти, а се зборува за протести, се рашири на социјалните медиуми и дел од порталите. Пишувањата беа во насока дека токму од неа се гледа дека зад собирите по трагедијата во Кочани стојат политички актери, а не граѓани што сакаат правда. Но, набрзо по објавата, стигнаа два деманти - од кои едниот е од организацијата „Кој е следен?“ од каде посочија дека немаат поврзаност со студентски организации од надвор, како и дека се мета на лажни вести и манипулации. Вториот од НСС-УКИМ за кои протече информација дека го откажале утрешниот собир за во 13 часот, пред платото на УКИМ.Од снимката може да се види дека станува збор за онлајн сесија преку платформата „Зум“, која дел од порталите ја поврзуваат со организирање на протести по трагедијата во Кочани. Снимката трае речиси 14 минути, но на повеќе места е кратена, а во истата се слуша дека едно од лицата посочува: „Јас лично бев во партија“, па друг додава „Па и јас бев лично во партија, веќе не сум“. Потоа се слуша девојка која зборува на српски и вели: „Ако некој ти каже дека ти си од партија, ти не си никаков духовен водач. Проблем е ако вашите партиските личности го заземаат медиумскиот простор, и се наметнуваат како водачи“.На почетокот од снимката е ставен плакатот за повикот за протестот во Скопје, организиран од организацијата „Кој е следен?“. Тие велат дека немаат никаква поврзаност со тој повик, ниту се вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организации. Децидни се дека немаат никаква поврзаност со лицата од снимката, а дека името на неформалната организација „Кој е следен?“ е злоупотребено. Собирот утре, во 18:59 на плоштадот во Скопје - ќе се одржи.„Доволно е да се погледне самата снимка – името ‘Кој е следен?’ не се споменува ниту еднаш, а нашето лого е аматерски и намерно вметнато во аголот на видеото. Нашата иницијатива е граѓанска и како таква нема намера да се вклучи во студентското организирање, ниту да го инструментализира“ велат од „Кој е следен? Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја. Оваа сурова пропаганда нема да не замолчи. Нема да дозволиме да се угуши секој млад, независен и слободен глас. Нема да дозволиме елитите да продолжат да не газат! Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести. Кој е следен?“, прашуваат од неформалната роганизација.По дел од медиумите се објавија информации дека поради протекувањето на оваа снимка, нема да се одржи собирот на УКИМ закажан за утре (понеделник) во 13 часот. Ова беше демантирано.„Сакаме јавно да кажеме дека собирот не е откажан. Сите дезинформации што кружат се лажни и тенденциозни. Пленумот ќе се одржи како што е планирано: Понеделник, 13 часот, Платото на УКИМ“, стои во објавата.Собири, секојдневно се одржуваат и во Кочани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-14.19.12

Над 40 кампањи за донации за Кочани се активни на „GoFundMe“, донирани се над 200.000 долари; Д-р Лазаров: Кој ќе одговара за париве?!

Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Досега, се собрани преку 200.000 долари и се се уште активни. Сите кампањи се креирани од различни организатори, а на истите, има илјадници донатори.[caption id="attachment_325053" align="alignnone" width="1301"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325054" align="alignnone" width="1327"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325055" align="alignnone" width="1203"] Screenshot[/caption]За ова на социјалните мрежи реагираше и Ненад Лазаров, доктор и еден од основачите на македонската платформа за донации „Ecrow“.„Дали е нормално на GoFundMe да има 42 парaлени кампањи за настраданите во Кочани, собрани се преку 240.000 евра...Кој ќе одговара за париве, за нивен трансфер, како ќе знавршат таму за каде се собрани, зошто и од која потреба се создава хаос ваков? Апосолутно НЕ Е ВО РЕД 99% од дискусијата за карастрофата да се сведе за финансии и некаква си неоправдана недоверба секој кон секого на само 7 дена од несреќата... Неколку изолирани случаи каде фалеше помош која верувам до моментов се помогна и таму, се друго е непотребна драма и дигање паника, за на крај да направите дел од настраданите да добија 5 пати помош а некој ниту еднаш“, напиша тој.Ако се разгледаат донациите, има хуманитарци кои донираат и по илјада долари одеднаш.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-22-at-10.41.54

(Видео) Пиротехника во „Пулс“ имало често, извиците за пожар не биле сфатени сериозно, полицајци стоеле настрана, малолетници влегувале без проблем

Малолетничка која била присутна во дискотеката трагичната вечер, за „Претрес со Ландов“ раскажа што се случувало пред и откако изби пожарот, по кој загувиме 59 сограѓани и возачот на Брзата помош. Таа посочува дека секогаш при големи концерти и настапи на популарни ѕвезди, имало пиротехника. Прв реагирал пејалот на ДНК Владимир Блажев-Панчо.„Сите снимаа, на сите им беше на шала, не мислеа дека ќе се прошири толку брзо. Не го сфатија сериозно. Снимаа, се задржаа. Кога пејачот извика, јас одма излегов. Пред вратата имаше превише гужва, луѓето трчаа, не знам ни јас како излегов во таа гужва. Некои останаа до крај, мислеа дека нема ништо да се случи“, рече малолетничката во „Претрес“.На вратата имало полиција бидејќи дошле да прават рација.„Во клубот секојпат има доста малолетни лица, јас сум една од тие. Имаше доста малолетни лица, прво сакаа да излезат за да не завршат во полициска станица, беше блокирана вратата за да не се излегува и влегува. Кога настана гужвата, беше отворена вратата за да излеземе. Луѓето паѓаа, никој не им помагаше, никој не застануваше да им помага. Многу луѓе беа прегазени и изгазени. Имам доста луѓе кои се мои блиски, што се повредени од тие газења. Во тие моменти можам да кажам дека полицијата не помогне доволно колку што требаше да помогне на луѓето за да се спасат, стоеја настрана“, додаде таа.Посочи дека вообичаено било малолетници да влегуваат во дискотеката.„Не бараат лична карта, плаќаш влез и си влегуваш внатре“, додаде малолетничката за „Претрес“.Во дискотеката имало невообичаена гужва.„Секој викенд сум во диското, таа вечер имаше невообичаена гужва, 50 проценти повеќе од тоа што е дозволено. Многу луѓе што ги познавам и сега се повредени, влегуваат без карти. Иако викаат дека се продадени 500 карти, многу луѓе влегуваат без карти“, додаде малолетничката.Таа посочува дека никогаш ниту на неа не и бил попречен влезот.„Никогаш, сум си платила карта, сум влегла, сум седела по цела вечер додека да заврши забавата. Јас бев со другарки од моја генерација, само една беше постара. Нас ни посочувале, 'ако имате некој што има повеќе од 18 години, нема ништо да ви направат, само мора да излезете веднаш, сите го знаат тоа сите го практиквуаат'“, додава таа.Сведочи за изгледот на дискотеката од внатре, пожарот, но и што се случувало:

Македонија | пред 1 година

prilog-2-denovi-potoa.00_01_42_21.Still003

Се следат потребите на жителите на Кочани, се помага и реагира согласно барањата

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.„Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните.Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност.Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик“, велат од Министерството за здравство

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Во тек е акција за пожарот во дискотеката во Кочани, нема одговор дали е уапсен и градоначалникот Папазов

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот "Пулс".„Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето, дали е приведен градоначалников Љупчо Папазов.Досега се уапсени 16 лица, под сомнение дека допринеле со постапување или непостапување дискотеката да функционира, како и лицата кои се сомничат дека имаат директна одговорност критичната вечер. Последно, освен овие 16 лица, уапсени се и седум полициски началници и полицајци.

Македонија | пред 1 година

prilog-2-denovi-potoa.00_01_30_22.Still001

Објавени имињата на сите 59 загинати во дискотеката во Кочани

„Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, вели Министерство за здравство и додава:Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистините информации:1-Алексова Стефанија 20042-Џамов Јорданчо 19933-Трајчев Иван 20004-Ѓоргиев Џоко 20005-Коларов Александар 19816-Величков Иван 19987-Стојанов Андреј 20008-Антова Ивона 20039-Христовски Павел 200410-Димитријев Диме 199411-Насевски Никола 200712-Богданов Тоше 199413-Тодоровски Тоше 198814-Коцева Ана 200415-Живков Адријан 200016-Петрушов Гордан 200117-Горгиев Игорче 197618-Стевановски Филип 198819-Стојанов Томче 200320-Стоименова Моника 199921-Стојанов Стојанчо 198822-Пројковска Николовска Capa 197723-Шопова Марија 199724-Ивановски Петар 200425-Ѓорѓиев Александар 199126-Марковски Матеј 200727-Закова Бојана 199728-Василков Ѓорѓи 199929-Петров Александар 199930-Минова Драгана 200831-Алексова Capa 200632-Ѓорѓиески Андреја 198233-Ивановски Филип 200834-Јорданова Capa 200735-Стрезоска Марија 200136-Ефремов Александар 199237-Велков Игор 198038-Тасева Стојковска Лепа 199839-Атанасовски Мартин 199640-Алексов Александар 198641-Минов Божидар 200142-Милковска Кети 199943-Златков Томас 200344-Соколова Стефанија 200545-Велков Леонид 200746-Наунова Надица 200747-Јорданов Виктор 200048-Панов Андреј 200049-Иванов Димитар 200850-Стоименов Спиро 199851-Владимиров Јове 199352-Андонов Ице 200353-Тасевски Стефан 198854-Величков Ѓорѓи 199455-Стојанов Александар 198656-Христова Сања 199957-Танески Дамјан 200658-Спасова Моника 199859-Лазаров Андреј 1999Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души.

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Странски медиум го пренесува погребот во живо, МВР одма побара да прекинат - но продолжи!

Странски медиум во живо го пренесува погребот од Кочани и покрај апелот на родителите, семејствата и институциите, тоа да не се прави. Додека ги носат ковчезите еден од странските медиуми непрестранато врши емитување.Веднаш имаше реакција од Минситерството за внатрешни работи, кои отидоа до медиумските екипи и кажаа дека има замолница од семејства, да се престане со преносот во живо.Но и покрај ова, продолжија да го прават истото.Името на медиумот не го споделуваме, ниту линкот - со цел истиот да не се шири.„ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство. Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство“, стои во апелот на ЗНМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-20-at-11.41.59

Од загинатите во Кочани, шест се малолетници - објавен список со возраста и бројот на починати

Обвинителството до медиумите достави список со возраста на починатите лица во трагедијата во Кочани. Ова доаѓа по низата шпекулации во јавноста во врска со бројот на починати. Во дискотеката „Пулс“, 59 лица го загубија животот. Ден потоа, почина и возач на Брза помош-Кочани, кој неколкупати одел Кочани-Скопје за да спасува животи.„Ви испраќам список со возраст и број на починати лица што е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина. Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, стои во дописот од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-15-635

Кочани: Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, покажете почит, ова е човечка болка

Кочани одново замоли, да не се снимаат куќите на починатите, како и граѓаните кои немаат доволно солзи да ги доисплчат жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка. Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја ве молиме, не ги споделувајте нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град. Молете се. Нека ни даде Господ сила на сите“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-21.03.28

(Видео) Сопруга на обвинет обезбедувач на дискотеката во Кочани: Ние сопрузите ги нарековме наши херои

Сопругата на обвинетиот Мартин Георгиев, за трагедијата во Кочани, кој бил обезбедувач на дискоатеката „Пулс“ критичната вечер, изрази сочувство до семејствата на загинатите и кажа дека обезбедувачите„Сакам да изразам најдлабоко сочувство и побрзо оздравување на сите деца кои се во сите клиники низ светот. Целта на собирот, не е протест, сакаме да изразиме длабоко сочувство, почит кон оние кои помагаа да се спасат други деца. Сакам да го споменам прво Иле, шофер на Брзата помош, легнал и од тага не се разбудил. Сакам да се заблагодарам на сите други луѓе, од кои дел не се помеѓу нас. Целта е да ги поддржиме нашите сопрузи, ние ги нарековме нашите херои, ако не биле тие ќе имало уште многу загинати лица“, рече сопругата на обезбедувачот.Присутните, држеа транспаренти преку кои побараа слобода.„Слобода за нашите херои“, пишува на еден од нив.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Пронајден подземен 10-тонски нафтен склад на 50 метри од „Пулс“

Склад за бензин и бензиска пумпа има спроти дискотеката во Кочани - се испитува чие е и дали има нафта.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството , а потврди и Противпожарната бригада на Кочани. 

Македонија | пред 1 година

toskovski-sednica

Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Министерството за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.Министерот Панче Тошковски донесе одлука за разрешување на:-началникот на секторот за внатрешни работи во Штип,-помошникот началник на СВР Штип,-началникот во одделението за полиција Штип,-началникот на одделението за криминалистичка полиција на одделението за внатрешни работи во Кочани,-командирот на полицијата за општа надлежност во Кочани,-началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Две од повредените лица пристигнаа на лекување во Загреб

Две лица повредени во пожарот во Кочани, утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија на Клиничката болница „Сестре Милошрднице“, во Хрватска. Од болницата соопштија дека се очекува да бидат пренесени уште двајца пациенти.Двајца пациенти кои утринава се примени на Траума имаат изгореници и повреди од вдишување на респираторниот тракт, па обезбедени се респиратори за механичка вентилација.Покрај нив, во Загреб на лекување во текот на денот треба да пристигнат уште повредени пациенти од Кочани. Владата утрово извести дека хеликоптер на хрватската армија денеска и утре ќе превезува уште четворица пациенти, кои исто така ќе се лекуваат во хрватските здравствени установи.Тешка траумаВо акцијата за помош, задачата за лекување на повредените Македонци и е доверена на Клиниката за трауматологија при Клиничката болница „Сестре милошрднице“, каде најпрвин ќе се утврди степенот на изгорениците и повредите на други телесни функции, со оглед на тоа што преживеале тешка психофизичка траума.За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега. Таму има и банка за ткиво каде што се одгледуваат трансплантации на кожа, кои се неопходни за тешки изгореници.За здравствената состојба на пациентите и нивниот понатамошен тек на лекување лекарите ќе известат во 11 часот, на прес-конференција пред болницата. Foto: Profimedia

пред 1 година

6670f6ad-c1de-492d-b253-a305ff3b1489-1

Хрватскиот Сабор со едноминутно молчење им оддаде почит на загинатите во Кочани

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани.„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-10.14.05

Релативно стабилни се пациентите од Кочани кои се лекуваат во Македнија и во странство, вели заменик министерот за здравство

Денеска ќе се транспортираат уште осум пациенти, во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска. Дојдени се екипи на помош од Израел, Србија.„И во Македонија и во странство пациентите се релативно стабилни но не знаеме како ќе биде понатаму, релативно е рано“, рече заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 1 година

124

Сочувство се изразува со поглед кон камера, не мора да прочитате од листот дека срцето ви е скршено!, напиша Академијата за протокол

Академија за протокол упати остра критика кон политичарите, кои изминативе два дена се појавуваат во јавност. Тие посочуваат дека црната боја е боја за жал.„Господа политичари, и позиционери и опозиционери - ЦРНО е бојата на жал и тага, а не распетлани сини кошули и одела!! ЦРНО! Црно одело, црна вратоврска, Македонија е во жал, срцата ни крварат!!!Научете нешто од претседателката и новинарите! И сочувство се изразува со поглед кон камера, не мора да прочитате од листот дека срцето ви е скршено!Ова дури не е ни протокол, ова е обичен разум и логика!“, напишаа оттаму.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-15.32.31

(Видео) Револт и гнев на протестот во Кочани: Не постои покрумпирана држава од Македонија!

Голем револт има во Кочани помеѓу граѓаните. Гневни се на системот, бидејќи сметаат дека не ги штити, туку оди контра нив и ги убива. Посочуваат дека нема Македонија е на врвот во светот по корупција. Покажуваат со прст кон политичарите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-15.05.34

(Видео) Инциденти во Кочани: Демолиран вториот локал на газдата на дискотеката, искршени прозори на општината

Со извикување „Убијци, убијци“, повеќе демонстранти во Кочани, демолираа дел од општината во Кочани, па потоа се упатија и кон локалот, за кој посочуваат дека е сопственост на истиот газда како и дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица. Ситуацијата кулминира, а револтот преовладува над тагата.Името на демолиранираното кафуле е „Класик“.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Im4age-2025-03-17-at-08.49.05

Се чекаат хеликоптери од Хрватска и Романија, а медицински лица од Чешка, Австрија, Израел

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за здравство, Арбен Таравари, од утрово се во Клиничкиот центар во Скопје. Таму се хоспитализирани 90 лица. Вкупно 90 лица се хоспиталзиирани во Македонија.[caption id="attachment_324522" align="alignnone" width="862"] Screenshot[/caption]Хеликоптери од Хрватска и Романија се очекува да пристигнат денеска за да пренесат пациенти во европските земји. Денеска треба да пристигнат медицински лица од Чешка, Австрија и Израел.Пред Клиничкиот центар има силно полициско обезбедување, волонтери на Црвен крст, но и членови на семејствата на повредените.Досега, 59 лица загинаа, 150 се со повреди, а дел од нив и во критична состојба.Нови детали се чекаат во текот на наредните часови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-08.43.38

18 повредени од Кочани се во грчките болници - има тројца тешко повредени, едно лице е оперирано

По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презеде сите чекори побарани од Европскиот механизам за цивилна заштита, велат владини извори.Вкупно 18 повредени ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун.Три тешко повредени лица на возраст од 25, 25 и 19 години веќе се лекуваат во болницата Папаниколау со големи изгореници, од кои на едното веќе му е извршена операција.Претходно:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-071719

(Видео) Осум повредени од Кочани се во тешка состојба, во Софија се борат за нивните животи

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.– Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси, нагласи тој. Додаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.– Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани, додаде тој.Шест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-19.54.15

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца

Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца.Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција.По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања