Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Кочани Владко Грозданов ја посетија Општата болница во Кочани и најавија уредување на просторот и санација на асфалтните површини за подобар пристап и услови за пациенти и персонал. Алиу истакна дека Владата работи на враќање доверба во јавното здравство преку човечки капацитети, инфраструктура и системски промени, и потсети на отворањето регионален центар за ментално здравје. Ќе се чисти вегетација, ќе се расчисти дворот и ќе се создадат нови паркинг места, ќе се отстрани модуларната болница, а потоа следува етапно реновирање на делови од болницата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“. Тие направија увид во состојбата и најавија конкретни чекори за уредување на просторот околу здравствената установа и санација на асфалтните површини.

Според министерот Алиу, станува збор за активности кои треба да го подобрат пристапот до болницата и условите за пациентите и медицинскиот персонал.

— реклама —

„Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме видливи резултати по 30 години. Пристапот и инфраструктурата во здравството се составен дел од системот и не го опфаќаат само внатрешниот, туку и надворешниот дел. Благодарност до градоначалникот кој за кратко време направи организација за средување на просторот“, изјави Алиу.

Тој додаде дека Владата и Министерството за здравство се фокусирани на враќање на довербата во јавното здравство преку три клучни столба – зајакнување на човечките капацитети, подобрување на инфраструктурата и системски промени.

— реклама —

Министерот потсети дека оваа посета е продолжение на институционалната грижа за Кочани, откако кон крајот на ноември минатата година во регионот беше отворен регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.

Во наредниот период ќе се спроведе чистење на вегетацијата и расчистување на запуштените површини во дворот на болницата, со што ќе се создадат нови паркинг места. Планирано е и демонтирање и отстранување на модуларната болница, со што дополнително ќе се ослободи простор за паркинг.

Во следната фаза е предвидено и етапно реновирање на одредени делови од болницата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања