Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗДРАВСТВО

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Прекумерната телесна тежина претставува сериозна хронична болест поврзана со повеќе од 200 заболувања, а во Македонија зафаќа дури 30 до 35 проценти од населението, предупреди министерот Азир Алиу.На стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност ОБЕМ, Алиу истакна дека станува збор за растечки здравствен проблем кој особено ги погодува децата и адолесцентите.„Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик“, изјави Алиу.Тој посочи дека во земјава веќе функционираат центри за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, а неделава е отворен и првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион, во охридската болница.На симпозиумот била нагласена потребата од поголема јавна свест и превенција, како и од засилена соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.Министерството, како што беше посочено, продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, со посебен акцент на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид тесната поврзаност меѓу дебелината и дијабетес тип 2.

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Докторот Ненад Лазаров остро реагираше на најавата на министерот за здравство Азир Алиу за воведување систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници.Според Лазаров, ваквата мерка нема да донесе суштински подобрувања во системот, туку ќе предизвика револт кај медицинскиот кадар, особено во услови кога, како што посочува, платите на специјалистите во земјава се пониски од оние во регионот, вклучително и во Косово.„Само револт ќе добиете како фидбек во ситуација кога платите на специјалисти во земјава се помали од плати на специјалисти во Косово. Ни треба ефектива кога е некој на работа а не точен број минути присутност во болницата. Нема помали плати во здравство во Европа“, напиша Лазаров.Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку фингерпринт и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

Коментари | пред 3 дена

operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Министерот за здравство Азир Алиу откри сериозни разлики во продуктивноста на докторите во државните клиники за 2025 година. Според неговите податоци, некои лекари имаат двојно повеќе упати и операции од своите колеги, дури и во иста специјалност и институција, што отвора прашања за управување, системски недостатоци и распределба на работата.„Имаме и друга информација за доктори кои имаат најмногу реализирани упати за 2025 година, за шест месеци. Видете каква е разликата. Имаме доктор во една институција со 16.526 упати, и доктор во друга клиника со 7.352 упати. Се работи за различни специјалности, иако, имаме аутлајери кои мора да ги следиме за да разбереме како е можно, бидејќи платите и варијабилите и дополнителните исплати се важни. Има бројки кои се нелогични за системот и ќе видиме дали е недостаток на законски решенија или менаџирање.На пример за 2025, имаме доктор кој имал 1.134 операции и доктор кој што има 470. Се работи за иста специјалност тука. Овие двајца се во иста институција, но има и за различни институции каде што правиме компарација. Во секоја институција имате ваков тип на доктори кои што имаат операции и другите кои што немаат операции. Има во внатрешноста исто така и доктори кои што имаат нула операции направени“, изјави Алиу.

Македонија | пред 3 дена

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Премиерот Христијан Мицкоски, на вчерашните пратенички прашања во Собранието, рече дека има одредени здравствени работници кои преку сомнителни практики си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.Министерот за здравство Азир Алиу рече дека има лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата, т.е. околу 12.000 евра (700.000 денари), и дека и како Министерство за здавство и како Влада ги знаат институциите, која како делува.„Значи имаме, и повеќе од 10.000 евра, имаме 700.000 денари плата, тоа е 12.000 евра и повеќе. Дозволете административно да го завршиме процесот, ние веќе имаме информации, веќе ги знаеме институциите, која институција како делува. Дозволете тоа да не биде на прес-конференција, туку институционално да го решиме, бидејќи тука повлекува и други административни и законски процедури коишто не би смеел јас како министер денеска да ги кажам, бидејќи ќе го загрозам процесот кој треба да се одвива. Идејата не е да направиме спектакл од здравството, туку да го спречиме тоа и да креираме систем кој ќе биде во кондиција да може да опслужи во реално време и без злоупотреби на нашите граѓани“, вели Алиу.Алиу рече дека за секоја институција има податоци колку вработени имаат, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат и дали се во согласност со законските предвидени ограничувања.„Анализите покажаа дека во некои институции, вкупно 7 клиники има вработени кои работат и до 41% дополнителна дејност, иако законскиот лимит е 20 отсто и додаде:Ќе бараме од приватните здравствени институции да видиме таму колку нашите вработени во државните здравствени институции трошат време. Тоа е процес којшто мора да се компарира, процес којшто трае и, морам да бидам искрен, процес којшто има препреки во процесот бидејќи со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци. Ви кажав, еве за жал, ако влезете сега во листа на чекање ќе видите институции коишто не ажурираат податоци, а законски мора да го направат тоа. Тоа е тоа, мора да се смени менталитетот и затоа ќе работиме паралелно и на законски решенија и на терен со нашите органи коишто имаат надлежност за тоа“, кажа министерот.Правиме и друга анализа, дали ќе дозволиме, колку ќе дозволиме, ќе зависи од потребата. Значи ако листата на чекање во една институција е голема, нема да може да работите во приватна институција додека листата не се намали. Правиме таква компарација и ако треба, ќе направиме и друг протокол за измена“, рече Алиу.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу ќе воведува систем со фингерпринт за следење на работното време на здравствените работници

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Министерството воведува построги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел да се обезбеди ефикасно работење и транспарентност во здравствениот сектор. Алиу најави воведување на нов систем за регистрирање на работното време преку fingerprint и потенцираше дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.„Знаеме во секоја институција колку имаме вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку часови работат, и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања. Имаме институции коишто веќе се дефинирани дека тоа не е постапено.Во тој процес исто така, нели, имавме прес-конференција за листа на чекање за која веќе порталот функционира, е достапна. За жал не се ажурира на време, и барав од сите здравствени институции да мора дневно да се ажурира, и најверојатно ќе најдеме и законско решение за да може и да ги казниме институциите и директорите ако тоа не се постапува. Ние за џабе креираме дигитални решенија ако тие решенија не се хранат.Исто така тука мора да бидеме построги, затоа го тестиравме едно од решенијата коешто со закон е овозможено, а тоа е fingerprint-от за да може здравствените работници check-in и check-out да направат според тој систем. Веќе во две клиники тестиран беше системот, ќе го воведеме прво во Скопје и после низ целата држава за да може да ги следиме законски.За жал ситуацијата е таква како што вие кажавте, имаме ситуации каде што доктори прегледуваат само еден пациент неделно, и имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно, и едниот и другиот се аутлајери. Така да мора да ги следиме и да направиме систем којшто прво реално ќе го следиме ние како министерство, второ ќе реагираме навреме“, изјави Алиу.

Македонија | пред 3 дена

lekari-715x420

„Доктори со помош на еликсир работеле секој ден 24 часа, без одмор, без пауза, зимале над 10.000 евра плата“ вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека потребно е и јавно да се укаже на злоупотреби и неетичко работење од страна на одредени здравствени работници. Тој посочи примери на лица кои, преку сомнителни практики, си ги зголемувале месечните примања, работеле секој ден по 24 часа, без пауза.„Е сега кога станува збор за здравството треба понекогаш не само да зборуваме убави работи. Треба да зборуваме и малку со доза на критика кон одредени здравствени работници коишто наоѓаат начин преку чуден еден нов изум или еликсир, којшто јас го нареков еликсир на континуирана работа да книжејќи си дежурства да добиваат месечни примања коишто честопати знаат да бидат и над 10.000 евра. Чудно но вистинито. Има и такви здравствени работници коишто со помош на овој еликсир успеале да работат 31 ден во месец кога има 30 дена или помалку 28 и ни помалку ни повеќе туку 24 часа. 31 ден, 24 часа, без одмор, без пауза, цело време посветени на работа. Има и такви случаи. И сега треба ние да се самите преслушаме каде одиме. Затоа што ова со системско решение не се решава. Ова е личен момент. И секој треба својата лична одговорност да ја да ја пренесе на останатите“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-1290PM

Жена сведочи за здравствена голгота: Мајка со мозочен удар враќана од оддел на оддел, три дена агонија по клиниките

Лидија Спиреска јавно сведочи за, како што вели, три дена институционален хаос и голгота низ здравствениот систем, низ кои поминала нејзината 75-годишна мајка, која на крајот била дијагностицирана со мозочен инфаркт.Според нејзиното сведоштво, сè започнало на 17 март годинава, кога нејзината мајка, добила покачен крвен притисок. Таа, заедно со ќерките, се упатила кај матичен лекар, каде што, како што наведува Спиреска, била примена од заменски доктор кој ѝ дал дијазепам.„Вторник 17.03.2026 навидум обичен ден скоро па како и сите останати денови..сосема несвесна дека ми претстои таква ГОЛГОТА!Подготвувајќи се за секојдневните обврски, кога мојата мајка, која со години се бори со хипертензија, повторно доби висок притисок. Сосема свесна, на нозе, заедно со сестра ми замина кај матичен лекар – да добие терапија и совет.Но наместо соодветна помош, беше примена од заменски лекар, кој единствено што направил дал дијазепам ампула од 10 mg.Во меѓувреме пристигна нејзината матична докторка, побаравме упат бидејќи состојбата не беше добра – започнаа да ѝ трнат раката и ногата. Добивме упат за кардиологија.На кардиологија – ЕКГ, нова терапија за притисок и заклучок: „сè е во ред“. Потоа нè препратија на неврологија.На неврологија – краток преглед и реченица која ќе ја паметам цел живот:„Вие госпоѓо не сте за овде. Одете си дома и примајте терапија.“ Со документација, со симптоми, со јасни знаци – нè вратија дома.Следниот ден – состојбата се влошува. Одиме на Ургентен центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мојата мајка веќе не можеше да оди. Ни дадоа количка – да ја туркаме сами од оддел до оддел.Кардиологија повторно – „не е за кај нас“.Одете на Ендокринологија..Ветер дува носи ние женава ја шетаме од еден оддел до друг небаре екскурзија тераме!Ендокринологија – луѓето се чудат зошто сме таму.Очигледно не сме за таму,од незнаење каде следно да не испратат и земаат крв за испитување на хормоните на жена од 75 години божем ќе раѓа..и не препраќаат на Ревматологија!Ревматологија – исто.Докторката во ШОК! Ама кој ве испратил овде вели и зошто?? Под итно на Неврологија!!!Повторно неврологија – „немате упат, не сте за тука“.Буквално бевме истерани.Во меѓувреме, ние гледаме како жената ја губи левата страна од телото – рака, нога, стабилност… живот. Наместо помош – добивавме одбивање.На крај, пред сите пациенти, доктор ѝ поставува дијагноза – дијабетична невропатија. И така – ја враќаме дома.Истата вечер – состојбата драматично се влошува. Почнува да паѓа на лево, едвај ја внесуваме во автомобил и ја носиме во болницата „8 Септември“.Таму – 3 часа чекање за доктор.Кога конечно се смилува и дојде докторка ја однесоа на снимање на глава.Но снимањето доцнеше 30 минути, затоа што персоналот бараше мачка низ одделот и низ ходниците снимателот имал уплав од мачки.Во тие моменти, мојата мајка веќе беше во безсознание.Дијагнозата конечно беше поставена – МОЗОЧЕН ИНФАРКТ(УДАР).И тогаш – најстрашното.Ни беше кажано:Има едно слободно место, но пациентите се со тешки, резистентни инфекции.И буквално добивме „избор“:или да ја оставиме таму – да почине,или да си ја однесеме дома – да почине.После три дена агонија, борба и институционален хаос – немавме избор.Повикавме Брза помош и ја транспортиравме во приватната болница „Аџибадем Систина“.Денес, благодарение на нивната грижа, професионалност и навремена реакција –мојата мајка е жива. Стабилизирана. И се бори.Но ова што го поминавме… Ова не е само лична приказна. Ова е пораз на системот. Ова е срам за здравството. Ова е реалност во која човечки живот зависи од случајност.За сето ова што го изнесувам, поседуваме целосна медицинска документација – упати, извештаи и докази од сите институции низ кои поминавме.Документацијата веќе е доставена до адвокати, и овој случај ќе биде покренат пред сите надлежни институции – полиција, Обвинителство и сите релевантни органи.Ова нема да остане вака. Ќе се зборува со име и презиме. И ќе се бара одговорност – без разлика на сè. Ќе ги известам и сите медиуми, за вистината да излезе на виделина и никогаш повеќе никој да не помине низ ова што ние го поминавме“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 дена

media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Алиу: Успешно реализирани трансплантации на рожница, нашите пациенти добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка.-Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно е што кај 6 пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот Алиу.Тој посочи дека пациентите добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди во нашата држава, што претставува показател дека инвестицијата во знаење и меѓународна соработка носи директна корист за граѓаните.-Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани - органодарителството е чин на хуманост кој спасува животи. Без донори, нема трансплантации. Токму затоа, работиме и на законски измени со кои ќе овозможиме секој граѓанин, додека е жив, да може да се изјасни дали сака да биде донор. Нашата цел е таа волја да биде примарна и целосно почитувана, а системот да биде транспарентен и доверлив, додаде Алиу.Воедно, тој ги поздрави напорите и ангажманот на одговорните лица за трансплантација, националната координаторка проф. д-р Билјана Кузмановска и нејзината заменичка, д-р Гавриловска, кои заедно со директорката на Клиниката за очни болести, д-р Наташа Шекеринов и експертите од Duke универзитетот од Америка, проф. д-р Вилијамс Лојд и д-р Шина Сонг, со нашите домашни тимови од Клиниката за очни болести воспоставија успешна соработка.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

 Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и пациентските организации. Министерот Алиу нагласи дека Министерството за здравство останува целосно посветено на обезбедување одржлив и предвидлив систем за набавка на терапија за пациентите со ретки болести, при што новиот модел со тригодишни постапки за јавна набавка има за цел да обезбеди поголема стабилност, навременост и подобро планирање во интерес на пациентите.Во таа насока, на средбата од страна на министерот Алиу  низ конкретен пример беше истакнат новиот  рационален пристап во управувањето со средствата за набавка на лекови за ретки болести. „За лекот за ретки болести OXLUMO (lumasiran), кој се користи за пациентите на Клиниката за детски болести, со спроведеното годишно усогласување на цени е постигнато намалување на цената за 96.248 денари, а по спроведување на јавната набавка од Министерството за здравство, со веќе воведениот модел за набавка на лековите за ретки болести со тригодишни постапки, се очекува да се постигне заштеда кај овој лек од околу 68.600 евра“, ги информираше министерот Алиу претставниците на Националната алијанса за ретки болести. Министерството за здравство и во наредниот период ќе продолжи со редовна комуникација со Националната алијанса, со цел навремено адресирање на сите прашања и заедничко креирање решенија во најдобар интерес на пациентите. Министерството за здравство останува отворен партнер на пациентските организации и посветено на политики што значат навремена терапија, одговорно управување со средствата и унапредување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести.

Македонија | пред 1 седмица

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Најновото истражување на здружението ЕСЕ потврдува дека корупцијата е длабоко вкоренета во јавното здравство.Од 1.200 анкетирани граѓани, до 200 од нив биле замолени за мито или самите понудиле пари за да добијат здравствена услуга.Главните наоди од истражувањето покажуваат дека најчесто се плаќа „под шалтер“ за специјалистички услуги, болничко лекување и операции, додека главните причини се недостатокот на бесплатни прегледи и малиот број специјалисти.Покрај готовината, корупцијата се појавува и во други форми како што се подароци, обврска за купување лекови во одредени аптеки или упатувања во приватни клиники. Шокантно, во три случаи дури и се барал сексуален однос во замена за услугата.Граѓаните од руралните средини се повеќе изложени на изнуда. Истражувањето покажува дека машките здравствени работници се посклони да бараат мито од жените.Секоја четврта жена дала мито на гинеколог за подобра услуга, додека секоја петта е подготвена да даде пари за време на бременост или породување.Проблемот е дополнително усложнет бидејќи граѓаните честопати го изедначуваат митото со „знак на благодарност“, што го отежнува откривањето и борбата против овој феномен

Македонија | пред 1 седмица

655-402-bebe

Алиу: Македонија меѓу најдобрите земји во светот, неонаталната смртност намалена за 87%

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес конференција информираше за резултатите од извештајот на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценката на смртност кај децата. Според извештајот Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност.„Овој глобален извештај за 2025 година кој беше објавен вчера покажува дека Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на неонаталната смртност при децата под 5 години. Нашата држава е прикажана како успешен пример за намалување на неонаталната и смртноста на децата под 5 години, на глобално ниво, како резултат на заедничките активности и координацијата на Комитетот за безбедно мајчинство при Министерството за здравство и партнерите Фондот за деца при Обединетите нации, Светската здравствена организација, Фондот за население на Обединетите нации и партнерите. Глобалниот извештај за 2025 година покажува дека стапката на смртност кај новороденчињата за неполна деценија е намалена за 87%, од 8,1 на 1,1 смртни случаи на 1000 живородени деца, а стапката на смртност кај деца под 5 години е намалена за 75%, од 11,1 на 2,8 на 1000 живородени деца“, изјави Алиу.Тој додаде дека овие резултати се показател дека Министерството за здравство е на добар пат во унапредувањето на здравствената политика и заштита на мајките и децата, и со тоа и намалување на стапката на неонатална смрт во земјата.„Изминатиот период имплементирани се повеќе мерки за зајакнување на итна акушерска нега и нега на новороденчиња, ажурирање на клиничките протоколи во земјата, подобрување на практиките за реанимација на новороденчињата и превенција на инфекции, како и зајакнување на подготвеноста за транспорт. Воедно, беше имплементиран и мастер-планот за перинатална нега 2020-2030 за операционализација на стратифицирана перинатална мрежа според ризик и овозможување континуирано унапредување на квалитетот на сите нивоа на здравствената заштита во земјата“, додаде Алиу.

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“. Тие направија увид во состојбата и најавија конкретни чекори за уредување на просторот околу здравствената установа и санација на асфалтните површини.Според министерот Алиу, станува збор за активности кои треба да го подобрат пристапот до болницата и условите за пациентите и медицинскиот персонал.„Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме видливи резултати по 30 години. Пристапот и инфраструктурата во здравството се составен дел од системот и не го опфаќаат само внатрешниот, туку и надворешниот дел. Благодарност до градоначалникот кој за кратко време направи организација за средување на просторот“, изјави Алиу.Тој додаде дека Владата и Министерството за здравство се фокусирани на враќање на довербата во јавното здравство преку три клучни столба – зајакнување на човечките капацитети, подобрување на инфраструктурата и системски промени.Министерот потсети дека оваа посета е продолжение на институционалната грижа за Кочани, откако кон крајот на ноември минатата година во регионот беше отворен регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.Во наредниот период ќе се спроведе чистење на вегетацијата и расчистување на запуштените површини во дворот на болницата, со што ќе се создадат нови паркинг места. Планирано е и демонтирање и отстранување на модуларната болница, со што дополнително ќе се ослободи простор за паркинг.Во следната фаза е предвидено и етапно реновирање на одредени делови од болницата.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е потпишан договор за закуп со што започнува реализацијата на проектот за изградба на две катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Ѓорѓиевски соопшти дека договорот го потпишал заедно со министерот за здравство Азир Алиу, а проектот има за цел да го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.Според најавите, двете катни гаражи ќе имаат капацитет од околу 500 паркинг места, а инвестицијата е проценета на околу три милиони евра.„Со изградбата на две нови катни гаражи конечно ќе ставиме крај на долгогодишната голгота со која секојдневно се соочуваат пациентите, нивните семејства, но и здравствените работници“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека проектот ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот во Клиничкиот центар, непречен пристап за возилата на итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот нагласи дека Град Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со катните гаражи, со што, како што рече, ќе се избегне зголемување на цените на паркингот доколку управувањето би било препуштено на приватни компании.Во рамки на проектот, најавено е и воведување на дигитално зонско паркирање во градот, со мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат во реално време да проверуваат каде има слободни паркинг места.Ѓорѓиевски најави дека по ребалансот на градскиот буџет, кој се очекува следната недела, ќе биде распишана тендерската постапка, по што ќе започнат и градежните активности.Проектот, како што посочи, се реализира во координација со Владата и со поддршка од премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Дигитализација на здравствениот систем: Граѓаните ќе имаат пристап преку портал и мобилна апликација

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес најави предлог-закон за изменување и дополнување на законот за евиденции од областа на здравството, кој има за цел целосна дигитализација на здравствениот систем и обезбедување на модерно, безбедно и поврзано водење на здравствените податоци, со што ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги за пациентите во државата.Со оваа законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку националниот систем за електронски евиденции во здравството. Тоа значи дека медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации како привремено решение при прекин на системот.Една од клучните новини е регулирање на електронското здравствено досие за секој пациент во државата, кој ќе претставува централен извор за сите здравствени податоци на пациентот, од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги. Со ова се овозможува подобра следливост на здравствената состојба на пациентот и поефикасна здравствена грижа за пациентите“, вели Алиу.Алиу изјави дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат систем усогласен со националниот систем.Со новите законски решенија, значително ќе се подобри и пристапот на граѓаните до сопственото здравство, здравствено досие, преку електронски портал или преку мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетните лица и со можност за овластување на друго лице за пристап.Дополнително, за првпат се регулира интеграција на телемедицината и мобилното здравство, mHealth. Во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба и анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цел од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствените политики, при што строго ќе биде забрането секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединецот“, вели Алиу.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu2iqdt7a2k7m9Yko8YU

Алиу: Планираме спојување и на други клиники, по примерот на кардиологија и кардиохирургија

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука е донесена за да се обезбеди повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.Административните процедури и целата постапка на спојувањето на клиниките е долга и исто така треба да бидеме претпазливи, бидејќи идејата на спојување не е за влошување на здравствените услуги, туку за подобрување на здравствените услуги. Бидејќи овие две клиники се и физички во една зграда и процедурите сегде во светот се влегуваш и излегуваш, а не мора да шеташ од една во друга клиника, за пациенти коишто имаат ваков тип на здравствени проблеми. Затоа почнавме од овие две клиники, но нема да завршиме тука. Да видиме прво кои ќе бидат предизвиците на спојувањето на двете клиники и ова ни е според нас најлесно спојување на двете клиники, затоа почнуваме од кај нив“, изјави на денешната прес-конференција министерот Азир Алиу.Тој додаде дека за другите клиники најверојатно ќе имаат предизвици и од инфраструктурна гледна точка, но и од човечки капацитети.Ова ќе ни биде, еве, како пилот проект да видиме кои ни се предизвиците за спојување на клиниките. Но текот на спојување ќе продолжи и понатаму. Моментално ќе раководи профил којшто раководел кога сите клиники биле споени, значи администратор-економист, за да може административниот дел да го менаџира во оваа фаза“, додаде Алиу.

Македонија | пред 3 седмици

media-library74qlh6uir92e7hkc6bG

Кардиологија и кардиохирургија под еден покрив – Владата формира единствен центар

Владата на последната седница одржана на 24 февруари 2026 година, на предлог на Министерство за здравство на Република Северна Македонија, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со што се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина.Целта на одлуката е зголемена интегрираност, подобра координација и поголема ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси на двете установи.Министерот за здравство Азир Алиу појасни дека со оваа одлука се обезбедува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес – од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман.„Со укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура создаваме предуслови за заштеда на средства, кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, истакна Алиу.Спојувањето треба да овозможи подобра искористеност на капацитетите и зголемен број интервенции преку интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на една институција, без административни пречки и без потреба од трансфери, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.Дополнително, се очекува новиот обединет центар да придонесе за развој во областа на едукацијата и научно-истражувачката дејност, со создавање академски амбиент за обука на специјализанти и супспецијализанти, како и за развој на научни програми во кардиоваскуларната медицина.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Нов модел за набавка на лекови за ретки болести, уверува министерот

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека е сменета процедурата за набавка на лекови за пациенти со ретки болести, со цел тие навремено да ја добиваат потребната терапија.Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу истакна дека за првпат се воведува тригодишна постапка за набавка на лековите. Тој посочи дека досега пациентите со ретки болести често се соочувале со доцнење од неколку недели или месеци, делумно поради зголемениот број дијагностицирани случаи, како во земјата така и глобално, што е резултат на напредокот во технологијата и методологијата за рана детекција.Министерот појасни дека дополнителен предизвик претставува фактот што станува збор за млади пациенти, кај кои дозата на лекот зависи од телесната тежина и други индивидуални фактори, што ја отежнува прецизната годишна проценка на потребните количини.„Методологијата е сменета и сега отвораме постапка за три години, за да имаме доволно време да реагираме доколку количините се потрошат побрзо од планираното. Целта е граѓаните да ги добиваат лековите навремено“, рече Алиу.Тој нагласи дека тендерската постапка ќе биде проектирана за тригодишен период, при што ќе се користат количини согласно реалните потреби во државата. „Да бидат спокојни граѓаните и родителите дека државата и Министерството нема да дозволат ниеден пациент со ретка болест да чека ниту еден ден за терапија“, потенцираше министерот на прес-конференцијата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Министерство за здравство прифати одложување на примената на дел од новиот закон за заштита од пушење, со што, како што беше појаснето, им се остава простор на сопствениците на угостителските објекти инфраструктурно да се прилагодат на законските барања.Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција во Владата изјави дека одложувањето се однесува на примената на одредбите за пушење на отворени тераси од три страни, кои во пракса во моментов се затворени.„Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручни лица и со сите засегнати страни во државата. Исто така, јас и премиерот имавме состаноци со производители, потрошувачи, компании, ресторани и кафулиња. Имаше забелешки што беа логични и можеа да бидат прифатени, но и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси од три страни, бидејќи им треба време за инфраструктурно да се приспособат“, изјави Алиу.Во однос на електронските цигари, министерот најави дека тие ќе бидат забранети за користење во затворени простории. Дополнително, ќе биде ограничена и нивната продажба.„Барањето кое половично е прифатено беше продажбата на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите, а ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун“, истакна министерот.Според него, државата е меѓу водечките во Европа по користење на нетрадиционални, таканаречени модерни електронски цигари, поради што законските измени имаат за цел дополнително да ја зајакнат заштитата на младите и јавното здравје.

Македонија | пред 1 месец

doktor

Нови правила за вработување и статус на директори во јавното здравство: Владата ќе утврдува број на приватни специјализации, се продолжува работниот ангажман до 70 години

Министерството за здравство подготви значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР, со можност сите засегнати страни да достават свои предлози и сугестии.Како што појасни министерот за здравство Азир Алиу, измените произлегуваат од досегашната примена на законот и се однесуваат на постапките за вработување здравствени работници во јавните здравствени установи, статусот на директорите, специјализациите и супспецијализациите, условите за пензионирање, како и усогласување со други прописи.Меѓу позначајните новини е приоритетното вработување на најдобрите дипломирани доктори по успех од медицинските факултети во државата. Доколку се пријават на оглас, за нив нема да се спроведува селекциска постапка, туку ќе бидат директно вработени во јавна здравствена установа.Предвидено е комисијата за селекција на кандидати да ја предлага стручниот колегиум на установата за секое работно место посебно, а директорот ќе биде должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.Во делот на специјализациите, Владата покрај програмите за државни и кофинансирани специјализации, ќе донесува и програма со која ќе се утврдува бројот на приватни специјализации и супспецијализации, во согласност со потребите од медицински кадар.Со измените се предвидува и зголемување на возраста за ангажирање на доктори од дефицитарни специјалности, кои од 67 до 70 години ќе можат да работат со договор во здравствени установи во мрежата, со задржување на пензијата, врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

„Законот за пушење, очигледно, не важи. Бизнис-заедницата рекла дека ако не се пуши ќе падне прометот и ќе се отпуштаат луѓе, па сега сме ‘во ред’ да се пуши“, реагира Ина Многуфина во јавна објава, коментирајќи ги најавите за нов пристап кон примената на забраната за пушење во угостителските објекти.Таа иронично забележува дека, за да не изгледа како бизнис-заедницата да е „газда во државата“, се најавуваат фази за имплементација и едукација.„Колку фази се потребни за да се тргнат пепелниците – не знам. А што со едукацијата? Ќе одат ли по маси да им велат ‘ц, ц, ц’ на луѓето?“, прашува Многуфина.Според неа, суштинскиот проблем не е во тоа што законот не постои, туку во тоа што не се почитува.„Законот за пушење постои одамна, само никој не го спроведува. И сега наместо да се инсистира на негово доследно почитување, ние ќе го официјализираме непочитувањето“, наведува таа.Во својата реакција, Многуфина прави и алузија на култната сцена од југословенската хумористична серија „Топ листа надреалиста“, во која иронично се изговара репликата „Пушењето е дозволено, дури и пожелно“.„Може слободно да ја искористиме, бидејќи и така живееме во надреално време“, заклучува таа.

Коментари | пред 1 месец

media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Прво едукација, па казни за новиот закон за пушење

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека динамиката за почеток на казнувањето за прекршување на новиот закон за пушење сè уште не е прецизно дефинирана, нагласувајќи дека примарната цел на институциите е едукација, а не веднаш санкционирање.Одговарајќи на новинарско прашање од кога ќе започне казнувањето, Алиу посочи дека се создал амбиент во кој јавноста перципира дека државата сака веднаш да казнува, додека, според него, фокусот е на укажување и информирање за тоа што е незаконско и кои се последиците од непочитувањето на прописите.„Инсистирав да дадеме простор да укажеме кој работи незаконски и дека ќе се казнува. Мислам дека тоа е добра практика – државата да соработува со бизнис-заедницата“, изјави министерот.Тој додаде дека државата мора дополнително да се доекипира за целосна имплементација на законот. Според него, доколку веднаш се започне со масовни казни, може да се појави проблем со недоволен број инспектори и службени лица за спроведување контроли на терен.Како пример, Алиу посочи на претходни ситуации кога забраната за пушење формално важела во Скопје, но не била доследно спроведувана во другите средини. Според него, целта е законот да се применува еднакво на целата територија, со јасна стратегија и соодветни ресурси.

Македонија | пред 1 месец

media-library0uvugqc2o56t92U17yb

Во 43 компании ќе влезат тимови од МВР и Министерството за здравство

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека од денеска започнуваат теренските контроли на лиценците издадени за производство на канабис за медицински цели, посочувајќи дека додека траела прес-конференцијата, инспекциските тимови веќе биле на терен.„Ќе се проверуваат 43 лиценци кои се дадени за производство на канабис за медицински цели“, изјави Алиу, објаснувајќи дека постојат две различни комисии за контрола на овој сектор – една надлежна за административните процедури во рамки на Министерството за здравство, и меѓуресорска комисија формирана согласно законска рамка на Владата, чија улога е да анализира политики поврзани со овој тип процеси. Првата комисија работела и досега за што имало извештаи, додека владината, последен извештај има во 2017 година.Министерот нагласи дека во сила се два правилници – стар и нов – кои во моментот се предмет на анализа од страна на експерти и професори. Според него, врз основа на извештајот што ќе произлезе од таа анализа, ќе се донесат понатамошни одлуки, а доколку биде потребно, ќе се покренат и соодветни постапки.Алиу информираше дека секоја компанија е обврзана да доставува фотографии и информации за количината и квалитетот на произведениот канабис до комисијата за која е задолжено Министерството за здравство. Во моментов, формирана е комисија од пет члена која има рок од 45 дена да изготви извештај за сите 43 лиценци.Тој посочи и дека постојат одредени предизвици во имплементацијата на законот, меѓу кои и недостиг од службени возила, што, како што рече, дополнително го отежнува надзорот и контролата на терен.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Министерство за здравство ќе го истражува „извозот на мозоци“ од Македонија

Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.Ресорниот министер вели дека многу скоро ќе се знае што точно се случувало во период од две децении, од 1994-та до 2015-та година, кога соработката со Универзитетот Колумбија прекинала.– Формиравме работна група која ќе го следи административниот дел за временскиот период кој е таму дефиниран, дали имало некаков документ или не во министерството или некој меморандум за научни истражувања или за клинички истражувања и анализи. Верувам дека за кратко време ќе ме информираат од различните департменти дали имало или немало таква активност. Засега се е шпеклуации и информации што ги слушаме насекаде – изјави за Коха, Азир Алиу, министер за здравство.Од Јавното Обвинителство засега нема реакција на објавените информации за тнр. „извоз на мозоци во научни цели“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Државата со забраната за пушење во јавност ќе им помага на пушачите да се откажат од цигарите, вели министерот за здравство

Примарната цел на новиот предлог-закон за заштита од пушењето е превенција на штетните последици по здравјето, а не казнување на граѓаните, порачува министерот за здравство Азир Алиу.Според Алиу, законското решение е насочено кон подигнување на јавната свест и создавање системска поддршка за лицата кои сакаат да се откажат од пушењето, без нивно стигматизирање.„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, истакнува Алиу.Во рамки на законот се предвидуваат обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувалишта, едукативни активности и континуирана поддршка за граѓаните во процесот на справување со никотинската зависност.Министерот нагласува дека зависноста од никотин не е прашање на навика, туку сериозен медицински и јавноздравствен проблем, кој бара системски и одговорен пристап.„Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето. Затоа, примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето“, додава Алиу.Истовремено, со законските одредби јасно се дефинираат надлежностите на инспекциските служби, санкциите за непочитување на прописите, како и улогата на локалните самоуправи во спроведувањето и надзорот над примената на законот.Од Министерството за здравство порачуваат дека ваквиот пристап има за цел долгорочно подобрување на јавното здравје, намалување на болестите поврзани со пушењето и создавање средина која ги охрабрува граѓаните да донесуваат поздрави животни одлуки.

Македонија | пред 2 месеци

w_56803986

Уште една жртва на инфлуенца А во Инфективна, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако кај него лабораториски била потврдена инфлуенца А.Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информира дека пациентот бил донесен во исклучително тешка здравствена состојба, со веќе развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Симптомите, како што посочи, се развиле пет дена пред хоспитализацијата, а поради сериозноста на состојбата бил поставен на механичка вентилација.Пациентот имал повеќе коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако припаѓал на ризична група.Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 30 пациенти заболени од грип, од кои еден се наоѓа во потешка клиничка состојба. Претходно, на истата клиника почина и 75-годишна жена кај која исто така била потврдена инфлуенца А. И таа имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана.Од Клиниката информираат дека меѓу хоспитализираните доминираат повозрасни лица со компликации, најчесто со сериозно респираторно засегање. Во моментов таму се лекуваат околу 25 до 30 пациенти со потешка клиничка слика.Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје регистрира нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Највисока инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години.Здравствените власти апелираат граѓаните, особено лицата од ризичните групи, навреме да се јават кај матичен лекар при појава на симптоми, да избегнуваат близок контакт со заболени лица и да ја разгледаат вакцинацијата како ефикасна превентивна мерка, особено кај хронично болните и повозрасните лица.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања