Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗДРАВСТВО

bekim-sali-31

Сали не ги ферма матичните: Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот

Откако дел од матичните доктори не ги затворија вратите за пациентите, министерот за здравство, Беким Сали, тоа го гледа како негова победа. Според него, оние кои штрајкувале се против пациентите кои трпат последици.„Јас повикав на разбирање и заедничка соработка, а пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Ние во ова не убдивме само 25 отсто од вкупниот број на матични лекари, кои протестираат. Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот. Бидејќи промени во системот се прават преку разговори, ане преку штрајк“, рече Беким Сали.Штрајкот, четврти по ред годинава, продолжува и денес. Повеќето од матичните лекари не издаваат рецепти и упати и не работат во системот „Мој термин“.

Македонија | пред 3 години

233439398_4218957644865499_7272356369434098640_n

Донесена наредба за ексхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на пациентот од лекување заб фати сепса

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип.Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент.Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје. Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице.​

Македонија | пред 3 години

fadsfasdf

По смртта на Јован од сепса: Инспекции ги тресат и матичниот стоматолог, доктор и ТОАРИЛУЦ-ОЕ

На ден 26.08.2022 год од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб .„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сеуште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот.По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани.Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство“ велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Нови детали: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“, ѝ рекол на сестрата од Брза помош, пред да почине од сепса

Болката е неискажлива и не може да се опише. Треба да се преземат мерки за да не се гуши и друга фамилија во ваква болка – вели Слаџана Ризинска од Берово за ММС.мк, чиј братучед Јован Димовски (25) почина од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип.Слаџана потенцира дека Јован си дошол дома во страшни болки по лекувањето на забот во Штип, но раната се чистела. Во меѓувреме му паднал дренот и бидејќи било недела (21-ви август) тој отишол во Итната медицинска помош во својот град. Таму му била направена преврска и му било кажано дека треба повторно да оди за Штип.Слаџана вели дека е изреволтирана бидејќи оваа информација никој јавно не ја споменува, односно ја нема во извештајот од лекарот кој вчера до медиумите го лиферуваа од Болницата.„Негово другарче го однесе за Штип и таму истиот доктор му направил повторно интервенција и му го ставил дренот наопаку. Уште таму Јован му рекол дека цела страна почнува да го боли и дека голта крв. Докторот му рекол дека имал многу пациенти и дека сите ги боли. Се вратил за Берово во неделата. Кога се вратил дома, Јован се гушел во болка и добил уште поголем оток. Тетка ми вели дека му се фаќало цело тело, не можел да стане од кревет. Почнал да повраќа крв и гној и заминале во амбулантата во Берово каде бил повикан неговиот матичен заболекар и таму констатирале дека тој има дрен наопаку. Не тече крв од раната, туку навнатре и Јован веќе бил затруен“, раскажува Ризинска.Додека трае голготата на момчето, од Берово го праќаат директно за Скопје. Во возилото сепак, неговата ситуација се влошила, за што посведочила и медицинската сестра која била дел од тимот.-Вчера зборував со медицинската сестра која била во возилото на Итната медицинска помош и таа рече: „Ќе застанам зад случајот“. Пред Штип, Јован изгубил свест. Ја држел за рака и ѝ рекол: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“ – додава Слаџана.Повеќе

Македонија | пред 3 години

buhova

Бухова влезе со инспекции во штипската болница, откако момче почина од сепса

Инспекции ја тресат Општата болница во Штип. Ова доаѓа откако во јавноста се појави инфорамција дека момче од Берово, на 25 години, починало од сепса. Според сведоштвото, момчето лекувало заб, по што, поради погрешно наместен дрен, добило сепса. Инспекцискиот надзор го врши Државен санитарен и здравствен инспекторат, односно Ирена Бухова.“ Државен санитарен и здравствен инспекторат иницира вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип за пациент Ј.Д. 25год. од Берово”, велат од ДСЗИ.Во сведоштвото стои:„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите “професионални” доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со….” како е рекол Бог”…. Дали во 21век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно….🖤“

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-25-at-12.46.16

Беровчанец починал на 25 години поради сепса по интервенција на заб, објавено ново сведоштво

Млад беровчанец почина на 25 година починал од сепса, по интервенција на заб. За случајот е обзнането на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Слаџана Ризинска.Нејзиното писание во целост:„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите "професионални" доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години.....🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со...." како е рекол Бог".... Дали во 21век треба да се случи таков срам....Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно....🖤“

Македонија | пред 3 години

fadsfasdf

„Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции кога системот на функционира“, негодување по најавата за нивно заминување

Д-р Ирина Бухова ќе остане директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Неофицијално, Владата не и најде замена, па и покрај најавите, тргната е точката за нејзино разрешување. За јавноста, познато е само дека таа не сака повеќе да ја извршува оваа функција. Истовремено, се појави информација и за повлекување на министерот за здравство, Беким Сали, кој неофицијално, посочил да му бараат замена. Ова наиде и на одредени коментари и реакции во јавноста.Новинарот Кристијан Ландов посочи дека двајцата се професионалци и наведе примери за експресни реакции кога биле во прашање нивните надлежности.Статусот во целост:„Уствари во цел здравствен систем, Бухова и Беким Сали имале најекспрени реакции при дојави дека системот на функционира.Додека имав корона, притоа, се јави стоматолошки проблем, во Клиниката за стоматологија ми лупнаа врата. По најрегуларен пат со реакција до ДСЗИ, за еден час, од Клиника сами се јавија да отидам на преглед. Тоа за мене значи дека некој направил системот да функционира.Сали, кога го побарав директно, во 22-23 часот навечер. Стануваше збор за еден апел за помош, за баба од скопско село, која беше оставена сама на себе, а амбуланта не сакала да дојде. Веднаш прати екипа, беше прегледана, а и била дадена и терапија.Сакам да кажам, следно очекувам Сали да си отиде и си свиркаме. Пошо само тоа ни останува“, напиша тој.

Коментари | пред 3 години

rak

Истражување: Некои видови на рак на дојка може да се излечат без зрачење

Некои типови на рак на дојка може да се излечат без зрачење, покажуваат резултатите од новата студија на канадски научници објавенa на годишниот состанок на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго. Жените постари од 55 години на кои им бил дијагностициран одреден тип на рак на дојка во рана фаза може да се подложат на операција, а потоа и на хормонска терапија, велат авторите на студијата.Водечкиот автор на студијата, професорот Тимоти Вилан од Универзитетот Мекмастер во Канада, откритието го нарече „одлично“ бидејќи покажува дека некои жени можат безбедно да го избегнат зрачењето и неговите несакани ефекти.Студијата, претставена на годишниот состанок на ASCO (Американско здружение за клиничка онкологија) во Чикаго, ги проучуваше резултатите кај жени кои имале низок степен на луминален тип А рак на дојка, рак со специфичен генетски маркер.На група од 500 пациенти хируршки им бил отстранет ракот на дојката, а потоа примале хормонска терапија. Потоа биле следени пет години за да се процени дали се враќа ракот на дојката. Истражувачите откриле дека повторувањето било само 2,3 отсто без зрачење. Ова е споредливо со 1,9 проценти од повторувањата во случај на нелекуван рак на дојка.Професорот Вилан рече дека во раните фази на ракот на дојката генерално се користи радиотерапија од три до пет недели за да се намали ризикот од повторување.„Овие наоди се одлични затоа што идентификувавме специфична група на пациенти кои можат да ја избегнат радиотерапијата и поврзаните несакани ефекти, а тоа го отвора потенцијалот за подобра медицинска пракса во третманот на ракот на дојката“, рече тој.„Радиотерапијата има големи несакани ефекти, вклучувајќи замор, исцрпеност и иритација на кожата, која може да трае со недели по завршувањето на циклусот, а подоцна има несакани ефекти кои влијаат на квалитетот на животот, како и многу ретки сериозни компликации како што се срцеви заболувања и други видови рак. Ако можеме да избегнеме радиотерапија, ќе е подобро, бидејќи не сите видови на рак бараат исто ниво на често инвазивна терапија“, рече проф. Вилан.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-05-25-at-08.03.30

(ВИДЕО) Тодоров кажа за што му е најмногу криво

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека никогаш нема да се реализира проектот за нов Клинички центар.„Нема да почне и нема да се изгради, затоа ми е најмногу криво“, порача Тодоров.

Македонија | пред 3 години

jildiz-veaposka

Има лекарска грешка кај Јулдиз: При породување и ја оштетиле бубрежната артерија, задоцниле со реакција, настанал шок

Има лекарска грешка во случајот со родилката Јилдиз Веапоска. Ова е одлуката на обвинителот од Струга кој поднесе и обвинителен предлог за три лица поради направено кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето.„Првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба“, велат од Обвинителството.Оттаму додаваат:„Родилката била примена на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија.Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок.Во такви услови, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената.Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје“, посочуваат тие.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-06-at-13.17.25

Се укинуваат маските во затворен простор и изолирање на лица кои контактирале со заразени

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кажа дека препорачале укинување на две мерки. Тој вели дека се следи состојбата во Македонија со коронавирусот, па се носат одлуки.„Моменталните услови ни овозможуваат намалување на рестрикциите. Препорачавме да се укине мерката на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок се здравствените установи, домовите каде се згрижуваат постари лица и јавниот превоз. Овде останува задолжителното носење маски. И втората поважна препорака се однесува на следењето на контактите по потврдени контакти. Се укинува следењето на контактите и нивно излолирање“, рече Петличковски.Овие укинувања се дадени како предлог на Кризниот штаб при Владата, кои ќе треба да и препорачаат на Владата и да се донесе конечна одлука.„Во пресрет сме на празници кога може да има зголемен број на заразени. Затоа одиме чекор по чекор. Препорачуваме маски да носат возрасните кои се со хронични болести, останува препораката“, рече портапролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања