Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗДРАВСТВО

Нема фотографија

Демири: Македонскиот и шведскиот микрохируршки тим успешно изведоа комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија по повод успешно изведена комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки по билатерална мастетомија со примена на иновативни микроваскуларни процедури со поддршка од тимот на стручни лекари од Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при Универзитетската болница во Упсала во Шведска.Демири, изрази голема благодарност до целиот медицински тим вклучен во комплексна микроваскуларна реконструкција на дојки од Клиниките во Скопје и Упсала, но и до проф. Андрес Родригез, директор на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, како и до проф. Димитрис Дионисис од Универзитетот Аристотелис во Солун за посветеноста и стручноста.„Унапредувањето на едукацијата за специјалисти и специјализанти во микрохирургијата е клучен аспект на реконструктивните процедури. Токму ова партнерство ја покажува заедничката посветеност за унапредување на микрохируршката едукација, како суштински сегмент на реконструктивната хирургија, истакна Демири.Манолева, потенцираше дека низа специјализирани обуки во изминатите години се спроведени на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, каде хирурзите и специјализантите од клиниката од нашата држава имаа можност да научат за најсовремените микроваскуларни техники. Едукациите на хирурзите се под менторство на проф. Марија Мани и д-р Елеонора Димовска.„Заедничката соработка е составен дел на мисијата за обезбедување највисок стандард на третман, вклучувајќи ги најновите техники и трендови во реконструктивната микрохирургија. Целта е продолжување и проширување на овие плодни партнерства, препознавајќи ја огромната вредност во размената на знаења и искуства со врвни професионалци и институции во областа на пластичната и реконструктивната хирургија“, рече Манолева.Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова истакна дека установата веќе неколку години има одлична соработка со Клиниката за пластична и максилофацијална хирургија при Универзитетската болница во Упсала во Шведска.„Ја изразуваме нашата искрена благодарност до проф. Андрес Родригез, директор на Клиниката за пластична хирургија во Упсала, за неговата исклучителна посветеност во поттикнувањето на професионалниот раст на нашиот медицински тим. Наш гостин е и проф. Димитрис Дионисис од Универзитетот Аристотелис во Солун, реномиран авторитет во областа на хирургијата на лимфедем. Неговото присуство носи дополнителен спој на експертиза и имплементација на иновативни техники, посочи д-р Пејкова.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Демири и Клисаровски: Бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување

Министерот за здравство д-р Илир Демири и генералниот директор на Диаверум Димитар Клисаровски, денеска информираа дека е обезбеден бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување.„Како резултат на дел од заклучоците од Првата ренална академија што се одржа во ноември минатата година на иницијатива на нашето Министерство и Шведската амбасада, со цел подигнување на свесноста за бубрежното заболување и неговата рана превенција, заедно со дијализните провајдери Диаверум и Нефроплус, најавуваме отпочнување на проектот „Скрининг на популација во ризик од хронична бубрежна болест“. Скринингот отпочнува овој месец, ќе трае четири месеци и ќе опфати вкупно 2.000 пациенти во ризик на територијата на цела држава. Заедничките компетенции и ресурси од областа на бубрежното здравје ќе бидат на располагање за што поширок опфат, превенција и подостапна нега на популацијата, што всушност е дел од годинешното мото на Светскиот ден на бубрегот“, рече Демири.Клисаровски потенцираше дека финансиската реализација на проектот во целост е на здравствените установи Диаверум и Нефроплус, со што прегледите за пациентите ќе бидат бесплатни.„Идејата за отпочнување за ваков скрининг проект постоеше од порано, согледувајќи ја состојбата на пациентите кои започнуваат со дијализа при што во многу случаи пациентите не биле ни свесни дека имаат хронично бубрежно заболување се' до моментот на почетокот на дијализа што е последниот стадиум на хроничното бубрежно заболување. Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, ние - Диаверум и колегите од Нефроплус се вложивме максимално како би можело да се изведе овој проект за бесплатен скрининг на популација во ризик од бубрежни заболувања, достапна за пациентите“, изјави Клисаровски.Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед. Скринингот ќе ги опфати следните градови: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка.,,Очекуваме максимална реализација на проектот, а со тоа поголемо идно превенирање на хроничното бубрежно заболување (ХББ), партиципирање во навремени иследувања, забавување на прогресијата, соодветна и контролирана терапија, како и потенцијал за значително намалување на морбидитетот и морталитетот од хронична бубрежна болест и неговите поврзани компликации.Апелираме до граѓаните да се искористи оваа можност и да влијаеме на подобрување на здравјето на нашите бубрези", изјави Клисаровски.

Македонија | пред 2 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Скоро 50 отсто од децата во Скопје се невакцирани, неделава ќе се знаат дали така биле пуштани во градинка

Неделава ќе се знае дали се примаат невакцинирани деца во градинките, а 50 отсто од најмладите во Скопје, не се вакцинирани. Ова го посочи в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. Таа укажа дека освен градинките, ќе бидат казнувани и одговорните лица, доколку биде затекнато дете кое е невакцинирано.„Скоро 50 проценти од децата кои посетуваат градинки во Скопје се невакцинирани или нецелосно вакцинирани. Сметам дека е поразителен факт за ова општество. Сметам дека оваа акција треба да продолжи и во следните денови. Директорите на градинките дадоа уверување дека ќе ја почитуваат мерката, а ние ќе провериме“, рече в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска.Кажа дека проблемот е во Скопје, а децата кои сега се вакцинираат, не треба да седат дома 21 ден.„Нема мерка од нас или било кој издадено, дека дете треба да седи дома 21 ден по вакцина. Во текот на вчерашниот ден, правиме вонредни инспекциски надзори по другите градови, од првичните информации, имаме вакцинирано деца над 90 отсто. Таму родителите се одговорни и ја почитуваат мерката. Очигледно дека проблемот ни е во градот Скопје“, додаде таа.Поради опасноста од ширење на големата кашлица, министерот за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заштита од заразни болести. Родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат своите деца може да се соочат со казни од 300 до 650 евра.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Демири: Насилството врз здравствени работници е недозволиво

Министерот за здравство д-р Илир Демири на денешниот Европски ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март потенцира дека насилство врз здравствен работник е недозволиво и казниво со закон.„Здравствените работници мора да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ни овозможат здравствена грижа и нега. Податоците на Лекарската комора говорат дека 78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80% биле изложени на вербално насилство. Ова е фрапантен податок што покажува во какво општество живееме. Во општеството мора да има нула толеранција за насилство врз здравствени работници, затоа што насилството врз лекарите претставува и закана за грижата за пациентите“, вели Демири.Минатата година се направија измени на Кривичниот законик, со што насилството врз здравствен работник при вршење на професионални работни задачи е насилство кон службено лице и претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор.Важно е да се истакне дека лекарската комора прибира податоци за нападите врз лекарите за да може активно да го следи постапувањето на надлежните институции, но и за да предлага мерки и политики за сузбивање на насилството во здравството. Единствен начин на кој комората може да прибира податоци е доколку лекарите по пријавувањето во полиција за инцидентот ја информираат и комората.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Манолева: Здравствениот дом Неготино со зајакнати капацитети

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска беше во работна посета на Здравствениот дом во Неготино кадешто оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.Во изјава за медиумите, таа информираше дека во изминативе шест години се реализирани бројни инвестиции во Здравствениот дом со што се унапреди здравствената заштита за пациентите.„Комплетно е опремена биохемиската лабораторија, како и службата за физикална медицина и рехабилизација со нова апаратура, простор и кадар. Набавена е нова опрема за Службата за рентген дијагностика и за Службата за Итна Медицинска помош со домашно лекување којашто се дислоцира во нов реновиран простор. Возниот парк се зајакна со две нови санитетски возила и три патнички моторни возила за потребите на Поливалентната патронажна служба за првпат и за руралните средини“, рече Манолева.Во делот на инфраструктурното подобрување, Манолева посочи дека потпишан е договор за реализација на проект за енергетска ефикасност. На дел од објектот поставени се нови ПВЦ прозори и врати и извршена е реконструкција на надворешните приоди со уредно осветлување.„Покрај вложувањето во опрема и инфраструктура, Здравствениот дом реализираше и 42 вработувања на здравствени работници и административно-технички персонал. Реализирани се седум специјализации, а упатени на специјализација се и четири доктори на медицина. Особено сме горди што статутот на оваа установа се прошири со нова дејност „Неврологија“ со која на пациентите им е овозможен и ваков тип на здравствена услуга. Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија, во изминатиот период покажаа како се работи во интерес на пациентите и здравствениот персонал. Со истото темпо, продолжуваме и во следниот период“, истакна Манолева.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Демири: Обезбедени над 30 специјализации за офталмологија

Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска присуствуваше на настанот организиран од Клиниката за очни болести по повод Светскиот ден на глауком.Во повеќе различни градови низ државата (Битола, Тетово, Куманово и Штип) се организирани мерење на очниот притисок од страна на професионални офталмолози и обучени медицински сестри, со цел подигнување на свесноста за навремено откривање на глаукомот.Во изјава за медиумите, Демири потенцираше дека глаукомот е сериозна офталмолошка болест која ако не се третира може да доведе до слепило, а најчест причинител е покачениот очен притисок.„Особено треба да имаме предвид дека глаукомот не покажува знаци и симптоми во почетокот, па токму затоа најдобар начин за откривање на ова болест е скринингот и превенцијата. Еден од приоритетите на Министерството за здравство е зајакнување на специјалистичките области на долг рок, со обезбедување соодветни специјализации за јавните здравствени установи. Конкретно за офталмологија како една сензитивна специјалност, со Програмата на Министерството за специјализации и супспецијализации обезбедени се над 30 специјализации во оваа област за повеќе установи, а најголем број за Клиниката за очни болести, Општа болница Струга, Здравствен дом Скопје, Клиничка болница Битола и други. Ова се специјализации што се реализираат во овој четиригодишен период, од 2023 – 2026 година. Тоа значи долгорочно зајакнување на офталмологијата во повеќе установи низ земјата, што значи и доближување на овие здравствени услуги поблиску до местото на живеење на граѓаните“, истакнува Демири.Демири упати апел за важноста на навременото откривање на глаукомот преку превентивните прегледи и се заблагодари за поддршката до Клиниката за очни болести како референтен центар за лекување на најтешките и најкомплицирани болести и состојби на очите.

Македонија | пред 2 години

vakcina-dete1

Нецелосно и невакцинирани деца со дитепер од понеделник не смеат во градинка

Од понеделник на градинките им е забрането да ги примаат децата кои не се се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Тие денеска ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да се извршат вонредни инспекциски надзори и да се забран8и згривање во градинка за невакцинирани деца. Инспекторите ќе ги задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца, ќе им советуваат да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје. Надлежните апелираар да се вакцинираат децата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Демири: Здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички на кои треба да сме горди

Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцира дека здравствениот сектор има храбри и посветени здравствени работнички и соработнички, докторки, медицински сестри, болничарки на кои сите ние треба да бидеме горди.„Тоа се нашите хероини кои неуморно работат за подобрување на квалитетот на живот на сите нас. Горд сум што во Министерството за здравство имаме многу раководителки на сектори и одделенија, државни советнички и заменик министерка кои активно учествуваат во креирање на здравствените политики. Во изминатиот период, вложивме многу во подобар здравствен третман за сите пациентки, за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата. Продолжуваме и во следниот период да ги слушаме женските организации затоа што само заеднички можеме да го зајакнеме јавното здравство. Честит 8 Март!“, се вели во честитката од Демири.

Македонија | пред 2 години

291536842_441631404499303_3486823249652346991_n

Младите лекари на 6 месечна пракса во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош

Министерството за здравство реагираше на незадоволството од младите лекари во делот за шестмесечна платена пракса.Тие ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат од Министерството.„Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои извршуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои извршуваат платена пракса по добивање лиценца, дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, сѐ со цел непречено спроведување на вакцинацијата, стои во соопштението на министерството.Сега се чека одговор и дтав од ДКСК поради, предизборниот период.Ова доаѓа како рескција на стотинс млади лекари по општа медицина кои со месеци чекаат да бидат повикани на шестмесечна платeна пракса, која како што велат, им следува согласно Законот за здравствена заштита после положен испит за лиценца во Лекарската комора.Младите лекари забележуваат дека иако секојдневно се зборува за недостаток и одлив на кадар, активните конкурси за вработување биле ретки.

Македонија | пред 2 години

doktori-skopje-klinika

МЗ веднаш има постапено во делот за шест месечната платена пракса на младите лекари, испратено е до Министерство за финансии

„Ве известуваме дека Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на Законските обврски што ги има во делот за шест месечна платена пракса на младите лекари кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава.Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата.За овој заклучок од Националната Комисија за имунизација министерот за здравство д-р Илир Демири информираше на седница на Владата, по што е испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради предизборниот период“, велат од Министерството за здравство.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-07-at-09.21.01

Приказната за Срна (3) ја обиколи Македонија: секоја нова сепса ја прави послаба и ја уништува, потребна е итна помош

Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег. По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11мм во левото бубреже. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување. Ова го сведочат нејзините мајка и татко."Драги луѓе,После сите направени напори од семејството на нашето мило девојче му треба вашата помош. Приказната на Срна започнува со висока тт што слабо реагира на антипиретици, болки во стомакот, повраќање и омалаксаност. Првично е примена на Детска Клиника за респираторни болести Козле но според резултатите од крвната слика и урината не препраќаат на Детска Клиника со суспектна уринарна инфекција. Како итен случај ја хоспитализираат, но не на одделот за Нефрологија (бидејќи немаше место), туку на одделот за Ендокринологија. Одма започнуваат со антибиотска терапија. Поради анамнестички податок дека јадела сладолед, уринарната инфекција се заборава и ја лекуваат под сомнение дека се работи за Салмонела (иако сите понатамошни испитувања се негативни бидејќи е веќе на антибиотска терапија).Деновите поминуваат Срна не се опоравува... На наше инсистирање се зема нова урина која што дава многу лош наод. Деветтиот ден веќе се вклучува детски нефролог и добива соодветна терапија. Процесот на прибирање документи за ФЗОМ е спор и трае а Срна нема време...секоја нова сепса ја прави уште послаба и уништува дел од нејзините бубрези и тело. Драги луѓе, немаме друго чаре освен да бараме помош од вас. Ве молам, доколку сте во можност, донирајте и/или споделете го овој апел за нашето Срно-Зрно да си има нормално детство. Со почит, Трајче Панов и Васка Цветаноска Панова, родители на Срна"Донираните средства ќе бидат искористени за сегашниот престој во болница (за лекување на сепсата), контролите, новите прегледи (Магнетна Резонанца со анестезиолошка припрема, Ехо, Цистографија), и на крај оперативниот зафат за отстранување на каменот и хидронефрозата.Средствата потребни за овие интервенции ќе чинат најмалку 922.500,00 денари.Донациска сметка во банка: 210501614179280 - Васка Цветаноска ПановаIBAN: MK07210501614179280Swift code: TUTNMK22

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Демири: Ги прифаќаме препораките, ДСЗИ да спроведува контроли

Министерството за здравство ја информира јавноста дека министерот за здравство, д-р Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис). Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца.Вакцинацијата против голема кашлица во Република Северна Македонија се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од 4четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци.Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.Вакцината против голема кашлица на препорачанатa возраст на доенчињата го намалува ризикот од сериозна форма на болест.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пратенкот Здравковски: Пациенти од велешката болница вртат во Брза помош, нема кој да им помогне!

„Граѓаните го изгубија правото на здравствена грижа во болниците.Тотален хаос и целосен распад на системот доживува нашата држава под владеење на СДС и ДУИ.Фрапантна и згрозувачка е информацијата што ја добивме пред неколку дена, а што се случила пред месец и половина во велешката болница.На 22.01.2024 година, пациент во неподвижна состојба со шипки на рацете и ‘рбетот, паднал од болничкиот кревет на физикалното одделение во велешката болница и повеќе од 2 часа не добил помош од персоналот на одделението иако безнадежно ги повикувал. Во таква беспомошна состојба пациентот успеал да го дофати својот мобилен телефон и да се јави на бројот 112 за да повика брза помош. Тие пристигнале, но никој не успеал да ги слушне и не им отвориле. Бидејќи повикот се прекинал и мислеле дека пациентот е во критична состојба биле принудени заедно со болничкото обезбедување, да ја разбијат вратата на одделението за да влезат и да му пружат помош на пациентот.Нели е срамота? Дали има во оваа држава барем малку морална и човечка одговорност? Дали функционерите имаат морална и човечка одговорност? Очигледно е дека господа од СДС и ДУИ дека ве интересираат само бизнисите и криминалните зделки, но како барем малку не се засрамите и да поведете грижа за граѓаните.Малку ли беше што го продадовте и го пониживте овој народ, му ги ускративте и основните човекови права, правото на движење, го заробивте во сопствената држава, но зарем луѓе од болничките кревети треба да се јавуваат во брза помош за да добијат основна нега.Зошто повеќе од еден месец се крие и воопшто не е решен случајот? Дали и овој пат сакате да го сокриете случајот исто како она со градинката кога негователка им даваше електронска цигара на мали дечиња?Како пратеник и граѓанин од Велес, од овде ги повикувам сите надлежни институции, веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај. Згрозен сум од помислата дека и на други одделенија во државата се случува истото ова и многу животи се доведени во прашање.Почитувани,За многу кратко народот ќе си ја врати државата и во оваа држава ќе има систем на вредности, меѓутоа и систем на одговорност. За многу кратко народот ќе ја збрише оваа одродена власт и ќе ја испрати во историјата затоа што никогаш не било полошо!“, вели Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и пратеник

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-02-22-at-13.26.18

Мехмедовиќ: 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје

на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ во изјава за медиумите информираше дека има 123 лица заболени со пертусис, од коишто доминантно најголем број 109 лица се од Скопје.„Оправданоста на епидемијата којашто е прогласена во градот Скопје уште еднаш се потврдува и со последниот извештај од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај од Тетово, Дебар и Струмица, меѓутоа се' уште не можеме да кажеме дека состојбата се разгорува на национално ниво, што е добро. Од 18.01 до 29.02.2024 година по препорака на Комисијата за заразни болести а по наредба на Министерството за здравство работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени, и аплицирани се вкупно 22.395 вакцини. Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и дека ќе продолжи со истото темпо. На граѓаните посебно на родителите ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина“, рече Мехмедовиќ.Тој истакна дека она што Комисијата реши да го препорача е да се засили инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на територијата на град Скопје, со цел да може навистина да се види состојбата во градинките и да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата во градинките со вакцинирани и невакцинирани деца, дали се почитува доследно препораката на Комисијата за заразни болести за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца во градинките.„Следната препорака беше да се овозможи тестирање на територијата на целата држава за пертусис коешто ќе биде спроведувано од Центрите за јавно здравје. Досега таква можност немаше, во другите градови претежно се работеше микробиолошко култивирање коешто е поврзано со изолацијата на пертусисот, меѓутоа сега да се овозможи и ПЦР технологија која ќе биде достапна и на останатите граѓани во државата, за да можат нивните материјали да се обработуваат во локалните Центри за јавно здравје“, посочи Мехмедовиќ.Мехмедовиќ изјави дека следната препорака се однесува на дигиталната евиденција за вакцинација на децата.„Комисијата за заразни болести донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови евиденцијата која се води дигитално да биде задолжителна, со цел да имаме реално и подобар преглед за податоците на децата кои се вакцинираат. Во однос на останатите препораки кои се разгледани, беше разговарано и за тоа дали е завршено со набавката или до каде е набавката на вакцините за возрасни. Знаете дека Комисијата донесе препораки за вакцинирање на возрасни. Информацијата која што ја добивме од Комитетот за имунизација е дека на 15 март се очекува да пристигнат првите вакцини коишто ќе бидат наменети за возрасни“, рече Мехмедовиќ.

Македонија | пред 2 години

Fadil-Cana

Хаос ќе биде ако сите се тестираат за голема кашлица, возрасните не се ризични, вели д-р Цана

Голем број на заболени од голема кашлица може да се утврдат доколку населението масовно се тестира, смета д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката. Но додава дека возрасните не се ризична категорија, туку децата под две години. Според него, хаос ќе биде ако тргнат сите да прават тестови.„Имал кашлица која не била постојана, а пациентот немал друга клиничка слика, па направил тестирање на Институтот и имал претусис. Возрасните луѓе не се ризична категорија за која треба да се грижиме. Ако го тестираме целото население ќе биде хаос и бројките ќе бидат и поголеми од предвидените. Целта на Комисијата за заразни болести е да се заштитат децата под две години. Засега, вкупно само 12 случаи се од Нова година наваму, прегледани и потврдени и последниот случај од вчера, кој е суспектен, но не е потврден резултатот - но клинички нѐ насочува на тоа“, рече Д-р Фадил Цана, нов директор на Клиниката за инфективни болести, инфектолог на Клиниката.Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана.

Македонија | пред 2 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Засилени контроли ќе има во градинките - децата кои не се вакцинирани ни под разно не смеат да бидат примени

Состојбата со голема кашлица (пертусис) не е разгорена низ цела држава, а епидемијата прогласена во Скопје е оправдана. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за Заразни болести, кажа дека тие решиле ДСЗИ да ја засили контролата врз градинките, за да се види дали се примаат деца кои не се вакцинирани.Потоа, Комисијата донела одлука да препорача во вакциналните пунктови, задолжителна да биде електронската евиденција за да има подобар преглед на децата кои се вакцинирани.„Во однос на останатите препораки, беше разговарано и за тоа до каде е набавката на вакцини за возрасни, а информацијата која ја добивме е дека на 15 март се очекува да стигнат првите вакцини за возрасни“, рече Петличковски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Аортата препознаена како посебен човечки орган

АОРТА, главна и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет - таа е препознаена како посебен човечки орган.„Тоа е голем чекор“, изјави Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот.Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако тој е дефиниран како таков во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS).Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, пооптимален од сега па натаму.Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.„Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебно медицинско поле. Треба да се поврзе со други слични области на медицината“, објасни Черни, директор на болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, изјави Черни.Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.

Магазин | пред 2 години

272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

Пациент паднал од болнички кревет, два часа никој не му помогнал, ќе понесе ли некој одговорност за ова?!, прашува доктор Лазаров

Пациент паднал од болнички кревет, а немало кој да го крене цели два часа, па помош барал на 122 во Центарот за управување со кризи. Ова го раскажа директорот Стојанче Ангелов за СДК, а доктор Ненад Лазаров повика на одговорност.„Секој еден од нас ни можел да биде во тој кревет, ова е навистина дно што го прочитав. Паднал од кревет повреден и неподвижен ВО БОЛНИЦА и морал на брза помош да врти бидејќи 2 часа никој не се појавил да му помогне да не лежи на под! Дали и кој сносел одговорност за ова?“, вели Лазаров.Претходно, Ангелов раскажа: „Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош“

Македонија | пред 2 години

rd2fdB5

Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред

Министерот за здравство д-р Илир Демири во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца и приоритет треба да им се даде на пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.„Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое *миџинг* техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.Во вестите, Демири информираше дека веќе разговарал со директорот на „Мој Термин“ и се договориле листа на чекање да биде објавена во „Мој Термин“.„И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен. Ќе овозможам колегите оператори, хирурзи кои сакаат дополнителна пракса да може да работат и дополнително, но не на сметка на овие кои се комплетно покриени од Фондот за здравство. И нешто друго со што мислам дека ќе се согласи целата јавност за приватни пациенти ќе има една категорија независно дали се државјани на Македонија или доаѓаат од Сиднеј да се лекуваат тука. Значи тие ќе бидат приватни пациенти. Мислам дека меѓународно право вака ќе биде задоволно, како нашите граѓани кои одат по странство да се лекуваат, па плаќаат приватно и не се дискриминирани со нивните државјани. Ова е многу важно, јас повеќе сум за промоција на нашите стручњаци отколку за промоција на цени. Имаме доста квалитетни стручњаци кои може да повлечат пациенти тука и да одиме кон развој на медицински туризам“, изјави Демири.

Македонија | пред 2 години

428623098_800540118769539_314609684081319362_n-1

Нови грант проекти за три здравствени установи од Јапонска амбасада

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада.Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:„Со особена чест денеска присуствувам на церемонијата за потпишување нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ - Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство.Во оваа прилика, сакам да истакнам дека показател за одличната соработка која ја негуваме со Јапонија и јапонската амбасада се бројните реализирани проекти во областа на здравството и вредните инвестиции кои досега се реализирани во над 70 јавни здравствени установи низ целата држава.Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија. Уверен сум дека успешната соработка ќе продолжи со уште позасилено темпо во иднина“, изјави Демири.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-1

„Клиника кажала дека Леонид не може да се лекува, ФЗО тврди дека може - конзилијарно има“, Андоновски ја обвини Манолева дека лаже

Здравствените власти го отворија прашањето дали Леонид Индов има конзилијарно мислење за да му се одобрат пари за лекување, а заменик-правобранителот Јован Андоновски тврди дека го поседува и од него се гледа дека Клиниката кажала дека нема услови за негово лекување. Изјавата на заменик-министерката за здравство Маја Манолева која кажа дека не е побарано мислење од соодветна институција, според Андоновски е лага.„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот! Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината‼️ ФЗО - во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас, НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша заменик-правобранителот Јован Андоновски.Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјава се исцрпени сите можности за негово лекување, денес заменик – министерката за здравство Маја Манолева вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.„За детето за кое и вчера и денес се дискутира, родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи“, кажа меѓудругото Манолева.

Коментари | пред 2 години

panovski-bekjarovski

Зошто здравството нѝ „цвета“: Да провериме да нѐ имаме гинисов рекорд во промена на директори на Токсикологија

За лошата состојба на здравството освен пациентите, зборуваат и докторите. Тие постојано алармираат на недостатоците и бараат нивна санација. Воедно, посочуваат и за лошите услови во кои работат. Единствено што добиваат се ветувања за подобри денови, како пациентите така и докторите. За пет години, сменети се и четири министри.„Во периодот од 16 февруари 2019 до 16 февруари 2024 година, имав чест да работам со 'само' 4 различни министри за здравство од 3,5 партии и 'само' 5 различни директори на УК токсикологија од 4,5 партии. Ако не Ви беше јасно зошто јавното здравство нѝ “цвета" можеби сега ќе Ви стане појасно“, напиша доктор Нико Беќаровски.На ова се надоврза и доктор Пановски.„Ако продолжи праксава професоре, еден вработен кај вас на клиниката 2019 година, за 40 години работен стаж ќе смени 30 министри и 40 директори. Сега за сега да се провери ова со 5 директори во 5 години дали е Гинисов рекорд, па да се "афирмираме" меѓународно како држава“, коментира доктор Никола Пановски.

Коментари | пред 2 години

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Во Скопје денес 7 нови случаи на заразени од магарешка кашлица, се очекува бројките опасно да се зголемат

Расте бројот на заразени од голема кашлица. Денеска се регистрирани седум случаи во Скопје. Децата во најголем дел се невакцинирани или не ја примиле ревакцината на 18 месеци.Во последната недела, од 9 до 15 февруари, во Скопје се пријавени 17 нови случаи на магарешка кашлица. Најголем број од нив се на возраст од 10 до 19 години.Препорака на лекарите е да се вакцинираат децата бидејќи се очекува бројките на заразени да растат.

Македонија | пред 2 години

Fatmir-Medziti

Фамир Меџити не му го предал кабинетот на новиот министер: Ќе треба да го прашате него зошто

Новиот министер за здравство, Илир Демири, нема направено примопредавање со разрешениот Фатмир Меџити. Сепак, најави дека ќе ги продолжи сите проекти кои се темелат на факти. Зошто немало примопредавање на кабинетот, Демири рече да се праша Меџити, а тој три дена веќе министерува со здравсвството.„Ќе треба да го прашате него, немаме направено примопредавање. Ќе ги продолжиме проектите, ова е трет ден откако сум министер за здравство. Сите проекти кои се со факти ќе ги реализираме“, рече Демири.Според него, Меџити ветил поголеми плати за здравствените работници, но не спровел процедура за да најде пари.„Не е направена постапка за обезбедување на средства од буџетот. Тоа е ветување, а не е исполнет критериумот. Тој договор мора да помине процеудра, па да се потпише по изборите. Здравствените работници знаат дека нема процедура за финансиски средства“, рече тој.

Македонија | пред 2 години

DSC_0683

Аларманто расте бројот на заразени од голема кашлица

Алармантна е состојбата со голема кашлица, предупредуваат медицинските лица. За утре е најавена седница на Комисијата за заразни болести.Досега се потврдени 12 случаи на голема кашлица. Меѓу заразените е и бебе старо 6 недели кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и е изолирано од останатите пациенти.Од досегашните регистрирани случаи, 10 се во Скопје, а најмногу, 8 случаи се во општина Аеродром.Болеста особено опасна за доенчињата и децата во основните училишта. Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд на лица заразени со голема кашлица, ќе настане голем проблем.Лекарите уште еднаш апелираат на совесност, населението да не ја игнорира вакцинацијата која е најдобра заштита против ова заболување.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања