Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗДРАВСТВО

Screenshot-2024-10-30-115913

(Видео) Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиника Жан Митрев

Тимот доктори од Клиника Жан Митрев предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување, велат од Клиниката.Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина, соопштија од Клиниката.

Македонија | пред 1 година

vaccino-antinfluenzale-il-piemonte-punta-ad-aumentare-la-cop-12018.660x368

За вакцинација за сезонски грип досега пријавени над 61 илјада, вакцинирани над 19 илјади граѓани

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.„Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани. Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица. Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи“, соопшти Министерството за здравство.„За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

Kozle-1

Директорката на „Козле“ за случајот со 14-месечното бебе: Нема лекарски пропуст

Д-р Каролина Симоновска – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај.Како што кажа директорката, Комисијата не нашла никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пациентот во „Козле“, објави Фокус.Според неа во клиниката „Козле“ е преземено се во третманот на детето.Пациентот бил веднаш прифатен во Клиниката „Козле“, биле направени бројни анализи, бебето било поставено на терапија според интерните протоколи на клиниката, било мониторирано и под кислородна поддршка, вели директорката и додава дека поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, било препратено на КДБ по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување на болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.

Македонија | пред 1 година

taravari1

Таравари очекува дека ќе се разбуди свеста кај менаџментот на „Козле“: Ако не веруваат на извештајот, нека си направат свој, лекарски пропусти има

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува кај менаџментот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ да се разбуди свеста и да бидат преземени чекори за случајот со починатото 14-месечно бебе.Таравари вели дека со правната екипа во Министерството ги имаат разгледано сите можности што на нив им се на располагање.„Ќе дадеме се што треба официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има“, рече Таравари.Таравари вели дека одлуката, времено да се отстранат двајцата доктори од Детската клиника, е добра и оти се надева дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот на болницата во Козле.Министерот смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Само за една четвртина од онколошките пациенти има биолошка терапија, останатите не добиваат

Сите онколошки пациенти кои би можеле да ја користат биолошката терапија, истата не ја добиваат, односно пари има само една четвртина од нив, според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.За набавка на биолошката терапија минатата година биле одобрени речиси 21 и пол милиони евра. Иако има зголемување за двојно на средствата за оваа намена, тие не се доволни.„И покрај зголемувањето, одобрениот условен надоместок не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примаат терапијата. Од добиените податоци пациенти кои терапијата ја примаат во дневна болница чиј број во 2023 година изнесува 54.423 утврдивме дека само 24% се приклучени на биолошка терапија“, се вели во ревизорскиот извештај.Иако од лани се изготвени и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и биолошката, се уште не се одобрени од страна на Министерството за здравство.Единица за централна подготовка на цитостатска терапија, односно KATO системот исто така се уште не е во функција. За негова набавка се дадени околу 162 илјади евра, а лани биле детектирани проблемите.„Системот е делумно опремен, недостасуваат клучни компоненти, а просторот не е адаптиран за стерилно работење. Дополнително, подготовката на терапијата со овој систем трае подолго време, што ќе го зголеми времето на чекање за апликација на терапија, Клиниката нема доволен број фармацевти за работа со системот, а потребни се и дополнителни средства од околу 8 милиони денари годишно за потрошен материјал“, се додава во извештајот.Министерството за здравство годинава спровело тендер за набавка на делови потреби за да се стави системот во употреба, но не била поднесена ниту една прифатлива понуда.Ревизорите откриле и дека клиниката во 2023 година примила донирани лекови вредни над половина милион евра кои ги немало во финансиската евиденција.

Македонија | пред 1 година

Univerzitetska-klinika-za-detski-bolesti

Доктори од Клиниката за детски болести отстранети од работа: констатирани пропусти во лекувањето на 1 годишното девојче

Констатирани се пропусти во лекувањето на 14-месечната Руа Сулиси, сооптија од Клиниката за детски болести.„Врз основа на Извештазот на Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство на РСМ во врска со случајот на починатото 14 месечно дете Руа Сулиси, каде се констатирани елементи на лекарски пропуст, согласно член 187 од 333 и чл.30 од Статутот на J3 Универзитетска клиника за детски болести-Скопіе, в.д директорот на J3 У Универзитетска клиника за детски болести на ден 18.10.2024 год. донесе одлука за формиране Комисија за водење на дисциплинска постапка и поднесе пријава за утврдуванье на дисциплинска одговорност за сторен дисциплински престап на здравствените работници- двајца доктори специјалисти кои биле дежурни и извршиле преглед на малото дете на ден 03.10.2024 год“, велат од Клиниката и додаваат:Истовремено директорот на Универзитетската Клиника за детски болести- Скопје донесе Решение за времено отстрануваье на двадцата здравствените работници- доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-133251

Лекарската комора чека решение од Таравари со кое точно ќе се прецизира кој е одговорен во случајот со починатото бебе

„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.“, велат од Лекарската комора.„Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење:Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен.Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни“, соопшти Лекарската комора.

Македонија | пред 1 година

detska-klinika

Се проверува дали имало лекарска грешка при лекувањето на починатото девојче на Детската клиника

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација“, велат од Министерството за здравство и додаваат:„Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало.Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита.Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-13.15.54

Едногодишно девојче почина на Детска клиника: таткото сведочи дека три дена одбивале да го задржат детето на лекување

Девојче кое имало 14 месеци почина на Клиниката за детски болести утринава. Смртта е пријавена во полиција, откако родителот кршел низ болницата, по дознавањето на трагичната вест. Родителот според „Слободен печат“, бил дециден дека трипати ја носел сега починатата ќерка, но оттаму не сакале да ја хоспитализираат и додава: „Утринава околу пет часот не кажуваа што се случува не даваа никаква информација. Само потоа гледам, починато“.Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Од МВР посочуваат дека имало интервенција од нивна страна.„Во 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., информира МВР.За мртвото девојче ќе се бара обдукција.

Македонија | пред 1 година

taravari2

Таравари: Докторите од приватното повторно ќе можат да се вратат во јавното здравство

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лека“, посочи министерот за здравство Арбен Таравари.„За 100 дена Влада се укина постоењето економски директори, што значи заштеда за здравствениот систем. Во тек е мерката 300 плус 300 за вработување во јавните здравствени установи во дефицитарните области, која се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на годинава, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.Во првите 100 дена се прошири позитивната листа со 9 генерици или 87 лека, во различни форми, јачини и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните“, рече Таравари.„Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија, набавена е апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од милион евра.Во Поликлиника Идадија во рами на Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца, кој претставува врв во дијагностиката“, додаде министерот.Тој и натаму стои цврсто позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години, а тоа е две катни гаражи на Клинички, но и спојување на скопските клиники во еден центар со кој ќе раководи еден или неколку директори.„Моментално, на Клинички центар има 800 паркинг места, вака би имало над 1.600 места за паркирање, што мислам дека ќе биде многу порелаксирано за сите кои работат и кои доаѓаат како пациенти во Клиничкиот центар. Процедурите не можеме да ги забрзаме. Мораме да се придржуваме на сите законски норми. Ќе се обидеме целиот процес да биде што потранспарентен и што побргу да ја завршиме постапката. Барем, ако можеме, од почеток на идната година да се користат катните гаражи“, рече Таравари.Таравари откри дека Владата ја тргнала забраната од претходната власт, за докторите да не можат да се вратат од приватно во државно здравство. Според него тоа е чекор напред за да да се подобрат здравтвените услуги.„Од август 2022 година имаше забрана да не можат од приватни болници да се вработат во државни. Пред три недели го поништивме ова. Сега подготвуваме правилник во Министерството… Јас разговарав со 10 такви лекари, врвни стручњаци, тоа се кадри што гледаат надеж во јавното здравство. Ова е добар чекор, се надевам дека идната година ќе продолжиме со такви доктори кои покажуваат интерес да се вратат во јавното здравство“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-41-6480PM

Годинава нема да проработат сите операциони сали на Клинички: Почеток на идната година ќе има нова компресорска станица

И со преполовени операциони сали, докторите добро се снаоѓаат на Клиниката „Мајка Тереза“. Ова е ставот на министерот за здравство, Арбен Таравари, кој посочи дека се уште не знае дали едната пријавена фирма ги исполнува условите. До крајот на годинава, нова компресорска станица нема да има.„Почеток на идната година се надевам дека ќе има нова станица“, рече Таравари.Тој најави дека ќе се бара чаре за да се поправи и старата, која би била резерва на Клиниката.

Македонија | пред 1 година

DSC_0696

Само една фирма заинтересирана за да инсталира станица за компримиран воздух во хируршките сали

,,Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: "Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денес,12.09., изврши јавно отворање преку ЕСЈН.Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка.”, соопштија од Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

IMG_6219

Левица: Иако со закон укинати - партиски назначени економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките

,,Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование!Пример е Алајдин Мемед (братучед на формално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,нелегално" ангажиран да управува со Клиниката за детски болести. Тој на јавноста ù е познат по исплаќањето плата повисока од коефициентот на самиот себе, а по утврдувањето на криминалот од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година, тој бил разрешен!Инаку, Алајдин Мемеди е поранешен пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење и беше назначен од Владата на Мицкоски како економски директор на Клиниката за детски болести, која веќе била раководена од неговиот братучед.Според информациите кои ги добиваме од Клиниката, братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел.Информациите од нивните колеги кои доспеаја на наша адреса, според нив како наши информатори се однесуваат груба злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка, преку кое тој фалсификува документи и вработува и отпушта персонал во Клиниката, која веќе кубури со медицински кадар!Ова е фрапантен пример за тоа како коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ го злоупотребува државниот апарат за прибирање на лична корист!Мицковски и Таравари иако формално ги укинаа економските директори и најавија рационализирање на трошоците, сепак, гледаме како преку „договор на дело“ истите функционираат.Сето ова и понатаму се наплаќа од џебот на граѓаните, додека на клиниките продолжува тортурата врз вработените и етнотрибалистичкото владеење со јавните здравствени установи!Според гореизнесеното, а добиено како информација до нас од внатрешни извори од Клиниката, Левица бара итно разрешување на братучедите и назначување на медицински директор на Клиниката за детски болести преку оглас со соодветни критериуми предвидени со Законот за здравствена заштита!Дополнително, бараме од ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат овие злоупотреби за кои предочуваат вработените, а, очигледно, се манипулира јавноста за укинувањето на економските директори и се изнаоѓа начин за заобиколување на законот!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

infektivna-kovid-ambulanta

Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Кога помисливме дека заразната болест Ковид-19 е минато, таа почна засилено да се шири.Во последните две недели во Македонија имаше околу 500 случаи на ковид-19 потврдени со лабораториски тест, а три лица починаа од заразата.Сепак огромен е бројот на граѓани кои не се тестираат и не се јавуваат на лекар.Комисисијата за заразни болести препорача вакцинирање против ковид-19, особено на лицата постари од 65 години. Сепак вакцини се уште нема.Ммнистерот за здравство најави донација од 11.000 вакцини.,,Набргу доаѓа донација од 11.000 дози вакцини против ковид-19, се надевам да пристигнат во следните десет дена. Преку Европската комисија се водат набавките за сите држави во Европската Унија, а и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и набргу сите европски држави ќе бидат снабдени, па и Македонија, со вакцини птотив инфлуенца и ковид-19“, рече министерот Арбен Таравари.Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Македонија | пред 1 година

IMG_6219

Таравари во подета на Клиникита за урологија и Клиниката за хематологија

Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период.Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

Македонија | пред 1 година

taravari3

Доктори што отидоа по приватни болници, сега сакаат да се вратат во јавното здравство, рече Таравари

Доктори кои „избегале“ од јавното здравство, бараат да се вратат на државните клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, станува збор за искусен кадар со над 10 години искуство.„Доктори од приватното здравство, сакат да се вратат во јавно здравство. Ние ќе бараме решение како специјалистите да ги вратиме. Ова нѐ прави горди, гледаме дека има интерес од докторите од приватно здравство да се вратат во јавно здравство“, рече Таравари.Заложбата на здравствениот систем е да го стопира одливот на квалитетен кадар.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Да се избегнува групирање, почесто да се мијат раце, избегнување контакт со заболени - донесени мерки против корона, бројките во порат

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.„За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа. За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид.Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, велат од Комисијата.

Македонија | пред 1 година

zdravstvo

Доктор Лазаров удри по Лекарска комора: Раководстовот е избрано со епско местење, зад врати со обезбедување - нема потреба министерот би се гледал со нив

,,На овој начин е избрано актуелното раководството на Лекарска Комора, епско местење избори зад затворени врати со приватно обезбедувањеи навистина не разбирам и гледам потреба министерот со нив/неа да се оди на состанок и било каква средба!Истата особа паралелно беше директор на клиника и претседател на ЛКМ, нема 1% поддршка од фела и репрезент на се што е погрешно, безгласно ги премолче сите катастрофи во здравството на Филипче и тие по него во изминатите 8 години и најмалку што заслужува е секоја могуча инспекција да ја исчешла а не кафе да пие.Малку достоинство и етика да имаше ќе си отидеа со тивки оставки, но тоа се високи кортикални функци...", напиша докторот Ненад Лазаров.

Македонија | пред 1 година

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

Реновирањето не е причина за смртта на 48-годишната пациентка, вели Таравари за жената која не била примена на Инфективна со корона

„Нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари за пациентката која не била примена на Инфективната клиника иако имала Ковид, по што починала. Според Таравари, мора да се реновира, а пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника, рече Таравари.На прашањето, како може пациентката да не е хоспитализирана на Инфективна иако од Хематологија насочиле дека мора да биде во болнички кревет, тој рече дека побарал извештај од двете клиники.На прашањето каде се третираат лицата со коронавирус, тој рече дека речиси сите здравствени институции имаат интензивен ден.„Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест, која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормлано, го поминвуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајдете да добиеме дефинитивни податоци“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

tarvari

Таравари: 9 нови лекови се на позитивната листа, за 6 месеци следува уште едно проширување

„Мене ми е посебно чест да ви кажам дека после 2009 година, само во 2014тата имало само еден лек, но сега се проширува позитивната листа со 9 нови лекови кои што се скоро неизбежни за повеќето болести во државата, вели министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје.Министерот Таравари посочи дека ќе ја потпише одлуката денеска за проширување на позитивната одлука.Така што ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти.“

Македонија | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови лекови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии

„Првото прашање поврзано со позитивната листа на лекови коишто Фондот за здравствено осигурување ја објавува можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот дека таа ќе биде проширена со осум нови лекови, коишто досега не беа на пазарот и со која ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона евра.Лекови коишто тие ги плаќаа, ценам дека ова е после долго време освежување на онаа листа по насока на додадена вредност на здравствените осигуреници“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе има надополнување на позитивната листа на лекови.Премиерот Мицкоски очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии.„Ја поздравувам, честитам и очекувам и во иднина уште повеќе да се проширува, со што ќе се стави фокус на објективноста, а не на привилегирани семејни веледрогерии коишто изминативе децении го исцицаа здравствениот систем и практично го доведоа здравствениот систем ваков како што е триплирани вредности на медицински апарати, лекови итн. И сега сакаат огромни суми на камати на грбот на граѓаните да спечалат па блокираат здравствени установи итн.“, изјави премиерот.Владата како што рече премиерот нема друг интерес освен интересот на граѓаните и пациентите.„Сѐ ќе испитаме, сѐ ќе истражиме но, ја поздравувам одлуката на директорот на Фондот, само така треба да се продолжи да се работи за еден интерес е тоа, интересот на граѓаните и пациентите, немаме друг интерес.“, подвлече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Ковидот повторно се разгорува, 250 заразени во јули

Повторно јавноста е уплашена од разгорување на состојбата со заразени од вирусот Ковид-19.За само еден месец, или поточно во месец јули бројот на заразени лица со ковид скокна дојде до 250 или за десет пати зголемен е бројот на заразени со коронавирусот.Иститутот за јавно здравје во јули ја регистрира и првата жртва од новиот бран на коронавирусот, иако новиот сој во земјава официјално се уште не е потврден. Во регионот и на европско копно ова лето присутен е сојот флирт,кој што според епидемиолозите е послаба варијанта на омикронот.Според епидемиолозите ова е поради годишните одмори, летните журки, концерти, свадби.Од заболените со коронавирусот во јули 2024, најголем број и тоа 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци.Матичните лекари предупредуваат дека бројката е поголеме, бидејќи најголемиот дел од заразените не се тестираат, а доколку го сторат тоа го прават со тестовите купени во аптека.,,Возрасната група над 60 години е најризична, исто и децата до 9 години, кај нив е забележен најголем број на инфекции. Во јули, над 60 години инфицирани биле 74 лица, а кај малите деца бројката достигнала 45 или 18% од вкупниот број. Во групата од 30-39 години регистрирани се 38 лица, во групата од 40-49 години има 35 заболени, од 50-59 има 26 заболени, а најмал број на заболени се пријавени во групата 20-29 години и 10-19 години, информираат од ИЈЗ.Како што велат матичните лекари главните симптоми на новата варијанта се: зголемена телесна температура, кашлица, болка во зглобовите и во мускулите, затнат нос, главоболка и замор, но сè поминува за два до три дена, без посериозни последици.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-11.29.49

„Преполовено е чекањето на резултати на Радиологија, проблемот е долгогодишен“, вели директорката Николова

Квантитетот ништо не значи, ако тие не се точни, рече директорката на Институтот за радиологија, доктор Соња Николова, на прашање дали се уште се чека со месеци за читање на резултати. Според неа, преполовено е чекањето.„Точно е дека моравме да направиме внатрешна реорганизација. Имаме проблем со кадарот, одлевање во приватното здравство, пензионирање. Се работи втора смена, викенди.. Тоа е добра волја, доста расчистивме. Чекањето во моментов не можам да кажам колку е, но е многу помалку од претходно“, рече директорката на институтот за радиологија др.Соња Николова.Таравари пак додаде дека во Македонија се чека помалку од државите од околината.„Ние сме тука за пациентите, и на почетокот, и на крајот од денот“, додаде др. Николова.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Вкупно 1001 случај со голема кашлица, хоспитализирани уште четири лица

Повторно се шири опасноста од голема кашлица. Во периодот од 2 до 8 август, пријавени се 20 нови случаи на голема кашлица.Од нив, четири лица се хоспитализирани, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.- Заклучно со 8 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1001 случај на голема кашлица, со инциденца од 54,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, пишува во извештајот.Од вкупниот број на заболени лица - 1001, кај 994 биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма.,,Од вкупниот број на регистрирани случаи, 627 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани - 278, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13 години”, пишува во извештајот.На територијата на Скопје, Куманово и на Тетово се пријавени епидемии.

Македонија | пред 1 година

IMG_5150

Министерот Таравари оствари работна средба со норвешката амбасадорка Мелсом

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари оствари работна средба со норвешката амбасадорка, Кристин Мелсом, на која разговараа за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете држави.Честитајќи му ја позицијата на министерот Таравари, амбасадорката изрази подготвеност за поддршка на нашиот здравствен систем и размена на меѓусебни искуства во областа на здравството.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања