Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗДРАВСТВО

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Отворено писмо: Стресот и агонијата на медицинските сестри се интензивираат

Претседателката на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска упати отворено писмо по повод , како што пишува, прекинатите договори на дело и стотици медицински сестри кои во моментов се без работа.„По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, остро реагираме и заеднички го подигаме гласот со нашите колешки и колеги кои денес „останаа на улица“ по еднострано прекинатите договори за работа.Законските недоречености и политичките флоскули ја влошуваат состојбатаФрапантни се фактите кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по 6 и 7 години работно искуство во статус договор на дело, а се до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и Куманово!Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот.Недопустливи поделби во професијата: професионализам и емпатија како единствени критериумиУнијата на петте здруженија на медицински сестри и техничари на Македонија, со своите повеќе од 5.000 членови од сите нивоа на здравствениот систем, предводена од Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА-НАС“, континуирано реагира и алармира за потребата од итно решавање на статусот на оваа категорија медицински сестри и медицински техничари, кои со години наназад се ангажирани со „Договори на дело“ преку агенциите, други матични институции и трети по основ на проекти.Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според: политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор кој го определува квалитетот е: професионализмот и емпатијата! Ништо повеќе и ништо помалку!Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50% од сегашно ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори во најмала рака изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти.Нашата работа и нашата професија се една од најважните алки во комплетниот здравствен систем на земјата и немарното или „намерното“ запоставување на нејзината вредност, неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од се: намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега.Делување на унијата: борба за правата и достоинството на медицинските сестриСтресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се: законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ја зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји.Затоа, апелираме и предупредуваме дека: конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата.Нашите барања:Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите!Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од било кого!Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа на кои се носат било какви одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари.Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите.Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата.Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на СИТЕ”, стои во отвореното писмо.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Алармантно зголемен бројот на заболени од грип

Во четвртата недела од јануари пријавени се 1.878 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грипот.Ова е за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.Најмногу заболени, 1066 се лица на возраст од 15 до 64 години. Деца се 349 и тоа на возраст од 5 до 14 години, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години.Регистрирани се заболени 138 лица на возраст над 65 годиниНајмногу заболени има во Скопје, 581 лице. Потоа Кавадарци со 219, Куманово со 167, Струмица со 162 и Штип со 106.„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели по ред. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип“, соопштија од ИЈЗ.ИЈЗ препорачува да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни - кашлаат, киваат или имаат покачена телесна температура.

Македонија | пред 1 година

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

Ревизија утврди малверзации на Клиниката за дерматологија, 39 отсто од лековите се со поминат рок

Државниот завод за ревизија констатирал низа неправилности и недоследности во работата на Клиниката за дерматологија.Ревизорите утврдиле неправилности во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското работење и реализацијата на здравствените услуги.Една од најголемите слабости е отсуството на сметководствена евиденција за примените и потрошените лекови за ретки болести. Во 2023 година, Клиниката примила лекови во вредност од 37,4 милиони денари, но во интерните евиденции се прикажани издадени лекови во вредност од 27,4 милиони денари, што создава разлика од 8,8 милиони денари. Пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок.Ревизорите утврдиле дека Клиниката добила 13 милиони денари за набавка на апарати и лекови, без претходно стручно образложение за потребата од истите. Од оваа сума, речиси 10 милиони денари биле потрошени за два ласери, кои до денот на ревизијата сè уште не биле ставени во употреба.Клиниката се соочува со ненаплатени побарувања од Министерството за здравство во висина од 1,3 милиони денари, чија наплата е неизвесна.Ревизорите препорачуваат итни мерки за подобрување на транспарентноста, финансиската контрола и ефикасноста на Клиниката.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Можна нова криза на Онкологија со лекови, пациенти се жалат од други Клиники дека се нудат да ги оперираат само ако платат приватно

Недостасува терапија за уште 25-30 пациенти на Онкологија, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави дека до понеделник ќе има биолошка терапија за сите.„Денеска стигна дел од терапијата, утре стигаат уште два лекови и понеделник уште три и ќе ги имаме сите лекови. Првпат ни се случува десет дена да нема терапија. 95% од пациентите се третираат и има терапија. Недостасуваше само 5%. Оваа терапија беше набавена од претходното раководство. Се работи за 25-30 пациенти, ама и 1 пациент да е, многу е“, вели Таравари.На посочувањето дека сега започнува криза со имунолошка терапија на Онкологија, однсоно дека нема доволно, рече: „Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Се обидуваме да згасиме пожари кои се предизвикани однапред“, рече Таравари.Министерот беше прашан дали знае дека пациенти со месеци чекаат за операција на Клиниката во Скопје, а им се нуди приватно да бидат оперирани за неколку дена, рече дека добиваат пријави.„Добиваме информации и пријави во Министерството за здравсво, ги информираме директорите. Има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби, за да се работат во редовно работно време кои треба да се работат отпосле. Ние правиме се за медицинските екипи да бидат коректни“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

„Дежурниот доктор имал итен прием, ние чекаме со страшна аритмија, изгледа треба да се молиме само да се смири“ - пациент со искуство од Кардиологија

Скопјанецот Срџан Амет сподели искуство во кое посочува дека повеќе од еден час чекал дежурен доктор на Кардиологија, додека неговиот татко имал аритмија. Неговото сведоштво ви го пренесуваме во целост:„Од 23:40 пациент со 150 пулс и страшна аритмија чека да се симне дежурен доктор за интервенција. Дежурниот доктор имал интен прием со друг пациент... ок разбирам. Но не разбирам како еден дежурен лекар кој покрива и одделение и ургентна и приеми... и сега ние треба да се молиме заедно со сестрата тука доле во урегтна само по себе срцето да се смири.Морам да се јавам на Директорот Беким, на Проф Љубица, на Проф Костовски ... за да ме истретираат соодветно и нормално.. зошто? Зошто мораме само кај нас да се јавуваме негде, кај некого за да го добиеме тој сервис кој што е нормален сам по себе за добивање... зошто? Очигледно реторичко прашање.Е вечер не се јавувам... Ајде да видиме каква ние ургетноста, итноста, професионалноста. А ако татко ми има последици било какви поради ова чекање зошто сега е со 140 отчувувања во минута, тужба добива клиниката, дежурниот лекар и министерството. Јавно да си известам, без притисоци. Сега е 00:38. Up date: Примени 01:10 .. за сега санирани ...“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-00.14.45

Почина доктор Мирјана Петровска

На 66-годишна возраст почина нашата почитуванa прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.„Прим. д-р Мирјана Петровска 16 години беше дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Мала Богородица“. Ќе остане запаметена по нејзината посветеност, придонес во анестезијата и интензивното лекување, професионалност и хуманост. Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина“ и сите вработени. Вечна ѝ слава, нека почива во мир!“, напишаа од „Аџибадем Систина“

Македонија | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Учениците назад во клупи, грипот се шири

Денеска започнува второто полугодие. Учениците се враќаат во училишните клупи.Не се пролонгираше почетокот, иако амбулантите се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. Пикот се очекува во втората половина на февруари.Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.Истовремено, за повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.43.06

Таткото на детето кое почина: Состојбата му се влошила по примена инфузија, немал здравствени проблеми

Ивица Крстевски, татко на деветгодишниот Алекс кој почина во вторникот, за  „Фокус”  открива дека момчето било здраво и весело дете кое немало никакви здравствени проблеми. Никогаш немал сериозна дијагноза и не бил под терапија. Бил ученик во 4то одделение, редовно посетувал настава. Неодамна имале и систематски каде исто така се покажало дека детето е здраво.“Алекс беше здраво и весело дете. Никогаш не сме се соочиле со сериозни здравствени проблеми. Единствено поради настинки одевме на лекар, што е нормално за секое дете,“ раскажува за Фокус, Ивица Крстевски, таткото на Алекс, четвртодделенецот од село Пеширово кој трагично го загуби животот на 14-ти јануари.Утрото на 14-ти јануари, Алекс започнал да повраќа, поради што мајката и дедото го однеле кај матичниот лекар во Свети Николе. Лекарката која била на смена, иако не била матичната на Алекс, му дала инфузија, по што состојбата му се влошила. Наместо да биде испратен со амбулантно возило до Клиничката болница во Штип, Алекс бил транспортиран со истото такси возило со кое пристигнал.„Не знам зошто не беше повикана итна медицинска помош ако состојбата му била критична. Наместо лекарски тим, детето беше испратено во Штип со такси,“ раскажува Ивица Крстевски, кој во моментот на настанот бил во Словенија, каде што работи за да го прехрани семејството.„Јас пет години работам во Словенија, за да го прехранам моето семејство. Утрото кога поради повраќање Алекс беше однесен со такси возило кај матичен лекар, јас не бев со него, бидејќи бев во Словенија. Со него беа неговата мајка и мојот татко. Таксистот е сведок на целата ситуација. По примање на инфузија, на син му се влошува состојбата, и лекарката го испраќа во болница во Штип, и тоа со истото такси возило. Ако состојбата била критична, не знам зошто не била повикана лекарска екипа од итната помош, туку детето без доктор и медицински персонал било пратено во Штип“, вели Ивица.Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.„Сакам да спречам вакви трагедии во иднина. Сакам вистината за Алекс да биде позната, а неговата смрт да не биде залудна,“ завршува таткото, кој ја изразува својата длабока болка и разочарување од системот што го изневери неговото семејство.

Македонија | пред 1 година

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

ДСЗИ:Нема пропусти во лекувањето на деветгодишното дете кое почина во Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во соопштение до јавноста извести дека не пронајде недостатоци во начинот на третирање на здравствената состојба на деветгодишното дете Н.А. од селото Пеширово, Општина Свети Николе. Детето во вторникот почина на Клиниката за детски болести во Скопје.Од инспекторатот информираат дека извршиле вонредни инспекциски надзори кај сите здравствени установи во кои се лечело детето и во сите три институции нема констатирано недостатоци и неправилности во постапувањето.Детето било однесено кај матичниот лекар во Свети Николе на 14 јануари бидејќи имало болка во стомакот, повраќање, кашлање, висока фебрилност и несоница.„При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип“, стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Во болницата во Штип, детето било донесено со такси возило, а дежурниот доктор поставил дијагноза која гласи сомноленција. Во ЈЗУ КБ Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава.Заради лошата општа здравствена состојба и наодите од лабораториските испитувања, детето со возило на итната помош, истиот ден е однесено во Скопје.„На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак арест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус“, се вели во официјалниот став од ДСЗИ.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Пет месечно бебе и четири годишник се заразени со голема кашлица во Скопје

Големата кашлица повторно зема замав. Два случаи се евидентирани од 10 ти до 16 ти јануари. Се работи за деца од Скопје, едното пет месечно и невакцинирано, а второто на возраст од четири години, комплетно вакцинирано.Двете деца се амбулантски лекувани, информираа од Институтот за јавно здравје.Претходните седум дена немало ниту еден случај на голема кашлица.Од 27 декември до 2 јануари беше пријавен еден случај на голема кашлица, кога Институтот информираше дека детето се лекува болнички, има два месеца, невакцинирано затоа што не ја достигнало возраста за вакцинација.Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територија на државата регистрирани се вкупно 1.176 лица заболени од голема кашлица.

Македонија | пред 1 година

bebe-inkubator

Починатите бебиња близнаци имале знаци на премрзнување

Прилепската болница се огласи со соопштение дека починатите бебиња близнаци имале знаци на премрзнување. Семејството во селото Славеј живеело во екстремно лоши услови.Мајката била родена во 2001 година, а во болницата се породила во нејзината четврта бременост во која ги родила нлизнаците во 34-та гестациска недела.„Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10 јануари, на барање и со потпис од мајката, децата биле пуштени дома. Потоа во текот на вчерашниот ден во 10:45 часот на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување“, велат од прилепската болница.Според достапните информации машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина.„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот е констатирана смрт“, се вели во соопштението на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Грипот коси

За повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.Во текот на втората недела од јануари пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип.Од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, забележни се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.Најмногу заболени има во Скопје 305, потоа Дебар 134, Куманово 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци 62.„Од почетокот на сезоната 2024/2025, заклучно со втората недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 130 материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус, SARS-CoV-2 и/или RSV. Детектирани се 14 позитивни случаи на Influenza, 2 Influenza А(H1)pdm09, 11 Influenza А(H3) и 1 Influenza B/Victoria. Регистриран е еден позитивен случај на SARS-CoV-2. Дополнително, регистрирани се 5 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV)“, стои во извештајот на ИЈЗ.Во земјава се спроведува таканаречен сентинел надзор за состојбата со грип и КОВИД-19 во земјава за да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Од сентинел местата кои учествуваат, во 2-ра недела пријавени се вкупно 50 САРИ (Сериозни Акутни Респираторни Инфекции).

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Страв од вирусот „метапневмовирус“ не е потребен, а амбулантите се полни со пациенти болни од грип, а и со бактерии

Во Македонија до сега не се пријавени случаи на зараза со човечки метапневмовирус (HMPV), но вирусот веќе предизвика внимание во соседните земји, конкретно во Грција и на глобално ниво. Во изјава за Фактор, портпаролот на Комисијата за зарасни болести, д-р Злате Мехмедовиќ потврди дека вели дека немаме потврден случај на овој респираторен вирус и според него нема потреба од паника.„Нема потенцијал за предизвикување на пандемија налик на пандемијата предзивикана со SARS Cov2 вирусот“, вели Мехмедовиќ.Истовремено, матичниот доктор Драган Ѓоргиевски алармира дека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип, а и со бактерии и пневмонии. Истовремено, нотира дека термини за рентген во Скопје - не се наоѓаат.„Една констатација за денешниот работен ден. Преполни амбуланти со пациенти болни од грип, а богами и со бактерии, бронхитис и пневмонии. И гледај, имаш наод на слушалка, имаш влошена лабораторија за клиничка слика и нели по правилници за пневмонија и за боледување е потребно рентген наод. И почнувам од најблиската поликлиника Јане Санданскки (рентген апаратот не работел). Клиника за радиологија ги блокирала итните упати. Инаку пневмонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8 Септември исто. Ги проверив сите поликлиники, Идадија, Букурешт, Чаир, Битпазар и итен упат не дозволи. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо, не работеле со итни упати, имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денеска 90 луѓе прегледав во една смена и никој не ме праша дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во градот Скопје на државно да се направи рентген наод? Во сезона на грип и едно чудо пневмонии сите до една поликлиники низ градот блокирани, мислам крајно некоректно. Што ни останува на сите со наоди, да ги пратиме на Инфективна клиника и нека се создаваат колони дури и тие не ги блокираат упатите?“, прашува матичниот доктор Драган Ѓоргиевски.

Македонија | пред 1 година

urgenten-centar

Дете најверојатно ќе остане инвалид: вчера на Ургентен примени и девет пациенти од сообраќајки

На Ургентниот центар имало околу 30 проценти помалку пациенти од минатата година во текот на новогодишната ноќ. Направени се околу 35 прегледи, од кои девет биле сообраќајки со лесни повреди.Најтешки повреди имало дете, кое се уште е хоспитализирано на клиниката. Тоа е на возраст од 13 години кое има тешка повреда на раката од петарда и е оперирано на Детската клиника за хирургија. Според докторите, најверојатно, тоа ќе остане со инвалидитет на раката.Примен бил и странски државјанин во алкохолизирана состојба, кој имал повреда на раката, но е пуштен на домашно лекување.

Скопје | пред 1 година

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

Состојбата на Инфективна - алармантна, недостасуваат 100 вработени

На Инфективната клиника недостасуваат уште 100 вработени за нормално функционирање, рече директорот на Фондот за здравствено здравствено осигурување Сашо Клековски.„Тој одлив се случи со ковидот.Делумно поради пензионирање, делумно поради заминување. Состојбата со инфектолози е критична, бидејќи има многу мал интерес за специјализација по инфективни болести. Во повеќе болници сме оставени на пензионерите и со продолжување до 67 години.Проблемот е што сега и да се одобрат 100 работни места, ќе нема кој да биде вработен“, кажа Клековски на средба со медиумите.Според него, проблемот е глобален, секаде има голем недостиг на лекари и медицински персонал, но мора да се каже и дека има намалување на популацијата.Регионализацијата е неминовна и во повеќето помали центри ќе има поликлиники кои ќе бидат дневни амбуланти, болнички капацитети ќе има во неколку регионални центри.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца, вели Левица

„Реџеп Мемеди и неговиот братучед остануваат на чело на Детска клиника, и покрај тоа што не се подготвени да преземат одговорност за смртта на дваесетте деца кои починале во шестте месеци од кога тие се на чело на институцијата!“, вели Левица и додава:Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрекол две казни на институцијата и директорот, а постојат и воочени недостатоци од страна на Државниот завод за ревизија. Сепак, кланот Мемеди избира да ги игнорира забелешките на овие институции и продолжува со злоупотреба на државни средства за лично богатење.Зошто министерот за здравство, Арбен Таравари, продолжува со политички калкулации и ги занемарува апелите на јавноста за разрешување на Реџеп Мемеди? Дали кланот Мемеди има доволно голем импакт во одржувањето на неговата политичка позиција до степен што министерот е подготвен да жртвува млади животи?Братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел! Покрај тој навод за фалсификувани документи, од страна на ДЗСИ е воочено дека помладите специјализанти кои дежураат иако немаат законско право за тоа, користат факсимили од постари специјализанти или специјалисти кои на хартија дежураат, но се немаат појавено на клиниката! Ургентниот центар на клиниката останува затворен, па пациентите се одбиваат без образложенија, спротивно на закон!Тоа што власта на ДПМНЕ-ВЛЕН–ЗНАМ ги занемарува забелешките на институциите и продолжува со незаинтересираното владеење со здравствените институции не остава простор за верување дека смртта на овие деца била спонтана и неизбежна. Левица иницијално реагираше на непотизмот и непрофесионализмот во раководењето со Детска клиника на почетокот од септември, па секој дополнителен ден кој власта им го дозволи на братучедите Мемеди во раководството на клиниката е свесно занемарување на грешките кои резултираат со смрт на деца!

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-03-at-10.38.25

Нов шамар за општството: „Емпатија немате кон себе, но добро глумите дека ја имате кон децата со атипичен развој!“

Амела Мемиш Апостоловска (37) е мајка на две деца со посебна попреченост во развојот - Андреа (13) и Леон (10). Таа е дипломиран педагошки едукатор, на насока психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот.Денеска, кога се одбележува Меѓународен ден на лицата со попреченост апелираше со сите: „Престанете веќе со малтретирање на денот 3-ти декември“. Таа порача дека родителите на овие деца не го живеат само меѓународниот ден, туку 365 дена воо годината.Нејзиниот цел статус:За родителите кои имаат лице со попреченост не го живеат само 3-ти Декември, туку и секој нареден ден 365 дена во годината , направете веќе чекор кон иднината со оноа што на родителите им недостасува , а да не биде јавно споделено на социјалните мрежи.Реалноста, за жал, често се коси со убавите зборови. Лицата со попреченост и нивните семејства во Македонија се соочуваат со системски препреки недоволна поддршка од институциите, ограничен пристап до образование, вработување и здравствени услуги, како и социјална стигма која дополнително го отежнува нивниот живот.Секоја година на овој датум, Македонија формално ја истакнува важноста на инклузијата, правичноста и поддршката за лицата со попреченост. Но, колку овие декларативни заложби се претвораат во реални и суштински промени?📌ПРЕСТАНЕТЕ да глумите инклузија и прифаќање да лажирате слики да ги присилувате децата да се сликаат на работилници во училиштата.📌НАПРАВЕТЕ го 3-ти Декември да биде секој ден таков , а не само еден ден.📌НАПРАВЕТЕ позитивни чекори за родителите а не само за вас да се прикажете колку сте вие инклузивни а немате ниту "И" од ИНКЛУЗИЈА.📌ВО ЕУ ВЕЌЕ СТЕ ПРОБИЕНА ПЛОЧА НА ЛАЖИРАЊЕ.📌ШТО НАПРАВИВТЕ СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ?Декларативни политики, без конкретни чекориМногу стратегии и закони кои се носат остануваат само на хартија. Пример, пристапноста во јавните установи и инфраструктурата сè уште не е стандард, туку привилегија на ретки места.📌ОТВОРИВТЕ ЛИ ЦЕНТРИ?📌ОТВОРИВТЕ ЛИ ЗГРИЖУВАЧКИ ИНСТИТУЦИИ?📌НАПРАВИВТЕ ЛИ КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДИЈАГНОЗИТЕ?📌УСПЕАВТЕ ЛИ ДА ГИ СОГЛЕДАТЕ ДИЈАГНОЗИТЕ КАКО ПРЕДНОСТ , А НЕ ПОПРЕЧЕНОСТ?Успеавте да направите невидливост на работниот пазар.Повеќето лица со попреченост се соочуваат со дискриминација и не можат да најдат работа, и покрај нивните способности и желба да бидат дел од општеството.📌ОТВОРИВТЕ ЛИ УЧИЛИШТА СПОРЕД НИВНИТЕ ПОТРЕБИ?📌ИМ ДАДОВТЕ ЛИ ТОА ШТО ГО ЗАСЛУЖУВААТ РОДИТЕЛИТЕ КОИ СТРАВУВААТ ЗА СВОИТЕ ДЕЦА И НИВНАТА ИДНИНА?📌ОБУЧИВТЕ ЛИ КАДАР СООДВЕТЕН?📌АСИСТЕНТИ ОБЕЗБЕДИВТЕ ЛИ ?Направивте образовен систем што не ги прифаќа сите.Иако инклузивното образование е законски регулирано, училиштата немаат адекватни услови, обучен кадар или флексибилни наставни програми за вистинска инклузија на децата со попреченост.👉🏼СО ГОДИНИ НАНАЗАД НА СЕКОЈ 3-ТИ ДЕКЕМВРИ ДА НАПРЕВЕТЕ ЕДНО ОД ОВИЕ МАЛКУ НАБРОЈАНИ РАБОТИ ЌЕ ПОСТИГНЕВТЕ НЕШТО НА МЕЃУНАРОДНО НИВО.ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО.....НИШТО НЕ НАПРАВИВТЕ ...‼️ИЗВИНЕТЕ , ДА‼️ НАПРАВИВТЕ ,ЗАБОРАВИВ , НО ЗНАЕТЕ ШТО НАПРАВИВТЕ?👉🏼НАТПРЕВАР ВО СЛИКАЊЕ КОЈ ПОДОБРО ЌЕ ИЗВАДИ СЛИКА ЗА НА ФБ ДА СЕ ПРЕТСТАВИ ВО НАЈДОБРО СВЕТЛО СО ТРАУМАТИЗИРАЊЕ НА ДЕЦАТА...‼️ЗАСРАМЕТЕ СЕ...‼️👉🏼ЕМПАТИЈА НЕМАТЕ КОН САМИТЕ СЕБЕ СИ , ЉУБОВ И ТРПЕНИЕ КОН ТИПИЧНИТЕ ДЕЦА, НО ДОБРО ГЛУМИТЕ ДЕКА ЈА ИМАТЕ КОН ДЕЦАТА СО АТИПИЧЕН РАЗВОЈ.📌ЗАР НЕ ВИ СЕ ЗДОСАДИ ОД МАСКИТЕ ????(СО ПОЧИТ И ИСКЛУЧОК КОН ОНИЕ ШТО ГИ ЗНАМ ШТО СО ЉУБОВ ТОА ГО ПРАВАТ)3-ти Декември не треба да биде само симболичен датум. Наместо тоа, тој треба да биде потсетник дека попреченоста не е проблем на поединецот, туку на општеството кое не обезбедува рамноправни можности.Ова не е прашање на добротворност, туку на човекови права. Да ги направиме зборовите дела, не само на 3-ти Декември, туку секој ден.[caption id="attachment_315627" align="alignnone" width="150"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-11-30-at-15.08.01

Тажна вест: Почина Проф. д-р Марија Христова, доајен во педијатријата

На фејсбук групата Асоцијација на специјализанти и млади лекари, беше објавена тажната вест за смртта на проф. д-р Марија Христова, доајен во педијатријата во Македонија.„Ве известуваме дека на 29.11.2024, почина Проф. Д-р Марија Христова, доајен во педијатријата во Македонија. Погребот ќе се одржи утре (Недела) на 01.12.2024 на градските гробишта Бутел. Изразуваме сочувство до семејството, пријателите и колегите“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 година

jovica-andovski

Рекорден број на пријавени и вакцинирани лица против сезонски грип

„Годинава има одличен одѕив за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население. Досега пријавени 75.712 лица, а вакцинирани се над 66.674 граѓани. Ова е рекорден број пријавени и вакцинирани лица, кои сакаат да се заштитат од посериозни компликации од грип“, истакна заменик министерот за здравство, Јовица Андовски на денешната прес-конференција.Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните кои се пријавиле за вакцинација, но заради некоја причина не добиле смс порака и не дошле на закажаниот термин да се обратат кај својот матичен лекар, каде ќе добијат инфо за пунктот за вакцинација и времето кога да дојдат да се вакцинираат.

Македонија | пред 1 година

taravari-dogovor

Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Арбен Таравари.Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени.Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти, се додава во соопштението на Таравари.

Македонија | пред 1 година

hiv

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни.Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос.Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија.Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 - 18ч. и сабота од 12 -15ч.Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-03-28-at-11.25.34

Уште една голема победа: двајца пациенти кои добија органи од починат донор се во добра состојба

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба, овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ.Од Министерство за здравство велат: „Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување - вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата.

Македонија | пред 1 година

detska-klinika-1

При пожар во Детската клиника, нема да гасне на повисоките катови, сведочи директорот

Ако има пожар во Клиниката за детски болести, нема да може да се изгасне на повисоките катови, посочува директорот д-р Реџеп Мемеди, кој сведочи дека во оваа здравствена институција многу работи се амротизирани и ризични за пациентите. Па така, според Мемеди, кујната каде што се спрема храна е со инвентар стар над 20 години, а треба од неа да се хранат бебиња и деца, па праша: „Дали тоа е безбедно?“„При пожар, ќе нема притисок за вода за гаснење на високите катови. Лифтовите се стари 40 години, пациенти одат по скали“, додаде Мемеди.Кога го прашаа дали ќе побара одговорност за ваквата состојба, тој топката ја префрли кај другите институции. Смета дека во моментов се води кампања против него и Клиниката, а откако бебиња починаа при лекување. Таму имаше вкупно три смртни случаи во изминатиов период.„Сакаа да прикажат дека додека јас директорувам, за три месеци, има голема стапка на смртност. Но, сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години“, додаде тој.Сподели и фотографии од кои се гледа лошата состојба на клиниката.

Македонија | пред 1 година

04112024_Taravari

Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период, рече Таравари

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри“, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.„Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на Националната комисија за скрининг на рак на дојка“, рече министерот.

Македонија | пред 1 година

operacija-1

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор - извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Министерството за здравство известува дека во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор.Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, велат од МЗ.- Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.„За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи. Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот“, додава.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања