Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Иако со закон укинати - партиски назначени економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6219

,,Пред околу два месеца, со закон официјално беа укинати функциите „економски/организационен“ директор во јавните здравствени установи, но, најверојатно, и овој закон се изигрува, а Владата, изгледа, продолжува со назначување на лица кои незаконски управуваат со болниците, иако немаат високо медицинско образование!

— реклама —

Пример е Алајдин Мемед (братучед на формално назначениот нов медицински директор, д-р Реџеп Мемеди), кој со консултантски договор, е ,,нелегално" ангажиран да управува со Клиниката за детски болести. Тој на јавноста ù е познат по исплаќањето плата повисока од коефициентот на самиот себе, а по утврдувањето на криминалот од Фондот за здравствено осигурување и ДЗР во 2022 година, тој бил разрешен!

— реклама —

Инаку, Алајдин Мемеди е поранешен пратеник на Алтернатива, кој стапи во коалицијата ВРЕДИ, како член на Демократско движење и беше назначен од Владата на Мицкоски како економски директор на Клиниката за детски болести, која веќе била раководена од неговиот братучед.

— реклама —

Според информациите кои ги добиваме од Клиниката, братучедите од Студеничани имаат заемно владеење на институцијата, па Алајдин, иако не е вработен во Клиниката, користи скениран потпис од својот братучед, медицинскиот директор Реџеп, за печатење на одлуки кои самиот ги донел.

Информациите од нивните колеги кои доспеаја на наша адреса, според нив како наши информатори се однесуваат груба злоупотреба на службената положба и кривично дело според Законот за кривична постапка, преку кое тој фалсификува документи и вработува и отпушта персонал во Клиниката, која веќе кубури со медицински кадар!

Ова е фрапантен пример за тоа како коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ го злоупотребува државниот апарат за прибирање на лична корист!

Мицковски и Таравари иако формално ги укинаа економските директори и најавија рационализирање на трошоците, сепак, гледаме како преку „договор на дело“ истите функционираат.

Сето ова и понатаму се наплаќа од џебот на граѓаните, додека на клиниките продолжува тортурата врз вработените и етнотрибалистичкото владеење со јавните здравствени установи!

Според гореизнесеното, а добиено како информација до нас од внатрешни извори од Клиниката, Левица бара итно разрешување на братучедите и назначување на медицински директор на Клиниката за детски болести преку оглас со соодветни критериуми предвидени со Законот за здравствена заштита!

Дополнително, бараме од ДЗР и ДКСК итно да ја проверат работата на клиниките и да ги утврдат овие злоупотреби за кои предочуваат вработените, а, очигледно, се манипулира јавноста за укинувањето на економските директори и се изнаоѓа начин за заобиколување на законот!”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања