Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

Левица соопшти дека починал Кирил Слезенковски на 28 години, член на Централниот комитет и советник во Општина Илинден. Партијата истакна дека бил пример за политика како одговорност кон луѓето, а не позиција. Го опишуваат како чесен, солидарен и посветен на заедницата, гласен застапник на јавниот интерес и човек без лични калкулации. Неговата смрт ја оценуваат како голема загуба на млад човек со визија и потенцијал.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со длабока тага, од политичката партија Левица утрово соопштија дека починал нивниот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, на 28 години.

Тој беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, а од партијата велат дека неговото значење ја надминувало формалната функција, нагласувајќи дека станувало збор за човек кој политиката ја разбирал како одговорност кон луѓето.

— реклама —

„Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми“, се наведува во соопштението.

Од Левица истакнуваат дека Слезенковски бил препознатлив по чесноста, солидарноста и посветеноста кон заедницата, додавајќи дека секојдневно ги живеел вредностите што ги застапувал.

— реклама —

„Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа. Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“, додаваат од партијата.

Во неговиот ангажман како советник, како што посочуваат, бил гласен застапник на јавниот интерес.

„Како советник во Илинден, беше глас на граѓаните – аргументиран, јасен и бескомпромисен кога стануваше збор за јавниот интерес. Како член на ЦК, беше еден од оние на кои можеше да се потпреш – со идеи, знаење, карактер, посветеност. Брилијантен во размислувањето, борбен во духот и исклучително човечен во односот кон луѓето, Кирил остави трага што не може да се избрише“, стои во реакцијата.

Од Левица нагласуваат дека станува збор за голема загуба, особено поради тоа што се работи за млад човек со потенцијал и визија.

„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија“, наведуваат од партијата.

Во пораката се истакнува дека Слезенковски ќе биде запаметен пред сè како другар, а неговото отсуство ќе се чувствува меѓу сите што го познавале.

„Над сè, Кирил ќе го паметиме како другар. Човек кој знаеше да биде и силен и топол во исто време. Неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во организацијата и меѓу луѓето што го познаваа. Но, ќе остане и она што го остави зад себе – пример дека може да се биде принципиелен, посветен на заедницата и дека борбата има смисла“, се додава од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања