Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
apasiev

Од Левица реагираат на најновите активности за реконструкција на улици во Старата скопска чаршија, оценувајќи дека наместо вистинска реставрација, се отвораат прашања за зачувувањето на автентичноста на просторот.

Од партијата посочуваат дека честите интервенции во кратки временски интервали оставаат дилема дали станува збор за претходно несоодветно изведени зафати или за континуирани ад-хок урбанистички решенија без долгорочна стратегија за заштита на културното наследство.

— реклама —

Од Левица дополнуваат дека користењето на современи материјали, како травертин, наместо традиционалната калдрма, претставува промена на историскиот карактер на просторот, при што се губи неговата автентична текстура и занаетчиска вредност.

Од партијата потсетуваат и на претходни интервенции во поширокото централно градско подрачје, за кои велат дека покажуваат недостиг на јасна визија и јавна дебата за начинот на уредување на историското јадро на Скопје.

— реклама —

На крајот, од Левица оценуваат дека останува отворено прашањето дали станува збор за вистинска заштита на културното наследство или за негова постепена трансформација под превезот на модернизација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 18 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: ТЦ „Охриц“ тапка во место со „Кончар“, а ДПМНЕ им даде нов милионски тендер за далекувод

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања