Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЛЕВИЦА

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Државата им простува илјадници евра на најбогатите, додека работниците со минимални примања се оданочуваат во целост – оцени пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, образложувајќи ги предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои денес се на дневен ред во Собранието.Апасиев посочува дека во постојниот закон постои ограничување на т.н. максимална основица за плаќање придонеси, која изнесува 16 просечни плати, односно околу 16.500 евра. Според него, сè што се исплаќа како плата над оваа сума не се оптоварува со придонеси, што, како што вели, директно ги привилегира највисоките приходи.„Сè што е над оваа граница останува неоданочено. Тоа значи дека законот им дава предност на најбогатите“, наведува Апасиев.Тој го илустрира проблемот со пример, посочувајќи дека највисоката месечна плата во земјава лани достигнала околу 325.000 евра.„На оваа сума, државата пресметува придонеси само до 16.500 евра, додека останатите повеќе од 300.000 евра не се опфатени“, наведува Апасиев.Во исто време, додава тој, работниците со ниски примања немаат вакви ограничувања и нивните приходи се оданочуваат во целост.Според лидерот на Левица, ваквата законска поставеност придонесува за продлабочување на економските разлики. „Затоа богатите стануваат побогати, а сиромашните сè посиромашни“, оценува тој.Апасиев најави дека исходот од предложените измени ќе биде познат по гласањето во Собранието, каде ќе се одлучи дали ќе се стави крај на, како што ја нарекува, нефер практиката во системот на придонеси.

Коментари | пред 18 часа

apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Политичката партија Левица предупредува на сериозни демографски предизвици, посочувајќи дека, според проекциите на Државниот завод за статистика, до 2070 година значително ќе се намали бројот на млади во земјава, како што се наведува во соопштението.Според истите наводи, бројот на пензионери ќе го надмине работоспособното население, а најбројна ќе биде популацијата над 70 години, што, според Левица, укажува на сериозен дисбаланс во старосната структура, се вели во соопштението.Од партијата оценуваат дека ваквите трендови се алармантни и дека укажуваат на забрзано намалување на населението, при што додаваат дека државата не нуди доволно мерки за поддршка на семејствата, како што стои во соопштението.Левица во соопштението посочува дека, за разлика од европските земји кои обезбедуваат финансиски и системски поттик за наталитетот, во Македонија, според нив, мерките се ограничени и без значителен ефект.Како дополнителен проблем во соопштението се наведуваат ниските плати, несигурните работни места и високите трошоци за живот, што, според партијата, придонесува за иселување на младите.Од Левица заклучуваат дека без сериозни демографски и младински политики, државата ризикува во иднина да се соочи со уште поголемо стареење на населението, како што е наведено во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Од Левица реагираат на најновите активности за реконструкција на улици во Старата скопска чаршија, оценувајќи дека наместо вистинска реставрација, се отвораат прашања за зачувувањето на автентичноста на просторот.Од партијата посочуваат дека честите интервенции во кратки временски интервали оставаат дилема дали станува збор за претходно несоодветно изведени зафати или за континуирани ад-хок урбанистички решенија без долгорочна стратегија за заштита на културното наследство.Од Левица дополнуваат дека користењето на современи материјали, како травертин, наместо традиционалната калдрма, претставува промена на историскиот карактер на просторот, при што се губи неговата автентична текстура и занаетчиска вредност.Од партијата потсетуваат и на претходни интервенции во поширокото централно градско подрачје, за кои велат дека покажуваат недостиг на јасна визија и јавна дебата за начинот на уредување на историското јадро на Скопје.На крајот, од Левица оценуваат дека останува отворено прашањето дали станува збор за вистинска заштита на културното наследство или за негова постепена трансформација под превезот на модернизација.

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната собраниска седница изрази поддршка за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта, нагласувајќи дека интервенцијата е неопходна за заштита на граѓаните во услови на енергетска и геополитичка неизвесност.Сепак, тој ја критикуваше Владата дека реагира без долгорочна стратегија и дека државата постојано се соочува со исти проблеми без да извлече поуки од претходните кризи. Според него, институциите делуваат дури откако состојбите ќе ескалираат.Мециновиќ посочи дека најголемиот товар од енергетските кризи го носат граѓаните, додека, како што рече, комерцијалните оператори остваруваат профит. Тој укажа и на високите цени на горивата, кои, според него, произлегуваат од структурата на даноци и увозни трошоци.Во своето обраќање, тој се осврна и на претходни одлуки за приватизација на енергетски капацитети, оценувајќи дека тие долгорочно ја намалиле способноста на државата да реагира во кризни ситуации.Мециновиќ посочи и на, како што го нарече, картелско однесување во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека кризите се претвораат во можност за профит, додека граѓаните остануваат незаштитени.На крајот, тој порача дека поддршката за мерката е во интерес на граѓаните, но повика Владата да започне со системски реформи и долгорочни политики за управување со идни кризи.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: ТЦ „Охриц“ тапка во место со „Кончар“, а ДПМНЕ им даде нов милионски тендер за далекувод

Левица обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски продолжува со доделување, како што велат, милионски тендери на фирми кои не ги исполниле претходните договорни обврски.Од партијата наведуваат дека фирма поврзана со хрватски „Кончар“, која е ангажирана на проектот за трафостаницата во Охрид, добила нов тендер за изградба на далекувод, иако, според нив, постојниот проект со години не е завршен.Левица оценува дека ваквите практики укажуваат на нетранспарентност и недостиг на одговорност во енергетскиот сектор, при што граѓаните, како што велат, ја плаќаат цената преку повисоки сметки за електрична енергија.

Македонија | пред 6 дена

media-library9a95bvpne8qq63ftC3R

Исмаил: Ако државата има „обезбедено“ пари за лекување, зошто граѓаните молат за донации

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, реагираше на честите апели од граѓани за собирање донации за лекување во странство, поставувајќи прашање дали државата навистина обезбедува доволно средства за ваквите случаи.Тој потсети дека при буџетската расправа за 2026 година поднел амандман за формирање посебен фонд за лекување во странство, кој бил одбиен со образложение дека веќе постојат обезбедени средства за таа намена.Исмаил наведува дека реалноста, според него, го демантира тоа тврдење, бидејќи граѓаните и понатаму се принудени сами да собираат донации за лекување. Тој прашува каде се тие средства и зошто, ако постојат, граѓаните сè уште се обраќаат за помош преку хуманитарни акции.

Македонија | пред 6 дена

apasiev

Левица: Партизација и притисоци во Министерството за земјоделство

Левица обвини дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се спроведуваат преместувања, откази и партизација преку, како што наведуваат, измена на систематизацијата од страна на министерот Цветан Трипуновски.Од партијата посочуваат дека до нив пристигнале сведоштва од вработени кои тврдат дека десетици лица се прераспределени во подрачни единици надвор од Скопје, дел се отпуштени, а дел, како што наведуваат, биле принудени да дадат отказ поради притисоци и лоша работна атмосфера.Според Левица, со промени во систематизацијата се овозможува деградирање и преместување на стручни кадри, додека се отвора простор за поставување на лица блиски до политички структури. Од партијата предупредуваат дека вработените се загрижени поради недостиг на институционална заштита и бавни постапки пред надлежните органи.Левица бара воспоставување на мерит-систем и крај на, како што велат, партизацијата во администрацијата.

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: „Уставниот суд станува антиработнички инструмент на власта“

Политичките реакции околу Колективниот договор за култура продолжуваат, откако партијата Левица излезе со остра осуда и отворена поддршка за најавениот протест на културните работници.Од Левица тврдат дека постапката пред Уставен суд на Република Северна Македонија е обид за укинување на Колективниот договор, зад кој, според нив, стои власта.„Уставниот суд презеде улога на антиработнички инструмент на власта и има намера да го укине Колективниот договор“, наведуваат од партијата, оценувајќи дека се работи за „нарачана политичка одлука“.Тие посочуваат дека договорот опфаќа над 2.300 вработени во културата и дека е резултат на долгогодишна борба за работнички права, па секој обид за негово укинување го оценуваат како директен удар врз работниците.Левица најави дека ќе го поддржи протестот закажан за 16 април пред Министерството за култура, каде вработените ќе го изразат револтот поради, како што велат, непочитување на колективните договори.Во соопштението се додава дека евентуално укинување на договорот би создало опасен преседан и би отворило можност за укинување на колективните договори и во други сектори.„Намерата за укинување на Колективниот договор е обид за одземање на веќе стекнатите права на работниците“, порачуваат од Левица, повикувајќи на целосно почитување на работничките права и запирање на постапката пред Уставниот суд.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

Левица: При неспособност да го испорача ветеното - Ѓорѓиевски почна да ги обвинува и работниците во ЈСП бидејќи ги барале своите права

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје дека со своите тужби го ʼблокираатʼ претпријатието. Со тоа, Ѓорѓиевски не само што ги дискредитира работниците кои се принудени по судски пат да ги бараат своите загарантирани права, туку директно ја префрла вината за катастрофалната состојба во ЈСП врз оние што се најмалку одговорни за неа, велат од политичката партија Левица.„Ваквиот пристап претставува опасен обид да се криминализира легитимното барање на работнички права и да се наметне наратив во кој жртвата се претставува како виновник.Наместо јавно извинување за состојбата во која се доведени вработените, градоначалникот избра јавно да ги прозива и да ги изложува на нетрпеливост, создавајќи атмосфера на притисок и стигматизација. Дали според Ѓорѓиевски работниците треба да молчат, трпат и да се откажат од своите права за да не ѝ пречат на неспособноста на раководството? Овој однос јасно ја разоткрива перцепцијата на функционерите од ДПМНЕ - дека работниците не се носители на права, туку пречка што треба да се замолчи кога бара правда.Дополнително, оваа реторика претставува очигледен дефокус од клучниот неуспех - четири години блокирање на Советот од страна на ДПМНЕ, што директно придонесе за тоа Скопје и денес да нема нови автобуси и да функционира со деградиран јавен превоз. Наместо одговори за ветените инвестиции, за нефункционалниот систем и за секојдневниот колапс, јавноста добива обиди за префрлање вина кон опозицијата, а сега и кон самите работници.Особено интересен е фактот што ваквите напади доаѓаат во момент кога се отвораат прашања за скандалозни и штетни договори во ЈСП, вклучително и оној на Игор Јанушев со „Маратон“ и приватни агенции за привремени вработувања, кои генерираат милионски загуби за претпријатието.Наместо транспарентност и одговорност за овие практики, сведочиме на агресивна комуникација и обид за замолчување на секој што укажува на проблемите.Работниците во ЈСП не се непријатели, ниту виновници, тие се луѓе што го одржуваат системот во живот и кои, со право, бараат заштита на своите права. Нападите врз нив не се само политички некоректни, туку и морално недозволиви. Обидите за префрлање вина нема да поминат. Одговорноста за состојбата во ЈСП е кај оние што управуваат, а не кај оние што ја плаќаат цената на тоа управување“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 1 седмица

market-pari

Левица: Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува

Најавите за ограничување на профитните маржи по Велигден доаѓаат предоцна и претставуваат задоцнета реакција на една веќе продлабочена економска и социјална криза. Реалноста е јасна - народот нема пари. Огромен дел од граѓаните едвај врзуваат крај со крај, платите не ги покриваат основните трошоци, а секое ново поскапување директно удира по нивниот животен стандард, велат од Левица.„Дополнително, алармантен е фактот што повеќе од 30% од населението живее под прагот на сиромаштијата. Ова значи дека речиси секој трет граѓанин се соочува со сериозни потешкотии да обезбеди основни услови за живот. Во исто време, државата бележи рекордно задолжување кај бироата за брзи кредити, што е јасен показател дека граѓаните се принудени да позајмуваат пари со високи камати за да преживеат, за храна, сметки и најосновни потреби.Во вакви услови, улогата на владата треба да биде јасна и одлучна, да делува како регулатор и заштитник на граѓаните. Наместо тоа, сведочиме на пасивност и целосно отсуство на навремена реакција. Пазарот е оставен без контрола, што овозможува неконтролирано зголемување на цените и профитите, додека граѓаните осиромашуваат.Состојбата е до тој степен алармантна што голем дел од граѓаните немаат средства ни за преживување, а камоли да издржат нови ценовни шокови. Дополнително загрижува што вистинската криза сè уште не е ни пристигната, најавената енергетска криза може да предизвика сериозен удар врз економијата, зголемување на трошоците за производство и живот, па дури и да доведе до економски колапс доколку не се преземат навремени и сериозни мерки.Решенијата се познати и одамна предложени: ограничување на профитните маржи за основни производи, воведување контролирани или замрзнати цени за клучни прехранбени производи, намалување или укинување на ДДВ за основна храна, засилени инспекциски контроли со строги санкции за злоупотреби, како и системска поддршка за домашното производство со цел да се намали зависноста од увоз и да се стабилизира пазарот.Денес веќе не станува збор за превенција, туку за последици од лошо управување. Наместо системска заштита на граѓаните, гледаме задоцнети и недоволни мерки. А цената на тоа ја плаќа народот, кој е доведен до раб на економско преживување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ порача дека назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница

На денешната собраниска седница, на која беше избран новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реагираше на партизацијата на клучното тело кое директно одлучува за цената на струјата, горивата и животниот стандард на граѓаните. Ацо Ристов е поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека неговата сопруг Данка Ристова е членка на Судскиот совет.Мециновиќ истакна дека со крунисувањето на Мицкоски на позиција на премиер на Република Македонија започна најзагрижувачкиот период за енергетската состојба во Република Македонија, затоа што за прв пат нема премиер кој откако ќе дојде на премиерската функција, ќе стапи во бизнисот за струја, туку е директен претставник на енергетската олигархија која ги уништува животите на граѓаните со децении.„Премиерот и сите кои ќе ги назначи, вклучувајќи го и овој претседател на РКЕ, директно ќе работат за интересот на индустриските поединци и директно против интересот на граѓаните. Со новото назначување на претседателот на РКЕ, не само што нема да се смени ништо, напротив, ќе се продлабочи исцицувањето на средствата од џебовите на граѓаните! Ацо Ристов, кој е поранешен градоначалник од редовите на ДПМНЕ на општина Радовиш, е близок бизнис соработник на премиерот Мицкоски и тој не може да биде независен експерт кој ќе го води РКЕ. По тоа што ние го имаме добиено како информации, веќе има загрижување кај Енергетската заедница со седиште во Виена за назначувањето на Ристов за претседател на Регулаторната комисија. Веднаш ќе ви најавам дека јас како како приватно лице, како граѓанин на Република Македонија, ќе го оспорам ова назначување со формална претставка до Енергетската комисија во Виена. Затоа што Ацо Ристов ги нарушува критериумите на Енергетската заедница во Виена. Тој не е независен кадар, тој е директно политички кадар на ДПМНЕ. Секој пат кога ќе го видите Ристов на телевизија како ја зголемува цената на струјата, погледнете го во него лицето на Мицкоски, затоа што тој е одговорен за тоа." - заврши пратеникот од Левица.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9qvfpdft75ue3cfwNnr

Одбиен предлогот за ограничување на учеството во странски војни

Предлогот на пратеничката група на Левица за измени и дополнувања на Законот за одбрана не доби поддршка во Собранието, откако пратениците од СДСМ гласаа против, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, на седницата образложи дека постојното законско решение остава „широк простор“ Владата самостојно да одлучува за учество во воени операции, без директна поврзаност со одбраната на државата.„Собранието треба да ја ограничи Владата, така што армијата ќе се користи само во мисии со меѓународен легитимитет, одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Исмаил.Тој посочи дека членството во НАТО подразбира отстапување на дел од суверенитетот, особено во делот на одбраната, и отвора можност за директно или индиректно вклучување во конфликти.Според него, досегашните интервенции на НАТО – од Југославија, преку Ирак до Либија – покажуваат примери на операции без соодветен мандат или со, како што рече, злоупотребен мандат, што резултирале со нестабилност.Во образложението беше посочено и дека постои ризик од индиректно вклучување во конфликти преку поддршка, како што е испораката на оружје за Украина, што може да има економски, енергетски и безбедносни последици.Со предложените измени, Левица бараше секое учество на армијата во странство да биде строго врзано за меѓународно право и националниот интерес, но предлогот не беше изгласан.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycl3417ao2hi2eGHXPJQ

Интересот за брзи кредити е доказ дека во Македонија не може да се живее од плата, велат од Левица

Растот на интересот за брзи кредити не е показател за економски напредок, туку сериозен аларм дека граѓаните сѐ потешко го преживуваат секојдневието. Кога луѓето се задолжуваат не за инвестиции или подобрување на квалитетот на живот, туку за да купат храна, да платат сметки или едноставно да го „истуркаат“ месецот, тоа значи дека економскиот систем не функционира во корист на мнозинството. Народот веќе практично и официјално не преживува од плата, туку од комбинација на задолжување, позајмици и краткорочни финансиски решенија, велат од Левица.„Ситуацијата дополнително се влошува пред празници, кога наместо олеснување, граѓаните се соочуваат со нереално високи цени на храната и основните производи. Во период кога побарувачката расте, наместо контрола или стабилизација, цените одат нагоре, што директно го урива животниот стандард. За многу семејства, празничната трпеза станува финансиски товар, а не момент на достоинство и радост.Паралелно со тоа, платите не го следат растот на цените, а трошоците за живот, особено за храна, енергија и услуги, растат побрзо од приходите. Ова создава длабок јаз кој граѓаните се принудени да го пополнуваат со кредити. Брзите кредити, со високи камати и кратки рокови, не се решение, тие се замка што дополнително ги вовлекува луѓето во циклус на долгови.Владата мора да интервенира со конкретни мерки. Прво, потребна е контрола и ограничување на цените на основните прехранбени производи во кризни периоди, особено пред празници. Второ, зголемување на минималната плата и нејзино усогласување со реалните трошоци за живот, за граѓаните да можат да преживуваат без задолжување. Трето, воведување построга регулација на брзите кредити – ограничување на каматите и подобра заштита на корисниците од злоупотреби. Четврто, таргетирани субвенции или ваучери за храна и енергија за најпогодените категории. И петто, долгорочно – инвестиции во домашно производство и стабилизирање на пазарот, со цел да се намали зависноста од увоз и ценовни шокови.Во вакви услови, не зборуваме за развој, туку за системско осиромашување. Наместо економија што создава сигурност и стабилност, добиваме економија што ги турка граѓаните да живеат на кредит, без реална перспектива дека нивната работа и плата ќе им овозможат достоинствен живот“, се вели во соопштението од партијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Советници на Левица во Град Скопје се појавија на седницата со маици „бандит“. Ова доаѓа откако на претходната седница, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им рече дека тие се „најголемо бандитско здружување“.Ѓорѓиевски го кажа ова на реплика од советничката Дарја Мустафуоглу и посочи дека кадри на Левица го уништувале ЈСП и КИЦ.„Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе десет години“, рече Ѓорѓиевски, посочувајќи им дека нема да ги толерира.„Колку и да ви сметаат тајмери, на се ќе ви биде одговорено. Вие сте научени некој да ви ќути, вие сте најголемо бандитско здружување“, додаде тој на претходнат седница.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqhvrki7lj18s8oHXBM6

Левица: Дали инкубаторите на ГАК престанале да работат поради прекин на струја?

До Левица стигна дојава дека во петокот ноќта, на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство (ГАК) снемало електрична енергија при што и инкубаторите, кои ги обезбедуваат фундаменталните услови за преживување на предвреме родените бебиња, престанале да работат. Како што нѐ информираа, струја немало повеќе од половина час, а не проработеле ни агрегатите, па животите на овие бебиња биле доведени во опасност. Инкубаторите зависат од електрична енергија за да обезбедат одржување на телесната температура на предвреме родените бебиња, за дишење, за мониторинг на виталните функции итн, велат од Левица.„Пет дена изминаа, а министерството за здравство и раководните лица на ГАК молчат и не превземаат никаква одговорност за општиот хаос што се случил според нашите информации. Во држава во која приватни објекти и ресторани имаат обезбедено генератори, недозволиво е установа од терциерната здравствена заштита, а при тоа и универзитетски клинички центар да нема функционален и сигурен резервен систем.Додека во светот медицината напредува кон минимално инванзивни процедури, роботика и високотехнолошки решенија, во Македонија се молиме да не случајно снема струја на неколку часа, бидејќи немаме функционални генератори и животите на новороденчоњата кои се во инкубатори се оставени на милост и немилост.Ова е апсолутен показател на некомпетентност, незаинтересираност и неодговорност. Ако за трагедии како Кочани или модуларната болница во Тетово не можевте да предвидите и се бараат секакви изговори, за овој случај нема изговори зашто ова е целосно предвидливо и вообичаена опрема во болница.Доколку нашите информации се точни - ова е пропуст од огромни размери и најмалку што бара се оставки од морални причини, или ќе чекаме да дојде до смртни последици, па повторно да се изземаат сите од одговорност?!Темелот на здравствениот систем е довербата. Прашање е кому ги доверуваме нашите животи?Бараме директорката Ирена Алексиовска Папестиев итно да одговори за овие сериозни сомнежи“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycl110j678ql5ce0jFtP

„Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска

Во објава на социјалните мрежи, Јована Мојсоска од Левица реагираше на одлуките на Советот на јавни обвинители, оценувајќи ги како директно следење на интересите на Владата и на Мицкоски. Според нејзиното објавување, се случиле низа контроверзни постапки кои сериозно ја загрозуваат независноста на обвинителската служба.„Да ги резимираме одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител:•Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ;•Ја отфрлија претставката на Ленче Ристоска против Мицкоски и застанаа во одбрана на премиерот;• Државниот обвинител Савески за нов шеф на Вишото ЈО ја предложи обвинителката Јасмина Костеска ЗДРАВЕСКА, за која се слушаше како Мијалков и Јанкуловска го договараат нејзиниот избор. Здравеска е сопруга на вмровскиот кадар Вецко Здравески кој беше дел од Комисијата за лустрација и осомничен во случајот "Моќник" со Антонио Милошоски. Минатата година токму власта на Мицкоски го избра Вецко Здравески за член на Комисијата за заштита од дискриминација.•Ја укина суспензијата за вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, кој се откажа од гонење во случајот против Латас и кој го укина куќниот притвор на функционерот од ДУИ Беким НЕЗИРИ за упадот во М-НАВ.•Савески за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот "Талир" за незаконското финансирање на ВМРО.Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска.

Коментари | пред 3 седмици

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажа дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата „Република Илирида“, која се залага за федерализација на државата, велат од Левица.„Во јавноста, Фејзиу е препознатлив и по изјавата „Тоа се наши деца“, дадена во 2001 година кога поранешни припадници на ОНА од тетовското Кале отворија оган врз безбедносните сили.Одлуката да се одбележи јубилејот на Милаим Фејзиу отвора сериозно прашање за критериумите според кои државата селектира личности достојни за институционално чествување. Во ситуација кога самиот предлог минува „без збор“, се создава впечаток на политичка инерција или (како и секогаш) задоволување на коалициските апетити, наместо аргументирана дебата. Таквиот пристап не само што ја девалвира процедурата, туку го релативизира значењето на јавниот консензус во однос на историски чувствителни фигури и секако на националните темели на државата!Контроверзноста на Фејзиу не произлегува од маргинални или споредни аспекти на неговото делување, туку од директна поврзаност со политички проекти и изјави што длабоко ја поларизираат јавноста. Во тој контекст, неговото институционално чествување може да се чита како нормализација на агенди што се перципираат како спротивни на унитарниот карактер на државата и нејзино федерализирање.Особено проблематично е што паралелно се одбиваат други предлози со образложенија за „непотребно отворање на Пандорината кутија“, додека во истиот пакет се прифаќа фигура која токму тоа го прави – отвора длабоки, нерешени политички и етнички тензии. Овој двоен стандард укажува на недоследност во примената на критериумите и на селективна чувствителност кон историските контроверзии.Во поширок контекст, ваквите одлуки ризикуваат да ја компромитираат симболичката функција на државните чествувања. Чисто за споредба други планирани јубилеи за чествување се и оние на Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Петре Андреевски, Никола Бадев, Ристо Шишков…И наместо тие да служат како точки на заедничко сеќавање и кохезија, тие можат да станат извори на нови поделби. Оттука, прашањето не е само дали Фејзиу е „достоен“ за одбележување, туку дали државата е подготвена долгорочно да ги сноси последиците од попуштање на коалициските партнери и на избори што секако се политички“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Македонија | пред 3 седмици

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Левица предлага измени: Фриленсерите и хонорарците да добијат здравствено осигурување

На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.„Во Македонија има една голема група на граѓани кои не се опфатени со здравствена заштита. Тоа се луѓе на договор на дело, хонорарци, луѓе со паушални примања, фриленсери, слободни уметници. Ако сте невработен и вашиот брачен партнер има примања над мизерниот праг од 24.000 денари месечно, вие повторно нема да имате здравствено осигурување. Дури и ако човек изгуби работа и ја продаде својата кола за да обезбеди сигурност за семејството, ќе го изгуби здравственото осигурување. Значи, наместо државата да ве заштити кога сте најранливи, таа се однесува како предатор.Имаме ситуација каде што обичните граѓани плаќаат околу 33% давачки на своите приходи, додека оние со милионски заработки плаќаат само до одреден праг од околу 1,1 милион денари годишно, а над тоа не плаќаат ништо. Имаме случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг. Зошто тие се привилегирани, а сите други плаќаат? Со овие две измени ќе направиме рез на оваа дискриминаторска политика ќе го избришеме прагот за здравствено осигурување и ќе обезбедиме фер систем на давачки”, вели Мециновиќ.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4ouuiksmrqnl4TJI5pf

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис - политичките структури

Од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика, па сè до денес, изборот на нејзините членови континуирано се одвива по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза, велат од политичката партија Левица.„Наместо институција што ќе биде коректив на пазарот и заштитник на јавниот интерес, РКЕ се трансформираше во механизам преку кој се носат одлуки со директно влијание врз цената на струјата, горивата и услугите, но на штета на граѓаните, а во корист на тесен круг политички и бизнис интереси. Таа привидна мантра за ʼстручностʼ служи како параван за систем во кој регулацијата е подредена на енергетско-политичката олигархија и на интересите на крупниот капитал.Најавениот избор на Ацо Ристов за претседател на РКЕ е само продолжение на истиот модел. Станува збор за поранешен градоначалник од редовите на ДПМНЕ (2021–2025), со јасни политички врски и бизнис релации во енергетскиот сектор. Во вакви околности, прашањето не е дали поседува техничко знаење, туку дали воопшто може да делува како независен регулатор. Кога лице со директни политички и деловни врски седнува на позиција што треба да ја контролира токму таа сфера, границата меѓу јавниот интерес и приватниот профит се брише, а довербата во институцијата дополнително се еродира.Историјатот на РКЕ го потврдува овој континуитет. Марко Бислимоски, активен кадар на СДС, од позиција на раководител во Комисијата стигна до два мандати како претседател, при што неговата политичка и семејна поврзаност со структурите на СДС беше јавна и неспорна. Димитар Петров, претходно поврзан со ДПМНЕ, доаѓа од ЕВН, а по завршување на мандатот повторно се враќа на високи позиции во истата компанија, што отвора сериозни дилеми за судир на интереси и ротација меѓу регулатор и регулиран субјект. Слични обрасци се гледаат и кај актуелните членови: Елена Маркова Велинова, со директна партиска функција во ДПМНЕ, и Атанаско Туневски, кој во различни периоди се позиционираше во повеќе политички структури, од ДПМНЕ, преку СДС, до ЗНАМ, истовремено извршувајќи значајни функции во енергетскиот сектор.Сè додека РКЕ функционира како партиска испостава, граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат цената на ваквиот модел преку повисоки сметки за струја, поскапи горива и отсуство на вистинска заштита од монополите во енергетиката. Во таков систем, регулаторот не е брана, туку канал преку кој одлуките се пренесуваат директно на товар на народот.Во тој контекст, Ацо Ристов е најновата потврда на истата пракса. Наместо прекин со партизацијата и враќање на кредибилитетот на институцијата, ДПМНЕ поставува кадар со длабоки политички и бизнис врски, во момент кога РКЕ има клучна улога во одредувањето на цените што директно го погодуваат секое домаќинство. Со ваков избор, не се враќа довербата туку се продлабочува недовербата.Прашањето повеќе не е дали РКЕ е независна, туку до кој степен ќе продолжи да биде инструмент во рацете на политичко-бизнис структури. А додека одговорот е очигледен, граѓаните остануваат тие што ја плаќаат секоја последица од таквото управување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Со длабока тага, од политичката партија Левица утрово соопштија дека починал нивниот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, на 28 години.Тој беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, а од партијата велат дека неговото значење ја надминувало формалната функција, нагласувајќи дека станувало збор за човек кој политиката ја разбирал како одговорност кон луѓето.„Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми“, се наведува во соопштението.Од Левица истакнуваат дека Слезенковски бил препознатлив по чесноста, солидарноста и посветеноста кон заедницата, додавајќи дека секојдневно ги живеел вредностите што ги застапувал.„Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа. Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“, додаваат од партијата.Во неговиот ангажман како советник, како што посочуваат, бил гласен застапник на јавниот интерес.„Како советник во Илинден, беше глас на граѓаните – аргументиран, јасен и бескомпромисен кога стануваше збор за јавниот интерес. Како член на ЦК, беше еден од оние на кои можеше да се потпреш – со идеи, знаење, карактер, посветеност. Брилијантен во размислувањето, борбен во духот и исклучително човечен во односот кон луѓето, Кирил остави трага што не може да се избрише“, стои во реакцијата.Од Левица нагласуваат дека станува збор за голема загуба, особено поради тоа што се работи за млад човек со потенцијал и визија.„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија“, наведуваат од партијата.Во пораката се истакнува дека Слезенковски ќе биде запаметен пред сè како другар, а неговото отсуство ќе се чувствува меѓу сите што го познавале.„Над сè, Кирил ќе го паметиме како другар. Човек кој знаеше да биде и силен и топол во исто време. Неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во организацијата и меѓу луѓето што го познаваа. Но, ќе остане и она што го остави зад себе – пример дека може да се биде принципиелен, посветен на заедницата и дека борбата има смисла“, се додава од партијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други наддавачи. Информациите кои стигнаа до нас, говорат и тоа дека раководниот тим на чело со генералниот директор Филип Филиповски се заканувале на фирми да не се јават на огласот. Во прилог на информациите говори и фактот што во повикот стои дека и да се јави само една фирма наддавањето ќе се изврши, велат од политичката партија Левица.„Вработени во АД Водостопанство исто така укажуваат дека претпријатието е повторно блокирано затоа што има долг од 40 милиони евра кон УЈП, тужби од повеќе од 30 фирми и во моментов е дадено и на извршители. ЗЏаради ова во Водостопанство, како што велат, сѐ уште не земале плата и не се знае кога ќе земат.Понатаму, вработените обвинуваат за нарушени меѓучовечки односи како во главната дирекција така и во сите подружници, а директорот Филиповски, откако е поставен до сега избркал од работа 50 вработени, а околу 15 стручни кадри со високо образование сами го напуштиле претпријатието поради малтретирање од страна на директорот. Згора на тоа, против десетина вработени се воделе дисциплински постапки за дела, како што велат свиркачите наместени од раководстовото со цел да се избркаат за на нивно место да вработат партиски активисти. Вработените во Водостопанство обвинуваат и за поплавите што се случија пред два месеци дека  настанале со изливање на неколку реки единствено од негрижа на водостопанство за чистење на речните корита. Велат дека механизацијата наместо да ги чисти речните корита била користена за приватни цели во Куманово и на Велешко езеро. Истата била користена и во предизборната кампања на локалните избори за да се сликаат кандидатите и градоначалниците од ДПМНЕ за објави на социјални мрежи. Од друга страна, како што кажуваат, нема ни соодветни луѓе да ги одбележат точките на излевање во речните корита.Вработените посочуваат и тоа дека Ацо Узелац, шеф на кабинет на главен извршен директор иако од 05.03.2026 е пензионер и понатаму доаѓа во Водостопанство да потпишува документи.  Атанас Ризов, пак, до скоро директор на подружница Кавадарци, а сега ставен специјален советник, за која вработените велат дека е една од најрентабилните, истовремено бил и во Управен одбор на Јавното комунално претпријатие Кавадарци, што претставува судир на интереси, а како што обвинуваат токму Ризов овозможувал ЈКП Кавадарци да не ги плаќа фактурите кон Водостопанство. Освен ова вработените велат и дека Филиповски прави секојдневно трошок од 3000 денари за две возила што патуваат од Куманово за Скопје или околу 100 илјади денари месечно за гориво и патарина. Од Куманово доаѓале со службено возило СК 1951 ЦА кое го користеле исклучиво за приватни цели, а истото возило го користеле и во попладневните часови низ Куманово“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarytmc5j6u9laal2rNCEcu

Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање, велат од Левица.„Дополнително власта поставува погрешни приоритети. Се однесуваат понизно кон Окта како да станува збор за надреден субјект, а не за компанија која треба да биде регулирана во интерес на граѓаните. Наместо државничка реакција која ќе го штити јавниот интерес сведочиме срамен и понизен однос на власта кај менаџментот на Окта, што јасно покажува дека единствено нешто за што се грижи оваа влада се профитите на бизнис структурите.Додека во јавност се пласираат неосновани пофалби како ние сме тие кои сега даваат помош и несоодветни споредби со алудирање на ковид кризата, во пракса се дозволува неконтролирана продажба на горива на странци без никаква заштита за домашното население.Најавата за намалување на давачките за мазут, со образложение дека тоа ќе ја заштити цената на струјата за домаќинствата, покажува дека премиерот не разбира како функционира ЕЛЕМ. Оваа компанија не е регулирана од РКЕ туку владата директно му налага со која цена ќе учествува на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач.Тврдењата дека електроенергетскиот систем е стабилен се само фасада. Во суштина, сè е стихијно и се сведува на чиста импровизација од денес за утре.Наместо празна реторика, бараме итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел.Долгорочно потребни се стратешки инвестиции и тоа државен батериски систем за складирање на енергија и изградба на Чебрен со сопствени средства.Доста е со крпење дупки преку грбот на граѓаните. Потребна е одговорност и знаење, а не сервилност пред корпоративните интереси“, се вели во соопштението

Македонија | пред 4 седмици

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Од калкулации до амнезија – Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно им ги препушти калкулациите на граѓаните за да се снајдат за преживување

Левица реагира на новото поскапување на горивата за 7 денари по литар, оценувајќи го како директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард на граѓаните, особено во економија каде секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги. Според партијата, обидите на Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже како минлива или незначајна претставуваат политички маневр за замаглување на одговорноста.„Очигледно е дека растот на цените не допира до оние на власт, затоа што тие не ги чувствуваат последиците од сопствените политики. Додека граѓаните пресметуваат дали да наполнат резервоар или да скратат од основните потреби, тие се возат на трошок на народот – со службени возила, платени горива и патни трошоци финансирани од државната каса“, посочуваат од Левица.Партијата додава дека Мицкоски и функционерите на ДПМНЕ ја игнорираат реалната економска категорија – куповната моќ, бидејќи платите во Македонија се значително пониски од регионалните, што го прави товарот од цените на горивата несразмерно поголем за македонските граѓани.Левица истакнува дека наместо навремена интервенција преку намалување на акцизите, регулирање на маржите или таргетирани субвенции, Владата избира да гледа од страна и да чека цените дополнително да пораснат, оставајќи граѓаните сами да ги сносат последиците.„Во таква поставеност, поскапувањето е директна последица на политичка одлука да не се делува. Владата не е набљудувач на кризата, туку активен фактор што дозволува таа да се прелее врз секој дом и секој работник“, заклучуваат од Левица.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања