Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

zgradi-treska

Левица бара од Давкова да не го потпишува новиот закон за легализација на дивоградби

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз урбанистичкото планирање и правната сигурност, велат од Левица.„Вчера, Собранието повторно го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходно утврдениот рок 3 март 2026 година. Со тоа, процесот што требаше да биде временски ограничена и исклучителна мерка, наместо 15 ќе трае 20 години. И ова веќе не е транзициска аномалија, туку системска политика на одложување на правдата и институционализирање на бесправноста.Секое ново пролонгирање испраќа јасна порака дека прекршувањето на законот на крајот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните што инвестирале време и средства за да градат прописно остануваат изиграни. Со ова се девалвира правниот поредок, се поткопува довербата во институциите и се стимулира нов бран дивоградби, затоа што очекувањето дека „ќе има нов рок“ станува рационална калкулација. Наместо да се воспостави ред и да се зајакнат инспекциските и урбанистичките механизми, државата повторно избира амнестија како модел на управување.Од аспект на владеење на правото, ова е преседан со сериозни последици. Законот што требаше да биде исклучок станува правило, а времената мерка се претвора во трајна практика. Правната сигурност подразбира предвидливост и доследност, а не постојано поместување на рокови под политички притисок. Урбанистичкото планирање не е административна формалност, туку инструмент за заштита на јавниот интерес, животната средина, безбедноста, инфраструктурата и квалитетот на живот. Со легализирање на бесправното, без јасна стратегија и краен рок што навистина ќе биде конечен, се релативизира самата идеја за законитост.Левица останува на ставот дека дивоградбите не смеат да бидат предмет на бесконечни амнестии, туку на системско решавање кое ќе направи јасна разлика меѓу социјалниот, неизбежниот случај и профитерската злоупотреба. Затоа ја повикуваме претседателката да остане доследна на сопствените јавно искажани принципи и да не го потпише овој закон“, додаваат од Левица.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата.Согласно Мислењето донесено на 2 февруари 2026 година, Комисијата констатирала дека Прекршочната комисија при ДКСК извршила директна дискриминација врз Апасиев по основ на политичка припадност и општествен статус. Постапката била покрената по претставка поднесена од Апасиев во август 2025 година, во која се наведувало дека му било повредено правото на еднаква постапка во врска со решение со кое бил прогласен за одговорен за прекршок и му била изречена глоба.Во документот се наведува дека дискриминацијата произлегува од неуредна и невоедначена достава, како и од ускратување на уставно загарантираното право на правен лек. Комисијата утврдила дека во конкретниот случај имало различен третман во однос на постапувањето и комуникацијата со подносителот.По објавувањето на одлуката, Апасиев јавно реагираше, најавувајќи дополнителна судска постапка за надомест на штета. Тој посочи дека ќе бара одговорност и за објавувањето на решението на веб-страницата на ДКСК, оценувајќи дека институцијата постапила спротивно на законските одредби.Од Државната комисија за спречување на корупцијата засега нема официјална реакција по однос на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Левица: Дали експлоатација на минерали од приватна фирма ги загадува струшките извори?

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода за снабдување. Иако институциите соопштија дека се преземаат мерки за лоцирање на причините, сеуште нема никакви официјални информации како загаденоста на водата во Струга достигна 30 пати над дозволеното, велат од Левица.„До Левица пристигнаа информации дека над самиот извор се врши експлоатација на минерали од приватна компанија "Ми транс". Дали активностите преземени при експлоатацијата довеле до екстремно загадување е прашање на коешто што побрзо треба да одговорат надлежните институции.Левица го повикува Државниот инспекторат за животна средина и надлежниот инспекторат во рамки на Министерството за енергетика итно да излезат на терен и да извршат вонреден инспекциски надзор. Надлежните институции мора да дадат одговор дали несоодветна експлоатација на минерали во самите извори ја предизвикало оваа хаварија и дали е несоодветно издадена дозвола за експлоатација.Институциите и градоначалникот не смеат да го заташкаат случајот и мора точно да ја утврдат одговорноста поради која 50.000 граѓани се оставени без чиста вода за пиење“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

apasiev

Апасиев најави кривична пријава против Цвета Ристовска по нејзината оставка од ДКСК

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, најави дека неговата партија ќе поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска, која вчера поднесе оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата.Во објава на социјалните мрежи, Апасиев наведе дека оставката не значи крај на постапките што ги најавува Левица. Тој тврди дека правниот тим на партијата подготвува кривична пријава за, како што посочува, „лажирање на податоците од Анкетниот лист“, односно за прикривање фирми поврзани со нејзините синови, што според него претставува кривично дело согласно Кривичниот законик.Апасиев истакна дека, доколку Левица не ги објавела, како што ги нарекува, „серијата скандали“ поврзани со Ристовска, таа и понатаму ќе ја извршувала функцијата во Комисијата. Тој додаде дека е штета што, како што наведува, не се реализирала интерпелацијата што била подготвена и доставена во Собранието.Во својата изјава, лидерот на Левица оцени дека партијата станала „снајперист за корумпираните“, наведувајќи дека сè повеќе свиркачи и лица од институциите им доставуваат информации за наводна корупција. Апасиев ги повика граѓаните кои располагаат со докази против корумпирани функционери да ги достават до Левица, гарантирајќи дискреција и најавувајќи дека партијата ќе покрене правни процеси против сите инволвирани, без разлика на нивната партиска припадност.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryftviocon6b578yrJMaz

Левица: Да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски

Оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата претставува директна победа на вистината, јавниот притисок и истрајноста на Левица. Откако јавно ги разобличивме фактите за непријавените интереси, за фирмите на нејзините синови кои добивале милионските средства од партиските каси и за системското прикривање во рамки на ДКСК - режимот повеќе немаше простор за маневрирање. Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода, велат од политичката партија Левица.„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже.По оставката на Ристовска бараме да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка,  незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски и поврзаноста на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка.Но ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ без исклучок.Секој функционер што мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов.Ги охрабруваме сите чесни службеници, вработени во институциите и граѓани кои располагаат со информации за корупција, злоупотреби и клиентелизам, да продолжат да ни ги доставуваат. Левица ќе ги штити изворите и ќе ја изнесе вистината во јавноста бескомпромисно.Денес падна една „недопирлива“.Утре ќе паднат и други.Борбата продолжува“, велат од Левица.

Македонија | пред 1 месец

media-library69jncp07qamv0FFF77w

Левица бара оставка од Стојаноска: Наместо извинување, денес гледаме дополнителна вмровска дрскост, eм шуто, ем боде

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните. Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна функција. Кога пратеник свесно користи материјал произлезен од следење на синдикален претставник и тоа го пласира во јавноста како средство за дискредитација, станува збор за злоупотреба на мандатот и грубо деградирање на парламентарната функција, велат од политичката партија Левица.„Пратеник е носител на народен суверенитет, лице на кое граѓаните му ја доверуваат законодавната моќ со обврска да постапува разумно, одговорно и во јавен интерес. Мандатот не е привилегија за демонстрација на сила, туку обврска за заштита на достоинството на граѓаните и на демократскиот поредок. Кога некој ја користи функцијата за таргетирање поединци, за вовлекување семејства и деца во политички пресметки и поттикнување атмосфера на заплашување, тој престанува да ја остварува суштината на пратеничката улога и ја сведува функцијата во параван за партиска агресија.Наместо извинување и повлекување, денес гледаме дополнителна вмровска дрскост! Ем шуто, ем боде. По извршениот чин, се обидуваат да ја релативизираат одговорноста и да глумат жртви, навредувајќи ја интелигенцијата на народот.Дафина Стојаноска, пратеничка која години наназад е симбол на политичка привилегираност, која цел круг на фамилија го има вдомено во државните институции, со шест стана, меѓу кои и четири во Скопје, а сепак со енормни патни трошоци кои ги наплатува од државната каса – денес си дозволува да таргетира синдикалист кој бара повисоки плати за работниците! Токму тој јаз меѓу комфорот на отуѓената вмровска елита и секојдневната борба на граѓаните ја разголува суштината на проблемот - привилегирана класа која паразитира од јавни средства, а се пресметува со оние што бараат достоинствен живот. Токму затоа, нејзината одлука да таргетира синдикален лидер кој се бори за повисоки работнички плати ја прави уште понедостојна за функцијата. Таа не ги брани интересите на граѓаните, туку активно учествува во кампања против нивното организирање.Нема никакво оправдување за објавените снимки од малолетни деца во нејзината налудничава пресметка. Нема никакво оправдување за користење илегално снимени материјали кои очигледно произлегуваат од организирано демнење и следење. Нема никакво оправдување за вакво однесување од носител на јавна функција, кое ги помина сите граници на пристојноста и е чисто кривично дело!Пратеник кој свесно ги преминува границите на приватност, пристојност и интима - очигледно не си ја разбира обврската како народен претставник, па не ни заслужува да седи во законодавниот дом. Пратеничката функција треба да е сосема спротивно од ова што го демонстрира Дафина Стојаноска!Оставката на Дафина Стојаноска е чин што барем минимално би го ублажил овој скандал и срам за Собранието“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Левица: Легализацијата на дивоградби значи премолчено прифаќање на потенцијално небезбедни конструкции

Група пратеници од власта до Собранието доставија срамни предлог измени, на уште посрамен и исклучително погрешно замислен и применет закон, Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Уште кога беше донесен овој закон во 2011 година - со кој се легализира неправото - се воведе реална опасност за легализација на секаков тип на објекти, без разлика на нивната безбедност. Неспособноста на своите градоначалници за урбанистичко и просторно планирање ДПМНЕ повторно сака да ја продолжи за уште пет години, велат од политичката партија Левица.„Предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои се продолжува рокот за „легализација“ на дивоградбите, практично претставуваат уште еден обид за административно решавање на длабоко системски, урбанистички и безбедносен проблем, без суштинска анализа на последиците врз јавниот интерес. Клучниот проблем не е само во продолжувањето на рокот, туку во начинот на легализација кој државата упорно го практикува со години.Дивоградбите, согласно постојната и предложената регулатива, се легализираат исклучиво со геодетски елаборат, без никаква обврска за документација за конструктивниот систем; проектна документација за изведена состојба; увид во начинот на изведба на носечките елементи, проверка на електро, водоводни и канализациски инсталации; мислење или верификација од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).Со тоа, државата свесно создава правен статус за објекти за кои нема никаква трага за нивната безбедност. Во земја која се наоѓа во сеизмички активна зона, каде Скопје и други градови имаат историско искуство со катастрофални земјотреси, ваквиот пристап не е само технички пропуст, туку институционална неодговорност. Легализацијата во ваква форма не значи „уредување на состојбата“, туку премолчено прифаќање на потенцијално небезбедни конструкции, префрлање на ризикот врз идните корисници и општеството, создавање на градови со правно легални, но технички непознати објекти.Дополнително, со секое ново продолжување на роковите, државата испраќа јасна порака дека бесправното градење се исплати, урбанистичките планови се препорака, не обврска и дека оние што граделе согласно закон се доведени во подредена позиција.Левица потенцира дека ова не е прашање на „флексибилност“ кон граѓаните, туку прашање на јавна безбедност, урбанистичка правда и социјална одговорност. Треба ли да потсетиме повторно дека во Кочани трагедијата се случи токму во легализирана дивоградба?Доколку навистина постои намера за решавање на проблемот со дивоградбите, тогаш секоја легализација мора да вклучи:-задолжителна техничка документација (основен проект со сите фази) и конструктивна проценка;-проверка на сеизмичката отпорност;-минимални стандарди за безбедност и функционалност;-мислење од сектор за урбанизам за усогласеноста на објектот со постоечките урбанистички планови.Со ова би се добила вистинска институционална одговорност, а не само административна формалност. Во спротивно, продолжувањето на роковите е само одложување на ризикот, кој нема да исчезне, туку ќе се манифестира при првиот сериозен земјотрес, хаварија или инфраструктурен дефект.Државата не смее да го стимулира бесправното градење и урбанистичкиот хаос, туку напротив, мора да биде гарант на безбедноста и квалитетот на живеењето“, велат од Левица.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjk8jdvc8ds9n2jzoEb6

Левица: Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување. Ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани, велат од опозициската партија Левица.„Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да одлучуваат кои кандидати ќе бидат вработени и наместо тоа со новата законска обврска ќе бидат избрани најдобрите кандидати.Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови, а со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg2tuuvr6kmo84cWyQ2x

Левица за повикувањето на Стеваноски во полиција: Режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата

Адвокатот и советник од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, бил повикан на информативен разговор во Полициската станица во Прилеп, поврзан со негов објавен пост на социјалните мрежи од 28 јануари 2026 година. Од партијата Левица реагираа на социјалните мрежи, обвинувајќи за притисоци врз опозицијата и злоупотреба на институциите.„Денес, советникот од редовите на Левица во Советот на Општина Прилеп, адвокатот Жаре Стеваноски, беше повикан на информативен разговор во МВР - ПС Прилеп, поради јавно изразен политички став на социјалните мрежи. Овој повик е уште една алка во низата притисоци што режимот на ДПМНЕ систематски ги врши врз членови и функционери на #Левица.Ова не е прв пат ваков тип на институционален притисок да се применува врз Левица. Не е ни прв пат вакви повици да се користат како метод на заплашување кон Жаре Стеваноски. Напротив, станува збор за препознатлив режимски образец - кога ДПМНЕ нема политички одговор, користи полиција, а кога нема аргументи, активира притисок.Станува збор за режимска злоупотреба на полицијата за замолчување на опозицијата. Кога МВР се активира по налог на власта за статус на опозициски советник, тоа значи дека ДПМНЕ ја претвори полицијата во партиска служба за притисок и заплашување. Наместо да гони криминал, корупција и милионски афери, полицијата се користи за дисциплинирање на оние што зборуваат јавно и гласно. Очигледно, режимот на Мицкоски не толерира критика и слободата на говор ја смета за закана што треба да се сузбие.Сепак, ДПМНЕ сè уште немаат разбрано една суштинска работа – овие подли и кукавички методи не функционираат врз Левица. Нашите членови и функционери свесно влегоа во отворен судир со партиско-државниот апарат, знаејќи дека режим кој се храни од неправда и криминал нема да реагира поинаку.Левица нема да биде нем набљудувач на распаѓањето на државата, институционалните неправди и криминалите што ја гушат Македонија. Напротив, сме и ќе останеме гласни, без разлика на цената, затоа што молкот е соучесништво, а ДПМНЕ токму на тоа смета.Колку повеќе режимот посегнува по притисоци, толку појасно станува дека власта на Мицкоски се плаши од опозиција која не може да се купи, уценува или замолчи“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjp26act66n03bCaV9r6

„Мајчинството не смее да биде причина за отказ“, Левица бара власта да го поддржи предлог-законот

На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки, велат од политичката партија Левица.„Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – се меѓу најнезаштитените работнички. Работодавците масовно ја користат законската дупка со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.Со цел да се надмине оваа неправда, пратеничката група на Левица поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој директно ја таргетира оваа системска неправда.Постојниот Закон за работните односи, во член 101, забранува отказ за време на бременост, раѓање и родителство, но во ставот 3 јасно дозволува престанок на работниот однос ако договорот е склучен на определено време и истекол рокот. Токму оваа одредба во пракса значи дека илјадници жени остануваат без работа, без приходи и без социјална и здравствена заштита – иако формално „нема отказ“.Со предложените измени, се воведува автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе нема да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот. Дополнително, се предвидува јасна забрана за престанок на работниот однос на работничка на определено време доколку таа достави потврда за бременост од овластен лекар или надлежен орган. Предлог-законот предвидува санкции за работодавачите кои нема да го почитуваат законот и нема да го трансформираат работниот однос од определено во неопределено време. Иако и досега постоеа казни (член 265), во пракса тие ретко се применуваа, што дополнително ги охрабруваше злоупотребите.Овој предлог-закон на Левица претставува обид конечно да се стави крај на практиката мајчинството да се казнува со отказ. Во држава со ниска стапка на наталитет, економска несигурност и масовна миграција, заштитата на бремените жени не смее да биде декларативна, туку реална и применлива. Бремените жени не бараат привилегии. Тие бараат сигурност, достоинство и право на работа. Овој предлог-закон е чекор кон исправување на долгогодишна неправда и јасна порака дека бременоста не смее да биде причина за дискриминација, туку основ за засилена заштита“, вели Левица.

Македонија | пред 1 месец

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев за производството на медицински канабис: Треба да се национализира

Полицијата вчера спроведе обемна акција за заплена на марихуана на повеќе локации во државата, при што во Скопје беа одземени речиси десет тони, а дополнителни количини беа запленети и во струмичко. Акцијата се реализираше под координација на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија, за која тамошните власти соопштија дека потекнува од Македонија.Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, го изнесе својот став преку социјалните мрежи.„Не. Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС! Треба да се национализира“, вели АпасиевПретходно од Демократскиот сојуз побара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана за медициски цели.„Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од Демократски сојуз.

Коментари | пред 1 месец

media-library8j992f6b0rn98ccXzLZ

Левица го обвинува ОЈО Струга и Вишото јавно обвинителство за заштита на дивоградба во центарот на градот

Иако во центарот на Струга една година непречено се гради дивоградба (која узурпира државно земјиште), деновиве се потврди дека сите инстанци на обвинителството се продолжена рака на криминалот и урбанистичото дивеење. По поднесена преставка до Вишото јавно обвинителство во Битола поради непостапување по кривична пријава за бесправно градење, вишиот јавен обвинител Пецо Везироски констатира дека “струшкиот обвинител стручно и ажурно постапил”, и покрај тоа што јавниот обвинител во Струга една година дозволува во Струга да никне дивоградба во заштитена зона, велат од политичката партија Левица.„Потсетуваме дека пратеничката Јована Мојсоска, уште во декември минатата година, поднесе кривична пријава до ОЈО Струга заради бесправно градење. Иако рокот за одговор од страна на јавниот обвинител е три месеци, повеќе од една година јавниот обвинител од Струга нема доставено одговор до подносителот на кривичната пријава. Во моментот на поднесување на кривичната пријава, објектот беше во фаза на подрум. Денес, објектот е целосно изграден (подрум, приземје, два ката и поткровје), благодарение на непостапувањето на ОЈО Струга. Оваа одлука на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски е скандалозна и со ваквиот „штитенички“ однос, Везироски само го охрабрува незаконитото постапување на ОЈО Струга. Поради ваквото непрофесионално однесување на обвинителите кои се продолжена рака на безаконието, Левица ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за работата на јавниот обвинител од ОЈО Струга и Вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Корупцијата во обвинителската фела очигледно се пресликува и на повисоките нивоа, затоа што токму оние кои треба да го санкционираат ваквото непостапување на струшкиот јавен обвинител (во случајов Вишо јавно обвинителство Битола) - истото констатира дека нема никаков пропуст што во центар на градот се гради бесправно, за што е изречено и решение од овластен градежен инспектор“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 месец

Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина Левица, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО - ДПМНЕ.„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО - ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryov607qbpgij3cdOaxb1

Левица: Министерот Љутков е отсутен и незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги - културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, велат од политичката партија Левица.„Му укажуваме на министерот дека Колективниот договор за култура не еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10%, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го СУСПЕНДИРАШЕ.За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид дека на културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги.Ароганцијата оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување.Го повикуваме министерот да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници“, се вели во објавата на партијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl6e3c0fuvcvnbqqxDv8

Ристовски: Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите

Одлуката со која Општината на инвеститори им дозволува пренамена на земјоделско земјиште во градежно не е во интерес на граѓаните, туку напротив, директно им штети. Ваквата одлука претставува „подарок“ за инвеститорите, повторно на сметка на граѓаните, рече советникот Дејан Ристовски на седница на Совет на Општина Аеродром.Ристовски истакна дека инвеститорите купуваат земјоделско земјиште по многу ниски цени, а потоа со барања за пренамена во градежно цената на земјиштето значително расте и на тој начин остваруваат енормни добивки кои се исклучиво во нивна корист.Конкретното земјиште е во реон кој нема соодветни услови за изградба, нема можности за проширување на патната инфраструктура, ниту пак соодветна водоводна инсталација со што би се влошил квалитетот на живот на жителите во оваа населба.Советниците на Левица порачуваат дека ќе продолжат да се спротивставуваат на одлуките кои го ставаат интересот на инвеститорите пред интересот на граѓаните.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ: Левица поднесува закони против партиски вработувања и дискриминација на бремените

Амар Мециновиќ, пратеникот од Левица, на прес конференција најави дека пратеничката група на Левица ќе поднесе два закони во Собранието со цел да се стави крај на неправдите во јавното здравство и на системската дискриминација на бремените работнички. Првиот закон, се однесува на процесот на вработување во јавното здравство, кој, како што рече Мециновиќ, и покрај формалните законски одредби за транспарентност, во пракса е партизиран. „Иако законот за здравствена заштита предвидува јавен оглас и рангирање врз основа на стручност и компетентност, во пракса се случува спротивното. Членот 161 му дава дискреционо право на директорот на здравствената установа да избере кого ќе вработи, дури и ако тој кандидат не е прворангиран. Следствено, имаме бројни случаи кога најдобрите кандидати не беа избрани, а целата постапка се сведуваше на формалност со однапред познати одлуки, изјави Мециновиќ.Тој нагласи дека ваквата практика довела до обесхрабрување на младите и квалитетни здравствени работници, губење на довербата во институциите и одлив на дефицитарен медицински кадар во странство. „Предлагаме едноставно и јасно решение. Во член 161 се додава една реченица која гласи: ’Работодавниот орган мора да го избере најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг листата’. Ништо повеќе, ништо помалку. Ова значи крај на дискрецијата и крај на партиските вработувања и клиентелизмот во јавното здравство“, порача Мециновиќ.Вториот предлог закон се однесува и на измени во зЗконот за работни односи и има за цел да се заштитат бремените жени кои работат со договор на определено време. „Иако формално законите забрануваат дискриминација врз основа на бременост, во пракса постои сериозна правна дупка. Бремената работничка ги ужива сите права додека трае договорот, но со истекот на договорот на определено време ги губи сите права поврзани со бременоста и родителството. Ова е чиста институционално дозволена дискриминација“,  рече Мециновиќ. Според него, проблематична е одредбата од член 101 став 3, која дозволува престанок на работниот однос и покрај бременоста. Левица предлага три клучни измени: автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време со доставување на лекарска потврда за бременост, бришење на можноста за престанок на работен однос поради истек на договорот и воведување строги казни за работодавачите кои нема да ја почитуваат оваа обврска. „Со ова се обезбедува континуитет на правата поврзани со бременост и породилно отсуство и се испраќа јасна порака дека мачинството не смее да биде каза ниту ризик за егзистенцијата“, истакна тој. Мециновиќ оцени дека актуелната состојба е показател за длабока дехуманизација на законските решенија. „Државата има обврска да ги заштити мајките, децата и правото на достоинствен труд. Не можат никакви економски индикатори, никакви финансиски извештаи на поединни  работодавци, приватни или државни, да бидат во надредена положба над егзистенцијата на  граѓаните, особено кога станува збор за бремените жени“, додаде пратеникот.Пратеникот потсети дека Левица и претходно предложила мерки како дуплирање на породилното отсуство, флексибилно работно време за млади родители во првите пет години од животот на детето и бесплатен превоз за млади родители, но ниту една од нив не била прифатена. На крај најави дека двата законски предлози ќе бидат доставени до сите пратеници и повика на нивна поддршка без разлика на партиската припадност.

Македонија | пред 1 месец

media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c

Левица: Изјавата на Чучуљ ја компромитира ДКСК и ја поткопува довербата на граѓаните

Гостувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на ТВ Телма, наместо да ја расчисти аферата што ја отвори Левица, отвори уште подлабоки и поалармантни сомнежи за функционирањето и интегритетот на Антикорупциската комисија, велат од политичката партија Левица.„На јавноста ѝ беа понудени вообичаени бирократски флоскули - „ќе се види“, „ќе се утврди“, „ќе се излезе со став“, но суштинските прашања повторно беа избегнати. Особено загрижувачки е обидот да се релативизира очигледниот проблем со непријавените фирми поврзани со членката на ДКСК, Цвета Ристовска, за коишто досега објавивме дека има добиено 2,2 милиони денари од касата на ДПМНЕ.Претседателот Чучуљ тврдеше дека, согласно закон, функционерот пријавува имот на лицата со кои живее во заедничко домаќинство, алудирајќи дека Ристовска не била должна да ги пријави фирмите на своите синови. Но токму тука аргументот паѓа во вода - при самиот избор, на анкетниот лист од 18.01.2024 година, Цвета Ристовска пријавува имот и на своите деца (стан, моторно возило) што јасно покажува дека таа во тој период живеела со нив. Сепак, свесно и намерно, ја изоставува фирмата која постои уште од 2020 година, а која обзнанивме дека добила 2,2 милиони од касата на ДПМНЕ!Овој факт го демаскира обидот за правно жонглирање и ја открива суштината на проблемот, односно дека не станува збор за незнаење или пропуст, туку за селективна транспарентност.Дополнително, изјавата на Чучуљ дека анкетните листови на членовите на ДКСК „се проверуваат секоја година“ знаејќи го ова, не влева доверба, туку напротив - ја компромитира самата институција. Ако ова е точно, тогаш логично се поставува прашањето: Како фирма што постои од 2020 година и била релевантна уште при изборот во 2024 година, останала „невидлива“ за сите тие проверки? Како после вакви факти воопшто ќе можат граѓаните да веруваат на наводни „проверки“?Ова не е изолиран случај, туку дел од поширока слика. Истата таа Антикорупциска комисија сведоци сме како ги аминува предметите за функционери на ДПМНЕ, се прогласува за „ненадлежна“ ги затвора без санкции, ги заборава во фиоки. Денес, сè појасно се гледа зошто - Антикорупцијата е вградена во корупциската октоподска шема на ДПМНЕ, чиј политички центар е токму кај Христијан Мицкоски.Кога антикорупционер крие фирми поврзани со најблиските, кога тие фирми добиваат милионски средства од партиската каса на ДПМНЕ, а истата таа институција треба да ги контролира партиските финансии, тогаш тоа е заробена институција.Интегритетот на ДКСК е сериозно нарушен. Доколку навистина постои намера да се врати довербата на јавноста, тогаш расчистувањето мора да почне одвнатре со демонтажа на партиско-коруптивните врски што ја држат Антикорупциската комисија во служба на ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле.Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, кршењето на законите и последиците што веќе се мерат во судски спорови и финансиска штета.Главен проблем според Исмаил е свесното и системско кршење на Колективниот договор за култура. „Колективниот договор е донесен многу пред вашиот мандат, повеќепати беше оспоруван и секогаш потврден како уставен и легитимен. То сѐ уште важи и вие сте должни да го почитувате“, истакна пратеникот и додаде дека со доаѓањето на Љутков на функција започнало намерно саботирање на колективниот договор преку упатство од министерот со кое биле воведени незаконски пресметки на плати.„Со тоа упатство директно го прекршивте Колективниот договор. Ова не е политика, ова е правен факт“, рече Исмаил.Пратеникот посочи дека како резултат на ваквото постапување, во моментов има околу  800 тужби за пресметка на плати низ сите судови во Македонија, а дел од нив веќе се добиени во корист на работниците. „Речиси е извесно дека и останатите тужби ќе имаат ист исход. Прашање е дали сте свесен за штетата што ја нанесовте врз државниот буџет, штета која ќе биде поголема од онаа доколку Колективниот договор се почитуваше“. Опишувајќи ги состојбите во културата Исмаил се осврна и на случајот со Филхармонија кога на средина од конкурсот името на директорот беше јавно соопштено од коалицискиот партнер во Владата, а конкурсот се претворил во фарса.  Дополнително потсети дека во март минатата година над 3.000 работници во културата останаа без плата, што, како што нагласи е директна последица на неспособното и неодговорно раководење со Министерството за култура. Укажа и на фактот дека во два последователни буџетски циклуси се намалуваат средствата за култура, додека истовремено значително расте буџетот за НАТО.На крај, Исмаил своето обраќање го заврши со прашањето: „После сето ова останува само едно прашање – кога планирате да си поднесете оставка?“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерката Ристовска крие имот - Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор, прашува Левица

По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во заташкување на чувствителни предмети и амнестирање на функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект:Членката на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако согласно Закон е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со сиот свој имот, но и со имотот на нејзиното семејство - самата свесно го прекршила Законот, велат од политичката партија Левица.„Согласно закон, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК - институција која изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување на имот!Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување на податоци кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња! Оттука, логично се наметнува прашањето:Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или „заглави“ во некоја фиока?Станува збор за членка на тело кое во изминатиот период систематски ги амнестираше од одговорност функционерите на ДПМНЕ - од сомнителни дипломи, преку судир на интереси, до милионски тендери... и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес истата таа членка се соочува со факт дека самата го прекршила Законот.Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциска комисија во која член што затвора предмети за власта, во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.Левица јавно прашува:Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипци, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги започне од сопствениот двор?Утре Левица ќе обзнани и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Вечерашниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со СДС и Левица, покажа дека нивната поддршка за работничките права е ограничена. На улиците се собраа околу 1.000 лица, а наместо да седнат на маса и да договорат конкретни решенија, тие ги избраа протестите како единствен начин на делување.Според ВМРО-ДПМНЕ, истите политички партии и нивните синдикати одбија понуда за покачување на платите од 40 проценти во рок од две години, што ја доведува во прашање нивната искрена грижа за работниците. Лидерот на СДС и нивните сојузници, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја глумат загриженоста, додека реално не преземаат конкретни чекори за подобрување на животниот стандард.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека доследно се грижи за стандардот на живот на граѓаните и останува посветено на поддршка на сите кои бараат достоинствени плати и подобри услови за работа.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryorisr53l60u1fMLn0bk

Во нормална држава, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите за платите, пишува Стеваноски адвокат и советник во Прилеп

“Во нормална држава, во ваква ненормална состојба, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите, а не да дозволи вакви ретардирани политички изјави да поминуваат без воспитни”.Вака реагира адвокатот и советник во Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, коментирајќи ја оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека целта на синдикатите не била борба за повисоки плати, туку политичка пресметка.Според Стеваноски, ваквиот наратив е навредлив и опасен, особено во услови кога реалноста за најголем дел од граѓаните е далеку од комфорна. Тој посочува дека живееме во општество во кое платите на функционерите надминуваат 2.000 евра, минималната плата изнесува околу 400 евра, а над 400.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.Во такви околности, како што нагласува, одлуката на синдикатите да организираат масовни протести за повисоки плати не само што не е политичка манипулација, туку претставува цивилизиран, легитимен и демократски чин.„Наместо да се дискредитираат работниците и нивната борба, треба да се постави прашањето како е можно вакви социјални разлики да се сметаат за нормални“, порачува Стеваноски, заклучувајќи со горчливата констатација: каков народ, таква држава

Коментари | пред 2 месеци

media-library6rni21jjsv8vfOBQWqB

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците - и на улиците и од институциите

Левица ја искажа целосната поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, оценувајќи ги како легитимни и оправдани поради постојаното зголемување на трошоците за живот и потребата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Поминаа речиси две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, со игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме ‚четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП‘“, се наведува во соопштението на Левица.Партијата ги повикува ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да престанат со „илузијата“ и да ја сфатат улогата на државниот врв како заштитник на послабите. Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог-закон со кој платите на сите работници требаше да се зголемат за најмалку 100 евра, што би ја зголемило минималната плата на 500 евра, но мнозинството го одби предлогот, наводно поради интересите на бизнис секторот.„Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа Левица ја изразува недвосмислената поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, со плата која овозможува достоинствен живот“, се истакнува во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysc4jem1gv5olaWAFtrd

Левица: Владејачкото мнозинство турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно, независно и кредибилно,

Ја информираме јавноста дека на утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица ќе гласа ПРОТИВ предлогот, поради бруталната партизација на оваа институција и тоа со нестручни кадри, олицетворено преку кандидатурата на Џихан Ахмед – кадар предложен од ВРЕДИ аминуван од ДПМНЕ, велат од политичката партија Левица.„Станува збор за кандидат кој не ги исполнува законските услови за избор - нема минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, нема релевантно искуство, а на јавната расправа демонстрираше елементарно непознавање дури ни на надлежностите на самата Комисија, како и на основни меѓународни документи како Истанбулската конвенција, иако магистерските студии ги завршила во насоката за меѓународно право и односи.И покрај ова, владејачкото мнозинство свесно турка партиски активист како член на тело кое мора да биде стручно, независно и кредибилно, бидејќи од неговите одлуки зависи статусот на најранливите категории граѓани. Дополнително брутално исмејување во очите на јавноста е и тоа што кандидатката иако треба да приложи изјава дека не е носител на партиски функции (чија цел е осигурување на непристрасноста), таа уште официјално неизбрана, јавно му се заблагодари за поддршката на лидерот на ВРЕДИ - Изет Меџити!Со ваквото однесување, уште пред формално да биде избрана, таа самата ја урнисува секоја илузија за независност и непристрасност, и јасно демонстрира дека не доаѓа во Комисијата како заштитник на човековите права, туку како партиски пратеник на коалициските договори меѓу ДПМНЕ и ВРЕДИ.Ова е класичен пример за институционално заробување - орган кој треба да биде коректив на власта и заштитник на дискриминираните, се претвора во партиска испостава, пополнета со лојални, а не со компетентни кадри. Наместо експерти со докажано искуство, се инсталираат политички послушници без основно познавање на материјата, со што директно се загрозува правната сигурност и заштитата на граѓаните.Одговорноста за оваа брутална деградација на Комисијата ја сноси ДПМНЕ, која со гласањето ја легитимира и спроведува оваа партиска поделба на независните институции, продолжувајќи ја праксата на клиентелизам, непотизам и политичка контрола врз телата кои треба да бидат автономни“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarydsfa2i0l0hm45ZOHafn

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски

Помина повеќе од еден месец откако Левица достави конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери, велат од партијата.„И покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој случај, до денес нема излезено со никаква информација, а не пак со конкретен исход од пријавата.Во контекст на најновите сознанија коишто Левица ги обзнанува, за внатрешни мрежи и „филтри“ во Антикорупциската комисија, сосема легитимно се поставува прашањето - дали доказите што ги достави Левица завршија во нечија фиока, дали „случајно“ се изгубени во архивата, или едноставно предметот се држи во мирување додека октоподската мрежа на ДПМНЕ ги штити своите функционери?Фактот што и по изминат период нема никаква реакција од ДКСК, ниту објаснување до каде е постапката, само ја зацврстува сликата за институција која наместо да биде коректив на власта, функционира како нејзин штит. Кога станува збор за луѓе блиски до Мицкоски и до врвот на ДПМНЕ, предметите или се затвораат паушално, или се влечат со месеци, сè додека јавноста не биде заморена и темата не се заборави.Ќе продолжиме јавно да инсистираме на одговори: што презеде Антикорупциската комисија по доставените докази за сериозна корупција, до каде е предметот за „Сити Аутсорсинг“ и Томовски, и зошто владее молк кога станува збор за милионски тендери и блиски соработници на премиерот“, се вели во соопштението на Левица.

Македонија | пред 2 месеци

dik

Членовите на изборните одбори сѐ уште без пари - ДИК и општините молчат, реагира Левица

Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску до завршен.Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите во многу општини каде постојат задоцнувања, како и во врска со причините за ваквата состојба. Со ова однесување, ДИК демонстрира не само административна неодговорност, туку и дрско непочитување на трудот на илјадници лица кои професионално и одговорно го спроведоа изборниот процес.Да потсетиме дека висината на надоместоците за изборни ангажмани остана иста како при претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со инфлаторниот раст на животните трошоци во меѓувреме. Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што ја покажува системската негрижа кон оние што го обезбедуваат изборниот процес.Левица бара итна и целосна исплата на сите средства што ДИК им ги должи на лицата ангажирани во спроведувањето на локалните избори, јавно објавување на податоците за реализираните и нереализираните исплати во секоја општина, како и ревидирање на сегашната пракса на исплата преку локалната самоуправа, која се покажува како исклучително неефикасна и нетранспарентна. Партијата ќе продолжи да се залага за професионализација, отчетност и правична компензација на сите кои непосредно учествуваат во изборните процеси во државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања