Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryftviocon6b578yrJMaz

Оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата претставува директна победа на вистината, јавниот притисок и истрајноста на Левица.
Откако јавно ги разобличивме фактите за непријавените интереси, за фирмите на нејзините синови кои добивале милионските средства од партиските каси и за системското прикривање во рамки на ДКСК - режимот повеќе немаше простор за маневрирање. Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода, велат од политичката партија Левица.

„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните и клиентелистички врски што ја компромитираа Антикорупциската комисија. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже.

По оставката на Ристовска бараме да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што ДКСК утврди дека нема ништо спорно во неговото назначување и факултетската диплома од универзитетот каде Ристовска била професорка,  незаконски именуваниот началник на Генералштаб генерал-мајор Сашко Лафчиски и поврзаноста на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка.

Но ова е само почеток. 
Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ без исклучок.
Секој функционер што мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов.

Ги охрабруваме сите чесни службеници, вработени во институциите и граѓани кои располагаат со информации за корупција, злоупотреби и клиентелизам, да продолжат да ни ги доставуваат. Левица ќе ги штити изворите и ќе ја изнесе вистината во јавноста бескомпромисно.

Денес падна една „недопирлива“.
Утре ќе паднат и други.

Борбата продолжува“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања