Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

media-librarycl110j678ql5ce0jFtP

„Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска

Во објава на социјалните мрежи, Јована Мојсоска од Левица реагираше на одлуките на Советот на јавни обвинители, оценувајќи ги како директно следење на интересите на Владата и на Мицкоски. Според нејзиното објавување, се случиле низа контроверзни постапки кои сериозно ја загрозуваат независноста на обвинителската служба.„Да ги резимираме одлуките на Советот на јавни обвинители после именувањето на новиот државен јавен обвинител:•Ја елиминираа обвинителката на ОЈО ГОКК која единствено ги гонеше корумпираните началници и полицајци кои не постапија за трагичната ноќ;•Ја отфрлија претставката на Ленче Ристоска против Мицкоски и застанаа во одбрана на премиерот;• Државниот обвинител Савески за нов шеф на Вишото ЈО ја предложи обвинителката Јасмина Костеска ЗДРАВЕСКА, за која се слушаше како Мијалков и Јанкуловска го договараат нејзиниот избор. Здравеска е сопруга на вмровскиот кадар Вецко Здравески кој беше дел од Комисијата за лустрација и осомничен во случајот "Моќник" со Антонио Милошоски. Минатата година токму власта на Мицкоски го избра Вецко Здравески за член на Комисијата за заштита од дискриминација.•Ја укина суспензијата за вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, кој се откажа од гонење во случајот против Латас и кој го укина куќниот притвор на функционерот од ДУИ Беким НЕЗИРИ за упадот во М-НАВ.•Савески за свој заменик ја назначи Анита Топалова Исајловска која бараше да падне случајот "Талир" за незаконското финансирање на ВМРО.Секоја чест, новиот државен обвинител испорача сѐ што посака Мицкоски“, вели Мојсоска.

Коментари | пред 6 часа

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

ДПМНЕ без збор одобри одбележување на јубилеј посветен на контроверзниот Милаим Фејзиу со што уште еднаш докажа дека коленичи и капитулира пред коалициониот партнер ВРЕДИ. Се работи за фигура поврзана со иницијативата за албанскиот референдум од 1992 година, прв претседател на Сенатот на Тетовскиот универзитет и учесник на трибината во 2021 година за формирање на партијата „Република Илирида“, која се залага за федерализација на државата, велат од Левица.„Во јавноста, Фејзиу е препознатлив и по изјавата „Тоа се наши деца“, дадена во 2001 година кога поранешни припадници на ОНА од тетовското Кале отворија оган врз безбедносните сили.Одлуката да се одбележи јубилејот на Милаим Фејзиу отвора сериозно прашање за критериумите според кои државата селектира личности достојни за институционално чествување. Во ситуација кога самиот предлог минува „без збор“, се создава впечаток на политичка инерција или (како и секогаш) задоволување на коалициските апетити, наместо аргументирана дебата. Таквиот пристап не само што ја девалвира процедурата, туку го релативизира значењето на јавниот консензус во однос на историски чувствителни фигури и секако на националните темели на државата!Контроверзноста на Фејзиу не произлегува од маргинални или споредни аспекти на неговото делување, туку од директна поврзаност со политички проекти и изјави што длабоко ја поларизираат јавноста. Во тој контекст, неговото институционално чествување може да се чита како нормализација на агенди што се перципираат како спротивни на унитарниот карактер на државата и нејзино федерализирање.Особено проблематично е што паралелно се одбиваат други предлози со образложенија за „непотребно отворање на Пандорината кутија“, додека во истиот пакет се прифаќа фигура која токму тоа го прави – отвора длабоки, нерешени политички и етнички тензии. Овој двоен стандард укажува на недоследност во примената на критериумите и на селективна чувствителност кон историските контроверзии.Во поширок контекст, ваквите одлуки ризикуваат да ја компромитираат симболичката функција на државните чествувања. Чисто за споредба други планирани јубилеи за чествување се и оние на Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, Петре Андреевски, Никола Бадев, Ристо Шишков…И наместо тие да служат како точки на заедничко сеќавање и кохезија, тие можат да станат извори на нови поделби. Оттука, прашањето не е само дали Фејзиу е „достоен“ за одбележување, туку дали државата е подготвена долгорочно да ги сноси последиците од попуштање на коалициските партнери и на избори што секако се политички“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 15 часа

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Македонија | пред 4 дена

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 4 дена

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Левица предлага измени: Фриленсерите и хонорарците да добијат здравствено осигурување

На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и невработени, кои поради постоењето на праг на приходи остануваат без здравствено осигурување.„Во Македонија има една голема група на граѓани кои не се опфатени со здравствена заштита. Тоа се луѓе на договор на дело, хонорарци, луѓе со паушални примања, фриленсери, слободни уметници. Ако сте невработен и вашиот брачен партнер има примања над мизерниот праг од 24.000 денари месечно, вие повторно нема да имате здравствено осигурување. Дури и ако човек изгуби работа и ја продаде својата кола за да обезбеди сигурност за семејството, ќе го изгуби здравственото осигурување. Значи, наместо државата да ве заштити кога сте најранливи, таа се однесува како предатор.Имаме ситуација каде што обичните граѓани плаќаат околу 33% давачки на своите приходи, додека оние со милионски заработки плаќаат само до одреден праг од околу 1,1 милион денари годишно, а над тоа не плаќаат ништо. Имаме случаи каде што луѓе пријавиле 19 милиони денари приходи, а платиле давачки само до тој праг. Зошто тие се привилегирани, а сите други плаќаат? Со овие две измени ќе направиме рез на оваа дискриминаторска политика ќе го избришеме прагот за здравствено осигурување и ќе обезбедиме фер систем на давачки”, вели Мециновиќ.

Македонија | пред 4 дена

media-library4ouuiksmrqnl4TJI5pf

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис - политичките структури

Од самото формирање на Регулаторната комисија за енергетика, па сè до денес, изборот на нејзините членови континуирано се одвива по партиски клуч, под превез на наводна независност и експертиза, велат од политичката партија Левица.„Наместо институција што ќе биде коректив на пазарот и заштитник на јавниот интерес, РКЕ се трансформираше во механизам преку кој се носат одлуки со директно влијание врз цената на струјата, горивата и услугите, но на штета на граѓаните, а во корист на тесен круг политички и бизнис интереси. Таа привидна мантра за ʼстручностʼ служи како параван за систем во кој регулацијата е подредена на енергетско-политичката олигархија и на интересите на крупниот капитал.Најавениот избор на Ацо Ристов за претседател на РКЕ е само продолжение на истиот модел. Станува збор за поранешен градоначалник од редовите на ДПМНЕ (2021–2025), со јасни политички врски и бизнис релации во енергетскиот сектор. Во вакви околности, прашањето не е дали поседува техничко знаење, туку дали воопшто може да делува како независен регулатор. Кога лице со директни политички и деловни врски седнува на позиција што треба да ја контролира токму таа сфера, границата меѓу јавниот интерес и приватниот профит се брише, а довербата во институцијата дополнително се еродира.Историјатот на РКЕ го потврдува овој континуитет. Марко Бислимоски, активен кадар на СДС, од позиција на раководител во Комисијата стигна до два мандати како претседател, при што неговата политичка и семејна поврзаност со структурите на СДС беше јавна и неспорна. Димитар Петров, претходно поврзан со ДПМНЕ, доаѓа од ЕВН, а по завршување на мандатот повторно се враќа на високи позиции во истата компанија, што отвора сериозни дилеми за судир на интереси и ротација меѓу регулатор и регулиран субјект. Слични обрасци се гледаат и кај актуелните членови: Елена Маркова Велинова, со директна партиска функција во ДПМНЕ, и Атанаско Туневски, кој во различни периоди се позиционираше во повеќе политички структури, од ДПМНЕ, преку СДС, до ЗНАМ, истовремено извршувајќи значајни функции во енергетскиот сектор.Сè додека РКЕ функционира како партиска испостава, граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат цената на ваквиот модел преку повисоки сметки за струја, поскапи горива и отсуство на вистинска заштита од монополите во енергетиката. Во таков систем, регулаторот не е брана, туку канал преку кој одлуките се пренесуваат директно на товар на народот.Во тој контекст, Ацо Ристов е најновата потврда на истата пракса. Наместо прекин со партизацијата и враќање на кредибилитетот на институцијата, ДПМНЕ поставува кадар со длабоки политички и бизнис врски, во момент кога РКЕ има клучна улога во одредувањето на цените што директно го погодуваат секое домаќинство. Со ваков избор, не се враќа довербата туку се продлабочува недовербата.Прашањето повеќе не е дали РКЕ е независна, туку до кој степен ќе продолжи да биде инструмент во рацете на политичко-бизнис структури. А додека одговорот е очигледен, граѓаните остануваат тие што ја плаќаат секоја последица од таквото управување“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Со длабока тага, од политичката партија Левица утрово соопштија дека починал нивниот другар и сопартиец Кирил Слезенковски, на 28 години.Тој беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, а од партијата велат дека неговото значење ја надминувало формалната функција, нагласувајќи дека станувало збор за човек кој политиката ја разбирал како одговорност кон луѓето.„Кирил беше член на Централниот комитет на Левица и советник во Советот на Општина Илинден, но неговото значење не се сведуваше на функциите. Беше пример за човек кој политиката ја разбира како одговорност кон луѓето, а не како позиција. Беше самоиницијативен, одговорен и подготвен да се зафати со решавање на проблеми“, се наведува во соопштението.Од Левица истакнуваат дека Слезенковски бил препознатлив по чесноста, солидарноста и посветеноста кон заедницата, додавајќи дека секојдневно ги живеел вредностите што ги застапувал.„Другарството, чесноста, енергичноста, интелигенцијата, солидарноста и позитивниот дух беа вредности што Кирил ги поседуваше и секојдневно живееше. Во време кога многумина ја сведуваат политиката на личен интерес и калкулации, Кирил беше спротивност на тоа. Непринудно и без задни намери им помагаше на луѓето, се бореше за подобри услови во заедницата и веруваше дека работите можат да се менуваат ако има доволно чесност и упорност“, додаваат од партијата.Во неговиот ангажман како советник, како што посочуваат, бил гласен застапник на јавниот интерес.„Како советник во Илинден, беше глас на граѓаните – аргументиран, јасен и бескомпромисен кога стануваше збор за јавниот интерес. Како член на ЦК, беше еден од оние на кои можеше да се потпреш – со идеи, знаење, карактер, посветеност. Брилијантен во размислувањето, борбен во духот и исклучително човечен во односот кон луѓето, Кирил остави трага што не може да се избрише“, стои во реакцијата.Од Левица нагласуваат дека станува збор за голема загуба, особено поради тоа што се работи за млад човек со потенцијал и визија.„Она што ја прави оваа загуба уште потешка е што губиме млад човек со сериозен капацитет, знаење и енергија да придонесува уште многу години. Кирил веќе имаше оставено трага, но уште поважно – имаше јасна визија и волја да направи повеќе за Илинден, Скопје и за Македонија“, наведуваат од партијата.Во пораката се истакнува дека Слезенковски ќе биде запаметен пред сè како другар, а неговото отсуство ќе се чувствува меѓу сите што го познавале.„Над сè, Кирил ќе го паметиме како другар. Човек кој знаеше да биде и силен и топол во исто време. Неговото отсуство ќе се чувствува длабоко во организацијата и меѓу луѓето што го познаваа. Но, ќе остане и она што го остави зад себе – пример дека може да се биде принципиелен, посветен на заедницата и дека борбата има смисла“, се додава од партијата.

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други наддавачи. Информациите кои стигнаа до нас, говорат и тоа дека раководниот тим на чело со генералниот директор Филип Филиповски се заканувале на фирми да не се јават на огласот. Во прилог на информациите говори и фактот што во повикот стои дека и да се јави само една фирма наддавањето ќе се изврши, велат од политичката партија Левица.„Вработени во АД Водостопанство исто така укажуваат дека претпријатието е повторно блокирано затоа што има долг од 40 милиони евра кон УЈП, тужби од повеќе од 30 фирми и во моментов е дадено и на извршители. ЗЏаради ова во Водостопанство, како што велат, сѐ уште не земале плата и не се знае кога ќе земат.Понатаму, вработените обвинуваат за нарушени меѓучовечки односи како во главната дирекција така и во сите подружници, а директорот Филиповски, откако е поставен до сега избркал од работа 50 вработени, а околу 15 стручни кадри со високо образование сами го напуштиле претпријатието поради малтретирање од страна на директорот. Згора на тоа, против десетина вработени се воделе дисциплински постапки за дела, како што велат свиркачите наместени од раководстовото со цел да се избркаат за на нивно место да вработат партиски активисти. Вработените во Водостопанство обвинуваат и за поплавите што се случија пред два месеци дека  настанале со изливање на неколку реки единствено од негрижа на водостопанство за чистење на речните корита. Велат дека механизацијата наместо да ги чисти речните корита била користена за приватни цели во Куманово и на Велешко езеро. Истата била користена и во предизборната кампања на локалните избори за да се сликаат кандидатите и градоначалниците од ДПМНЕ за објави на социјални мрежи. Од друга страна, како што кажуваат, нема ни соодветни луѓе да ги одбележат точките на излевање во речните корита.Вработените посочуваат и тоа дека Ацо Узелац, шеф на кабинет на главен извршен директор иако од 05.03.2026 е пензионер и понатаму доаѓа во Водостопанство да потпишува документи.  Атанас Ризов, пак, до скоро директор на подружница Кавадарци, а сега ставен специјален советник, за која вработените велат дека е една од најрентабилните, истовремено бил и во Управен одбор на Јавното комунално претпријатие Кавадарци, што претставува судир на интереси, а како што обвинуваат токму Ризов овозможувал ЈКП Кавадарци да не ги плаќа фактурите кон Водостопанство. Освен ова вработените велат и дека Филиповски прави секојдневно трошок од 3000 денари за две возила што патуваат од Куманово за Скопје или околу 100 илјади денари месечно за гориво и патарина. Од Куманово доаѓале со службено возило СК 1951 ЦА кое го користеле исклучиво за приватни цели, а истото возило го користеле и во попладневните часови низ Куманово“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytmc5j6u9laal2rNCEcu

Левица: Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста. Надлежните задоцнија цели две недели со мерките за заштита. Нашите пресметки покажуваат дека ова доцнење го чинеше народот повеќе од четири милион евра, средства кои завршија во буџетот за да се „крпат“ дупки од лошо менаџирање, велат од Левица.„Дополнително власта поставува погрешни приоритети. Се однесуваат понизно кон Окта како да станува збор за надреден субјект, а не за компанија која треба да биде регулирана во интерес на граѓаните. Наместо државничка реакција која ќе го штити јавниот интерес сведочиме срамен и понизен однос на власта кај менаџментот на Окта, што јасно покажува дека единствено нешто за што се грижи оваа влада се профитите на бизнис структурите.Додека во јавност се пласираат неосновани пофалби како ние сме тие кои сега даваат помош и несоодветни споредби со алудирање на ковид кризата, во пракса се дозволува неконтролирана продажба на горива на странци без никаква заштита за домашното население.Најавата за намалување на давачките за мазут, со образложение дека тоа ќе ја заштити цената на струјата за домаќинствата, покажува дека премиерот не разбира како функционира ЕЛЕМ. Оваа компанија не е регулирана од РКЕ туку владата директно му налага со која цена ќе учествува на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач.Тврдењата дека електроенергетскиот систем е стабилен се само фасада. Во суштина, сè е стихијно и се сведува на чиста импровизација од денес за утре.Наместо празна реторика, бараме итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна државна набавка на дизел.Долгорочно потребни се стратешки инвестиции и тоа државен батериски систем за складирање на енергија и изградба на Чебрен со сопствени средства.Доста е со крпење дупки преку грбот на граѓаните. Потребна е одговорност и знаење, а не сервилност пред корпоративните интереси“, се вели во соопштението

Македонија | пред 1 седмица

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Од калкулации до амнезија – Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно им ги препушти калкулациите на граѓаните за да се снајдат за преживување

Левица реагира на новото поскапување на горивата за 7 денари по литар, оценувајќи го како директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард на граѓаните, особено во економија каде секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги. Според партијата, обидите на Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже како минлива или незначајна претставуваат политички маневр за замаглување на одговорноста.„Очигледно е дека растот на цените не допира до оние на власт, затоа што тие не ги чувствуваат последиците од сопствените политики. Додека граѓаните пресметуваат дали да наполнат резервоар или да скратат од основните потреби, тие се возат на трошок на народот – со службени возила, платени горива и патни трошоци финансирани од државната каса“, посочуваат од Левица.Партијата додава дека Мицкоски и функционерите на ДПМНЕ ја игнорираат реалната економска категорија – куповната моќ, бидејќи платите во Македонија се значително пониски од регионалните, што го прави товарот од цените на горивата несразмерно поголем за македонските граѓани.Левица истакнува дека наместо навремена интервенција преку намалување на акцизите, регулирање на маржите или таргетирани субвенции, Владата избира да гледа од страна и да чека цените дополнително да пораснат, оставајќи граѓаните сами да ги сносат последиците.„Во таква поставеност, поскапувањето е директна последица на политичка одлука да не се делува. Владата не е набљудувач на кризата, туку активен фактор што дозволува таа да се прелее врз секој дом и секој работник“, заклучуваат од Левица.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Од Левица обвинија дека стотици млади правници се оставени во неизвесност поради, како што велат, неодговорност на Министерството за правда на Северна Македонија и министерот Игор Филков.Според партијата, иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, кандидатите кои навремено се пријавиле и ги уплатиле потребните средства не добиле можност да полагаат во февруарската испитна сесија, која требало да се одржи од 2 до 20 февруари 2026 година.Од Левица велат дека до денес нема официјално образложение зошто Министерството не ја формирало Комисијата за полагање на правосудниот испит, без која, како што посочуваат, самата постапка не може ни да започне.Партијата тврди дека наместо институционална одговорност, јавноста сведочи на меѓупартиски препукувања во рамки на Владата, додека младите правници остануваат, како што наведуваат, заложници на политичките калкулации.Дополнително, според нив, под знак прашање е доведена и априлската испитна сесија. Пријавувањето за неа требало да започне на 1 март и да трае до 15 март, но тоа, како што тврдат, не се случило.Од Левица оценуваат дека ваквата состојба отвора сериозни дилеми за функционирањето на системот за влез во правосудните професии и бараат Министерството за правда и Владата итно да дадат одговор зошто не е формирана комисијата, кога ќе се организира пропуштената испитна сесија и како ќе се надомести штетата за младите правници.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ со критика до власта: Кога тие владејат – другите да молчат

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја критикуваше власта поради изјавите дека барањата на синдикатите за повисоки плати се политички мотивирани.Во објава на социјалните мрежи, Мециновиќ се осврна на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, како и на изјавите на претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, кои, според него, повикуваат општествените проблеми да не се политизираат.Тој се осврна и на изјава на министерот за култура Зоран Љутков, кој неодамна оцени дека настапите на Синдикатот за култура претставуваат „еден вид политичко дејствување“.„Заклучокот е дека откако тие ќе се устоличат политички – ние останатите треба да се откажеме од политичкото, за тие мирно да владеат“, напиша Мециновиќ.Според него, како што политички се привилегиите и институционалната моќ на власта, така политичко е и синдикалното и опозициското организирање на граѓаните.На крајот од пораката, Мециновиќ ги повика граѓаните да се организираат и да се спротивстават на, како што наведе, обидите за ограничување на општественото делување.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

(Видео) Ѓорѓиевски до Левица: Вие сте најголемо бандитско здружување во Градот Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека политичката партија Левица е најголемо бандитско здружување во Скопје.„Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте. И за се, ќе ви биде одговорено соодветно. Вие сте научени некој да ви ќути. Вие сте најголемо бандитско здружување во градот Скопје. Само тоа ќе ви кажам. А еве и КИЦ, и ЈСП со докази говорат за тоа. Така што за Левица немам повеќе ниту што да одговорам, ниту што да опонирам“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Ѓорѓиевски и даде 24 часа на Левица да се извини: Тендерот за којшто манипулирате е потпишан од Арсовска

Левица, пак удривте статива. Ама дури ни противничката не ја погодивте, туку својата.Тендерот за којшто манипулирате во јавноста е потпишан од поранешната градоначалничка Данела Арсовска, истата таа која ги бодреше и штитеше вашите директори на претпријатија, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.„Станува збор за постапка што е наследена и развојна.Тоа сигурно добро го знаете бидејќи тој период, токму вие бевте тие кои имаа исклучителна блискост со нејзината администрација, ги полневте управните одбори, добивавте работни позиции и договори на дело во институциите на Град Скопје.Истите тие институции кои, да потсетиме, беа оставени во финансиска дупка од околу 300 милиони евра, последица на недомаќинско и неодговорно управување.Затоа, пред да делите лекции за транспарентност и отчетност, добро би било прво да се соочите со сопствената политичка улога во тој период.Граѓаните имаат добра меморија, а фактите се тврдоглава работа.Наместо да трошите енергија на фабрикување наративи и фејсбук-објави со краток рок на траење, би ви препорачал конечно да почнете да се однесувате како сериозна опозиција.Граѓаните очекуваат идеи, решенија и визија за подобар град, а не дневна доза политички театар.Затоа, ви давам рок од 24 часа да се извините за пласираната невистина.А во иднина, пред повторно да се обидете да креирате политичка конструкција, проверете ги фактите.Во спротивно, ризикувате повторно јавно да се избламирате“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

inflacija

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори - ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Последните случувања со растот на цените на нафтените деривати повторно  ја откри слабоста на економскиот модел во Македониja. Наместо државата да реагира со мерки кои ќе го ублажат ударот врз стандардот на граѓаните, Владата предводена од Христијан Мицкоски одлучи да остане пасивен набљудувач и да ги отфрли предлозите за намалување на акцизите и на данокот на додадена вредност, квалификувајќи ги како „соцболшевизам“, велат од политичката партија Левица. „Аргументот дека Македонија има „најниска цена во регионот“ е политички маневар кој ја замаглува суштината. Споредбата со соседните држави не е релевантна ако не се споредат и платите. Кога просечната и минималната плата во Македонија се значително пониски од оние во Грција, Србија или Бугарија, тогаш дури и „поевтина“ нафта може да биде релативно поскапа за македонските граѓани. Во економијата тоа се нарекува реална куповна моќ и токму таму се гледа вистинскиот проблем. Особено е проблематично што Владата ја третира оваа состојба исклучиво како пазарно прашање. Македонија е целосно зависна од увоз на нафта и нафтени деривати чии цени се формираат на глобалниот пазар. Но токму поради таа зависност улогата на државата треба да биде стабилизациска. Наместо тоа, Владата се потпира на аргументот дека „пазарот ќе се стабилизира“ и дека цените на светските берзи веќе почнале да паѓаат. Таквиот пристап ја префрла целата неизвесност врз домаќинствата и бизнисите. Дополнителен проблем е ефектот врз целата економија. Цената на дизелот директно влијае врз транспортот, земјоделството и логистиката, што значи дека секое поскапување брзо се прелева во цените на храната. Во економии со низок доход како македонската, ваквите шокови имаат далеку посилен социјален ефект.Клучниот парадокс е што Владата одбива да интервенира во цената на нафтата но истовремено признава дека поскапувањето може да предизвика раст на цените на храната. Тоа значи дека економската политика реагира само кога инфлацијата веќе ќе се прелее во целата економија наместо да се спречи нејзиното ширење во старт. Затоа Левица бара:- намалување на акцизи и ДДВ- диверзификација на енергетските извори- зајакнување на стокови резерви на гориво- поголема регулација на пазарната концентрација во трговијата и- активна политика за заштита на реалната куповна моќ на граѓаните. Без таков пристап, секое глобално поскапување на енергијата ќе продолжи автоматски да се претвора во домашна инфлациска криза. А тогаш аргументите за „најниска цена во регионот“ ќе останат само политичка реторика која не го менува фактот дека товарот од кризата повторно паѓа врз обичните граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9ajkrl0nolb9806Ea6j

Левица: Европскиот суд за човекови права отвори постапка во предметот на Апасиев против Џафери, за непостапување по референдумската иницијатива

Ја известуваме јавноста дека Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во прва фаза, ја прифати апликацијата на жалителот Апасиев против Република Македонија и и додели судски број: 25565/25 и бар-код, велат од политичката партија Левица. „За потсетување, станува збор за познатиот случај на одбивање на референдумската иницијатива на пратеникот проф. д-р Апасиев од страна на тогашниот претседател на Собранието на РМ – Таљат Џафери, а во врска со парламентарните Заклучоци донесени за т.н. Француски предлог за бугаризација на Македонија. Професорот Апасиев, во жалбата до Стразбур, се повикува на член 1 од Протоколот XII (2000) и на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, односно на општата забрана на дискриминација, а во врска со член 10 (Слобода на изразување) и член 11 (Слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП. За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение. Со овој правен преседан, уште еднаш се покажува нестручноста и слабиот правен капацитет на уставните судии, кој воопшто не ја следат, ниту применуваат јудикатурата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур), што само по себе е поразително и недозволиво. Левица обзнанува дека правната битка за овој, но и за другите случаи – како што е оној за цензурата врз нејзе на последните Локални избори 2025 спроведена од страна на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК), исто така ќе ги изнесе пред Европскиот суд за човекови права и очекува позитивен исход од истите. Но, истовремено, бараме правна и политичка одговорност за сите инволвирани во ваквото еклатантно кршење на човековите слободи и права на левичарите“, велат од партијата.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysfuqs0k6qt9o2M8JMxm

(Видео) Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар Марк Руте говореше во Собранието

Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на организацијата, Марк Руте говореше во Собранието.Откако го покажаа транспарентот, по неколку секунди се тргнаа од пред говорницата.Руте погледна кон нив, но не го прочита транспарентот, туку продолжи со говорот.

Настани | пред 3 седмици

media-libraryr6i151ev7l427ivcikU

Левица формира работна група за законски измени и инситуционална одговорност во случаите на семејно насилство

Трагичниот настан што ја потресе јавноста, во кој жена и малолетно девојче го загубија животот при пад од зграда, не смее да остане сведен на сензационализам или на уште една црна статистика. Овој случај е уште една болна потврда за системските пропусти во (не)постапувањето по случаи на семејно насилство, велат од Левица.Кога со години се пријавува насилство, кога постојат индикации за сериозни закани и ризик, а институциите не обезбедуваат ефективна заштита, тогаш станува збор за институционална одговорност и нефункционалност на системот што има задача да заштити животи, а не го сторил тоа.Левица бара итна и независна постапка внатрешна контрола во рамки на Министерство за внатрешни работи. Дополнително, потребна е детална анализа на постапувањето на центрите за социјална работа и на целокупната меѓуинституционална координација во случаи на семејно насилство. Јавноста има право на целосна транспарентност - кои пријави биле поднесени, какви мерки биле преземени и зошто тие не резултирале со заштита. Со име и презиме на службениците.Оваа трагедија ја разоткрива длабоката структурна слабост на системот за заштита од семејно насилство. Постојат сериозни недостатоци во проценката на ризик, во следењето на повторени пријави, во навременото изрекување заштитни мерки и во контролата на нивното спроведување. Кога институциите формално „водат предмет“, а суштински не обезбедуваат безбедност, тогаш тие ја изневеруваат својата основна функција.Во таа насока, Левица формира работна група која ќе ги разгледа сите аспекти на институционалното постапување во случаи на семејно насилство – од законската рамка, преку протоколите на МВР и социјалните служби, до праксата на нивна примена. Работната група ќе излезе со конкретни предлог-измени и мерки во најкус можен рок.Ова не е момент за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност. Пропустите мора да бидат именувани и санкционирани. Системските слабости мора да бидат коригирани со конкретни и применливи решенија. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради административна незаинтересираност и институционална негрижа.Дополнително, жалиме што теснопартиските калкулации на ДПМНЕ имаа предност пред суштинската заштита на жртвите. Предлог-измената со која се предвидуваше гонење на насилник по службена должност, наместо исклучиво по пријава на жртвата, беше поднесена од Левица и не доби поддршка единствено затоа што доаѓаше од опозицијата. Истата мерка, повеќе од една година подоцна, беше прифатена кога беше предложена од нивна страна. Тоа одложување не е политички детаљ, туку прашање на последици. Доколку измената беше усвоена тогаш, институциите ќе имаа обврска да постапуваат и без формална пријава од жртвата, а граѓаните што алармирале (соседи, роднини, сведоци) немаше да бидат враќани од полициска станица со образложение дека „нема пријава“. Во такви околности, постоеше реална можност насилникот да биде процесиран и изолиран навреме. Кога законските решенија се блокираат од суета, цената ја плаќаат најранливите.Системот мора да функционира кога граѓаните бараат заштита - не по трагедијата, туку пред таа да се случи“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3uje4gqot7rlf3jTxgT

Иран се соочува со агресија - МНР наместо пддршка да го осуди американско - ционистичкото дивеење, вели Левица

Политичката партија Левица со остра реакција ја осуди, како што наведува, американско-израелската агресија врз Иран, оценувајќи дека станува збор за воена интервенција што довела до жртви меѓу военото и политичкото раководство, како и меѓу цивилното население.Од партијата посочуваат дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, оценувајќи дека се работи за акт на воена агресија насочен кон дестабилизација на суверена држава и воспоставување доминација во регионот на Блискиот Исток.Левица апелира до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и до министерот Тимчо Муцунски, наместо, како што наведуваат, да даваат поддршка, да испратат јасна осуда на воената интервенција. Според партијата, државата треба да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и почитувањето на меѓународното право.Од Левица нагласуваат дека ќе продолжат, како што велат, со својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе се залагаат за мирно решавање на конфликтите.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryuie89384jfqb6szmH1V

Левица поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска за прикривање имот

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, поради сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање на имот“, казниво по член 359-а од Кривичниот законик.Од партијата тврдат дека Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство, иако била должна да достави целосна и вистинита изјава за имотната состојба, која ги опфаќа и имотите на членовите на семејството.Според Левица, станува збор за свесно и намерно прикривање на имот, при што наведуваат дека компаниите кои не биле пријавени добиле два милиони денари од касата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата оценува дека тоа претставува „награда за непостапувањето“ на Ристовска против функционери од владејачката партија.Во пријавата се посочува и дека поранешната антикорупционерка во анкетниот лист го пријавила останатиот имот на своите деца, но, како што тврдат од Левица, ја изоставила фирмата што постои од 2020 година.Левица ја обвинува Ристовска дека станала „симбол на корупција во институција што треба да се бори против високата корупција“ и дека била „директна инсталација на владејачката партија“, при што, според нив, амнестирала двајца високи функционери – Бојан Христовски и Ивица Томовски.Од партијата порачуваат дека оставката од функцијата не е доволна и бараат целосна одговорност за, како што велат, свесното прикривање имот, како и ревизија на сите предмети што ги водела Ристовска, со цел, според нив, да се стави крај на заштитата на корупцијата на највисоките ешалони на власта.

Свет | пред 4 седмици

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, информира дека поднела иницијативи до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и до Државниот инспекторат за животна средина за вршење вонредни инспекциски надзори во Струга, поради загадувањето на изворот за питка вода.Додека Струга и 50.000 жители се трета недела без вода за пиење (во 21 век!), поднесов иницијативи до Министерството за енергетика и Министерството за животна средина за вонреден инспекциски надзор над сите субјекти кои поседуваат дозволи за експлоатација во Струга, како и оние кои криминално работат без важечки договори.•Безредието, пасивноста на институциите и корумпираноста во секоја пора на општеството доведе градот на две води да остане БЕЗ ВОДА. Апелирам Министерство за внатрешни работи и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга и врти милионски профити, додека цената ја плаќаат Стружани.П.С. Секој купен глас скапо коштат.“, вели Мојсоска.

Коментари | пред 1 месец

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Левица: Фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува. Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен - во вредност од 7 милиони евра - го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со компанијата „ХИБ Петрол Груп”, чиј сопственик во 2014 година бил правосилно осуден на четири години затвор и парична казна, затоа што испорачувал мазут со околу 80% повисоко ниво на сулфур од дозволеното, што е енормно штетно за здравјето на луѓето и животната средина, велат од Левица.„Компанија која е осудена за тешки дела против здравјето на луѓето (со продажба на токсичен мазут) сега ќе треба да обезбеди 150.000 тони јаглен за РЕК Битола! Делењето тендери на фирми со криминално минато стана пракса откако ЕСМ е раководено од директорот Лазо Узунчев, кој без никаква експертиза и искуство во енергетскиот сектор беше поставен да го води ова значајно државно претпријатие - само заради личните односи со Мицкоски. Левица и претходно алармираше дека ЕСМ дели тендери на фирми кои се под истрага за криминал, како што беше договорот за јавна набавка со компанијата „Руд Коп”, која е под истрага за криминал од 3 милиони евра. Ваквото расипничко менаџирање го зголемува долгот на ЕСМ, од што најмногу зависи цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи - а резултатот е македонските граѓани да плаќаат најскапи сметки за струја во регионот. Додека поранешниот директор на ЕСМ - Васко Ковачевски е во бегство токму поради криминални зделки при набавки на мазут, криминалот во ЕСМ продолжува и со кадрите поставени од Мицкоски.Левица апелира финансиската полиција сериозно да ги истражи договорите за јавни набавки и финансиските резултати кои ги остварува ова државно претпријатие кое тоне во долгови, додека дели тендери на компании осудени за криминал“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library0v99kdkog1m53kYAhiE

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик - ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски, презентираат проценки без воопшто да направат каква било проценка, дека неговата безбедност не може да се гарантира, по што обвинителството го прифаќа тоа како клучен аргумент за замена на притворот со куќен притвор, велат од Левица.„Ова отвора сериозно прашање за кредибилитетот и мотивите зад ваквата „проценка“. Ако не постоела конкретна пријава, ако надлежните во затворот тврдат дека безбедноста е обезбедена, тогаш од каде произлегува драматичната промена на наративот во рок од неколку часа? Очигледно, станува збор за конструирано алиби за поблага мерка. Јавноста има право на јасен и аргументиран одговор, не на контрадикторни изјави, а сега и молк од МВР и АНБ.Но, дури и хипотетички да постои одреден безбедносен ризик, обезбедувањето сигурност во притворските установи е директна надлежност и обврска токму на државните институции. Ако тие проценуваат дека постои ризик, тогаш нивна должност е да го неутрализираат преку засилени мерки на обезбедување, изолација или посебен режим во рамки на затворот, а не магично да ја укинуваат  мерка. Во спротивно, државата испраќа порака дека не е способна да го спроведе сопствениот систем на притвор, или дека не сака да го спроведе кога станува збор за високи функционери.Особено загрижува што станува збор за лице кое 14 месеци беше во бегство и за кое е распишана меѓународна потерница, осомничено за злоупотреби во милионски износи. По секоја правна логика, тоа е отежнителна околност. Наместо тоа, добиваме повластен третман заснован на флоскули од институции под раководство на ДПМНЕ. Прашањето што се наметнува е едноставно: дали истиот стандард би важел за обичен граѓанин? Колку притвореници без политичка тежина добиле куќен притвор затоа што државата не можела да им гарантира безбедност?Левица оценува дека ваквата одлука создава опасен преседан безбедносните служби да станат инструмент за релативизирање на притворот кога станува збор за политички елити. Безбедноста не смее да биде изговор за привилегија. Ако државата не може да обезбеди сигурност во сопствен затвор, тоа е пораз на институциите. Ако може, а сепак одлучува поинаку, тогаш станува збор за селективна правда. Во двата случаи, одговорноста директно посега по ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

„Науката се претвора во пазар“, Левица со критики за измените во високото образование

Левица реагира на предложените измени на Законот за високо образование, оценувајќи дека со нив се воведуваат зголемени критериуми за избор во наставно-научни звања кои, според партијата, ќе ја направат академската кариера недостапна за младите истражувачи без финансиска поддршка.Од Левица посочуваат дека барањето за шест до седум научни трудови, од кои најголем дел во списанија индексирани во Web of Science и Scopus, подразбира високи трошоци за објавување, кои, како што наведуваат, не се системски покриени од државата.Партијата ја критикува и одредбата според која новоизбраните редовни професори би подлежеле на реизбор по седум години, додека веќе избраните би биле изземени од таа обврска, оценувајќи дека на тој начин се создава двоен стандард и се нарушува принципот на академска стабилност.Според Левица, принципот на трајност на професорската позиција е историски воспоставен како механизам за заштита на академската слобода од политички и други влијанија, а честите реизбори можат да создадат зависност и притисоци врз наставниот кадар.Партијата се спротивставува и на предлогот за продолжување на мандатот на ректорите од три на четири години, оценувајќи дека тоа може да доведе до концентрација на моќ и политизација на универзитетите.Во соопштението се наведува и дека во законските измени недостасува социјална компонента, со повик високото образование да биде целосно бесплатно и достапно, како дел од стратегија за задржување на младите и вложување во науката.Од Левица бараат јавно финансирање на научни публикации, заштита на академската слобода и вистинска автономија на универзитетите.

Македонија | пред 1 месец

apasiev-sobranie

Апасиев: Универзитетските „дебати“ за новиот закон се фарса

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, остро реагираше на јавните дебати што министерката за образование ги организира низ универзитетските кампуси по повод новиот Закон за високо образование.Апасиев оценува дека станува збор за, како што наведе, „амортизација на гневот“ од законот, кој го нарече налудничав, тврдејќи дека дебатите се селективни и однапред режирани. Според него, на средбите биле поканети само редовни професори, додека вонредните професори, доцентите, асистентите, демонстраторите и студентите биле изоставени.Тој тврди дека токму тие категории ќе бидат најпогодени од законските измени и дека со нивното маргинализирање се отвора простор за партиско влијание и кадровски решенија што, според него, не се засноваат на академски квалитет.Во објавата, Апасиев се повика и на претходни академски иницијативи, посочувајќи дека во минатото бил формиран Професорски пленум како реакција на слични политики, и алудираше дека денес недостига организиран отпор од академската заедница.Од Министерството за образование засега нема реакција на наводите изнесени од Апасиев.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања