Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Левица обвинува дека ЕСМ под раководство на Лазо Узунчев склучила тендер од 7 милиони евра за увоз на јаглен со косовската „ХИБ Петрол Груп“, чиј сопственик бил правосилно осуден во 2014 за испорака на мазут со значително над дозволен сулфур. Компанијата треба да обезбеди 150.000 тони јаглен за РЕК Битола. Според Левица, доделувањето тендери на фирми со криминално минато станало пракса, се зголемува долгот на ЕСМ и тоа влијае врз високите сметки за струја. Тие бараат финансиската полиција да ги истражи јавните набавки и финансиските резултати на претпријатието.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува. Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен - во вредност од 7 милиони евра - го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со компанијата „ХИБ Петрол Груп”, чиј сопственик во 2014 година бил правосилно осуден на четири години затвор и парична казна, затоа што испорачувал мазут со околу 80% повисоко ниво на сулфур од дозволеното, што е енормно штетно за здравјето на луѓето и животната средина, велат од Левица.

„Компанија која е осудена за тешки дела против здравјето на луѓето (со продажба на токсичен мазут) сега ќе треба да обезбеди 150.000 тони јаглен за РЕК Битола! Делењето тендери на фирми со криминално минато стана пракса откако ЕСМ е раководено од директорот Лазо Узунчев, кој без никаква експертиза и искуство во енергетскиот сектор беше поставен да го води ова значајно државно претпријатие - само заради личните односи со Мицкоски. Левица и претходно алармираше дека ЕСМ дели тендери на фирми кои се под истрага за криминал, како што беше договорот за јавна набавка со компанијата „Руд Коп”, која е под истрага за криминал од 3 милиони евра. 

Ваквото расипничко менаџирање го зголемува долгот на ЕСМ, од што најмногу зависи цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи - а резултатот е македонските граѓани да плаќаат најскапи сметки за струја во регионот. Додека поранешниот директор на ЕСМ - Васко Ковачевски е во бегство токму поради криминални зделки при набавки на мазут, криминалот во ЕСМ продолжува и со кадрите поставени од Мицкоски.

Левица апелира финансиската полиција сериозно да ги истражи договорите за јавни набавки и финансиските резултати кои ги остварува ова државно претпријатие кое тоне во долгови, додека дели тендери на компании осудени за криминал“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 13 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања