Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска за прикривање имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryuie89384jfqb6szmH1V

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска, за „противправно стекнување и прикривање на имот“ (чл. 359-а), тврдејќи дека не пријавила две компании поврзани со членови на семејството во анкетниот лист. Партијата наведува дека прикривањето било намерно и дека непријавените компании добиле 2 милиони денари од ВМРО-ДПМНЕ, што го оценуваат како „награда“ за непостапување. Бараат целосна одговорност и ревизија на сите предмети што ги водела Ристовска.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, поради сомнение за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање на имот“, казниво по член 359-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство, иако била должна да достави целосна и вистинита изјава за имотната состојба, која ги опфаќа и имотите на членовите на семејството.

— реклама —

Според Левица, станува збор за свесно и намерно прикривање на имот, при што наведуваат дека компаниите кои не биле пријавени добиле два милиони денари од касата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата оценува дека тоа претставува „награда за непостапувањето“ на Ристовска против функционери од владејачката партија.

— реклама —

Во пријавата се посочува и дека поранешната антикорупционерка во анкетниот лист го пријавила останатиот имот на своите деца, но, како што тврдат од Левица, ја изоставила фирмата што постои од 2020 година.

Левица ја обвинува Ристовска дека станала „симбол на корупција во институција што треба да се бори против високата корупција“ и дека била „директна инсталација на владејачката партија“, при што, според нив, амнестирала двајца високи функционери – Бојан Христовски и Ивица Томовски.

Од партијата порачуваат дека оставката од функцијата не е доволна и бараат целосна одговорност за, како што велат, свесното прикривање имот, како и ревизија на сите предмети што ги водела Ристовска, со цел, според нив, да се стави крај на заштитата на корупцијата на највисоките ешалони на власта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 13 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања