Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Од калкулации до амнезија – Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно им ги препушти калкулациите на граѓаните за да се снајдат за преживување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица го критикува поскапувањето на горивата за 7 денари по литар, оценувајќи дека тоа директно го удира животниот стандард и се прелева во цените на храната, транспортот и услугите. Според партијата, Мицкоски се обидува политички да ја минимизира одговорноста. Тврдат дека власта не ги чувствува последиците поради службени привилегии и ја игнорира слабата куповна моќ, бидејќи платите се пониски од регионалните. Наместо мерки како намалување акцизи, регулирање маржи или субвенции, Владата не реагира, па поскапувањето го сметаат за резултат на политичка неакција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Левица реагира на новото поскапување на горивата за 7 денари по литар, оценувајќи го како директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард на граѓаните, особено во економија каде секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги. Според партијата, обидите на Мицкоски ваквата состојба да ја прикаже како минлива или незначајна претставуваат политички маневр за замаглување на одговорноста.

„Очигледно е дека растот на цените не допира до оние на власт, затоа што тие не ги чувствуваат последиците од сопствените политики. Додека граѓаните пресметуваат дали да наполнат резервоар или да скратат од основните потреби, тие се возат на трошок на народот – со службени возила, платени горива и патни трошоци финансирани од државната каса“, посочуваат од Левица.

— реклама —

Партијата додава дека Мицкоски и функционерите на ДПМНЕ ја игнорираат реалната економска категорија – куповната моќ, бидејќи платите во Македонија се значително пониски од регионалните, што го прави товарот од цените на горивата несразмерно поголем за македонските граѓани.

Левица истакнува дека наместо навремена интервенција преку намалување на акцизите, регулирање на маржите или таргетирани субвенции, Владата избира да гледа од страна и да чека цените дополнително да пораснат, оставајќи граѓаните сами да ги сносат последиците.

— реклама —

„Во таква поставеност, поскапувањето е директна последица на политичка одлука да не се делува. Владата не е набљудувач на кризата, туку активен фактор што дозволува таа да се прелее врз секој дом и секој работник“, заклучуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања