Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Политички препукувања го блокирале правосудниот испит, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Од Левица обвинија дека стотици млади правници се оставени во неизвесност поради, како што велат, неодговорност на Министерството за правда на Северна Македонија и министерот Игор Филков.

— реклама —

Според партијата, иако постојат јасни законски процедури за организирање на правосудниот испит, кандидатите кои навремено се пријавиле и ги уплатиле потребните средства не добиле можност да полагаат во февруарската испитна сесија, која требало да се одржи од 2 до 20 февруари 2026 година.

— реклама —

Од Левица велат дека до денес нема официјално образложение зошто Министерството не ја формирало Комисијата за полагање на правосудниот испит, без која, како што посочуваат, самата постапка не може ни да започне.

— реклама —

Партијата тврди дека наместо институционална одговорност, јавноста сведочи на меѓупартиски препукувања во рамки на Владата, додека младите правници остануваат, како што наведуваат, заложници на политичките калкулации.

Дополнително, според нив, под знак прашање е доведена и априлската испитна сесија. Пријавувањето за неа требало да започне на 1 март и да трае до 15 март, но тоа, како што тврдат, не се случило.

Од Левица оценуваат дека ваквата состојба отвора сериозни дилеми за функционирањето на системот за влез во правосудните професии и бараат Министерството за правда и Владата итно да дадат одговор зошто не е формирана комисијата, кога ќе се организира пропуштената испитна сесија и како ќе се надомести штетата за младите правници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 13 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања