Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Левица: Европскиот суд за човекови права отвори постапка во предметот на Апасиев против Џафери, за непостапување по референдумската иницијатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9ajkrl0nolb9806Ea6j

Левица соопшти дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур во прва фаза ја прифатил апликацијата на Димитар Апасиев против Република Македонија и ѝ доделил предмет бр. 25565/25. Станува збор за одбивањето на референдумската иницијатива од тогашниот претседател на Собранието, Таљат Џафери, поврзано со заклучоците за т.н. „Француски предлог“. Апасиев се повикува на забрана на дискриминација и на слободата на изразување и здружување. Левица критикува дека домашните судови се прогласиле ненадлежни, а Уставниот суд по три години ја одбил иницијативата со, според нив, неиздржано образложение. Партијата најавува дека и други случаи (вклучително и тврдења за цензура на Локалните избори 2025 од АВМУ и ДИК) ќе ги изнесе пред ЕСЧП и бара правна и политичка одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ја известуваме јавноста дека Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во прва фаза, ја прифати апликацијата на жалителот Апасиев против Република Македонија и и додели судски број: 25565/25 и бар-код, велат од политичката партија Левица.
 
„За потсетување, станува збор за познатиот случај на одбивање на референдумската иницијатива на пратеникот проф. д-р Апасиев од страна на тогашниот претседател на Собранието на РМ – Таљат Џафери, а во врска со парламентарните Заклучоци донесени за т.н. Француски предлог за бугаризација на Македонија.
 
Професорот Апасиев, во жалбата до Стразбур, се повикува на член 1 од Протоколот XII (2000) и на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, односно на општата забрана на дискриминација, а во врска со член 10 (Слобода на изразување) и член 11 (Слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП.
 
За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение. Со овој правен преседан, уште еднаш се покажува нестручноста и слабиот правен капацитет на уставните судии, кој воопшто не ја следат, ниту применуваат јудикатурата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур), што само по себе е поразително и недозволиво.
 
Левица обзнанува дека правната битка за овој, но и за другите случаи – како што е оној за цензурата врз нејзе на последните Локални избори 2025 спроведена од страна на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК), исто така ќе ги изнесе пред Европскиот суд за човекови права и очекува позитивен исход од истите. Но, истовремено, бараме правна и политичка одговорност за сите инволвирани во ваквото еклатантно кршење на човековите слободи и права на левичарите“, велат од партијата.

media-librarykk990qtonqt815KKLUt

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања