Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЏАФЕРИ

media-library9ajkrl0nolb9806Ea6j

Левица: Европскиот суд за човекови права отвори постапка во предметот на Апасиев против Џафери, за непостапување по референдумската иницијатива

Ја известуваме јавноста дека Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, во прва фаза, ја прифати апликацијата на жалителот Апасиев против Република Македонија и и додели судски број: 25565/25 и бар-код, велат од политичката партија Левица. „За потсетување, станува збор за познатиот случај на одбивање на референдумската иницијатива на пратеникот проф. д-р Апасиев од страна на тогашниот претседател на Собранието на РМ – Таљат Џафери, а во врска со парламентарните Заклучоци донесени за т.н. Француски предлог за бугаризација на Македонија. Професорот Апасиев, во жалбата до Стразбур, се повикува на член 1 од Протоколот XII (2000) и на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, односно на општата забрана на дискриминација, а во врска со член 10 (Слобода на изразување) и член 11 (Слобода на собирање и здружување) од ЕКЧП. За осуда е тоа што претходно, сите редовни домашни судови се прогласија за ненадлежни да постапуваат по овој предмет, а Уставниот суд на РМ – дури по три години од поднесување на првичното Барање за заштита на слободите и правата на граѓанинот, истото го одби со паушално и правно неиздржано образложение. Со овој правен преседан, уште еднаш се покажува нестручноста и слабиот правен капацитет на уставните судии, кој воопшто не ја следат, ниту применуваат јудикатурата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур), што само по себе е поразително и недозволиво. Левица обзнанува дека правната битка за овој, но и за другите случаи – како што е оној за цензурата врз нејзе на последните Локални избори 2025 спроведена од страна на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК), исто така ќе ги изнесе пред Европскиот суд за човекови права и очекува позитивен исход од истите. Но, истовремено, бараме правна и политичка одговорност за сите инволвирани во ваквото еклатантно кршење на човековите слободи и права на левичарите“, велат од партијата.

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2025-04-03-at-14.51.32

(Видео) Џафери се налути оти се зборува за трагедиите од минатите години и му рече на Тошковски: Води сметка за односот кон мене

Пратеникот Талат Џафери му постави пратеничко прашање на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во однос на трагедијата во Кочани и моралната одговорност. Тошковски одговори, а Џафери му се налути.„Добро е да ме слушате, јас ве слушав кога ми го поставувавте прашањето. Еднаш засекогаш, треба секој што има надлежност според закон да си ја работи работата. Секој еден, македонски граѓанин, заслужува да живее во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. И одговорност, а ќе ја видат, за сите четири предмети“, рече Тошковски.„Јас ти кажувам кога ќе се обратиш на пратеник, а особено за мене, да водиш сметка на односот, прво меѓучовечки и ти и било кој. Ако сте навикнати како министри да дојдете и така да ги вреѓате, и ти и сите кои доаѓате.. Друго јас си поставив најкоректно можно прашање за она што ви е надлежност. И ако е така како што велиш, дека чувствуваш морална одговорност, уште сега, стани овде, поднеси оставка и тоа ти е моралната одговорнсот“, рече Џафери.Нему му пречи што се зборува за траедијата во Модуларната болница во Тетово.„Кога ќе се работи за политички поени, ќе го мотаме Тетово, Тетово.. Оставете, не ги убивајте по вторпат. Секој пат кога ќе ги споменете, ги убивате! Секојпат кога ќе ги споменете тие случаи по вторпат ги убивате! Секој пат ги убивате. Им нанесувате болка на тие фамилии. Земете поднесе процедура, Анкетна комисија нека се прави, да се види“, рече Џафери.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-08-12-at-13.53.24

(Видео) Џафери не сакаше да се тргне од говорница, зборуваше пред исклучен микрофон оти не доби збор

Пратеникот Талат Џафери, кој претходно беше и собраниски претседател, се жали на спроведувањето на процедурите на пленарната седница, исто како што порано тоа го правеше тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ. Од говорницата го учеше неговиот наследник, Африм Гаши, како треба да постапува, го спомена и Димитар Апасиев кого го нарече „Кастро“.„Вие треба да знаете, а не да се базирате на админситрацијата. Дневниот ред е ваша надлежност, постапката е ваша обврска. Пет кривични постапки сум ги имал од Левица, од Кастро, мојот колега Кастро, така го викавме. Така што, не ја тргајте одговорноста.. Пример на 27 април, како сведок, нѐ прашуваат дали Деловникот го кажува ова.. Не се чудете, треба да знаете што е дневен ред.. Правите преседан во постапката во старт“, рече Џафери во процедурално обраќање.Потоа, откако имаше остра реакција од Бобан Карапејовски од партијата ЗНАМ и реагираше што Џафери не зборувал само за конректната точка, Гаши рече дека укажал на ова. Истото го потенцираше и Халил Снопче.По ова, Џафери сакаше да се врати на говорница и да се дообјасни. Ова не го дозволи Гаши. Сепак, Џафери излезе на говорница, и збореше без вклучен микрофон, оти собранискиот претседател – забрани.Додека беше собраниски претседател, праксата на недавање збор, ја имаше и Џафери. Тогаш и тој не прифаќаше дека прекршува процедури, иако имаше укажувања од опозицијата. Против него, Левица поднесе куп кривични пријави за прекршување на Деловникот.Точка на дневен ред е изменување на Законот за игри на среќа.

Македонија | пред 1 година

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Џафери демонстрира самоволие, утре можеби ќе сака во ист момент да биде и претседател па ќе потпишува укази, алармира Прешова

Професорот по Уставно право, Денис Прешова, тврди дека неспојливи се функциите пратеник и премиер, кои сега Талат Џафери ги извршува. Според него, Уставот е јасен, а даде и свое експертско мислење на темата. Посочува дека тие правила мора да се почитуваат. Прешова посочува дека Џафери демонстрира самоволие.Целиот став на Прешова:„Судејќи по фактот дека некако јавноста почна да го заборава проблемот со акумулираните функции на Талат Џафери и дека одново како да се попушта во доследното третирање на овие правни прашања пред агресивноста во изнесувањето на наводните, а лажни, „правни“ аргументи почувствував потреба кратко да се произнесам околу неспојливоста на пратеничката функција. Одново дотичната особа сака да ни продаде самоволие и силеџиство како правно толкување како и во редица на претходни ситуации како на пример со изборот, вонредната состојба, гласањето за недоверба, ветото и слично. Лажно претставувајќи ни се како некаков врвен правен авторитет и величина, тој всушност во крајно арогантен манир ни укажува дека нема што институциите да постапуваат и да ги применуваат правилата бидејќи правно правило е она што Талат ќе ви каже. Во типично војнички манир – наређење, извршење - ни долови дека неговиот ментален склоп всушност е неспојлив со демократија, парламентаризам и владеење на правото, исто како што пратеничката функција е неспојлива со функцијата претседател на Владата. Институциите мора веднаш да постапат и да ги почитуваат и соодветно да ги спроведуваат правните правила. Едноставно треба да сфатиме дека правилата мора да се почитуваат од сите, а особено кога станува збор за носители на највисоките функции во државата, бидејќи тие треба да бидат пример за сите останати. Но како стојат работите со вистинските правни аргументи на кои сосема исправно се упатуваше во јавниот дискурс во изминатите денови.Со член 63 став 5 од Уставот јасно се упатува на неспојливоста на пратеничката функција со вршење на друга јавна функција или професија. Врз основа на оваа уставна одредба Изборниот законик (член 8 став 1 и 5), Законот за Собранието (член 6 и член 7) и Законот за пратениците (член 5, член 8 и член 9) јасно регулираат во кои ситуации имаме неспојливост и како би требало да се постапи кога истата ќе настане. Воедно член 89 став 2 од Уставот изречно регулира дека претседателот и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието. Истото е регулирано и со наведените закони (Изборен законик – член 8 став 1: „Функцијата пратеник, член на совет и градоначалник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер,....“; и Законот за пратеници – член 8 став 1: „ Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Република Македонија, претседател на Владата на Република Македонија, министер,...“) при што воопшто не се прави никаква разлика во оваа смисла помеѓу претседател и министри туку, напротив, јасно и прецизно се предвидуваат двете функции како неспојливи со пратеничката функција. Согласно постоечката правна рамка очигледно е дека апсолутно нема простор за некакво „креативно“ толкување како што Џафери се обидува да ни продаде. Со моментот на верификација на пратеничкиот мандат престанува дотогашната функција која е неспојлива со пратеничката (член 8 став 5 Изборен законик и член 9 став 3 Закон за пратеници).Демонстрирајќи класично самоволие Џафери одлучи самиот да си избере која функција ќе му мирува, пратеничката, иако таква можност за мирување кај пратениците апсолутно не постои, а која ќе ја извршува, претседател на Влада, и на кој закон тој ќе се повикува со сопствено толкување. Замислете секој од нас да може сам да си одлучува кои се функции сака да си ги извршува без оглед на правните правила. Можеби утре Џафери ќе сака во ист момент да биде и претседател на Републиката бидејќи претседателката заминала во странство па ќе потпишува укази за прогласување на закони или самиот да одлучи дека ќе биде претседател на Уставен суд бидејќи ете таму бил блокиран процесот на избор, а тој е најсоодветниот кандидат за таа позиција како една неспорна правно-експертска величина. И ако го прашате зошто го прави тоа, веројатно ќе одговори зашто ми се може. Е токму за вакви ситуации на спречување на арбитрарност и самоволие постојат правила и институции. Сега е првиот тест за тоа дали нешто ќе се промени на овој план или ќе си продолжиме по старо бидејќи по верификацијата и мандатот се познава.Собранието мора веднаш да го извести Џафери за постоењето на неспојливост на неговата пратеничка функција со функција во извршна власт и ќе му укаже дека престанала неговата функција претседател на Влада, а не нему да му остава да си толкува правни норми како сака и како му одговара. Доколку и покрај ваквото известување Џафери не отстапи од своето „толкување“ и продолжи да ја извршува функцијата претседател на Владата тогаш Собранието треба веднаш врз основа на Законот за Собрание (Член 6 (1) На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: 3) настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник;) и Законот за пратеници (На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: 3) настапи случај на неспојливост на функцијата;) да констатира неспојвилост на пратеничката функција, бидејќи по верификацијата на пратеничкиот мандат продолжува извршување на друга неспојлива јавна функција, со што по сила на закон ќе престане пратеничкиот мандат на Талат Џафери. Ако дотичниот пратеник не е задоволен слободно може да си поднесе тужба и да си побара судска заштита на своите права. Во секој случај престанокот на мандатот ќе биде ефективен и тужбата нема да го одложи правното дејство. Само на овој начин може и смее да се одговори на демонстрираната ароганција и самоволие. Секое политичко договарање и правење компромиси со клучните уставни и законски норми негативно ќе се одрази понатаму и ќе остави дамка уште на самиот почеток на овој парламентарен состав“.

Коментари | пред 1 година

16052024_PVRSM_XHAFERI_PRES-2

Џафери обвинува од владина говорница: Се прави изборен инженеринг за менување на бројките на пратеници во Собрание

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, одржа прес- конференција во врска со заокружувањето на изборните процеси на двојните избори во државата.„Во својство на Премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори, имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инженеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија во врска со симптоматичните приговори поднесените од страна на учесниците во изборите.Според извештаите, овие претензии за изборен инженеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собрание преку политички договор на маса.Кредибилност на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било страна, и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес докрај, без да фрлат дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите“, вели Џафери.

Македонија | пред 1 година

29022024_PVRSM-Dzaferi_Rama_Regionalen-samit_Tirana_1

Откако почнаа шпекулациите дека ДУИ спрема нерегуларности: Џафери гi повика обвинителите да постапат по допрен глас ако има елемнти

Техничкиот министер, Талат Џафери, за обвинувањата дека ДУИ нема да ги признае изборите и дека спрема нерегуларности, рече дека Владата нема што да се произнесува бидејќи станува збор за политички изјави.„Институциите надлежни по допрен глас, доколку има елементи соодветни за постапување, по допрен глас треба да го направат тоа. Тоа се надлежности на судскиот систем. Ние како Влада покрај другите обврски, имаме обврска и за подготовка и спроведување на фер избори. Според Изборниот законик, само ДИК може да го прави тоа. Со надлежноста на Владата ние треба да сме поддршка на процесот во спроведување на тоа што е целта“, рече Џафери.

Македонија | пред 2 години

06032024_PVRSM_XHAFERI-2

Џафери испрати порака до студентитe, ама оние од Приштина

Денес претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше во посета на Колеџот ААБ во Приштина, Република Косово.Според агендата, премиерот првично имаше средба со Управниот одбор и ректорот на Колеџот ААБ, Блерим Олури. Колеџот ААБ е првата приватна високообразовна институција во Косово, основана веднаш по војната на Косово, по создавањето на новите економски, социјални и културни односи за нормален живот на косовските граѓани, нарушувајќи ги на овој начин монополските услови кои владееја долго време во образованието.На средбата со УО и ректорот Олури, претседателот се информираше за сите поединости за Колеџот од административен, инфраструктурен и професионален карактер а одговорите ги доби од ректорот Олури, кој посочи дека институцијата, која на почетокот нудела само студии од областа на уметноста и масовната комуникација, со тек на време, се претворила во релевантен домашен академски центар, кој претставува пример за една високообразовна институција, не само во регионот, туку и пошироко, промовирајќи при тоа институционална автономија, и академска слобода и научни истражувања во самата институција.Во рамките на посетата, имаше и обиколка на просториите на колеџот, а претседателот Џафери, одржа предавање пред студентите, на тема „Пријателските односи помеѓу Република Косово и Република Северна Македонија”.Во своето излагање пред студентите, премиерот Џафери посочи дека „билатералните политички односи меѓу двете земји се одликуваат со отворен и конструктивен дијалог, како и продуктивна и плодна соработка во сите области од взаемен интерес и тука спаѓа политичката, економската, бизнис соработката, инфраструктурната, образовната, здравствената и се разбира, размената на искуства и соработката во интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како суштински за целиот регион на Западен Балкан.Во однос на поддршката на евроинтеграцискиот пат на Косово, како и членството во рамките на меѓународните организации и иницијативи, претседателот Џафери изрази уверување дека таа поддршка нема никогаш да недостасува, и дека како државни претставници и сонародници, не ја испуштаат ниту една можност за поддршка на членството, партиципацијата или во најмала рака обезбедување на статусот на набљудувач за Република Косово, затоа што, како што посочи „како регион сме онолку силни колку што е силен и нашиот најслаб сосед, што значи, само обединети можеме да бидеме сила која може да говори и да делува во свое име и да го направи најдоброто за себе во овие несигурни времиња.“Во продолжение на предавањето, претседателот на Владата, Џафери, истакна дека соработката во меѓународните платформи е исклучително корисна можност за земјите поединечно, но и за целиот регион, посочувајќи го Планот за раст на Западен Балкан на Европската Комисија или Виенскиот економски форум и други, што е потврда на нашата заедничка цел за интегрирање во европското семејство.Во контекст на НАТО, премиерот Џафери посочи дека целосно ја подржуваме Република Косово и нејзината стратешка цел за интегрирање во овој сојуз, особено имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст и актуелни воени дејствија во Украина и на Блискиот Исток.Своето предавање премиерот Џафери го заокружи со мотивот за создавање на европски вредности дома, во регионот, а тоа е за да станат нашите земји атрактивни за живот, образование, работа, создавање, развој и стручно усовршување на младите поколенија. Меѓу другото, потенцираше дека „само ако се претставуваме заедно, во соседски и регионален аспект, нема да постои предизвик кој нема да го надминеме.“На крајот на своето излагање, претседателот на Владата, Џафери, им порача на студентите „Создавајте вредности, откривајте нови врвови, и немојте никогаш да го сопрете чекорот. Со вас напред, сите заедно, како регион, ќе бидеме пример кон кој ќе го вперуваат показалецот сите!“Во знак на благодарност кон премиерот Џафери, студентите имаа подготвено пригоден подарок, уметничка слика која му ја подарија на крајот на предавањето.Во текот на денот, премиерот Џафери беше и во посета на Меморијалниот центар во Преказ, каде оддаде лична почит кон жртвите на семејството на командантот Адем Јашари, а го посети и неговото семејството кое се уште живее таму.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-06-at-10.47.03

(Видео) Пасошите го изнервираа Џафери - новинарка му најде замерка, тој почна и да вика

Техничкиот премиер Талат Џафери посочува дека од 1 февруари до 29 февруари, МВР добило вкупно 123.000 барања за пасоши, од кои, според него, изготвени се 95.267 исправи. Според него, ова е показател на динамиката на работа. Џафери кажа дека се примени 82.235 барања, а издадени се 71.410 лични карти. За возачки дозволи кажа дека 46.210 барања се примени, а изготвени се 39.552. Тој ја префрли одговорноста кај граѓаните. „Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои немаат документ, во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи. Но иницијалното е од граѓаните да има барање“, рече Џафери.Имаше забелешка од новинарка дека во нејзиното семејство четири лица немаат земено пасоши, а аплицирале. На ова, Џафери врати: „Абе и јас имам доба пет членови кои не аплицирале, па што сега?“.На укажувањето дека постои сомневање дали навистина се изготвени пасоши од барања поднесени во текот на февруари, или се изготвени пасоши од барања од претходни месеци, Џафери рече: „Известувањето до мене е така“.

Македонија | пред 2 години

unnamed-file

(Видео) По вчерашниот „упад“: Џафери лечи фрустрации врз сопрпугата на загинат полицаец во Диво Насеље, тврди Ковачки

Однесувањето на техничкиот премиер Талат Џафери кој се стави во улога на „инспектор“, за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, е лечење на фрустрации. Тој во објавата посочува дека меѓудругото, жената на која Џафери и се обраќа е сопруга на загинат полицаец во Диво Насеље. „По кое правило премиерот самостојно може да врши упад во полициски станици и да ја прекинува работата на вработените во МВР лечејќи свои фрустрации врз нив, вклучително и врз сопругата на загинат наш полицаец од Диво Насеље?“, прашува Ковачки.Лавина на реакции донесе однесувањето на Џафери. Тој вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-2

(Видео) Најчевска за „инспектор“ Џафери: Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин

Професорката по право, Мирјана Најчевска со низа критики за потегот на техничкиот премиер Талат Џафери, кој влета во СВР Тетово во улога на инспектор, каде караше вработена и ѝ раскажуваше како тој пола живот го има поминато во војска, а пола во Собрание. Најчевска смета дека ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава.„Ох будала невидена. Тој сакал инспектор да биде а го ставиле премиер. Ма будалата нема појма што треба да прави и оди наоколу и манифестира моќ на најпримитивен начин.Ова не смее да се дозволи ни во најнесериозна држава“, напиша Најчевска.Лавина коментари од јавноста, а реакција имаше и од пратеникот Драган Ковачки кој рече дека Џафери не смее да врши самостојни посети во полициските станици, а смета и дека со потегот кој го направил лечел фрустрации врз вработените.Џафери вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.

Коментари | пред 2 години

23022024_PVRSM_6

Џафери во посета на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туристички и социо-економски развој на шарпланинскиот регион

на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска го посети Националниот парк „Шар Планина“. За време на денешната посета премиерот оствари средба со вработените и директорот на Националниот парк, Ибрахим Дехари.Шар Планина е четвртиот национален парк во државата, а прв прогласен во самостојна Република Северна Македонија. Со прогласување на Шар Планина за Национален парк, освен што се овозможи правна заштита на ова огромно природно богатство за нашата држава, исто така Северна Македонија ги исполни барањата на двата најзначајни инструменти на ЕУ за заштита на биодиверзитетот.Националниот парк „Шар Планина“ сега отвора нови можности не само од заштита на природната средина, туки и за социо-економски придобивки. Шар Планина изобилува со културни и традиционални вредности. Во Националниот парк се опфатени 30 села, каде живеат околу 2.000 жители, а со заштитата на планината, се овозможи развој на регионот и подобрување на животот на локалното население.Премиерот Џафери порача дека Шар Планина нуди можност за развој на новини во туризмот, унапредување на условите за летен и зимски туризам, како и создавање на туристичка содржина која ќе ги обединува потенцијалите на оваа подрачје. Шарпланинскиот регион може да се искористи за нови содржини и туристичка понуда кои би обезбедиле развој на детскиот туризам, медицинскиот туризам, спортскиот туризам и туризмот за повозрасна категорија на граѓани.

Македонија | пред 2 години

29012024_Dzaferi_izjava_2

Талат Џафери им стави крај на Хашките случаи

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е завршена приказната со Хашките случаи.На новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи, Џафери со кус одговор.-Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, пред десетина дена, во писмо до македонската влада, побара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал кон домашните судови.Мијатовиќ наведува дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество.Продолжување на постапката за овие предмети, минатата недела побара и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле ТрајановСтанува збор за случаите „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-12-at-14.00.12

„Делата нивни зборуваат, нема што посебно да додадам“, Џафери предложи министри за здравство и информатика

Техничкиот премиер Талат Џафери предложи Илир Демири да биде избран за минситер за здравство.„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност“, кажа Џафери.Наим Бајрами е предлог министер за информатичко општество и администрација.„Тој е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и докаже во струката, во тој контекст нема што да се дададе во однос на тоа што го претставил како биографија“, додаде Џафери.

Македонија | пред 2 години

09022024_PVRSM_XHAFERI-1

(Видео) Статус на Таравари го натерал Џафери да бара разрешување на министрите

Во три минути, техничкиот премиер Талат Џафери образложи зошто бара министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити.„Предлогот за разрешување не се однесува на професионалниот аспект за што имам особена почит. Со оглед дека претседателот на Таравари најави на Фејсбук дека ќе делува од опозиција, а статутот вели дека не може два опозициски субјекти да има во Владата“, додаде тој.Според него, Владата за спроведување избори може да ја сочинува една опозициска партија а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, затоа се бара разрешување на министрите од таборот на Тарвари, со оглед дека тој најави настап на изборите заедно со албанската опозиција

Македонија | пред 2 години

425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

Талат куртули, Најчевска праша: Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт?

Талат Џафери може да спие мирно оти одговорност за тоа што беше претседател на Собранието, а истовремено и дел од претседателството на генералниот совет на ДУИ нема да има. Тој повеќе не е собраниски спикер, туку технички премиер, па се запира и постапката која се водеше пред Антикорупциска.Сепак, професорката Мирјана Најчевска не се согласува дека тој не може да биде казнет.„А зошто Џафери не може да биде санкциониран сега? Како премиер тој има истоветен имунитет како и кога бил пратеник. Значи треба да биде казнет. Зошто во оваа држава само криминалците можат да бидат на власт? Најверојатно така сакаат граѓаните. Нема друго. И еве заради ова сите (ЧИТАЈ СИТЕ) кадри на ДУИ мора да бидат исфрлени од било која раководна позиција“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

20180730105141

Говорот на Џафери го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи го сподели говорот на Талат Џафери од Мечкин Камен и прокоментира дека го чуствува како сквернавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени.„Членовите на ПДП имаа според мене разум, одговорност и државнотворност.Џафери и бандата од ДУИ се само криминалци кои можат што сакаат да зборуваат меѓутоа со ниту една постапка не покажале ни разум ни одговорност ниту пак елементарна државнотворност.Говорот на Џафери на овој ден и на ова место го чувствувам како неверојатно скрнавење на минатите битки и идеалите на сите Илиндени“, вели Најчевска.

Коментари | пред 2 години

apasiev-1068x580

Џафери го дискриминирал Апасиев: Сеа и едно тужбиче гратис

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека претседателот на Собранието Талат Џафери извршил директна дискриминација врз пратеникот Димитар Апасиев, кој беше иницијатор на граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање потписи за распишување дополнителен референдум за собраниските заклучоци од т.н. „француски предлог“, објави Република.Комисијата постапувала по претставка поднесена од Апасиев и оценила дека пратеникот од Левица бил ограничен во остварување на своето политичко право, односно со него се постапувало понеповолно во однос на други лица кои се јавуваат во исто својство, како подносители на граѓански иницијативи.„Подносителот на претставката тврди дека врз него е сторена дискриминација со тоа што бил ставен во понеповолна положба од останатите граѓани од страна на Џафери во рамки на постапка по предлог барање за поведување на граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на задолжителен дополнителен референдум на државно ниво на целата тероторија на Републиката до Собранието“, пишува во образложението на Комисијата која препорачува Џафери во иднина да се воздржи од дискриминација и да ги почитува правата и обврските што произлегуваат од Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Законот за Собрание.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави фотографија од документот од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а во нејзинот опис додаде:„Сеа и едно тужбиче, гратис“.https://twitter.com/apasiev/status/1633157708365852677?s=20

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-02-24-084836

Венетски до Џафери: Кажи дали нашите деца го имаат истото право како син ти да полагаат правосуден пред да дипломираат?

Новинарот Дардан Венетски преку социјалните мрежи му постави прашање на собранискиот спикер Талат Џафери.„Ало Таљат, не се прави недоветен кога не си таков. Знаеме дека твојот син ги има сите права за вработување како сите други. Но ти да кажеш дали нашите деца го имаат истото право како твојот син да полагаат правосуден испит и да дипломираат?“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Milososki-27.06

Милошоски контра Ивановска: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Вовед, што кажа Б. Ивановска:Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери:Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда.Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж.Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт.Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство.Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност.Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти.Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители.Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

dzaferi-talad

Џафери со честитка за празникот: Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде учител за новите секојдневни битки

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Честитката Ви ја пренесуваме во целостДозволете од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име и да упатам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Ви посакувам убав празничен ден, поминат во кругот на блиските и драги луѓе.Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот. Нека бидат поука дека заемното почитување, разбирање, единственоста и заедништвото во напорите за градење на современа, демократска и напредна држава единствено може да не вброи во земјите со успешна приказна. Направивме исклучително тешки чекори, нови и непознати стојат пред нас, меѓутоа, ако сме искрено и заедно на тој пат, ништо нема да не поколеба!Драги граѓани, нека е честит 23 Октомври!

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев ќе го пријави Џафери оти објавил негови лични податоци

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе го пријави собранискиот спикер Талат Џафери затоа што објави негови лични податоци, односно домашната адреса.Од Левица за „Фокус“ објаснуваат дека тоа се случило при испраќањето на известувањето за одлуката за враќање на иницијативата за референдум, кое Џафери го достави и до медиумите. Тој ќе реагира до Агенцијата за заштита на лични податоци. Инаку, Џафери ја врати на доработка иницијативата на Левица за референдум за францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

najcevska

Најчевска за Џафери: Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интереси

Ќерката на претседателот на Собранието Талат Џефери, Бесиана Џафери Беќири е избрана во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлинска енергијаа, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за преземање на парното во Скопје.Прва реакција има од професорката Мирјана Најчевска. Таа вели:„Според мене детето, сопружникот, татко, мајка на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор. Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интереси“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-12-28-at-10.13.46

(ВИДЕО) Џафери се закани дека ќе го распушти Собранието, веќе нема толеранција

Собранискиот претседател Талат Џафери ќе предложи седница за распуштање на Собранието, откако денеска трипати се обиде да обезбеди кворум во салата, но не успеа. Тој смета дека институцијата мора да биде функционална, без разлика дали на некого му се допаѓа тоа или не. Џафери посочи дека како присутни на списоците се евидентирале 85 пратеници. Во салата, за 79. Седница на Собранието имаше 51 пратеници, што значи недостасуваа 34 од потпишаните пратеници кои ќе земат надоместоци.„Во сала се присутни 51 пратеник. Ги повикувам пратениците да влезат во салата. Листингот од потписите донесете ми го“, повика Џафери.Тој повторно се обиде да обезбеди кворум: „Ги повикувам пратениците кои се надвор од салата, да влезат од салата. Службите уште еднаш да констатираат број на присутни во салата, бидејќи влегоа други пратеници“.Имаше и нов обид.„Потпишани за оваа седница кои ќе примат надоместок се 85 пратеници. Потпишани се 85 пратеници. Ги повикувам пратениците да влезат во салата“, кажа ЏафериПо ова, тој се налути.„Поради фактот дека пратениците се потпишаа и одлучија да не влезат во салата, Собранието нема услови да одлучува за прашањата кои се на оваа седница. Ова јасно кажува за ставот на пратениците кон Собранието. Некој мисли дека ова е нивни имот и со нивниот имот можат да се однесуваат како сакаат, но ова не е наш имот како пратеници, туку ваш имот бидејќи сте не избрале“, се обрати Џафери до пратениците.На крајот посочи да се даде предлог за распуштање на Собранието или пак, тој ќе го стори тоа.„Должност на сите 120 пратеници е да бидат во салата. Би било коректно тие пратеници кои не сакаат да доаѓаат во Собранието и да бидат дел од работата на Собранието до мене да поднесат барање за распуштање на Собранието, ако така мислат. Јас друг излез немам, освен да ја прекинам работата со седницата. Ако некој од пратениците мисли дека седницата ќе биде закажана со уцена и ултиматуми, мислам дека греши, било кој да е тоа, од мнозинството или опозицијата. Тој што не сака да е дел од мнозинството, треба да каже, па нека прави мнозинство со кого сака“, додаде Џафери.Тој ја прекина седницата, по што ги повика координаторите на пратеничките групи кај него во канцеларија за да се види како ќе се продолжи со работа на оваа институција.„Ова не може да се толерира. Знам дека сме пред годишните одмори, некој си дава себеси право да одлучува на индивидуален начин, да дејствува како што мисли, но треба да бидеме одлучни“, објасни Џафери.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-3

Ќе го станат ли Џафери од претседателското столче

Денеска во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Џафери по вулгарното обраќање на претседателот на Собранието кон собраниски службеници и откако ги заклучи пратениците од опозицијата во пленарната сала додека траеше поединечното изјаснување.Џафери писмено ги отфрли сите обвинувања на опозицијата и смета дека откако тој е претседател на Собранието се унапредени правата на собраниските службеници.Седницата е закажана за во 11 часот.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-arber-ademi

Џафери: Граѓаните сами ќе проценат кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието.„На  поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од   Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците. Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања.  Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања