Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЏАФЕРИ

talat-dzaferi-kovacevski

Отпочната процедура за симнување на Џафери од претседателската функција

ВМРО-ДПМНЕ отпочна процедура за интерпелација на собранискиот претседател Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски побара поддршка и од пратениците на СДСМ, за и тие да гласаат за Џафери да биде симнат од функцијата.„Овој човек се однесува како да има право да пцуе и омаловажува пратеници. Апелираме до СДСМ да ги тргнат на страна партиските договори и да застанат во одбрана на човековите права и Собранието. Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој се случува во Собранието и е директива на Џафери, самоволието кое го спроведува. Во досегашната работа, односно неработа, како и никогаш досега не се случувале скандали и понижување на институциите“, кажа Мицевски.Интерпелацијата беше најавена минатата недела.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi

Ковачки: Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата

@Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата.Талат Џафери во период од неколку дена направи два тешки скандали.1. Беше фатен во живо на собранискиот канал како се заканува, пцуе и врши мобинг на вработените во Собранието2. Се обиде да сокрие дека се сретнал со чеченски претставник и поранешен член на руската Дума, за тоа не ја извести јавноста и релативизираше“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Талат Џафери мора да поднесе одговорност за неговиот дивјачки однос во Собранието. Ковачевски не смее да премолчува на овој примитивизам само затоа што сака да остане на власт. Со релативизирањето на односот на Џафери во Собранието се создаваат опасни преседани кои упатуваат порака дека системот не се грижи за вработените и воопшто луѓето, нивниот интегритет и чест.Со молкот Ковачевски ги понижува вработените во Собранието многу повеќе од Талат Џафери и испраќа порака дека на Џафери се му е дозволено, вклучително и да малтретира и понижува луѓе, затоа што од него зависи владата.Во однос на приемот на чеченската делегација, среќавајќи се со лица кои се безбедносно опасни за тоа да ги извести надлежните. Талат Џафери на виделина ја исфрли безбедносната незрелост.Се поставува прашањето дали македонските служби биле информирани за оваа средба на Џафери и дали Џафери ги брифирал за разговорот што се водел?И овој случај е премолчен од Ковачевски, затоа што истиот е заробен човек, кој живее во страв да не му падне владата, зошто на избори не може да добие поддршка од народот.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Ковачевски да се охрабри и да организираме предвремени парламентарни избори. Со распуштање на парламентот ќе ги нема ниту понижувањата кои сега ги дозволува за да остане на власт“.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-ukraina-3

Критики за Џафери: До вчера Украинец, денес командант Форина со индиции дека бил во врска со УЧК

Саше Јанчев, советник од Левица во Општина Гевгелија, на социјалните мрежи објави статус во кој ја прокоментира посетата на Талат Џафери на Украина.„Џафери до вчера беше Украинец кој се згрозува од воени злосторства. Од денес пак си е дезертер од АРМ и командант Форина за кој постојат сериозни индиции дека бил во директна врска со припадниците на УЧК кои го направија масакрот кај Вејце.Може сте заборавиле но на денот на масакрот дежурен офицер во касарната на АРМ во Тетово е капетан Талат Џафери. После некој ден, нашиот голем хуманитарец и борец за слобода, Џафери, му ја кидна од АРМ сосе оружје и униформа“, вели Јанчев

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања