Додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров
Скопје уште еднаш се гуши во канцероген чад. Во населбата Трубарево избувна огромен пожар во магацини каде што бил складиран опасен отпад – електронски уреди, батерии, пластика, гуми. Наместо итен системски одговор и заштита на граѓаните, јавноста повторно доби партиски соопштенија, пресметки и меѓусебни обвинувања.Од пожарот се ослободуваат тешки метали и токсични супстанци кои во воздухот стигнуваат директно до домовите на скопјани. Граѓаните во Трубарево веќе со години предупредуваат на несовесното управување со отпадот, а сега нивните стравови се потврдија. Политичарите ја користат трагедијата за дневна пропаганда.Мециновиќ: „Колку богатство може да ве насити?“Пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи остро реагираше на „лицемерието на властите и стручните кругови“ кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.„Одете во Трубарево да видите како изгледа кога гори електронски отпад до градинка,“ порача тој, посочувајќи дека системски регулации и инспекциски надзори воопшто не постојат.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак, предупреди дека државата се соочува со „еколошка и безбедносна катастрофа“.„Скопјани дишат канцерогени материи, а институциите се нефункционални,“ порача тој, нагласувајќи дека ова не се изолирани инциденти, туку системски хаос.Од ВМРО-ДПМНЕ со најостар тон го обвинија владејачкото дуо СДСМ–ДУИ дека свесно ги оставиле депониите без контрола и дека зад пожарите стојат политички интереси. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ порачаа од партијата, барајќи итна истрага.Додека чадот од Трубарево се шири над Скопје, партиите се натпреваруваат во меѓусебни обвинувања.Во меѓувреме, додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров.
Скопје | пред 6 месеци