Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕУ го сведува македонскиот идентитет на пиперки и пинџур - македонскиот народ не верува во полноправно членство, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос, во која македонскиот идентитет се сведува на „манастири, погача, пинџур и полнети пиперки“, го оценуваме како релативизирање и обезвреднување на националниот идентитет на македонскиот народ. Со давањето фолклорна карактеристика на националниот идентитет, претставничката на ЕУ се обиде да го алинеира идентитетот од неговиот историски, национален, политички и државотворен карактер, односно од неговите елементарни идентитетските карактеристики, коишто се предмет на спор и заради кој Бугарија не дозволува Македонија да продолжи со евро-интеграциските процеси“, вели Левица и додава:

— реклама —

Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ. Евроскептицизмот расте, а угледот на Унијата од ден во ден се руши токму поради колонијалниот однос којшто со децении се негува кон Македонија. Додека домашните владејачки елити демонстрираат немање на политички и институционални капацитети да ги достигнат минималните стандарди потребни во секое од поглавјата, граѓаните речиси воопшто не веруваат во реформските планови предложени од ЕУ, кои повеќе од дваесет години се вртат во круг после секоја промена на влада.

— реклама —

Промената на власта не покажува промена во надворешно-политичкиот курс којшто го води државата. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди гаранција дека внесувањето на Бугарите во уставот како последно барање на Бугарија, значи само прифаќање на т.н. „Француски предлог“ и продолжување онаму каде што СДС и ДУИ застана. Релативизирањето на барањата за идентитетски отстапки од Македонија нема ниту да го забрзаат процесот на интеграција, ниту пак ќе го подобрат функционирањето на државниот систем и животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Левица најостро го отфрла овој редукционистички и навредлив однос кон македонскиот народ. Нашиот идентитет не е гастрономска карта, туку политичка реалност израсната од историска борба за слобода, рамноправност и социјална правда.

Повторно повикуваме Македонија да стави јасно до знаење дека отфрла секаква комуникација со Бугарија по однос на сите прашања што задираст во националниот идентитет, што значи и распуштање на историската комисија. Евро-интеграциските процеси треба да продолжат исклучително преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде бараме да бидеме третирани еднакво како и останатите земји кои претходно станале дел од европското семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања