Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – собранието ја отфрли резолуцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
jovana-mojsoska

Само 16 пратеници, од кои шест пратеници од Левица, во македонското собрание гласаа за Резолуцијата за хуманитарна помош на Газа.

„Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа хуманитарна помош на Газа (од кои 6 пратеници на Левица) - односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

— реклама —

Додека палестински деца умираат од глад, македонското собрание не само што не го осуди ционизмот на Израел (за разлика од многу европски држави) - туку не се уважува барем срамежливо да побара хуманитарна помош пред најголемиот геноцид на нашето време!“, напиша пратеничката на Левица, Јована Мојсоска.

Понатаму во својот коментар Мојсоска вели дека од народ кој во Втора светска војна извојувал победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со „неоколонијален и вазален менталитет“ се молчи додека деца умираат од глад.

— реклама —

„Се срамам од генерација која е апатична, индиферентна и колаборационистичка пред најголемото злосторство на нашето време“, го завршува својот коментар Мојсоска.

Инаку резолуцијата која беше поднесена во македонското собрание бара од државата Израел да дозволи итно воведување хуманитарна помош (храна, медицински материјали и логистичка поддршка) за цивилното население во Газа, во согласност со меѓународното право, како и одлуките на релевантните меѓународни тела и организации. Со резолуцијата исто така се бараше ОН, Европската унија, Исламската конференција и сите други меѓународни организации да го зголемат дипломатскиот и хуманитарниот притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и подобрување на условите за цивилите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 21 час

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања