Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
kocevski-1

— реклама —

Пратеничката група на Левица денеска поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обвинувајќи го за селективно постапување, политички влијанија и пропусти во работењето на Јавното обвинителство.

— реклама —

— реклама —

Пратеникот Сашко Јанчев на прес-конференција посочи четири основи за интерпелацијата:

  1. Селективна истрага за трагедијата во Кочани, при што, според Левица, се таргетирале само поранешни функционери, а се изземале актуелни лица од одговорност.

  2. Политички притисоци врз обвинителството, што, како што рече Јанчев, се потврдило преку јавниот судир со Владата и повлекувањето на иницијативата за смена по отворањето предмети против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

  3. Хаос во Вишото обвинителство во Скопје, за кое беа споменати случаи на компромитирани обвинители што, според Левица, укажуваат на институционално распаѓање.

  4. Игнорирање на пријавите за дивоградби во Чаир, и покрај, како што наведоа, јавно обелоденети докази од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

„Коцевски е персонално одговорен за состојбите, согласно Законот за јавно обвинителство“, рече Јанчев, најавувајќи дека по изгласување, заклучокот ќе биде доставен до Владата за понатамошна постапка за смена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања