Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
DJI_20250913161621_0169_D

Скопје уште еднаш се гуши во канцероген чад. Во населбата Трубарево избувна огромен пожар во магацини каде што бил складиран опасен отпад – електронски уреди, батерии, пластика, гуми. Наместо итен системски одговор и заштита на граѓаните, јавноста повторно доби партиски соопштенија, пресметки и меѓусебни обвинувања.

— реклама —

Од пожарот се ослободуваат тешки метали и токсични супстанци кои во воздухот стигнуваат директно до домовите на скопјани. Граѓаните во Трубарево веќе со години предупредуваат на несовесното управување со отпадот, а сега нивните стравови се потврдија. Политичарите ја користат трагедијата за дневна пропаганда.

— реклама —

Мециновиќ: „Колку богатство може да ве насити?“

— реклама —

Пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи остро реагираше на „лицемерието на властите и стручните кругови“ кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.

„Одете во Трубарево да видите како изгледа кога гори електронски отпад до градинка,“ порача тој, посочувајќи дека системски регулации и инспекциски надзори воопшто не постојат.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак, предупреди дека државата се соочува со „еколошка и безбедносна катастрофа“.

„Скопјани дишат канцерогени материи, а институциите се нефункционални,“ порача тој, нагласувајќи дека ова не се изолирани инциденти, туку системски хаос.

Од ВМРО-ДПМНЕ со најостар тон го обвинија владејачкото дуо СДСМ–ДУИ дека свесно ги оставиле депониите без контрола и дека зад пожарите стојат политички интереси. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ порачаа од партијата, барајќи итна истрага.

Додека чадот од Трубарево се шири над Скопје, партиите се натпреваруваат во меѓусебни обвинувања.

Во меѓувреме, додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања