Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
skopje-parking

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром бара итно одложување на воведувањето зонско паркирање во зоната D12 (Реонски центар), тврдејќи дека тоа ќе го влоши паркирањето во Ново Лисиче. Тие бараат итна седница на Советот за да се задолжи градоначалникот Дејан Митески, со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да го одложи зонското во Реонски центар и да го забрза во Ново Лисиче, поради страв од пренасочување возила и поголем хаос од 1 април.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одложување на воведувањето на зонското паркирање во зоната D12 во Реонски центар, оценувајќи дека ваквата одлука ќе го продлабочи проблемот со паркирањето во Ново Лисиче.

Од СДСМ информираат дека побарале итна седница на Советот на Општина Аеродром, на која треба да се донесе заклучок со кој градоначалникот Дејан Митески ќе биде задолжен, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на примената на зонското во Реонски Центар и истовремено да го забрза воведувањето во Ново Лисиче.

— реклама —

Барањето, како што посочуваат, доаѓа поради бурните реакции на жителите на Ново Лисиче, кои стравуваат дека селективното воведување на зонското ќе предизвика дополнителен притисок врз веќе недоволниот паркинг простор во нивната населба.

Според СДСМ, жителите на Ново Лисиче веќе подолг период се соочуваат со недостиг на паркинг места, особено по воведувањето на зонско паркирање зад трговските центри „Капитол“ и „Бисер“, а најавената примена на зоната D12 од 1 април само ќе го влоши проблемот.

— реклама —

Партијата предупредува дека селективниот пристап доведува до пренасочување на возилата кон нерегулираните зони, што дополнително ги отежнува условите за паркирање.

Од СДСМ потенцираат дека зонското паркирање треба да се спроведе исклучиво паралелно и координирано во двата реони, со цел да се обезбеди правична распределба на паркинг просторот и да се избегне дополнителен сообраќаен хаос во најгусто населената општина во Скопје.

Воедно, тие бараат итна реакција од локалната власт и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со цел навремено да се спречат последиците од, како што велат, несериозниот пристап кон овој долгогодишен проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања