Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека државата се наоѓа во состојба на „заробен систем“ и дека, како што рече, поради силна партизација на институциите, не постојат услови за укинување на техничката влада и одржување фер и демократски избори, се наведува во соопштение од СДСМ.
Тој укажа дека, според него, постои влијание врз правосудството и институциите, како и силен политички притисок, наведувајќи дека тоа претставува продолжение на пракси од претходни периоди, стои во соопштението.
Филипче посочи дека постојат притисоци врз правосудниот систем преку, како што рече, поставување партиски кадри на клучни позиции, како и преку политички изјави кои можат да влијаат врз независноста на институциите, се наведува во соопштението.
Тој изрази загриженост и за функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи дека не е доволно транспарентно кој управува со податоците и како тие се користат, при што посочи дека постојат прашања за можни злоупотреби на информации, стои во соопштението.
Филипче додаде дека медиумите се под силно влијание на власта и дека, според него, политички и бизнис-релации може да бидат причина за, како што рече, забрзани законски измени поврзани со укинувањето на техничката влада, се наведува во соопштението.