Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Опозицијата предупредува на прехранбена криза: Земјоделците на удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
zemjodelci

СДСМ обвинува дека Владата на Мицкоски не реагира на ризик од прехранбена криза и раст на цени, иако глобалните случувања (војната на Блискиот Исток и проблеми во Ормутскиот теснец) веќе ги креваат цените на ѓубрива (+26,2%) и енергија (+41,6%), со најави за нов раст. Партијата вели дека земјоделците, зависни од увозни ѓубрива, ќе трпат намалени приноси и поголема зависност од увозна храна. Критиката е дека мерките се доцни (маржа до крај мај) и бараат ДДВ 0% за храна, пониски даноци/акцизи за горива и директна помош за ранливи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Додека глобалните институции предупредуваат на можна прехранбена криза и раст на цените, СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски „живее во паралелна реалност“, зборувајќи за економски успеси наместо да реагира на, како што велат, сериозните ризици за граѓаните и земјоделците.

Од партијата посочуваат дека војната на Блискиот Исток и нарушениот проток низ Ормутскиот теснец веќе имаат директни последици врз глобалниот пазар, со раст на цените на ѓубривата за 26,2 проценти и на енергијата за 41,6 проценти. Дополнително, Светската банка и Организацијата за храна и земјоделство предупредуваат на нов раст на цените на ѓубривата до 20 проценти во првата половина од годинава.

— реклама —

Според СДСМ, ваквите движења директно ги погодуваат македонските земјоделци, кои се зависни од увозни ѓубрива, што ќе доведе до намалени приноси и зголемена зависност од увоз на храна.

„Храната веќе поскапува, а тоа е резултат на растот на цените на енергијата и ѓубривата. Владата реагира доцна и со недоволни мерки“, велат од СДСМ.

— реклама —

Како пример ја посочуваат одлуката за ограничување на маржата на ѓубривата до крајот на мај, оценувајќи дека таа нема суштински ефект, бидејќи најголем дел од земјоделците веќе ги направиле трошоците по повисоки цени.

Од опозицијата потсетуваат дека предложиле сет економски мерки уште на почетокот на кризата, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за храна на нула проценти, намалување на данокот за горива на пет проценти и намалување на акцизите, како и директна финансиска помош за ранливите категории.

„Сега е предоцна. Граѓаните и земјоделците ќе ја платат цената на доцнењето“, наведуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да бараат итни економски мерки, оценувајќи дека економијата и земјоделството не се статистика, туку прашање на секојдневна егзистенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 12 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања