Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ го повика градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, да распише референдум за граѓаните да одлучат дали сакаат рудник за антимон. Партијата тврди дека копањето антимон е високо токсично и носи сериозни здравствени ризици, потсетувајќи на негативни искуства како Лојане и проекти за литиум. СДСМ обвинува дека одлуката не смее да се носи зад затворени врати и бара „референдум“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон во нивниот регион.

Цело соопштение:

— реклама —

„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон.

Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.

— реклама —

Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај.

СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива.

Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот.

Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови.

Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето.

Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес загадува почва, вода и воздух.

Луѓето сè уште страдаат од хронични заболувања, а отпадот продолжува да го труе регионот со децении.

Истото се случува и со проектите за литиум.

Се ветуваат работни места, а на крајот остануваат загадена вода, почва и сериозни здравствени проблеми.

Македонија веќе е на црната листа по квалитетот на воздухот. Уште еден рудник за токсичен метал значи уште еден проект за убивање на граѓаните.

Градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер.

Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ.

Градоначалниче – референдум!

Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.

СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција“, пишува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 12 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

zemjodelci

Опозицијата предупредува на прехранбена криза: Земјоделците на удар

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања