Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВО ЛИСИЧЕ

media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче со нов апел до Орце Ѓорѓиевски: Јасна насока или следуваат протести

Жителите на Ново Лисиче преку истоимената група повторно упатија апел до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, барајќи јасна и прецизна насока за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар.Во реакцијата, граѓаните посочуваат дека и покрај изразената подготвеност за компромис од страна на градските власти, во последната објава нема конкретен одговор на нивното клучно барање – одложување на зоната во Реонски Центар сè додека не започне паралелна имплементација и во Ново Лисиче.„Ве молиме за јасна и прецизна насока до ЈП ‘Градски паркинг’ за привремено одложување на зонското паркирање само во Реонски Центар, како и итно започнување со подготовка на теренот во Ново Лисиче“, стои во апелот.Граѓаните бараат конкретни чекори – маркирање на паркинг-местата, поставување на соодветна сигнализација и истовремено воведување на зонското паркирање на двете локации, со цел да се избегне дополнително прелевање на проблемот од една во друга населба.Во пораката потенцираат дека нивните барања не се политички мотивирани, туку произлегуваат од секојдневниот проблем со недостиг на паркинг-простор, кој, како што велат, може дополнително да се влоши доколку се продолжи со селективен пристап.„Тоа се барањата на граѓаните. Очекуваме јасна насока за да имаме чиста слика сите“, порачуваат жителите, додавајќи дека решението постои доколку постои и разум.

Скопје | пред 7 часа

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром! Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право! Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче“, напиша Ѓорѓиевски.Тој додава: Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова, ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем. Истовремено, правиме чекор напред и во дигитализацијата. Од 01.04.2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи. Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите. Почитувани, за разлика од минатото, денес вашиот глас е слушнат и уважен. Одлуките ги носиме заедно, за подобро секојдневие, повеќе ред и достоинствено, уредено Скопје“, додаде тој.

Скопје | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одложување на воведувањето на зонското паркирање во зоната D12 во Реонски центар, оценувајќи дека ваквата одлука ќе го продлабочи проблемот со паркирањето во Ново Лисиче.Од СДСМ информираат дека побарале итна седница на Советот на Општина Аеродром, на која треба да се донесе заклучок со кој градоначалникот Дејан Митески ќе биде задолжен, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на примената на зонското во Реонски Центар и истовремено да го забрза воведувањето во Ново Лисиче.Барањето, како што посочуваат, доаѓа поради бурните реакции на жителите на Ново Лисиче, кои стравуваат дека селективното воведување на зонското ќе предизвика дополнителен притисок врз веќе недоволниот паркинг простор во нивната населба.Според СДСМ, жителите на Ново Лисиче веќе подолг период се соочуваат со недостиг на паркинг места, особено по воведувањето на зонско паркирање зад трговските центри „Капитол“ и „Бисер“, а најавената примена на зоната D12 од 1 април само ќе го влоши проблемот.Партијата предупредува дека селективниот пристап доведува до пренасочување на возилата кон нерегулираните зони, што дополнително ги отежнува условите за паркирање.Од СДСМ потенцираат дека зонското паркирање треба да се спроведе исклучиво паралелно и координирано во двата реони, со цел да се обезбеди правична распределба на паркинг просторот и да се избегне дополнителен сообраќаен хаос во најгусто населената општина во Скопје.Воедно, тие бараат итна реакција од локалната власт и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со цел навремено да се спречат последиците од, како што велат, несериозниот пристап кон овој долгогодишен проблем.

Скопје | пред 10 часа

parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Жителите на Ново Лисиче преку Фејсбук страницата „Ново Лисиче“ упатија јавен апел до надлежните институции, барајќи одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски центар сè додека не се спроведе паралелно и во нивната населба.Во реакцијата тие потсетуваат дека било ветено истовремено воведување на зонско паркирање на двете локации, но дека тоа не е реализирано. Според нив, селективната имплементација ќе го продлабочи проблемот со паркирањето и дополнително ќе го префрли хаосот во Ново Лисиче.„Граѓаните не го бараат ова од политички причини, туку поради реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Селективниот модел што се најавува ќе ја влоши состојбата“, наведуваат тие.Жителите бараат надлежните да започнат со подготовка на теренот во Ново Лисиче, да достават конкретен термински план за обележување и имплементација на зоните, како и да понудат јасно решение кое ќе важи за двете населби истовремено.Во спротивно, предупредуваат дека ќе бидат принудени да излезат на блокади и протести уште од денот на евентуалното селективно воведување на зонското паркирање.

Скопје | пред 10 часа

parking

Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар

По најавите за воведување зонско паркирање, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потврди дека од 1 април наплатата ќе започне, но само во Реонски центар, што предизвика реакции кај жителите на Ново Лисиче.Граѓаните предупредуваат дека ваквата селективна примена ќе го влоши и онака сериозниот проблем со паркирањето во нивната населба. Според нив, веќе сега е речиси невозможно да се најде слободно место, а воведувањето наплата во соседниот реон ќе го пренасочи дополнителниот притисок кон Ново Лисиче.Жителите посочуваат дека со месеци наназад бараат истовремено воведување на зонско паркирање и во нивната населба, но без резултат. Тврдат дека паркиралиштата се узурпирани, а институциите не презеле конкретни чекори и покрај претходните ветувања.Во реакции објавени на социјалните мрежи, дел од граѓаните најавуваат и можни блокади доколку одлуката не се преиспита.„Ако се воведе зонско само во Реонски центар, ќе бидеме принудени да излеземе на блокади уште истиот ден“, предупредуваат тие, барајќи одложување на мерката сè додека не се спроведе паралелно решение и за Ново Лисиче.Останува неизвесно дали надлежните ќе одговорат на барањата на жителите или од 1 април зонското паркирање ќе стартува само во една од двете локации, што дополнително може да ги зголеми тензиите на терен.

Скопје | пред 1 ден

media-libraryi00h8nd2v8h7elTey97

Реконструкција во средишниот дел на Ново Лисиче – старите и дотраени плочки се заменуваат со нови

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните.Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите.Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarybrg8t16mqv1c3yGAniB

Интензивно хортикултурно уредување во Ново Лисиче – зеленило, цвеќе и нов плочник

Комуналните екипи на Општина Аеродром спроведуваат интензивно хортикултурно уредување на една од најфреквентните локации во населбата Ново Лисиче, што се наоѓа во делот меѓу станбените згради, паралелно со булеварот „Видое Смилевски-Бато“.Како што информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи, за првпат по подолг период, се засадува ново зеленило, декоративни растенија и цвеќе, се оформуваат тревни површини и се уредува просторот со цел да се создаде пријатна и уредна урбана целина.Просторот добива свеж и разубавен лик, што ќе придонесе за поквалитетна животна средина, поубава секојдневна слика и попријатно движење за жителите и минувачите.Исто така, во изминатиот период целосно беше заменет и плочникот со нови елементи за безбедно движење.„Продолжуваме да вложуваме во зеленило и уредени јавни простори – затоа што чиста и здрава околина значи подобро секојдневие за сите“, порачаа од Општината.

Скопје | пред 1 месец

366937472_663071142518836_514940257729071129_n

Град Скопје се пофали со реконструиран булевар, за иницијативата „На Точак“ ова е уште една пропуштена шанса да се изведе безбедна инфраструктура

Град Скопје на социјалните мрежи објави фотографии од реконструираниот булевар АСНОМ во Ново Лисиче.„Станува збор за целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот“, велат од Град Скопје.Од граѓанската иницијатива „На Точак“, реагираат дека ова е уште една пропуштена шанса да се изведе безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот.„Уште една пропуштена шанса да се изведе безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот.Од споделените фотографии од Град Скопје може да се види дека само коловозните ленти на „реконструираниот“ потег на булеварот АСНОМ во Ново Лисиче имаат сменет асфалт.Во оваа „реконструкција“ ништо не е сменето за ширината на коловозот и лентите, не е изведена безбедна велосипедска инфраструктура на јужната страна, а ни пешачка ни велосипедска инфраструктура на северната страна. Значи реконструкцијата е само на коловозот преку олеснување на брзото непрекинато возење наместо преку дестимулација со негово успорување.Во оваа состојба улицата стимулира брзо и небезбедно возење на автомобили, а не дозволува никакво возење на велосипеди, ни движење на пешаците на една страна.Дополнително, на останатите 3 страни на булеварите околу Ново Лисиче има издвоени велосипедски патеки.Со одлуката да не се изведат велосипедски патеки или ленти и на овој булевар се пропушти шансата ова да биде вториот блок во Скопје кој е целосно обиколен со безбедна велосипедска инфраструктура. За споредба блокот кај Соборен Храм, пак, е првиот блок во Скопје обиколен со велосипедски патеки и ленти од сите 4 страни на растојание од 200-250 метри меѓу себе, нешто со што се пофали самиот Град Скопје како исчекор, а е препорачаната дистанца меѓу велосипедски патеки и ленти меѓу себе во населени средини.Во објавата има еден пасус каде се спомнува ефектот на безбедноста која ќе ја има оваа реконструкција. Велат „Станува збор за целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“.“Дали навистина широки и писта-прави коловози на кои нема пешачка и велосипедска инфраструктура, а кои двојат населба од детско игралиште ќе овозможуваат зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот?Наместо да се следи текот на развој на градот во претходните 10 години, со вакви автоцентрични одлуки Град Скопје регресира во планирањето на сообраќајот.На сликите каде тие се фалат со светкав нов асфалт ние гледаме идни жртви од брзи коли“, се вели во објавата.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања