Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром бара градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да го одложи стартот на зонското паркирање во Реонски Центар и да се воведат истовремено зоните во Реонски Центар и Ново Лисиче, како што било најавувано и ветувано. Потсетуваат дека општината имала проект и чекала одобрение од Град Скопје, а парцијално воведување прво во Реонски Центар, според нив, ќе го влоши хаосот со паркирањето во Ново Лисиче. Бараат итна седница на Советот и најавуваат револт ако не се постапи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните, велат од СДСМ Аеродром.

— реклама —

„Го потсетуваме  Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека чека одобрување од Град Скопје за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

— реклама —

Граѓаните не забораваат. Истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски Центар е предизборно ветување на Дејан Митески.

— реклама —

Трпението на жителите на Ново Лисиче е при крај. Градоначалникот Митески наместо да дели лекции за надлежностите на Општина Аеродром, нека седне со својот колега од Град Скопје и нека го договорат истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

Парцијалното воведување на зонско паркирање прво во Реонски Центар, ќе предизвика уште поголемо продлабочување на хаосот со паркирањето во Ново Лисиче. И тоа Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски многу добро го знаат.

Тоа што не го знаат е очигледно дека нивниот инает само го зголемува револтот на жителите на Ново лисиче кои немаат намера да останат неми во однос на ова прашање.

Го потсетуваме Дејан Митески дека денеска е последен ден кога може да ја закаже итната седница на Советот на Општина Аеродром и заедно со Орце Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот што вештачки го создадоа.  Доколку тоа не го направи нека биде подготвен да се соочи со револтот на нашите сограѓани од Ново Лисиче“, се вели во соопштението.

media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче на протести од 1 април, доколку институциите не одговорат на барањето за одложување на зонското паркирање во Реонски центар

Жителите на Ново Лисиче најавуваат протести од 1 април, доколку надлежните институции не одговорат на нивното барање за одложување на селективното воведување на зонско паркирање во Реонски центар.Преку групата „Ново Лисиче“, тие информираат дека досега немаат добиено никаков одговор од Општина Аеродром и Град Скопје, и покрај доставеното барање за паралелна имплементација на зоните во Ново Лисиче и Реонски центар.Граѓаните потсетуваат дека токму градоначалниците Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски во предизборниот период ветиле дека зонското паркирање ќе се воведува истовремено на двете локации, за да се избегне прелевање на проблемите.„Досегашното одлагање и немање активности на терен во Ново Лисиче не е по вина на граѓаните, туку по вина на институциите“, велат тие, нагласувајќи дека не бараат трајно решение, туку привремено одложување додека не се воспостави систем што ќе важи подеднакво за сите.Во барањето, кое го доставиле до институциите, граѓаните укажуваат дека актуелниот модел создава нееднаквост меѓу жителите на истата општина. Како што наведуваат, дел од граѓаните имаат право на бесплатно паркирање во цела општина, додека други, иако живеат во непосредна близина, плаќаат за истата услуга.Тие предупредуваат дека ваквата практика претставува дискриминација и создава дополнителен финансиски товар за семејствата, особено во секојдневни активности како транспорт на деца, работа и основни обврски.Доколку до крајот на денот не добијат одговор, најавуваат дека протестите ќе започнат веќе од 1 април, со дополнителни информации за локацијата и начинот на организирање.„Не бараме ништо повеќе од тоа што ни беше ветено – еднаквост и фер решение“, порачуваат жителите.

Скопје | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 2 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 17 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 21 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања