Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
parking-1

Жителите на Ново Лисиче преку Фејсбук страницата „Ново Лисиче“ упатија јавен апел до надлежните институции, барајќи одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски центар сè додека не се спроведе паралелно и во нивната населба.

Во реакцијата тие потсетуваат дека било ветено истовремено воведување на зонско паркирање на двете локации, но дека тоа не е реализирано. Според нив, селективната имплементација ќе го продлабочи проблемот со паркирањето и дополнително ќе го префрли хаосот во Ново Лисиче.

— реклама —

„Граѓаните не го бараат ова од политички причини, туку поради реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Селективниот модел што се најавува ќе ја влоши состојбата“, наведуваат тие.

Жителите бараат надлежните да започнат со подготовка на теренот во Ново Лисиче, да достават конкретен термински план за обележување и имплементација на зоните, како и да понудат јасно решение кое ќе важи за двете населби истовремено.

— реклама —

Во спротивно, предупредуваат дека ќе бидат принудени да излезат на блокади и протести уште од денот на евентуалното селективно воведување на зонското паркирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања