Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПАРКИНГ

media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче со нов апел до Орце Ѓорѓиевски: Јасна насока или следуваат протести

Жителите на Ново Лисиче преку истоимената група повторно упатија апел до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, барајќи јасна и прецизна насока за одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски Центар.Во реакцијата, граѓаните посочуваат дека и покрај изразената подготвеност за компромис од страна на градските власти, во последната објава нема конкретен одговор на нивното клучно барање – одложување на зоната во Реонски Центар сè додека не започне паралелна имплементација и во Ново Лисиче.„Ве молиме за јасна и прецизна насока до ЈП ‘Градски паркинг’ за привремено одложување на зонското паркирање само во Реонски Центар, како и итно започнување со подготовка на теренот во Ново Лисиче“, стои во апелот.Граѓаните бараат конкретни чекори – маркирање на паркинг-местата, поставување на соодветна сигнализација и истовремено воведување на зонското паркирање на двете локации, со цел да се избегне дополнително прелевање на проблемот од една во друга населба.Во пораката потенцираат дека нивните барања не се политички мотивирани, туку произлегуваат од секојдневниот проблем со недостиг на паркинг-простор, кој, како што велат, може дополнително да се влоши доколку се продолжи со селективен пристап.„Тоа се барањата на граѓаните. Очекуваме јасна насока за да имаме чиста слика сите“, порачуваат жителите, додавајќи дека решението постои доколку постои и разум.

Скопје | пред 7 часа

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром! Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право! Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче“, напиша Ѓорѓиевски.Тој додава: Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова, ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем. Истовремено, правиме чекор напред и во дигитализацијата. Од 01.04.2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи. Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите. Почитувани, за разлика од минатото, денес вашиот глас е слушнат и уважен. Одлуките ги носиме заедно, за подобро секојдневие, повеќе ред и достоинствено, уредено Скопје“, додаде тој.

Скопје | пред 9 часа

parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Жителите на Ново Лисиче преку Фејсбук страницата „Ново Лисиче“ упатија јавен апел до надлежните институции, барајќи одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски центар сè додека не се спроведе паралелно и во нивната населба.Во реакцијата тие потсетуваат дека било ветено истовремено воведување на зонско паркирање на двете локации, но дека тоа не е реализирано. Според нив, селективната имплементација ќе го продлабочи проблемот со паркирањето и дополнително ќе го префрли хаосот во Ново Лисиче.„Граѓаните не го бараат ова од политички причини, туку поради реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Селективниот модел што се најавува ќе ја влоши состојбата“, наведуваат тие.Жителите бараат надлежните да започнат со подготовка на теренот во Ново Лисиче, да достават конкретен термински план за обележување и имплементација на зоните, како и да понудат јасно решение кое ќе важи за двете населби истовремено.Во спротивно, предупредуваат дека ќе бидат принудени да излезат на блокади и протести уште од денот на евентуалното селективно воведување на зонското паркирање.

Скопје | пред 10 часа

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Деценискиот проблем со паркирањето на Клинички конечно добива решение

Владата донесе одлука за конечно решавање на прашањето за паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, со што се затвораат административните пречки што со децении го блокираа уредувањето на овој простор.„Одлуката создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје, а Министерството веќе го заврши процесот на регистрација на парцелите и изработката на елаборати, отварајќи пат за изградба на модерен паркинг со катни гаражи и воведување софтверско решение за ефикасно управување. Проектот ќе обезбеди подобри услови за пациентите, здравствените работници и граѓаните кои ги користат услугите на кампусот“, велат од Владата.

Скопје | пред 1 месец

media-library9d1221373vnl9jipQTa

ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор

Мнозинството во Советот даде дозвола да се наплаќа паркирање во дивоградба, веројатно пост фестум легализирана по едно евро квадрат. Објектот за кој дадоа дозвола да наплаќа паркинг во имотен лист не се води како Е2 Катна гаража, туку се води како Б4 Деловни простории, велат од Зелен хуман град.„Според Катастар објектот е во сопственост на Друштво за трговија и услуги „СКАЈ ПАРКИНГ“ ДОО Скопје, фирма основана на 9 мај 2024 година.Во Планската програма од 2021 г. за Градска четврт И16, блок И16.03 што е последната објавена на веб-страницата на Општина Аеродром стои:„предметниот опфат не е опфатен со ДУП“, земјиштето е на Република Македонија.Ова значи дека објектот катна гаража бил изграден нелегално на државно земјиште, па сопственикот на нелегалниот објект финансирал ДУП да си го легализира и тоа му било дозволено од Општината. За да градиш објект легално, мораш прво да откупиш земјиште од државата, па да почнеш постапка за одобрение, а не обратно, како што бил случајот овде.Прашања на кои никој од Градот не ни одговори:Безбедна ли е дивоградбата за паркирањеДали се загрозени луѓето што секојдневно ја користат, немајќи поим какви колосални пропусти се направени од институциите што ги плаќаме од наши пари да ги водат одговорно процесите имајќи го јавниот интерес како приоритет?На која фирма што управувала со катната гаража пред „СКАЈ ПАРКИНГ“ ДОО Скопје, Советот на Град Скопје дал иста ваква дозвола?Како градските сектори го дозволиле ова?Дали некој од нас обичните граѓани би можел да врши некаква дејност во некој простор ако има имотен лист со сосем друга намена?Чија е оваа фирма што се дозволува ваков пропуст со неусогласена категоризација во Катастар и ДУП да добие зелено светло од секторите кои за нас, обичните граѓани, се многу строги во спроведување на законите“, стои во објавата.

Скопје | пред 1 месец

media-library3ft65bndi9t8cA5SQFl

Скопје добива 500 нови паркинг места: Почнува изградбата на две катни гаражи кај Клиничкиот центар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржаа координациски состанок со кој официјално се отпочнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.– Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.  Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување.Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди, објави Ѓорѓиевски.Посочува дека овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски и претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.-Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера, нагласува градоначалникот на Град Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarysj62mecqggk34OqdZ4I

Граѓаните ќе паркираат бесплатно во Центар за време на новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ).На 1 јануари 2026 година (четврток), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање, како и издавањето договори во Дирекцијата на претпријатието, ќе продолжи на 2 јануари 2026 година (петок), согласно вообичаеното работно време.Бесплатно паркирање е најавено и за време на божиќните празници. На 6 јануари (вторник) и 7 јануари (среда), сите паркиралишта под надлежност на ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата и административните услуги ќе продолжат на 8 јануари 2026 година (четврток).Од претпријатието информираат дека депото на „Пајак“ службата ќе работи непрекинато, 24 часа дневно, и за време на празниците. Воедно, затворените паркиралишта „Дилајла“, со автоматска наплата, и „Трготекстил“ ќе функционираат според редовниот режим на наплата.Од ЈП Паркинзи на Општина Центар им посакаа на граѓаните среќни новогодишни и божиќни празници.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarypo43q1a5v71hfb4Vq74

(Видео) Сите урбанистички планови за Скопје ќе бидат достапни онлај, ветува Шукова

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска од Карпош истакна дека решавањето на проблемот со паркирањето и уредувањето на урбанизмот се врвни приоритети во нејзината програма.Таа најави  решенија, како паметни паркинзи со дигитална наплата и информации во реално време, како и зони за паркирање на периферијата поврзани со јавен превоз. Една од мерките во програмата е субвенциониран паркинг преку стратегијата „Скопје за сите“ каде се опфатени семејства со ниски приходи, пензионери, млади невработени и лица со попреченост.„Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци – не по изградбата, туку како предуслов,“ потенцираше таа.Шукова најави и дека урбанизмот ќе биде целосно транспарентен: сите планови ќе бидат достапни онлајн, со можност граѓаните да даваат свои предлози и коментари.„Ќе донесеме нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план и ќе ја изработиме стратегијата ‘Скопје 2050’, која ќе е долгорочна визија за Скопје со мешовити урбани зони и уредени јавни простори,“ додаде таа.Шукова порача дека е време Скопје да се развива плански и во интерес на граѓаните:„Скопје мора да се развива паметно. Не може веќе да се бориме со хаосот. Скопјани заслужуваат многу подобро.“

Скопје | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка за паркинг во Ѓорче Петров – приведени двајца мажи

Се степале за паркинг – инцидент во скопската општина Ѓорче Петров заврши со физичка пресметка меѓу двајца мажи, поради недоразбирање околу место за паркирање.-На 07.09.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

Скопје | пред 6 месеци

screenshot_8

Конечно решение за паркингот на Клинички – „паметен“ систем и 24-часовен мониторинг

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека до утре ќе се потпише договор со „Градски паркинг“ за изградба на ново, целосно дигитализирано паркиралиште во Клиничкиот центар во Скопје.„Ова ќе биде паркинг каков што нема на државно ниво – целосно дигитализиран, ‘паметен’ паркинг којшто од моментот кога ќе влезете, па сè до излезот, автоматски, дигитално ќе ве следи и ќе комуницира со возилото. Ќе има посебни влезови, особено за одделот за кардиологија, бидејќи знаеме дека времето е клучен фактор за тие пациенти. Излезите ќе бидат исти. Капацитетот на паркирање ќе се зголеми двојно поради просторната оптимизација на паркинг-местата.“, вели Азир Алиу.Паркингот ќе има 300 места, 24-часовен надзор и посебни влезови за итни случаи.Паркирањето ќе биде поделено во четири ценовни категории – онколошките пациенти ќе паркираат бесплатно, а различни цени ќе важат за пациенти, вработени и посетители.

Скопје | пред 7 месеци

2-1

„Шекеринска купила куќа на Орце Николов, па сега за невестата да има паркинг СДСМ им ја дале цела улица на станарите“, вели Јоци

Прво нивниот Жерновски фактурираше 1,5 милиони евра за камчиња на Боемска 1 и 2, еден куп отворија таму кафичи и кафани, се создаде цела бизнис зона, а сега СДСМ им ја дал цееееела Орце Николов на станарите (која ја обновија лани), онаму каде паркираа муштериите, вели Јорданка Ивановска Јоци.„Зошто? Претпоставувам пошто Радмила Шекеринска купи семејна куќа на Орце Николов, а се зборува и за други недвижнини на улицава, па да има невестата паркинг и да не се ремети женичкава од простото гласачко тело. Кафанџииве сега нек затворат бизнисите слободно! Пошто немаат очито храброст да им се наебат сè на сељачиштава од СДСМ. Без паркинг простор, стварно не знам кој ќе им доаѓа...“, стои во објавата.Инаку, денес јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар-Скопје информираше дека е воведено резидентно паркирање на ул. Орце Николов во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања