Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Започна целосна реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, Општина Аеродром. Увид на стартот извршија градоначалникот Дејан Митески и премиерот Христијан Мицкоски. Улицата (485 м) ќе добие обновен коловоз, нов асфалт, современи тротоари и бехатон (3950 м² асфалт, 2305 м² тротоари), со инвестиција од 22,63 милиони денари. Проектот е дел од реконструкција на 18 улици (5,4 км) вредна 138 милиони денари, финансирана од Владата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со силна динамика и јасна визија за модерен и функционален урбан простор, започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во Мичурин – „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин во Општина Аеродром.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој долго време беше неопходен и очекуван.

— реклама —

Оваа интервенција претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на животот на граѓаните. Улицата со должина од 485 метри претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број жители.

Проектот за „Симеон Кавракиров“ опфаќа целосна обнова на коловозната конструкција, изградба на современи и безбедни тротоари, како и поставување нова асфалтна конструкција. Во рамките на зафатот се предвидени 3950 м² асфалт и 2305 м² тротоарски површини со бехатон.

— реклама —

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.

Со реализацијата на овој проект, „Симеон Кавракиров“ добива современ изглед и значително подобрени услови за одвивање на сообраќајот, што директно придонесува за поголема безбедност и ефикасност.

Реконструкцијата е дел од поширок инфраструктурен зафат на Општина Аеродром кој опфаќа 18 улици, во вкупна должина од 5.4 километри и вкупна вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.

Општина Аеродром продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти, со цел унапредување на урбаната инфраструктура и подобрување на условите за живеење на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

restoran-kovid-920x600-1

Контролите даваат резултати: Изминатите неколку месеци до Општина Аеродром нема поплаки за бучава

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања