Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
parking

По најавите за воведување зонско паркирање, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потврди дека од 1 април наплатата ќе започне, но само во Реонски центар, што предизвика реакции кај жителите на Ново Лисиче.

Граѓаните предупредуваат дека ваквата селективна примена ќе го влоши и онака сериозниот проблем со паркирањето во нивната населба. Според нив, веќе сега е речиси невозможно да се најде слободно место, а воведувањето наплата во соседниот реон ќе го пренасочи дополнителниот притисок кон Ново Лисиче.

— реклама —

Жителите посочуваат дека со месеци наназад бараат истовремено воведување на зонско паркирање и во нивната населба, но без резултат. Тврдат дека паркиралиштата се узурпирани, а институциите не презеле конкретни чекори и покрај претходните ветувања.

Во реакции објавени на социјалните мрежи, дел од граѓаните најавуваат и можни блокади доколку одлуката не се преиспита.

— реклама —

„Ако се воведе зонско само во Реонски центар, ќе бидеме принудени да излеземе на блокади уште истиот ден“, предупредуваат тие, барајќи одложување на мерката сè додека не се спроведе паралелно решение и за Ново Лисиче.

Останува неизвесно дали надлежните ќе одговорат на барањата на жителите или од 1 април зонското паркирање ќе стартува само во една од двете локации, што дополнително може да ги зголеми тензиите на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања