Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мојсоска во Струга, Божиновска во Тетово, Грујоски во Гостивар – трите адути на Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Партијата Левица најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со сопствени кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.

Во Струга, кандидат е актуелната пратеничка и генерален секретар на партијата, Јована Мојсоска, дипломирана на Факултетот за безбедност. Левица ја претстави како личност со политичко искуство и посветеност за заштита на јавниот интерес.

— реклама —

Во Тетово, за градоначалничка ќе се бори д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки и вработена на Државниот универзитет во Тетово. Според Левица, таа е подготвена да се залага за враќање на законитоста и владеењето на правото.

Во Гостивар, кандидат е Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и оператор со завршени студии по компјутерски науки, кој според партијата ја претставува новата генерација професионалци.

— реклама —

Левица нагласи дека е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок со кандидати во овие општини. Притоа ја критикуваше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да нема свои кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, поради коалициските договори со партијата ВЛЕН. Според Левица, тоа претставува „понижување и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата“ и доказ дека интересите на граѓаните се потиснати од „партиските пазари и етничките пазарења“.

„Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, кои ќе управуваат на темел на идеологија и програма, а не на етнотрибализам, клиентелизам и корупција,“ соопшти партијата. Левица ги повика граѓаните да се мобилизираат за промени и, како што наведува, за воспоставување на „вистински вредности“ во локалните заедници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 19 часа

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања