Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

Нема фотографија

Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи

Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа спорната парцела на која се предвидува 26-катница, а која беше дел од препукувањата помеѓу Јакимовски и ДПМНЕ, нформираат од Левица.„Бидејќи и двата политички субјекта најавуваа дека ќе иницираат постапка за спречување на изградбата на ова монструозно здание, а досега не го направија тоа, ние како советничка група се одлучивме на овој чекор.Овие две предлог-одлуки се однесуваат на иницирање на ревизија на овој Детален урбанистички план, како и забрана за издавање на градежни дозволи и стопирање на сите отпочнати градежни активности во рамките на овој урбанистички план.Поаѓајќи од потребите на Карпошани, но и од претходно најавеното, очекуваме за овие предлог-одлуки да гласаат ДПМНЕ и ГРОМ, со што ќе се обезбеди мнозинство за изгласување и конечно одвратување на бизнис интересите од Општина Карпош“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

ahmeti-grubi-dui

Министерството на Груби гради паралелни безбедносни структури, тврди Левица

„Тринаесет нови инспектори од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се префрлени да работат во СВР Тетово - се пофалија од тамошното раководство“, вели Левица.Тие додаваат:„Министерството на политички систем или како што го доби епитетот во јавноста, „Министерство за вработување партиски кадри на ДУИ“ непречено ја спроведува својата агенда за ДУИзација на државниот апарат.Следствено, Министерството на Груби составено од кадри, кои во најмала рака потекнуваат од сомнителни структури, не може да се очекува да го чуваат редот и законот како инспектори во МВР! Овој потег е само уште еден од низата чекори што го потврдува градењето на паралелни (етничко мотивирани) структури во безбедносните служби, кои ја подриваат безбедноста на Републиката.Истакнуваме дека во исто време, десетина полициски службеници од СВР Тетово кои се од македонска националност, се здобија со распределби далеку од местото на живеење како казна за истакнување на знамето од Кутлеш надвор од службена должност. За казната со која се соочија овие полицајци, немаше никаква реакција од ниту еден државен орган, вклучувајќи го и Омбудсманот, со што класично беа деградирани и полицајците и првото македонско знаме.Етничката сегрегација на СВР Тетово е противуставна и е против начелата за соживот за кои декларативно се залага премиерот Груби.Останува нејасно до кога газењето на целокупната државна легислатива од страна на функционерите на ДУИ, класичната злоупотреба на институциите од нивна страна, како и користење на истите како систем на репресија против неистомислениците, ќе биде толерирана од страна на државните институции?“

Македонија | пред 3 години

dzaferi-1

„СДС најбесрамно го заштитија Џафери, кукавички е вака да се бега од одговорност!“, вели Крмов

Борислав Крмов, пратеник од Левица посочи дека Талат Џафери избегал од соочување за како што посочи, насилничкото однесување према службениците во Собранието.„Очајниците за власт СДС најбесрамно го заштитија Талат Џафери, кој избега од соочување за неговото насилничко однесување према службениците! Ладно не си изгласаа дневен ред и расправата не се оддржа. Срамно и кукавички за еден претседател на Собранието вака да бега од одговорност. А на СДС задниците одамна им се дадени под кирија. Нема политичко дно кое не се подготвени да го допрат. Му висите на вратот на овој народ! Не можеме да дочекаме конечно да си заминете во историјата“, посочи Крмов.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

Да го забраневте небото за прелети на НАТО кога го бомбардираа Белград како за Лавров, сега ќе бевме респектирана држава, реагира Апасиев

Првата реакција за одлуката да се затвори македонското небо за прелети на летови од Русија, а со тоа и за тамошниот министер Сергеј Лавров, доаѓа од лидерот на Леивца и пратеник Димитар Апасиев.„Да го забраневте македонското небо за прелети на НАТО авионите кои го бомбардираа Белград, на ист начин како што го забранивте прелетот на рускиот министер Лавров за Србија - досега ќе бевме респектирана држава, а не вазална територија владејана од октроирани квислинзи. Окупациона власт“, напиша Апасиев.Од Министерството за надворешни работи во Скопје потврдија дека Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград.

Коментари | пред 3 години

levica-562345

Левица лути на Уставен поради одлука за нивна иницијатива

Иницијативата поднесена од Левица во врска со неуставното, незаконското и неделовничкото разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Уставниот суд ја отфрли со образложение дека таквата Одлука не подлежи на уставно-судска контрола.Од Левица велат:Согласно Уставот на Република Македонија, Уставниот суд е орган на Републиката кој треба да ја штити уставноста и законитоста, а како надлежност на овој суд, меѓудругото, е наведено дека одлучува за согласноста на прописите (каков што беше и оспорениот акт) со Уставот и законите.Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Комисијата, несомнено ја суспензира законската должност на пратеникот да учествува во работата и одлучувањето на работното тело.Скандалозно е тоа што со ваквата Одлука, се воспоставува пракса со која членувањето во работно тело при Собранието на Република Македонија би се претставувало како „јавна или друга функција“ која ја извршува пратеникот, а што е спротивно на Уставот - според кој пратеничката функција е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.Дополнително, пратеникот не може да биде разрешен од работно тело на Собранието на Република Македонија без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ова е спротивно на уставното начело на уставност и законитост, од причина што оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми и создава неконзистентност на правните прописи од ист и различен ранг.Меѓудругото, вака изгласаната Одлука за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од страна на парламентарното мнозинство, не ги исполни кумулативно ниту сите деловнички услови за истата да се најде на Дневен ред на собраниска седница.Со отфрлувањето на оваа Иницијатива, уставните судии повторно го докажаа нивниот сервилен однос кон властодршците, а на штета на демократијата, како и потребата за прецизирање на флоскулата “истакнати правници“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев бара комплетно нов избор на 9 нови уставни судии

Оваа пресконференција ја свикавме по повод еден историски настан во уставно-судската историја на Македонија, бидејќи прв пат на пленарна седница во нашата три децениска независност се предлага предлог-Закон за уставни судии од страна на пратениците на Левица - сметаме дека треба да ја надминеме онаа флоскула дека Уставниот суд се саморегулира, тоа не е така затоа што членот 113 од Уставот предвидува Деловникот да се носи само за постапката и начинот на работа на Судот но не и за уставните судии, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Како наследник на Југославија, ние сме првата социјалистичка држава која вовела уставно судство во 1963 година, за денес за жал да костатираме дека тоа е потполно урнисано, и не ги задоволува барањата за заштита на Уставот кои граѓаните ги имаат од уставните судии. Затоа, за прв пат предлагаме предлог-Закон за уставни судии кадешто стриктно ќе се пополни правната празнина која сега постои во Уставот, а тоа е флоскулата „истанкат правник“. До сега, постоеше само еден услов за уставни судии - да биде истанкат правник. Така ни се случуваше правник од селска кооперација да станува уставен судија.Со цел да тоа не биде така, Левица предлага lex specialis за уставни судии. Воведуваме јасни и проверливи критериуми за номинација на уставните судии. Претседателот предвидуваме да не може да предложи никаков друг правник, освен универзитетски професор, поранешен омбудсман или негов заменик, поранешен републички јавен обвинител, или адвокат и civil rights defender со 20 годишно искуство во заштита на човековите слободи и права.Понатаму, од страна на Судскиот Совет да не може да се предлагаат основни и апелациони судии, т.е. само врховни судии и судии кои суделе во меѓународно судство - тоа значи од Стразбур поранешните судии, додека од страна на Собраниската Комисија за избори и менување, воведуваме неколку критериуми. Завршени студии со просек 9, најмалку да биде магистер или доктор на науки, да има објавено релевантни книги или стручни трудови, и воведуваме да има само едно државјанство, а не повеќе државјанства, и да не вршел политичка функција седум години пред изборот. Тоа значи да не може да биде поранешен министер, поранешен пратеник, поранешен генерален секретар и сл.Тоа што е новитет, се предвидува јавен оглас за уставни судии. Потоа, за прв пат се предвидува номинација од страна на правните факултети која досега не постоеше, имено до сега само пратениците предлагаа. Се предвидува под комитет за селекција каде што во еден широк состав ќе учествуваат универзитетите, академијата, МАНУ, интер-универзитетската конференција и други релевантни субјекти, и за прв пат се предвидува сослушување, односно, концептот кој е присутен во западните земји, или интервју на кандидатите којшто ќе биде пренесуван во живо на телевизија, и за прв пат се предвидува разрешување на уставните судии, бидејќи досегашните уставни основи за разрешување се сосем мали и не се случило уставен судија да биде разрешен.Накратко, ова се новините, бидејќи сметаме дека најдобриот заштитник на граѓаните е интелектуалниот и научниот профил на судијата, кој за жал е девалвиран во овие 30 години, со констатација дека денес го имаме најслабиот, убедливо, персонален состав на уставниот суд, и во преодни и завршни одредби се предлага една револуционерна одредба, а тоа е принудна пензија на сегашниот состав на уставниот суд. Тоа значи дека по сила на закон, доколку овој закон биде изгласан, сегашниот состав на уставниот суд ќе престане да постои и ќе се премине кон комплетно нов избор на 9 нови уставни судии“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

283535168_584806039669131_8406117589212878086_n

Левица: Дали Владата подготвува да испрати оружје во Украина

Според информациите кои стигнаа до Левица - Секторот Безбедност од офицери вработени во армијата, деновиве на Воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на петте „Сухои“ авиони.Имено, според добиените информации, овие поправки се вршат од страна на украински воени инженери, што индикативно укажува на тоа дека ова се прави за да се достават во Украина, како донација од наша страна, со цел да бидат подготвени за користење на фронтот, вели Левица.„Она што дополнително е загрижувачки за нашата јавност се ознаките на нацистичкиот баталјон „Азов“, забележани на униформите кои ги носи персоналот што ги подготвува авионите. А, интересно е да се напомене дека и „Сухоите“ беа купени токму од Украина која сега, наводно истите, ќе ги добие назад, иако претходно беа платени.Во ситуација кога македонското небо е „чувано“ од страна на грчкото воздухопловство, а нашето воздухопловство се наоѓа во материјално незавидна ситуација и скромни капацитети да одговори на било каков евентуален предизвик, ваквиот потег дополнително ја става безбедноста на Република Македонија во уште поранлива позиција.Со ваквото однесување, Македонија си ја подрива и така лошата меѓународната позиција! Преку директното вмешување во специјалната воена операција во Украина, државата не може да извлече било какви придобивки за македонскиот народ. Со таквиот потег единствено што може да се постигне е ново влошување на односите со Руската Федерација во време на економска и енергетска криза.Ги повикуваме како Министерството за одбрана, така и Владата на Република Македонија да соопштат на јавноста:- Постои ли присуство на украински воени лица во македонските бази?- Дали истите во државата се наоѓаат под симболот на фашистичкиот баталјон „Азов“ и ги подготвуваат „ловците“?- И дали навистина ќе се потврдат индикациите за вмешување на државата во украинскиот конфликт, што дополнително може да ги загрози националните интереси“, се вели во објавата на Левица.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица со барање за инспекциски надзор за споменикот на балистот Џемо Хаса

Левица поднесе нова иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса.„Оваа иницијатива е во контекст на претходно поднесената Иницијатива против подигнувањето на меморијалниот споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности.Имено, сметаме дека државно-правниот континуитет на Републиката не може и не смее да се темели на лица кои историјата ги познава како докажани фашистички колаборационисти и главни егзекутори на припадници на партизанските одреди.Преку подигнувањето на контроверзниот споменик се врши директен упад во антифашистичкиот карактер на државата и АСНОМ-ските идеали, непосредно утврдени со Уставот на Република Македонија.Дополнително, сметаме дека контроверзниот споменик не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки, кои мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.Власта за подигнувањето на овој споменик е запознаена уште во 2018 година, но и покрај тоа, од нивна страна не е преземено ништо за утврдување на легалноста на постапката за негово поставување. Со тоа, апсолутно се докажува поданичкиот однос кој СДСМ го има кон својот коалициски партнер, ДУИ.Бараме министерството по извршениот инспекциски надзор да ја утврди правилно фактичката состојба, да ги преземе сите правни средства кои му стојат на располагање и да ги санкционира противзаконското постапување, а со цел да се спречат во иднина вакви ситуации“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Рехабилитацијата на фашизмот започна уште со споменикот на балистот Џемаил Хаса во 2006 година, реагира Левица

„Рехабилитацијата на фашизмот започна уште со споменикот на балистот Џемаил Хаса во 2006 годинаВо 2006 година, во село Симница, Општина Гостивар, подигнат е споменик на Џемаил Хасани, водач на балистите за Западна Македонија и соработник на италијанските фашисти. Епидемијата на рехабилитација на фашистичките соработници од Втората светска војна, чие политичко дејствие со Нирнбершкиот процес е криминализирано, ја следи сеопштата тенденција за глорификација на овие лица и организации“, велат од Левица.Тие додаваат:„Историското место на Џемаил Хасани е соодветно на тоа на Ванчо Михајлов, и сите останати историски фигури кои за време на Втората светска војна ѕверски дејствувале против партизаните, населението и Народно-ослободителната борба. Сепак, сега двете фигури повторно се обединети во современ контекст, преку воскреснувањето на идеолошки сродни општествени групи, кои денеска на територијата на Република Македонија влијаат политички, со истите мотиви како од пред 70 години, за разнебитување на македонската државност и антифашистичките темели на кои е поставена.Ако именувањето на „културен центар“ по Ванчо Михајлов неодамна ја распламна македонската јавност, треба да се знае дека почвата за конечна рехабилитација на најголемиот крвник на македонската кауза, е одамна подготвувана. Двете најголеми партии од македонскиот блок СДСМ и ДПМНЕ, како и нивниот обединител ДУИ, одамна обединето работат на ревизија на македонската државотворна историја.За авантурата на претходниот режим на ДПМНЕ и ДУИ со поставување на овој споменик на егзекуторот на партизаните, Владата на СДСМ е запознаена уште од 2018 година. Но, до сега, сè што СДСМ има направено во насока на рехабилитацијата на овие фашистички борци и дејци, е дополнително јакнеење и забрзување на возобновувањето на нео-врховистичкото присуство во Македонија.Левица, за 9-ти мај ја поднесе Резолуцијата против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, поради алармантните инциденти кои укажуваат на присуство на фашизмот и сите негови деривати во нашето општество.Џемаил Хасани и Ванчо Михајлов, не само што се соработници на оската Берлин-Рим, туку се и крволочни убијци и мачители, угнетувачи на слoбодата на балканските земји, слуги на туѓи интереси и реликвии од минатото. Но, наместо да останат во минатото, тие нè прогонуваат во сегашноста.Во годините по војната, овие идеи продолжиле да постојат засолнети од последиците, во капиталистичките земји. Затоа, откако народот повторно падна во окови од капитализмот, тие идеи се вратија на голема врата преку капиталистичките партии кои владеат со државата, веќе триесет години.Сите овие ретроградни елементи на македонската политичка сцена како СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и сите останати капиталистички партии, се обременети со идеи кои се спротивни на единството на овие простори. Такви се сега, такви биле отсекогаш. Нивната политичка моќ е обратно пропорционална со слободата на народот.За овој, како и за сите останати, правни деликти и напади на антифашистичката историја на Македонија, Левица ќе реагира до надлежните институции за ревизија на нивното настанување, се до конечно отстранување“.

Македонија | пред 3 години

deca-poprecenost

Дали следи покачување на цените во градинките?, реагира Левица

„Штрајкот заврши, но не и проблемите во градинките. Откако економската криза и лошото менаџирање на власта предизвика рапиден раст на цените на стоките и услугите, градинките се соочуваат со големи проблеми да ја одржат ликвидноста на градинките, а притоа да не се намали квалитетот на храната која се нуди во градинките“, вели Левица.Тие додаваат:„Како што наведуваат директорите на градинките, невозможно е самостојно да го надминат овој проблем, па несомнено се јавува потреба од брза реакција од Владата, односно надлежното Министерство за труд и социјална политика и министерката Јованка Тренчевска.Излезот од ваквата состојба, директорите го гледаат или во зголемување на дотациите од Владата или во зголемување на цените на услугите во градинките. Во време на економска криза, не смее да се дозволи покачување на цените во градинките и дополнително да се оптерети домашниот буџет.Бараме Владата итно и без одложување, преку пренамена на средствата наменети за непродуктивни трошења, да обезбеди дополнителни средства за дотации во градинките, со цел да се превенира покачување на цените во градинките на терет на родителите, кое дополнително би ја отежнало финансиската состојба во која егзистираат голем број од семејствата“.

Македонија | пред 3 години

collage-2

Левица и бугарскиот европратеник Ковачев се „запукаа“ јавно за културниот центар „Иван Михајлов“

По поднесената кривична пријава од Левица против претседателот на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, заради која пријавениот се терети дека извршил кривични дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ се огласија и бугарските европратеници.Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, коментирајќи ја кривичната пријава поднесена од Левица, СО ЦЕЛ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК врз судската власт, истакна дека македонската Влада треба да го заштити претседателот на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, кој веројатно смета дека промовирањето на фашистичките колаборатори, глорификацијата на нивното дело, идеи и цитирањето на нивните мисли во Македонија треба непречено да продолжат.На ова реагираше и Левица:„Но, она што го прави овој случај уште поинтересен е фактот што истиот ќе биде следен од меѓународната заедница. Причината за тоа е неговата специфичност, односно, доколку македонскиот суд не утврди вина, практично, не само што ќе овозможи непречена промоција на фашистичките идеи ширум државата, дополнително таквата пресуда би била преседан, кој што не е својствен за земјите на европскиот континент после Втората светска војна.За разлика од пресудите на Европскиот суд за човекови права (досега 16), донесени против Бугарија заради притисок и одбивање да ги регистрира македонските здруженија и партии, пресуди кои не се спроведени од бугарска страна, доколку македонскиот суд утврди вина кај обвинетиот, оваа пресуда ќе мора да биде извршена.Потсетуваме, во насока на заштита на македонските национални интереси и превентивно делување против појавата на глорификација и промоцијата на (нео)фашистички идеи, кои се почесто можат да се сретнат во јавниот дискурс, Левица поднесе Предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, која очекуваме македонското Собрание што поскоро да ја усвои“, велат од партијата.

Коментари | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев открива каква агенда се спроведува во македонското Собрание од ДУИ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев прашува дали ДУИ заедно со Талат Џафери спроведуваат антимакедонска агенда во македонското Собрание. Ова доаѓа откако Џафери на македонски јазик пцуеше собраниски службеници„Еден момент кој ни промакна, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот ЏАФЕРИ кон собраниските стафери... Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик! Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа!?“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев за критериумите за избор на уставни судии: Затоа, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“

Професорот Димитар Апасиев кој е и собраниски пратеник пишува дека поради критериумите за избор на уставни судии, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“.„Флоскулата „истакнат правник“ е единствениот услов за уставен судија!? Затоа, тоталки анонимуси во правната фела ни стануваат „чувари на Уставот“. Е, токму затоа, пратениците на Левица, во понеделник, за прв пат, ќе предложат специјален ЗАКОН ЗА УСТАВНИ СУДИИ каде ќе се дефинираат високи критериуми и долга постапка за избор во ова звање, кое треба да е гордост, а не срам за правната професија“, пишува Апасиев.

Македонија | пред 3 години

levica-562345

Став на Левица за зонското паркирање во Карпош: Проблемот не се решава така

На вчерашната деветта седница на Советот на Општина Карпош се изгласа одлука за воведување на зонско паркирање кое ќе го организира и спроведува ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Карпош.„Оваа предлог одлука беше поддржана од страна на советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ како и советничката Невена Георгиевска, додека пак советниците на Левица гласаа против. „Проблемот на со недостатокот на паркинг места се решава со проширување на постоечките паркинг зони и поставување на монтажни паркиралишта, а не со воведување на зонско паркирање. Со зонското паркирање во никој случај нема да се креираат нови паркинг места.“ изјави советникот од редовите на Левица, Мартин Димоски. Советниците на Левица во Општина Карпош ќе ги искористат сите механизми за спречување на имплементацијата на овој погрешен концепт. Во наредните денови ќе предложат предлог мерки и предлог решенија за решавање на проблемот со недостатокот на паркирање во Општина Карпош“, велат од Левица Карпош.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Апасиев: Гоце е Македонија, џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на денот кога се одбележува 119 години од смртта на Гоце Делчев напиша статус посветен на великанот. Тој во писанието додава: „Гоце е Македонија, Џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе, Левото крило на организацијата“.„Левичарот и социјалист Гоце ДЕЛЧЕВ, неколку дена пред да биде убиен, бил во Солун, баш кога велешките Гемиџии ги прават солунските атентати. Понесен од атмосферата, вака им се фалел на другарите од Организацијата:„Јунаци, во Солун ги разигравме анамите со широките шалвари. Од 'Империал Отоман Банката' не остана ни трага! Така ќе ја раздрусаме од темел и оваа гнила Турска империја“ *Преправен, се извлекува од солунските џандарски рации и се упатува кон неговата последна дестинација - селото Баница, Серско (Егејска Македонија), кое денес не постои. Таму загинува најхаризматичниот македонски војвода. Беше предаден од врховистите! Немаше ни 32 години. Слава му“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-17-at-14.05.13

(ФОТО) Левица: Се поклонивме на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија, додека СДС И ДУИ се потчинуваат на Софија

Партиската делегација на Левица составена од претседателот на партијата, Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански - предводникот на левото крило на Организацијата.„Делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа - во Роженскиот манастир - положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци. Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти.Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили - без да се потпира на туѓа помош! Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ“, вели Левица.

Актуелно | пред 3 години

278457617_552463186236750_7252608837176590045_n

Левица ќе поднесе Декларација против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот, кои според нив се промовирани од власта

„Преку нелегитимно и нелегално прифаќање на штетни и анти-македонски билатерални договори, учествување во империјалистички воени сојузи и особено преку рехабилитација на истакнати фашистички колаборационисти од минатото, промоцијата на фашистичка идеологија во Македонија секој ден е се поприсутна“, вели Левица.Тие додаваат:„Уште од времето на Втората светска војна, како никогаш досега, владата на ДУИ и СДСМ официјално промовира глорификација и рехабилитација на профашистички соработници кои ги негираат македонскиот народ, јазик и држава.Отворањето на „Клубот – Ванчо Михајлов“ во Битола, на кој ќе присуствуваат високи делегации од Македонија и Бугарија, јасно ја покажува стратешката тенденција и политичката определба на оваа анти-народна власт. Имено, владиното кумувањето на „културен центар“, кој ќе го носи името на еден од најкрвните врховисти, не е ништо друго, освен директна негација на Национално-ослободителната борба на македонскиот народ и нејзините придобивки, преку кои се афирмираше неговата држава, како дел од победничката анти-фашистичка коалиција.Со директното учество и поттикнување на историскиот ревизионизам насочен кон де-македонизација, како и имплементацијата на анти-македонски политики преку целиот мандат на власт; особено со поткопувањето на АСНОМ-ските темели на државата, СДСМ се претвори во профашистичка политичка групација, која сама по себе е навреда за македонското национално достоинство, а пак кога оваа партија е на власт, таа станува сериозна закана и за самиот македонски народ.Денеска, Владата на Македонија предводена од СДСМ, со учество на свеченото отварањето на културен центар, кој, среде македонскиот град Битола, ќе го носи името на анти-херојот од Втората светска војна, фашистот Ванчо Михајлов, уште еднаш покажува дека, како последица од преговорите со Бугарија, со нов капитулантски билатерален договор, има намера да ги прифати и спроведе сите анти-македонски, негаторски, експанзионистички и шовинистички барања и политики на Софија.Ваквиот владин чин на провокација и понижување на македонскиот народ заслужува осуда од сите релевантни групи и поединци од јавниот домен на општественото живеење во Македонија.Истакнуваќи дека денеска неофашизмот во нашата држава е современ феномен, кој се етаблира со силни негаторски, понижувачки и крајно анти-македонски елементи, најавуваме дека Левица, во Собранието на Република Македонија, ќе поднесе Декларација за осуда и борба против било каква форма на глорификација, рехабилитација и промоција на фашизмот, во која особено внимание ќе биде обрнето на борбата против историскиот ревизионизам и рехабилитацијата на неговите соработници, било тоа да се соработници со бугарската фашистичка власт или пак од профашистичкото движење на Балистите“.

Македонија | пред 3 години

87559571_2529638657274035_4414250988920111104_o-960x681-1

Универзална сала му исплатила десет илјади евра на Ристо Вртев, обвинува Левица

За минатогодишниот настан одржан на 26 јули, на Ристо Вртев за настапот од час и половина му биле доделени ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА, додека оркестарот вкупно бил платен со петнаесет илјади евра, вели Левица„Во склоп на организацијата на концерти на отворено ЈУ Универзална Сала од Град Скопје била помогната со 3 милиони денари, за само на овој настан една петтина од средствата да се искористат за најмување на пејачот на Архангел.Имено, минатогодишната тема на настанот беа токму изведбите на песните на овој македонски бенд, за што изјави задоволство и Петре Шилегов, чиј ангажман на Дино Мерлин за новогодишната прослава за 2020 година беше предмет на сомневање.Ако се земат во предвид резимеата на претходниот градоначалник Петре Шилегов, и претходниот директор на установата Филип Аврамчев - кој наследи нефункционална установа и во таа состојба ја напушти, се доведува до знак прашалник природата на ова најмување на Ристо Вртев.Негувањето на културното минато во градот е неопходно, но сомелувањето на градската помош во полза на меѓусебно наградување и договори е неприфатливо. Културните установи преку заткулисни игри за полнење на џебови, ја хендикепираат градската култура, за во иднина да немаме минато за славење.Културните дејци во градот се оставени најдоле на приоритетната листа поради ваквиот пристап кон буџетите на установите, додека граѓаните немаат програма и услови за културно надградување како што на главен град му прилега.За кадрите на коалцијата на Власт предводена од СДСМ, пристапот кон јавниот сектор е погубен по државниот буџет и развојот на сите сфери на живот на граѓаните“, обвинува Левица

Македонија | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Левица: Пожарот кај Треска „случајност“ или не

Сведоци сме во последниве години, особено во Општина Центар како најатрактувна општина дека секогаш кога има спорна локација, околу која се кршат копја, се распишуваат конкурси, дебатира и стручна и лаичка јавност околу реални потреби на населбите, дали во центарот на градот треба уште една станбена населба или парк, кон каков начин на урбано планирање треба да се стремиме, истата ,,случајно" пламнува во оган, вели Левица„Да постетиме дека пред 5 години на речиси идентичен начин, на исто така спорна локација, изгореа бараките на поранешниот Завод за урбанизам, а изгледа со нив и она малку што остана од сенсот за урбано планирање во Скопје.Истрага секако ќе има, но дали ќе се најдат виновниците и ,,нарачателите" за пожарот? Дали цел на овој пожар беше со него да изгорат и 60 годишните стебла кои овозможуваа речиси готова парковска површина со отстранување на бараките? Дали ќе се земат во предвид конкурсните решенија, или сега наеднаш во Општина Центар ќе има наезда за нови одобренија за градење?Дали „урбаните шамани“ со своите натприродни моќи ќе створат нова населба по терк на инвеститорите, а на штета на Скопје и Центар“, се вели во сооопштението.

Скопје | пред 3 години

levica-8123

Државниот завод за статистика врши упад во пописните резултати и ги менува нелегално, тврди Левица

„Директорот на Државниот завод за статистика изјави дека дополнувањето на базата на податоци од пописот на населението ќе се третира како „упад“. Упадот сепак се случи, и тоа од страна на самиот ДЗС и во официјалните резултати од пописот може да се забележат промени и дополнувања во табелата за религиската припадност со драстични разлики“, вели Левица.Тие додаваат:„Разликите се особено воочливи во колоната „Не е верник (атеист)“, каде во првичните резултати бројката на овие лица изнесуваше 355, а во новите нелегално изменети и дополнети резултати оваа бројка е зголемена на 8764 лица! Покрај тоа, во табелата за религиска припадност можат да се забележат и други евидентни нелегални интервенции со кои се променуваат и други колони и вредности.Сомневањата на мнозинството народ во веродостојноста на резултатите од пописот, сега добиваат и официјална поткрепеност, со конкретно преземени противправни/кривични дејствија од страна на службените лица во Државниот завод за статистика.Законот за попис на населението предвидува кривична одговорност за слични вакви дејствија во членот 49 став 1 каде „се казнува лице што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација и тоа со со казна затвор од најмалку 3 години”. Дополнително, доколку ова кривично дело го стори учесник во Пописот или друго службено лице, ставот 2 од членот 49 предвидува казна затвор од најмалку 5 години за сторителот.Ваквото брутално кршење на законите е само потврда на очигледниот фалсификат на пописот, за кој Апостол Симовски како главен извршител мора во иднина да понесе одговорност, иако сега ужива заштита од хибридниот режим“.

Македонија | пред 3 години

27112019_ZPVRSM_Shekerinska_pres_budget_2020-3

Шеќеринска вршела мобинг врз вработените во Министерството за одбрана, обвинува Левица

Левица тврди дека до нив се обратиле вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Радмила Шеќеринска.„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шеќеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум. Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица. Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, сепак по поднесените претставки, донела Решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска вршела мобинг врз овие вработени“, велат од Левица.Тие додаваат:„Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шеќеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шеќеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шеќеринска“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev9

Апасиев за пописот: Дедо Стефан, се слушаме?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, и денеска реагираше за резултатите од пописот, прозивајќи ја МПЦ-ОА зошто не реагира за општата категорија „христијани“ во која се попишани 242.579 граѓани или 13,21 отсто од резидентното население.„А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови „христијани“, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!? Или, со зградуријата кај „Холидеј Ин“ им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?“, напиша Апасиев на фејсбук.

Коментари | пред 3 години

Levica-logo

На советниците не им беше дозволено поднесување анкетни листови – ќе гласаат против ДУП кој не ги содржи забелешките на жителите, вели Левица

Вчера беше крајниот рок за поднесување анкетни листови во однос на предложените Детални урбанистички планови за Влае 2 (СЗ19) и за Жданец и дел од Козле (Ј03.04). Последните неколку денови беа проследени со скандалозност и попречување на процесот на поднесување забелешки од страна на жителите.„Пред вратата на месната заедница седат на клупите двајца мажи кои се претставија дека се вработени во Општината, кои на луѓето што сакаат да поднесат им укажуваат дека не можат да дадат анкетен лист ако не се жители на Влае 2.“ изјави Славко Митевски, советник во Општината, на кого како советник му беше оневозможено да поднесе анкетен лист со забелешки само поради тоа што не живее во Влае 2.Жителите на Општина Карпош беа оневозможени да поднесуваат забелешки и преку веб- страницата e-urbanizam.mk.„Опцијата за поднесување на забелешки по предложени детални урбанистички планови е недостапна. Преку веб-страницата e-urbanizam.mk која е во сопственост на Министерство за транспорт и врски оваа опција “магично“ исчезна и тоа во пресрет на последниот ден за поднесување на забелешки за два детални урбанистички планови за Општина Карпош.“ напиша Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош и член на комисијата за урбанистичко планирање.Од партијата наведуваат дека одењето насилнички против волјата на жителите на Општина Карпош и поставување најразлични бариери за искажување на нивното мислење е крајно недемократски чин и со самото тоа се фрла сомнеж дека со овие ДУП-ови на прво место се ставаат интересите на урбанистичката мафија.„Оттука, Левица Карпош ја известува јавноста дека нема да гласа за Детални урбанистички планови во кои нема да бидат вклучени забелешките на жителите. Дополнително ги повикуваме и останатитесоветници јавно да се изјаснат околу ставот за предложениот Детален урбанистички план.“ стои во соопштението на локалниот огранок на Левица во Карпош.

Скопје | пред 4 години

Edna-izborna-edinica-

СДСМ ги кочи измените на Изборниот законик иако уште во 2016 ветуваше една изборна единица, вели Левица

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја утврди потребата од донесување на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој се предвидува воспоставување на една изборна единица на целата територија на државата, вели Левица.„Но, тоа ништо не значи, бидејќи албанските политички партии не се согласуваат со предлогот на законот, а исто така и пратениците од СДСМ изјавија дека не се подготвени да го поддржат истиот, доколку не наиде на поддршка од коалицискиот партнер ДУИ.Вистинската собраниска процедура околу предлогот на законот допрва следи, бидејќи истиот може да биде кукавички, амандмански блокиран од деструктивните и регресивни сили од владејачкото мнозинство, кои со таков еден потег директно ќе застанат против политичката демократијата.Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство.Воедно, ги потсетуваме СДСМ дека уште во 2016 година, во својата изборна програма, го имаа вклучено моделот на една изборна единица, како определба која треба да ја исполнат во текот на нивниот мандат.Сегашниот систем de facto е нефункционален бипартиски систем, кој не го одразува вистинското политичко расположение кое владее меѓу народот, со што индиректно се поништува народната волја и се влијае демотивирачки кај гласачите. Доказ за тоа е се помалата излезност на секој нареден изборен циклус, како и големиот број на неважечки гласачки ливчиња.Со ваквиот неправичен изборен модел, Левица на последните парламентарни избори беше оштетена за дури три пратеници!Само со нов изборен модел, непосредно ќе им се овозможи на нови политички опции да го остварат своето право на претставување во Собранието, а посредно на граѓаните ќе им се овозможи да гласаат водени од идејата дека нивниот глас вреди и ќе биде соодветно претставен“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања