Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги работи спротивно на Изборниот законик

„Знаете ли дека Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со амин на Државна изборна комисија - за да им угоди на корумпираните од СДС-ДПМНЕ-ДУИ и да го оневозможи законското правото на еднаквост на претседателските кандидати, преку подзаконски акт (Упатство за радиодифузери), спротивно на Изборниот законик, се обидува да не' натера и не поттикнува да направиме кривично дело "Злоупотреба на средства за изборна кампања"? Дали сте бе вие нормални, еј?“, објави Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 2 години

Levica

Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?

,,Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари; 1200 денари месечно за основците, односно 1800 денара за средношколците.Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи.Меѓутоа, финансиската помош - ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги исполнуваат условите за да ја добијат оваа финансиска помош и уредно, еднаш во месецот ги поднесуваат бараните документи, исплатени им се средства за еден месец, а во некои училишта- ниту за еден месец.Дека станува збор за предизборен поткуп беше јасно уште од фактот што мерката е привремена: предвидено е да трае само шест месеца, од декември до мај, а сега станува очигледно дека власта на заминување не е способна да ги реализира ниту предизборните ветувања и лаги!Срамно е да се манипулира со најранливите, семејства со мали деца кои живеат на раб од беда, бидејќи пресметаната вредност на потрошувачка кошничка за јануари 2024 година е 57.163 денари, да им се создаваат дополнителни обврски, а да не им се исплаќа ниту денар од ветените средства, па макар биле и предизборен маркетинг!", велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Изборот за слугата Пендаровски е избор за Санстефанска Бугарија и рушење на македонизмот

,,Најавената кандидатура на вазалот Стево Пендаровски само ја потврди анти-македонската и империјалистичката матрица на пасокизираните социјал-демократи. Македонската јавност го памети Пендаровски како безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика, кој не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам и кој сервилно го одмолчуваше секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик.Пендаровски во неговиот мандат беше марионета на бугарските негаторски политики и истиот го прифати Протоколот со Бугарија, кој беше креиран од докажаниот анти-македонист Румен Радев. Токму Радев отворено ги промовираше неговите шовинистички ставови кон македонската нација и призна дека никогаш нема да дозволи легитимација на македонизмот со влез во ЕУ!Пендаровски, иако првично бараше писмени гаранции од Бугарија и ЕУ, потоа веднаш ретерираше и прифати се што му сервираше официјална Софија, во духот на неговиот поданички менталитет. Пендаровски наместо да се спротистави на негаторските политики на официјална Софија, која усвои и Декларација со која се негира македонскиот јазик - истиот опасно релативизираше дека бугаризацијата е измислена од опозицијата.Овој слуга на Калето ќе остане запаметен по неговата анти-државничка изјава дека Македонија е мала држава и според него, „Толку можеме” да ги одбраниме македонските национални интереси. Со ваквите лузерски изјави, Пендаровски ги негираше големите жртви кои македонскиот народ ги дал во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Но, затоа, Пендаровски докажа дека е уште еден мал политичар, кој нема државотворен капацитет да ги одбрани националните позиции од внатрешните и надворешните закани.Поразот на Пендаровски на 8-ми мај ќе биде почеток на враќањето на суверенитетот во рацете на македонскиот народ, кој конечно ќе расчисти со ваквите кариеристи и вазали во политиката, како своевидна катарза за нов почеток во водењето на достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација на храбри македонски политичари.", вели Ванковска.

Македонија | пред 2 години

Levica

Ѓошевска: Диви депонии никнуваат низ Гази Баба

„Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба - од Бобан Стефковски, а Аеродром - од Тимчо Муцунски, се поврзани со мост од ѓубре.Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од којашто се шири ужасна смрдеа. Депонија, којашто е магнет за кучињата скитници, кои, исто така, се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром. Депонија, којашто е потенцијално жариште за ширење на заразни болести.Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми, предлагаме и на оваа локација да снимаат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата.Како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски, надлежните инспекции и ЈКП ,Гази Баба 2007' да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!", изјави Марија Ѓошевска, советничка од Левица во Советот на Општина Гази Баба.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Советниците од ДПМНЕ и коалицијата, без ниту еден контрааргумент, безобразно го одбија предлогот на Левица за поништување на штетниот ДУП СЗ 16

,,На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица поднесе 9 Иницијативи, меѓу кои и Иницијатива со Предлог-одлука за Поништување на катаклизмичкиот ДУП СЗ 16.Левица им понуди шанса на советниците да ја отповикаат Одлуката за овој ДУП, истакнувајќи ги битните елементи и факти кои би придонеле до колапс на општина Ѓорче Петров и градот Скопје.Сепак, советниците од ДПМНЕ и коалицијата, ГРОМ и Демократски сојуз кои месечно граѓаните ги плаќаат над 260.000 денари за да ги застапуваат и работат во полза на жителите - одлучија воопшто да не обрнат внимание на аргументите за штетноста на ДУП-от СЗ 16.Имено, тие, без ниту еден контрааргумент, ноншалантно, одбија Дневниот ред да се дополни со Предлог-одлука за поништување на ДУП-от.Наместо со овој ДУП (кој се протега паралелно од пазарот во Ѓорче Петров, до Александрија) да се решат актуелните проблеми на Општината, за жал истите значително ќе се продлабочат.Левица нема да отстапи од борбата против урбаната мафија и ќе продолжи да вложува напори за да го спречи спроведувањето на овој криминоген план", велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ванковска: Од Европа не третираат како инфатилни, а ЕУ одамна не е место на благосостојба

”Како што беше за јавноста изненадување кога се појавив на онаа прес конференција дека настапуваме заедно (со Левица) за предстојните претседателски избори, така претходно беше и за мене изненадување кога се најдов соочена со таква понуда” – искоментира проф. Ванковска, кандидатот за претседателската функција на Република Македонија од редовите на Левица за понудата на проф. Апасиев.”Јас не сум член на Левица, и не се мешам во политиката на партијата.Но, ние функционираме фантастично. Тие ја почитуваат мојата лична автономија и моите ставови”.”Во предстојната изборна кампања јас ви ветувам непредвидливост и бурни дебати, и теми кои ќе бидат потполно различни. Имено, постои еден принцип кој се вика “нема друга алтернатива”. А тоа е нешто што се вергла веќе 30 години. Значи, тука имаме догма, која не смее да се преиспитува, не смее да се доведе во прашање”На прашањето дали НАТО е наметнат или стратешки наратив веќе последните 30 години, проф. Ванковска ја разобличува ситуацијата, потенцирајќи го нејзиното анти НАТО расположение. “Се создаде еден вештачки наратив дека нема друга алтернатива и дека ние отсекогаш сме биле за НАТО. Проблемот е што ние во 90-ите никогаш не отворивме демократска дебата за алтернативи на безбедносното опкружување и консолидирање на малите држави”.”Јас размислувам за големата слика на светот, кој денес радикално се менува. НАТО придонесе многу заоваа небезбедност во светот, почнувајќи од интервенцијата во 1999 година, кршејќи ја Повелбата на ООН. Во нивните нелегални интервенции, оставија куп земји разурнати. Претседателот на државата е некој кој треба да ги користи дипломатските средства, а не да се сили со војска. НАТО многу допринесе и за небезбедноста во светот и во регионот. Во регионот кое прашање е затворено? Почнете од ова на релација Приштина-Белград, па Република Српска, Босна ви е незавршена држава. Па и Македонија тука малку се ниша во тие темели”...“Aлтернатива секогаш мора да постои. Неутралноста е опција. Ние сме на линијата на фронтот, а тоа не ни е комотната опција. Само за да на нив им се затвори мозаикот, не втурнаа во НАТО, и тоа по цена на промена на името. Дури и ако сте во НАТО, ако големите сили не се вразумат, овој свет оди кон една апокалиптична судбина. И тука јас не знам колку нашето членство во НАТО ќе не заштити”.По прашањето за програмата за предстојните претседателски избори, проф. Ванковска посочи дека програмата самата ја има изготвено. “Мојот тим е повеќе логистички и активистички, особени во фазата на собирање на потписи...Левица е далеку од машинерија, што мене многу ме радува. Тоа се обични луѓе, и има една убава атмосфера”.”Во врска со слоганот за изборната кампања, имаме неколку слогани. Многу се насочени кон мобилизација на граѓаните, затоа што постои апатија, а постои и страв. Мојата агенда е борбена. И мојата програма е борбена”.Проф. Ванковска потврди дека светот се враќа во едно глобално мнозинство, каде Западот е во еден страшен пад. “Македонија ја гледам во една мирољубива коегзистенција и мултивекторска отвореност кон сите што сакаат да ни бидат пријатели, но не да ни бидат тутори. Не да не третираат како колонија, и сите оние кои не цицаат, а ние уште одозгора и со буџет ги наградуваме. Тоа е такво злосторство врз сопствената нација”. – заклучи на крајот проф. Ванковска.”Светот оди напред, додека ние чекаме што Брисел ќе ни каже за нашиот напредок. Тоа не е напредок, туку назадок”. – посочи Билјана Ванковска.-“ Европа се милитализира. И наместо повеќе за социјала, тие издвојуваат за оружје. Јас не велам да ги прекинеме односите со Европската Унија, но тие ем не третираат како инфитилни, ем тие нивни барања воопшто немаат смисла. А ние и понатаму веруваме дека е земја на благосостојба. Јас сакам да ја видам ЕУ како сила на мирот”.Проф. Ванковска уште еднаш обрна внимание на овластувањата и работните задачи на претседателот на државата. – Претседателот може многу да направи. Пред се, да си ја врши надлежноста што му е запишана во Уставот. Тој е тој кој ги потпишува меѓународните договори, затоа и Преспанскиот договор е невалиден зошто го има потпишано министер за надворешни работи. Јас, би си ја вршела мојата работа, би комуницирала со целата меѓународна заедница. Ти ја претставуваш земјата во светот, пишуваш ноти, таму каде треба можеш и да покренеш постапка за носење на нов Устав. Нас ни треба сосема нов Устав. – заклучи Ванковска.

Македонија | пред 2 години

Vankovska-1

Ванковска: Со немањето нови документи, на стотици илјади граѓани им е оневозможено или гласачкото право или правото на движење

“Јас и Левица се најдовме на иста бранова должина... “– изјави Ванковска, на прашањето: Зошто токму Левица? “Она што јас сум го пласирала како мои позиции, уверувања, вредносен систем, и тоа што тие на организиран начин како политичка партија го правеа, доведе до точка на спојување кај овие избори.”“Задоволна сум од коректноста, подготвеноста да помогнат и љубезноста на вработените во ДИК, меѓутоа не може а да не се забележат руинираните канцеларии во последниве десет години, кои се само слика на државата која се распаѓа. Исто така, ништо во самата логика на изборниот процес не е направено да се демократизира, да се олесни, и да се модернизира. Има земји каде што и самото гласање е електронско, а не собирањето потписи”. Проф. Ванковска не го изостави и болниот факт дека и дијаспората е оневозможена да се приклучи во овој дел од процесот.“Немањето нови документи за гласање е тешка дамка. На стотици илјади граѓани им е оневозможено или гласачкото право или правото на движење. Гледано од страна, може да се каже дека овој процес е нефер, од самиот старт.” Проф. Ванковска забележува дека самиот процес почнува со еден тежок минус за државната структура, освен ако не се работи за некаков инжињеринг. “Не сакам да верувам дека некој намерно сакал одредена популација да не може да гласа, а една друга популација, за која еден од кандидатите за претседател, кој е министер за надворешни работи, отиде лично да се погрижи да одредена категорија на граѓани во странство добие по брза постапка документи за да можат да гласаат”.Проф. Ванковска отворено зборува за Преспанскиот договор, Охридскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, и го потенцира фактот дека овие договори се еден сплет на околности, кои практично ја удавија македонската државност. “Јас ги нарекувам Бермудски Триаголник, во кој македонската државност потона”. – вели Проф. Ванковска. “Тие го уништија Уставот, ни оневозможија да имаме сопствен Устав како суверена нација, како граѓани кои ќе си ја скројат својата политичка заедница и судбина, без мешање од надвор. Ако до пред некоја година велеа дека сме заробена држава, сега изгледа дека сме окупирана држава, или држава во изумирање, ако не се избориме.”Проф. Ванковска потврди дека на овие избори политичките партии ќе влијаат многу на ставовите на нивните претседателски кандидати, од проста причина што имаме паралелни избори, и според аналитичарите, резултатите од првиот круг на претседателски избори ќе има ефект на гласачкото тело и врз т.н. “коалициски капацитет”.“Тоа значи, тие калкулираат со своите кандидати како со паричка за поткусурување во една поважна игра, а тоа е формирањето на влада. Тоа не е случај со мене. Јас имам слобода да бидам тоа што сум и да ги ги изнесувам моите ставови. Мислам дека сме добра комбинација со Левица и со лидерот Апасиев, кој јас сега првпат забележувам колку младата популација го поддржува и гледа во него некој свој херој”.“Не очекувам фер изборна кампања”, -потврди проф. Ванковска. – “Зошто во стартот сме врзани. Едните трчаат со сто метри предност, и со моќ во вид на мејнстрим медиуми, национални телевизии, во кои едноставно или нема да ве поканат или ќе ве поканат само поради минутажа и соочувањата. Меѓутоа, Апасиев не е поканет со години. Едноставно му е забрането да влезе во некои телевизии. Ние тука стартуваме со огромен хендикеп, затоа што во политиката комуникацијата е важна.”

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: 394 милиони евра нови задолжувања во првите два месеци

,,Само за два месеца Владата нè задолжи на домашниот пазар со нови 394 милиони евра по основ на хартии од вредност. Државните записи кои достасуваат за една година изнесуваат 203,5 милиони евра, а државни обврзници кои ќе достасаат дури по 15 години, изнесуваат над 190 милиони евра.Ови предизборни задолжувања ќе ги пополнат буџетски дупки и ќе послужат за предизборен поткуп. Обезбедувањето на сигурни гласови нема цена повеќе од три децении и затоа власта со нови долгови доделува помош на пензионери, млади, социјално ранливи категории, земјоделци, лица со попреченост или самохрани родители, како и на компании.Јавниот долг во Македонија достигна 8,5 милијарди евра во 2023 година, меѓутоа задолжувањата не стивнуваат. Покрај овие задолжувања, власта во континуитет нè задолжува со разни заеми и кредити на меѓународниот финансисики пазар. СДС и ДУИ трошат народни пари за да ги купат гласовите на избирачите и да си обезбедат уште еден мандат.Владата сметајќи на солидарноста на идните генерации, место да ги намали и рационализира трошоците, ќе го продолжи трендот на иселување, не само на младите, туку и на цели семејства. Место да се задолжуваат неродените деца, Левица во својата програма предвидува бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, воведување на прогресивно оданочување и кратење на сите непродуктивни трошоци кои народот ги плаќа повеќе од три децении за луксузното и расипничкото живеење на власта", изјавија од Левица.

Македонија | пред 2 години

levica

Левица: Погубниот ДУП СЗ 16 ја доведува во сериозен ризик безбедноста на питката вода

,,Шверцерски донесениот ДУП СЗ 16 кој предвидува над 30 згради, од кои повеќето висококатници и хемиски фабрики – претставува вистински ризик по животот и здравјето на луѓето.Имено, ДУП-от С3 16 се наоѓа во втората заштитна зона, согласно Одлука за утврдување на границите на заштитните зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец од 11.08.1999 која е сѐ уште на сила. За добивање на основни податоци за водите што го хранат ова бунарско подрачје и негова понатамошна заштита, во 1992 година е изработена Експертиза за одредување на граници на заштитните зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец и определување на мерки за заштита, од страна на Градежниот институт Македонија. Врз основа на оваа експертиза, во 1999 година Советот на Градот Скопје донел соодветна Одлука за прогласување на заштитните зони и мерките за заштита.Во втората заштитна зона на бунарското подрачје Лепенц-Нерези од технички аспект не треба да се прават ископи со кои би се оштетила слоевитоста на земјата со што би се нарушил хемискиот и бактериолошкиот состав на водата за пиење.Вредно за напомена е дека водата од бунарското подрачје Лепенец - Нерези е со ист хемиски и бактериолошки квалитет како и водата од изворот Рашче и истата се користи за водоснабдување на Скопје кога е намалена издашноста на Рашче.Особено е активно бунарското подрачје во летниот период.Доколку поради ископ на темели на висококатниците опфатени со спорниот ДУП се наруши бунарското подрачје - тогаш се доведува во прашање непрекинатото водоснабдување на градот Скопје особено во летниот период.Левица нема да дозволи спроведување на овој штетен ДУП и ќе ги искористи сите механизми за негово поништување", велат од Левица.

Скопје | пред 2 години

dimitar-apasiev-levica

Со 365 амандмани Левица го блокираше погубниот ДУП за зградите Силекс во Кавадарци

„Денес, Левица преку советникот Круме Богевски со 365 амандмани ја блокираше предлог-Одлуката за утврдување на ДУП за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7-"Силекс згради", К.О. Ваташа, Општина Кавадарци за плански период 2021 – 2026 која е ставена како точка на дневен ред за Седницата на Советот која треба да се оддржи во четврток.До Политичката Партија Левица во тек на изминатите три месеци пристигнаа стотина барања да се блокира овој погубен ДУП, кои покрај трите неуспешни јавни анкети се доволни за да се спречи претворањето на целата населба во една бетонско-асфалтна плоча!Имено, додека Кавадарци е на врвот на најзагадените градови во Македонија, Општина Кавадарци настојува преку овој ДУП дополнително да им ги намали зелените површини и просторот за рекреакција и детска игра на жителите кај комплексот згради ,,Силекс”!Граѓани кои присуствуваа на јавните анкети цврсто рекоа НЕ за изградба на патишта околу нивните згради, бидејќи единствено што ќе добијат е значително намалување на зелената површина и губење на паркинг места кои и онака ги немаат во доволен број, со што и дополнително би се загрозила безбедноста на најмладите кои си играат на овој простор!Целта на овој ДУП е задоволување на потребите на урбанистичката џунгла која се гради од другата страна на реката Луда Мара за која беше изгласан ДУПот, без да се обезбеди пристапно сообраќајно решение, па сега градската администрација сака да го уништи зеленилото на зградите ,,Силекс” за да им обезбеди пристап!Ваквите урбанистички преседани ги штитат само интересите на инвеститорите, на сметка на гушење на граѓаните! Затоа сметаме дека треба да го искористиме филибастерингот како последна алатка во блокирањето на оваа предлог-Одлука на ВМРО-ДПМНЕ!Потсетуваме дека Левица во својата програма на овој простор имаше предвидено парк за одмор и рекреација на сите генерации”, велат од партијата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Додека Словенија ги зголемува даноците на банките - во Македонија растат нивните профити

„Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра.Поволниот ветар „кој дуваше“ од Народна банка, ги зголеми приходите од камати над 40 отсто во споредба со претходната година. Со зголемување на референтната стапка поскапеа кредитите со променливи каматни стапки. Голем дел се врзани со шест месечен ЕУРИОБОР - референтна каматна стапка објавена од страна на Европската банкарска федерација, СКИБОР - меѓубанкарска каматна стапка на депозити или благајнички записи, а покрај скапите кредити, зголемената стапка на казнена камата за пречекорување на платежните сметки им оди во прилог на лихвобанкарите, а на сметка на граѓаните.За две децении значајно се промени сопственичката структура во банкарскиот сектор, посебно кај петте големи банки. Ако во 2004 година учеството на странскиот капитал изнесуваше 37,1 отсто, со текот на годините преминуваше во рацете на странските инвеститори и во 2023 година нивното учество достигна 88,7 отсто во петте големи банки. Странските директни инвестиции со вложувањата во акции само ја променија сопственоста и не придонесоа за економски раст и развој во Македонија. На странците им овозможија да профитираат врз грбот на домашното население преку рекордни каматни стапки, провизии и надоместоци.За банките очигледно нема криза, тие се ликвидни, профитабилни и засега недопирливи во Македонија. Плаќаат данок на добивка само 10%, како и малите стопанственици, за разлика од Словенија - која воведе времен данок на банките од 19 на 22 отсто. Корумпираната власт и отсуството на државна регулација во банкарскиот систем им помогна на „домашните“ банки да ги срушат сопствените рекордни профити.Левица во својата програма се залага за антилихварски закони со кои прогресивно ќе се оданочат профитите и ќе се ограничат каматните стапки, провизиите и надоместоците, за да се стави крај на должничкото ропство“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Катастрофална состојба на локалитетот Острово

„Локалитетот Острово, некогаш живо засолниште за ретки видови птици и богат екосистем од над 600 видови дрвја, сега е во урнатини, жртва на запоставување и рамнодушност. Јавното комунално претпријатие на општина „Гази Баба“ срамно ја игнорира својата законска обврска за одржување и заштита на овој споменик на природата.Градоначалникот од ДПМНЕ, Бобан Стефковски и неговите инспектори не ја исполнуваат својата законска обврска да го заштитат локалитетот, кој воедно е споменик на природата. Секојдневно сме сведоци на нови недозволени сечи на заштитената биомаса, додека на самиот простор има се поголем број на диви депонии.Левица најостро ја осудува ваквата неодговорност и незаинтересираност. Го повикуваме градоначалникот Стефковски и неговите инспектори веднаш да ги исполнат законските обврски, да го исчистат Острово и да преземат конкретни чекори за обновување и заштита на ова витално природно богатство.Жителите на Гази Баба заслужуваат градоначалник на кој приоритет му е зачувувањето на нашата животна средина пред негрижата и рамнодушноста. Борбата почнува сега“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Кадарот на ЛДП, Валентин Груевски го доведе во пропаст „Македонски шуми“

„Состојбата во јавното претпријатие „Македонски шуми” е доведена на алармантно ниво на Македонија, каде работниците се заканија со генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања.Директорот од ЛДП, Валентин Груевски наместо ова профитабилно претпријатие да го доведе до рентабилно работење, Груевски со предизборни партиски вработувања продолжува да ги задолжува „Македонски шуми”.Очигледно граѓаните плаќаат за метар кубен дрва и до 4.000 денари, за Груевски да го пренатрупува претпријатието со партиски неподобен кадар, а за постоечките работници нема да исплати ни придонеси!Јасно е дека коалицијата на СДС тоне во корупција и криминал и затоа ваквите неспособни кадри никој не ги разрешува, туку добиваат поддршка од власта. Токму ваквите таканаречени мали партии, кои се дел од секоја власт, а никогаш не излегле сами на избори, го руинираат македонското општество. Затоа Левица е единствена партија која е против предизборни коалицирања, со цел ваквите паразитски партии, чија единствена политичка сила се партиските вработувања - да исчезнат од политичката сцена.Иронијата да биде поголема е што токму со насилничкиот Преспански договор, ова јавно претпријатие се преименува од „Македонски шуми” во „Национални шуми”. Со ова, квинслишката власт на СДС и ДУИ единствено што постигна е бришење на македонскиот идентитет, додека и со новото име, претпријатието тоне во долгови и корупција.Левица го повикува ОЈО да влезе во просториите на „Македонски шуми” со цел да го истражи расипничкото работење на директорот Валентин Груевски, кој додека ги поскапува услугите, очигледно нема пари да ги исплати платите на работниците“, вели Левица

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Левица: Пасокизација на СДС и на меѓународно ниво - Ковачевски понижен од Европските социјалисти

„Меѓународно изолирана и препознаена од Европските социјалисти како партија чија идеологија нема допирна точка со социјална правда и заштита на работниците, СДС во последните недели од нивното криминално владеење со Македонија доживува фијаско и на меѓународно ниво. Влијателниот меѓународен медиум Политико известува дека Димитар Ковачевски и неговите сопартијци Радмила Шеќеринска и Бојан Маричиќ биле понижени на собирот на Партијата на Европските социјалисти во Рим, каде што иако бил поканети, организаторите не му досволиле да влезе на настанот!Ова фијаско на СДС е уште една потврда за неспособноста на оваа анти-македонска партија и дека нивната вазална меѓународна политика не придонесува за создавање на меѓународни пријателства и стекнување почит, но и силен сигнал од социјалистичките партии во Европскиот парламент дека овие лажни левичари се разоткриени не само од домашната јавност, туку и во Европа и светот!На претстојните избори следува почеток на процесот на целосно исчезнување на СДС од политичката сцена во Македонија и нивна пасокизација од страна Левица, како автентична и вистинска левичарска опција, која континуирано продолжува да гради меѓународни пријателства во корист на Македонија и да се вмрежува со бројни сродни политички организиции и партии ширум светот.Левица учествувала на затворен состанок на парламентарната група на европската Левица и во подготовките за Европскиот форум на прогресивни, леви и зелени сили; сме имале средби со претставници на Ди Линке, Комунистичка партија на Ирска, додека на работни состаноци сме се сретнале со Комунистичка партија на Австрија, независните европарламентарци Клер Дејли и Мик Волас (кои беа и на нашиот Пленум). Соработуваме и со Комунистичката партија на Кина и Комунистичката партија на Руската Федерација“ вели Левица.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Владата на СДС-ДУИ во заминување остави 100.000 граѓани без право на глас, вели Левица

„Анти-македонскиот двоец СДС-ДУИ, кој е при крај на своето криминално владеење, во Собранието гласаше против продолжување на важењето на пасошите без „северна“, со што дрско и бесрамно оневозможија граѓаните кои имаат важечки пасоши со името Република Македонија да го остварат своето право да движење надвор од државата - но, и им го ускратија право на глас на 100.000 полнолетни граѓани кои немаат лична карта, a имаат пасош без нелегитимната „северна“ додавка во името“ вели вели Левица и додава:Ова несфатливо работење против интересите на сопствените сограѓани е, не само одраз на вазалната надворешна политика на оваа ненародна влада, туку и очаен обид да се намали изборната излезност. Со оглед на тоа дека постои огромно про-опозициско расположение и решеност на граѓаните да гласаат за вистинска левичарска политичка опција, како Левица, и да ја пасокизираат анти-македонската СДС и конечно да ја испратат амнестираната ДУИ во опозиција, која треба да одговара за воени злосторства.По тридецениската партизација на институциите и душманско владеење на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, Македонија е доведена до состојба да не може да ги извршува своите базични државни функции, како обезбедување на лични документи за своите жители, но, на претстојните избори народот конечни има избор и можност да направи промена!Единствено со поддршка на Левица и на нејзиниот кандидат за Претседател на Републиката, проф. д-р Билјана Ванковска, народот може да се избори за враќање на достоинството на нацијата и подобар живот!

Македонија | пред 2 години

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Професорката го жртвуваше раатот, вам фала ви што собравме потписи, напиша Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно се заблагодари за поддршката која ја доби професорката Билјана Ванковска, која е официјален кандидат за претседател на неговата партија.„Народе, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000 потписи! Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не' потценуваа.Огромно фала до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно.Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза.p.s. Собирањето потписи се' уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот. Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои!“, напиша Апасиев.

Македонија | пред 2 години

429683350_977031970446534_2829677912207771107_n

Има ли раскол во Левица, членовите кои ја напуштија партијата ги нарекоа „џган“

„Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика)“, велат од Левица и додаваат:Дисциплинската одлука е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат!Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!Автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нас. Ова е познато и веќе видено сценарио во секој изборен циклус досега, на што сме навикнати – па затоа и овојпат истото ќе биде навремено пресретнато од искусното партиско раководство, кое има целосна доверба и контрола во Партијата.Затоа, нема да дозволиме изневерување на тешко стекнатата доверба од народот – и бараме оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои ги узурпираат во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати во рамките на легитимитетот кој ѝ е доверен на нашата советничка листа.

Македонија | пред 2 години

vankovska-696x392-1

Хајката против Левица не е нова, како што се наближуваат изборите, станува фронтална, смета Ванковска

Билјана Ванковска, претендент за да влезе во претседателската трка како претставник на Левица, смета дека е почната хајка против Левица. Според неа, станува збор за фронтална битка.„Хајката против Левица не е нова. Досега беше перфидна и најчесто манифестирана преку бојкот од медиумите и спинување. Сега, како што се наближуваат изборите, станува фронтална. Јас одамна реков дека битката ќе биде против неколку Голијати (на внатрешните тројански коњи не сметав до скоро). Но, сеедно…Секој напад плус, колку понизок и беден, толку повеќе страв во нивните редови. Страв дека некој ќе ја каже вистината во дебатите и кампањата. Некој ќе викне дека кралот е гол. Дека си страдаме од домашни сијамски близнаци и странски прислужници.Невидливата спрега на политичката моќ на божемните политички опоненти (а исклесани од ист штоф), помогната со медиуми, НВО активисти, интелектуалци, дипломати, аналитичари, па дури и политички маргиналци, а за странски центри на моќ и да не зборувам, се засилува од час до час.Тоа ми е доволен доказ дека стојам на вистинската страна на оваа валкана битка. Со народот, за народот и од народот, а не со машинерии гладни за власт и фотељи. Одиме во престапниот ден во престапната година да им згазиме на жуљ на сите исплашени од баукот на левицата кој кружи над Македонија!“, напиша Ванковска.

Македонија | пред 2 години

photo_2024-02-28_12-16-20

Левица останува без советник во Аеродром, Масларковски со жестоки критики: Нешто смрди, нешто корне во партијата

Советникот во Аеродром, Дарко Масларковски, излегува од партијата Левица. За ова ја извести јавноста преку статус на социјалните мрежи. Кажа дека не се согласува со како што вели „луди директиви“ од раководството на партијата, а меѓудругото и со тоа што било кажано да се отстрани знамето од Кутлеш. Масларковски веше жесток поддржувач на Левица и ги застапуваше нивните вредности, а воедно, одеше и на протести организирани од нив.„Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен. Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни "чисти" кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло. Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена“, напиша Масларковски.Тој додава: „Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто "СМРДИ", а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години. П.С.Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“.

Македонија | пред 2 години

424613314_964070505076014_9217147475064125923_n

Ванковска собрала половина од потребните потписи, тврди Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев тврди дека за три дена, успеале да ги соберат половина од потребните потписи за претседателската кандидатура на Билјана Ванковска.„Народе - за еден викенд собравме скоро 1/2 од потребните потписи! Со оглед на тоа дека и учките од ДУИ уште немаат собрано, и покрај целата нивна машинерија и клиентела - тоа ни кажува дека нашата структура воопшто не е слаба. Вашата поддршка во процесов е суштинска! Затоа, продолжуваме со исто темпо. Нашите волонтери се на терен. Потпиши се за Ванковска и денес! Ако си на работа - потпиши се на пауза. Ако не можеш на пауза - потпиши се после работа (канцелариите на ДИК работат секој ден - од 8:00 до 20:00 часот)“, напиша Апасиев.Се очекува Државната изборна комисија да ја објави состојбата со собрани потписи за кандидати, заклучно со вчерашниот ден.

Македонија | пред 2 години

424614396_964070705075994_9086350078794580974_n

Апасиев: УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир, па ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави упатство како граѓаните да се потпишат за Билјана Ванковска да биде кандидат за претседател, во четири чекори. Тој посочува и дека ДУИ, собирале потписи за Бујар Османи да биде кандидат, во штаб во Чаир.„Денес е недела. Лабав ден. Додека си лежиме по дома, УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир. Оти им се може. И после ќе се жалите: "А бе, учките ни ја земаа државата"! Не. Не ни ја земаа. Ние им ја дадовме. Со нашата некативност. Затоа, уште пред ручек, личната карта у џеб и правец канцеларија на ДИК во вашата општина. Потпиши се за професорката ВАНКОВСКА! Да. Работат и во недела, до осум вечер. p.s. Поручек, пак ќе ве потсетам“, напиша Апасиев.Тој сподели и фотографија.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Официјално отворен претседателскиот изборен штаб: Борбата почнува сега, потпиши се за Ванковска

Во присуство на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворен претседателкиот изборен штаб.Исто така, денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, кој ќе трае до 8 Март (Петок).„Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот.Потпис за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска може да дадете секој ден од 08:00 до 20:00 часот во вашата општина во подрачните канцеларии на ДИК најдоцна до 8 Март. Повеќе информации може да најдете на https://levica.mk/potpisi-vankovska/“, велат од Левица.

Македонија | пред 2 години

dimitar-apasiev-5

Таче и Пајакот побарале апанажа, а по закон не им следува, видете со какви забегани личности си имаме работа, реагира Апасиев

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, смета дека експремиерот Димитар Ковачевски и минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се забегани. Заклучокот го донесува бидејќи тие побарале апанажа, а смета дека не им следува.„Таче и Пајакот побарале АПАНАЖА, иако поднесоа оставки и по закон не им следува (согласно последната одлука на Уставниот суд). Од ова можете да видите со каков забеган профил на личности си имаме работа. Пак да си ги гласате“, напиша Апасиев.Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Јавните претпријатија во Демир Хисар користат нафтени деривати, кои се опасни по животот и здравјето на населението, тврди Левица

„Иако навидум зелена општина со големи шумски пространства и "чист воздух", Демир Хисар се труе со канцерогени честички а властите и надлежните не направија ништо да имплементираат "зелени" - алтернативни решенија за загревање на јавните објекти за кои се залагаат во нивните предизборни програми“, велат од Левица и додаваат:ЛО - Левица Демир Хисар направи едно мало истражување и дојде до фрапантни податоци кои велат дека неколку јавни претпријатија и установи во општината, свесно го трујат населението со нафтени деривати кои ослободуваат тешки канцерогени материи кои се испуштаат во воздухот при нивното согорување. Освен тоа што претпријатијата користат штетни деривати за загревање во текот на зимскиот период, истите во зависност дали се раководени од централната или локалната власт, набавуваат деривати од фирми чии сопственици се блиски пријатели со раководните лица на партиите па дури се и нивни донатори.ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, користи канцероген мазут за кој троши милиони денари секоја година. Истиот го набавува исклучиво од "Супертрејд", фирма на Владимир Стајиќ - семеен пријател на Заеви. Оваа установа согорува над 200 тони токсичен мазут годишно.Државен Пазарен Инспекторат - Демир Хисар, користи екстра лесно масло како дел од групната набавка на ДПИ набавено од "Пуцко Петрол" на Асмир Јахоски кој е син на бившиот пратеник од ДУИ, Исмаил Јахоски.Дирекција за Заштита и спасување - подрачно одделение Демир Хисар, користи околу еден тон екстра лесно масло набавено од "Пуцко Петрол" кој важи за еден од најголемите донатори во ДУИ а исто така нивниот сопствен е близок со раководството на партијата.Агенција за катастар - одделение Демир Хисар, користи 30 тони екстра лесно масло, тендерска набавка од добавувачот "Пуцко Петрол".Министерство за одбрана - оддел Демир Хисар, користи 5 тони екстра лесно масло, набавувач "Пуцко Петрол."Пошта - Демир Хисар, користи над 5 тони екстра лесно масло набавено од "Тритерпол Петрол" , компанија која до 2019 беше во сопственост на близок пријател на Зоран Заев, воедно и донатор во СДСМ. Сега истата компанија е во сопственост на Љупчо Пецов на кој во 2014 година му беше изречена затворска казна од 9 години поради малверзации со трговија на Мазут (Предмет "Керозин")Освен што властите ја запоставија општината која е полна со депонии, ѓубре, нечисти улици, загадени реки и езера, успеаа да го загадат и воздухот со штетните нафтени деривати платени од џебот на граѓаните!

Македонија | пред 2 години

dimitar-apasiev9

Апасиев: Шверц со европско знаме за неписмените кадри на ДУИ да станат судии

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев обвини дека во Собранието се прави шверц на Законот за академија на судии и јавни обвинители кои треба да се усвои по скратена постапка, за неписмени кадри на ДУИ да станат судии.„Да знае јавноста зошто е овој закон. Овој закон е за да се протнат неписмените кадри на ДУИ кои одвај го владеат македонскиот јазик - да бидат судии и јавни обвинители. Бидејќи не положиле претходно, сега ќе им се овозможи писмено да им се додадат поени и да станат судии. Исто како случајот со фалсификуваните дипломи од Драч за англиски јазик, каде појма немаат да бекнат и незнаат пресуда да прочитаат.Сега, претседателе, Вас ви се обраќам. Собранискиот Деловник вели дека „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската унија со полн назив, број и датум.” Дополнително, со предлогот се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето.Ваква коресподентна табела и Изјава отсуствува во списите! Оттука, Вие (како претседател на Собранието) сте биле должни да побарате од предлагачот да го усогласи.Зборот ми е, дали сефтето ќе го почнуваме и со Вас, како со Таљат, за носовесно вршење на служба и да ви поднесуваме кривични пријави?!", вели Апасиев.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања