Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: Погубниот ДУП СЗ 16 ја доведува во сериозен ризик безбедноста на питката вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
levica

,,Шверцерски донесениот ДУП СЗ 16 кој предвидува над 30 згради, од кои повеќето висококатници и хемиски фабрики – претставува вистински ризик по животот и здравјето на луѓето.

— реклама —

Имено, ДУП-от С3 16 се наоѓа во втората заштитна зона, согласно Одлука за утврдување на границите на заштитните зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец од 11.08.1999 која е сѐ уште на сила. За добивање на основни податоци за водите што го хранат ова бунарско подрачје и негова понатамошна заштита, во 1992 година е изработена Експертиза за одредување на граници на заштитните зони на бунарското подрачје Нерези-Лепенец и определување на мерки за заштита, од страна на Градежниот институт Македонија. Врз основа на оваа експертиза, во 1999 година Советот на Градот Скопје донел соодветна Одлука за прогласување на заштитните зони и мерките за заштита.

— реклама —

Во втората заштитна зона на бунарското подрачје Лепенц-Нерези од технички аспект не треба да се прават ископи со кои би се оштетила слоевитоста на земјата со што би се нарушил хемискиот и бактериолошкиот состав на водата за пиење.

— реклама —

Вредно за напомена е дека водата од бунарското подрачје Лепенец - Нерези е со ист хемиски и бактериолошки квалитет како и водата од изворот Рашче и истата се користи за водоснабдување на Скопје кога е намалена издашноста на Рашче.

Особено е активно бунарското подрачје во летниот период.

Доколку поради ископ на темели на висококатниците опфатени со спорниот ДУП се наруши бунарското подрачје - тогаш се доведува во прашање непрекинатото водоснабдување на градот Скопје особено во летниот период.

Левица нема да дозволи спроведување на овој штетен ДУП и ќе ги искористи сите механизми за негово поништување", велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања