Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ванковска: Изборот за слугата Пендаровски е избор за Санстефанска Бугарија и рушење на македонизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

,,Најавената кандидатура на вазалот Стево Пендаровски само ја потврди анти-македонската и империјалистичката матрица на пасокизираните социјал-демократи. Македонската јавност го памети Пендаровски како безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика, кој не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам и великоалбански сецесионизам и кој сервилно го одмолчуваше секојдневното подигрување со инсигниите на македонската нација и негирањето на македонскиот јазик.

— реклама —

Пендаровски во неговиот мандат беше марионета на бугарските негаторски политики и истиот го прифати Протоколот со Бугарија, кој беше креиран од докажаниот анти-македонист Румен Радев. Токму Радев отворено ги промовираше неговите шовинистички ставови кон македонската нација и призна дека никогаш нема да дозволи легитимација на македонизмот со влез во ЕУ!

— реклама —

Пендаровски, иако првично бараше писмени гаранции од Бугарија и ЕУ, потоа веднаш ретерираше и прифати се што му сервираше официјална Софија, во духот на неговиот поданички менталитет. Пендаровски наместо да се спротистави на негаторските политики на официјална Софија, која усвои и Декларација со која се негира македонскиот јазик - истиот опасно релативизираше дека бугаризацијата е измислена од опозицијата.

— реклама —

Овој слуга на Калето ќе остане запаметен по неговата анти-државничка изјава дека Македонија е мала држава и според него, „Толку можеме” да ги одбраниме македонските национални интереси. Со ваквите лузерски изјави, Пендаровски ги негираше големите жртви кои македонскиот народ ги дал во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Но, затоа, Пендаровски докажа дека е уште еден мал политичар, кој нема државотворен капацитет да ги одбрани националните позиции од внатрешните и надворешните закани.

Поразот на Пендаровски на 8-ми мај ќе биде почеток на враќањето на суверенитетот во рацете на македонскиот народ, кој конечно ќе расчисти со ваквите кариеристи и вазали во политиката, како своевидна катарза за нов почеток во водењето на достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација на храбри македонски политичари.", вели Ванковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања