Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица останува без советник во Аеродром, Масларковски со жестоки критики: Нешто смрди, нешто корне во партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
photo_2024-02-28_12-16-20

Советникот во Аеродром, Дарко Масларковски, излегува од партијата Левица. За ова ја извести јавноста преку статус на социјалните мрежи. Кажа дека не се согласува со како што вели „луди директиви“ од раководството на партијата, а меѓудругото и со тоа што било кажано да се отстрани знамето од Кутлеш. Масларковски веше жесток поддржувач на Левица и ги застапуваше нивните вредности, а воедно, одеше и на протести организирани од нив.

— реклама —

„Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.

— реклама —

Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен. Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни "чисти" кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло. Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена“, напиша Масларковски.

— реклама —

Тој додава: „Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто "СМРДИ", а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?

Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.

Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години. П.С.Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања