Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Левица: 394 милиони евра нови задолжувања во првите два месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Само за два месеца Владата нè задолжи на домашниот пазар со нови 394 милиони евра по основ на хартии од вредност. Државните записи кои достасуваат за една година изнесуваат 203,5 милиони евра, а државни обврзници кои ќе достасаат дури по 15 години, изнесуваат над 190 милиони евра.

— реклама —

Ови предизборни задолжувања ќе ги пополнат буџетски дупки и ќе послужат за предизборен поткуп. Обезбедувањето на сигурни гласови нема цена повеќе од три децении и затоа власта со нови долгови доделува помош на пензионери, млади, социјално ранливи категории, земјоделци, лица со попреченост или самохрани родители, како и на компании.

— реклама —

Јавниот долг во Македонија достигна 8,5 милијарди евра во 2023 година, меѓутоа задолжувањата не стивнуваат. Покрај овие задолжувања, власта во континуитет нè задолжува со разни заеми и кредити на меѓународниот финансисики пазар. СДС и ДУИ трошат народни пари за да ги купат гласовите на избирачите и да си обезбедат уште еден мандат.

— реклама —

Владата сметајќи на солидарноста на идните генерации, место да ги намали и рационализира трошоците, ќе го продолжи трендот на иселување, не само на младите, туку и на цели семејства. Место да се задолжуваат неродените деца, Левица во својата програма предвидува бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, воведување на прогресивно оданочување и кратење на сите непродуктивни трошоци кои народот ги плаќа повеќе од три децении за луксузното и расипничкото живеење на власта", изјавија од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања