Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Со 365 амандмани Левица го блокираше погубниот ДУП за зградите Силекс во Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dimitar-apasiev-levica

„Денес, Левица преку советникот Круме Богевски со 365 амандмани ја блокираше предлог-Одлуката за утврдување на ДУП за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7-"Силекс згради", К.О. Ваташа, Општина Кавадарци за плански период 2021 – 2026 која е ставена како точка на дневен ред за Седницата на Советот која треба да се оддржи во четврток.

— реклама —

До Политичката Партија Левица во тек на изминатите три месеци пристигнаа стотина барања да се блокира овој погубен ДУП, кои покрај трите неуспешни јавни анкети се доволни за да се спречи претворањето на целата населба во една бетонско-асфалтна плоча!

— реклама —

Имено, додека Кавадарци е на врвот на најзагадените градови во Македонија, Општина Кавадарци настојува преку овој ДУП дополнително да им ги намали зелените површини и просторот за рекреакција и детска игра на жителите кај комплексот згради ,,Силекс”!

— реклама —

Граѓани кои присуствуваа на јавните анкети цврсто рекоа НЕ за изградба на патишта околу нивните згради, бидејќи единствено што ќе добијат е значително намалување на зелената површина и губење на паркинг места кои и онака ги немаат во доволен број, со што и дополнително би се загрозила безбедноста на најмладите кои си играат на овој простор!

Целта на овој ДУП е задоволување на потребите на урбанистичката џунгла која се гради од другата страна на реката Луда Мара за која беше изгласан ДУПот, без да се обезбеди пристапно сообраќајно решение, па сега градската администрација сака да го уништи зеленилото на зградите ,,Силекс” за да им обезбеди пристап!

Ваквите урбанистички преседани ги штитат само интересите на инвеститорите, на сметка на гушење на граѓаните! Затоа сметаме дека треба да го искористиме филибастерингот како последна алатка во блокирањето на оваа предлог-Одлука на ВМРО-ДПМНЕ!

Потсетуваме дека Левица во својата програма на овој простор имаше предвидено парк за одмор и рекреација на сите генерации”, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 17 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања