Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕВИЦА

Levica-logo

Левица: Пациентките кои направиле скрининг - мамографија за резултати чекаат и до 3 месеца

,,Пациентките кои живеат во внатрешноста на Р.Македонија се жалат дека за резултат од скрининг мамографија чекат и до 3 месеци од датумот на снимање!На пример во ЈЗУ Општа Болница Велес се снима мамографија, но бидејќи тука нема Радиолог, резултатот за читање се препраќа во Универзитеската Клиника за Радиологија во Скопје.Со оглед на тоа дека целта на скриниг мамографијата е рана и навремена детекција на карцином на дојка, апелираме до Минитерство за здравство побрзо решавање на овој сериозен проблем со цел пациентките кај кои ќе биде откриен карцином на дојка да можат да добијат и навремен третман.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

pratenici-sobranie-levica

Левица: Таравари и Кочубовски да го вклучат црвениот аларм поради екстремните температури

,,Само Република Македонија од земјите во регионот има високи прагови на црвени аларми кога станува збор за опасноста од екстремните временски услови. Имено, црвениот праг според постоечките правилници е на фрапантни 44 степени Целзиусови, а Институтот за јавно здравје најавува зголемување и на тој праг!Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје во неколку наврати ја залажува јавноста дека црвениот праг од 44 степени Целзиусови е во нормални граници. Ваквиот скандалозен став само потврдува дека властите воопшто не се грижат за здравјето на обичниот народ.Кочубовски ѝ стана познат на јавноста уште во поставата на Министерството кога на чело беше Тодоров, откако изби скандалот дека водата во Дојранско Езеро е загадена и дека се забранува за капење. Кочубовски тогаш излезе во јавноста да ја брани тогашната Влада на ДПМНЕ, тврдејќи дека постои нов правилник, според кој водата воопшто не е загадена, туку има одличен квалитет и може слободно да се користи.​​​​Истото залажување на јавноста го гледаме и сега, кога се потребни реални решенија за заштита на ранливите категории и хроничните болни, а Владата преку Кочубовски ги изложува на ризик работниците, хроничните болни и децата, само за да го заштити интересот на газдите.Левица алармира дека постоечкиот праг од 44 степени Целзиусови за издавање на црвен аларм е премногу висок и не го рефлектира вистинскиот ризик по здравјето на населението. Институтот ИТНО треба да го ревидира и прилагоди прагот за алармирање, земајќи ги предвид најновите научни сознанија и препораки од меѓународните здравствени организации!Владата треба ИТНО:- да воведе флексибилно и скратено работно време за работниците;- да иницира ослободување од работа на хронично болните и онколошките пациенти;- да организира информативни кампањи и обуки за заштита од топлина;- да спроведе засилени инспекции и санкции за непочитување на мерките;- да обезбеди дополнителна грижа и помош за старите лица, болните и другите ранливи групи преку мобилни здравствени тимови и климатизирани јавни простори сè со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на сите граѓани!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_4983

Левица: Преспанското езеро пред еколошки колапс - Владината негрижа го продлабочува проблемот

,,Преспанското Езеро се соочува со страшна еколошка катастрофа која бара итно внимание! Пред една година, Левица јавно предупреди за сериозните ​​​проблеми со кои се соочува ова природно богатство. Денес, за жал, констатираме дека проблемот не само што не е решен, туку и се влошува! Неодговорноста и незаинтересираноста да се спаси Преспанското Езеро од страна на надлежните институции и власта, дополнително ја влошуваат состојбата.Езерото го доживува најкритичното намалување на нивото на водата што е некогаш забележано, предизвикувајќи непоправлива штета на неговиот деликатен екосистем.Последиците се катастрофални: нивото на водата е намалено за повеќе од 9 метри, волуменот на езерото за 50%, а крајбрежната линија се има повлечено за 3,5 километри. Како резултат, мочуриштата се исушени, чистата и богата со кислород вода е сведена на минимум, а концентрациите на сулфати и пестициди достигнуваат опасни нивоа.Власта повторно не успеа да ги реши суштинските прашања поврзани со управувањето со водите во Преспанското Езеро. Отсуството на сеопфатни стратегии за планирање и управување за целиот слив се издвојува како очигледен и најголем проблем, а за решавање на истиот нема апсолутно никаков сигнал од страна на новата Влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ.Еден од клучните проблеми е бројот на пумпни станици во сливот на Преспанското Езеро, а нивниот број продолжува неконтролирано да расте. Овие човечки активности директно придонесуваат за исцрпување на резервоарот на подземна езерска вода, влошувајќи го севкупниот пад на нивото на езерото. Податоците од мониторингот укажуваат на тоа дека акумулацијата на органска материја на дното на езерото се зголемува секоја година. Тоа го осиромашува растворениот кислород во длабоките води, што дополнително ја загрозува деликатната рамнотежа на езерото.За да се спаси лошата состојба на Преспанското Езеро, треба итно да се спроведат неколку препораки:1. Прво и основно, потребно е строго да се контролира и ограничи количеството на вода што се извлекува од Езерото за наводнување и за други потреби. Ова ќе спречи дополнително намалување на нивото на водата и ќе помогне во зачувувањето на водниот баланс на Езерото.2. Потребно е подобрување на хидролошкиот и метеоролошкиот мониторинг и во сливот и директно на самото езеро. Со собирање точни и ажурирани податоци може да се донесат правилни одлуки и да се преземе брза акција за ублажување на кризата.3. Треба да се воведе строга регулација на употребата на нитратни ѓубрива, со посебен акцент на контролирање на применетите количини. Употребата на мали, контролирани дози може значително да го намали штетното влијание врз екосистемот и да помогне во зачувувањето на квалитетот на водата во Преспанското Езеро.Неспроведувањето на препорачаните мерки за подобрување на состојбата ќе го остави езерото во исклучително ранлива состојба. Од исклучително значење е да се преземат брзи активности за заштита на овој непроценлив природен ресурс од понатамошна деградација и да се обезбеди одржлива иднина за Преспанското Езеро и неговиот околен екосистем.Левица останува посветена на заштитата на нашето природно наследство и ќе продолжи да реагира и да се бори против еколошките закани што ја загрозуваат нашата животна средина.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_4971

Левица: Скопје се гуши во смет заради конфликтот на ДПМНЕ и Арсовска

,,Преполни контејнери, диви депонии, ѓубре и смет околу домовите, неискосена трева помеѓу зградите станаа секојдневието кое го „краси“ Скопје. Сето ова неретко е надополнето со палење на некоја дива депонија што во овие летни температури допринесуваат во градот да не се дише!Скопјани со право реагираат дека Скопје никогаш не било понечисто од сега! Причината за оваа состојба на главниот град е едноставна и повторлива по којзнае кој пат овие три години. Цената за кавгата помеѓу советниците на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалничката Арсовска ја „плаќаат“ граѓаните.Иако сме веќе во седмиот месец од годината, Програмата за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ сè уште не е изгласана, па оттука комуналното претпријатие не може да работи.Советниците од ДПМНЕ иако имаат мнозинство во Градскиот Совет, заради целта да ù наштетат на угледот на Градоначалничката Арсовска, која притоа беше нивни кандидат за градоначалник, не даваат согласност ниту една од програмите на јавните претпријатија во Град Скопје да бидат изгласани. Заради ова, претпријатијата се хендикепирани, не можат да функционираат нормално и додека граѓаните се незадоволни од услугите за кои плаќаат, сè повеќе работници и стручни кадри ги напуштаат иститие.Резултатот на одмаздољубивоста на ДПМНЕ кон сопствениот кандидат за градоначалник - Арсовска е целосен колапс на Градот! Де факто, Градот не само што сериозно го наруши угледот на институцијата Градоначалник, туку го наруши секојдневието на Скопјани, кои наместо да ги добиваат услугите за кои плаќаат, тие добиваат лош дневнополитички театар.Програмите на јавните претпријатија ќе се најдат на дневен ред и на следната седница на Советот на Град Скопје.Советниците на Левица апелираат на вразумување на советниците и разбирање на тоа дека нивната улога е да ги заштитат интересите на Скопјани, а не на искомплексираните политичари од својата партија и конечно (после повеќе од седум месеци задоцнување) да ги изгласаат програмите на јавните претпријатија и да не дозволат заради внатрепартиски политички пресметки градот да биде дозатрупан во ѓубре!”, велат од Левица.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-56-0090PM

Трет бран апанажи - ексфункционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра, велат од Левица

„Во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за избори и именувања ги има уважено барањата на министрите од претходната влада: Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за апанажа. Тие во наредните 12 месеца ќе добиваат државна плата во висина од 1500 до 2000 евра, зависно од тоа на која функција биле“, велат од Левица и додаваат:Ова е трет пат како Собранието оди спротивно на барањата и потребите на граѓаните и одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 ексфункцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, со што овие системски паразити ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра народни пари.Апанажата, како механизам достапен единствено на една општествена група, претставува пар екселанс пример за класна дискриминација во нашето општество, односно системот функционира единствено за одржување на општественото статус-кво и за да ги задоволи потребите на економските и политичките елити кои често се испреплетени.Ја потсетуваме јавноста дека единствено Левица, согласно своите програмски и идеолошки определби, преку својот член во Комисијата, пратеникот Борислав Крмов, застана во одбрана на обесправените граѓани на Македонија и гласаше ПРОТИВ ваквите срамни барања на ексфункционерите, кои продолжуваат да го цицаат буџетот на секој можен начин, додека обичните граѓани, врз чиј грб се богатат, живеат во сиромаштија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-04-at-17.00.37

(Видео) Закани дека ќе му ја убијат фамилијата добивал Апасиев: Политички е поврзано

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев при гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека бил мета на закани од радикални структури. Тој објасни дека неговата пријава не била сфатена сериозно од Обвинителството, а во неврзан муабет со ексминистерот Оливер Спасовски добил утеха наместо процесирање на пријавата.„Ќе ти заколеме фамилија, тебе... Политички е поврзано“, рече Апасиев.Тој кажа дека обвинителката го убедувала дека безопасни се нападите.. Погледнете ги деталите во поткастот:

Македонија | пред 1 година

struga-divogradbi-5

Властите - слепи и неми пред екокриминалот на струшкиот брег, алармира Левица

„Продолжува уништувањето на крајбрежјето на Струга, каде што узурпацијата на државното земјиште не само што е дозволена, туку и активно се игнорира од надлежните институции. Последниот случај, каде на само 20 метри од Охридското Eзеро се гради нелегален објект, е уште еден доказ за системската корупција и неказнивоста во Република Македонија!“, вели Левица и додава:Граѓаните на Струга со право се загрижени и гневни поради ваквата екокатастрофа. Нивниот страв дека ќе се повтори сценариото со „Аполонија“, кога нелегално изграден објект функционира како угостителски локал, е оправдан. Тампонирањето на трската и уништувањето на природата претставува, очигледно, и флагрантно прекршување на Законот за животната средина.Граѓанската иницијатива СОС Охрид и локалното население подолго време алармираат за ваквите незаконски активности, но нивните повици за почитување на законите и заштита на природното наследство се игнорираат.Државниот инспекторат за животна средина, и покрај Извештајот и Кривичната пријава поднесена пред три години, не презема мерки за санкционирање на виновниците!Левица остро го осудува незаинтересираниот и корумпиран однос на институциите и бара итни мерки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро:• Итно запирање на сите градежни активности и узурпации на државното земјиште на крајбрежјето;• Санкционирање на одговорните лица и фирми за нелегалната градба и уништување на природата;• Спроведување на планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион;• Засилени инспекции и редовни контроли за спречување на идни незаконски активности.Природното богатство на Охридското Езеро е од непроценлива вредност за Македонија и за светот! Неговото уништување е недозволиво и претставува еко-криминал кој не смее да помине неказнет!Левица стои на страната на граѓаните и еколошките активисти и ќе продолжи да се бори за заштита на нашето природно и културно наследство.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-3770PM

Левица: Изјавите на Амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

,,Третирањето на Македонија како субјект поданички подреден на западниот неоимперијализам предводен од САД, домашните политички вазали го позиционираа како норма на поведение. Неретко слушаме како амбасадорите на некои од земјите членки на ЕУ, а најчесто на т.н. „стратешки партнер“ ја злоупотребуваат својата моќ и влијание и излегувајки надвор од ингеренциите за кои се ополномоштени и акредитирани и грубо се вмешуваат во внатрешните работи на земјава. Влијанието кое го вршат врз политичките одлуки, најчесто, се прави преку повикување на интеграционите процеси или некакви вредности и доаѓаат во фаза на наложување како државата да се однесува по одредени внатрешни и, речиси, севкупни надворешни прашања и интереси.Вазалската подреденост на СДСМ ги сруши државните позиции по клучните национални прашања и стратешки интереси. За жал, новата власт предводена од ДПМНЕ продолжува да води идентична вазалска политика како нејзините претходници. Изминативе денови имавме прилика да слушнеме неколку изјави на Амбасадорката на САД кои ги нарушуваат националните интереси и позици на државата и на македонскиот народ, но истите не само што не наидоа на соодветна реакција од државната власт и беа игнорирани, туку и добија дополнителен легитимитет со тоа што новите функционери, наместо најавеното „фаќање“ за работа, го „фатија“ патот право во Амбасадата на САД!Амбасадорите на ниту една земја не смеат да даваат насоки ниту јавно, ниту позади затворени врати, за тоа какви решенија треба да донесуваат нејзините министри или пратеници. Давањето изрични изјави во форма на наредба (па дури и закана), за државните политики е директно вмешување во внатрешните работи. Во една демократска земја, власта суверенитетот го влече од народот, не од странските амбасади!Ваквиот колонијален менталитет што наѕира уште во првите денови од управувањето со државниот апарат, покажува дека Владата нема да ги спроведува политиките за кои беше избрана, туку ќе ги следи насоките од одредени амбасади што од демократска, нè прави амбасадократска држава.Освен ова, конкретните изјави на амбасадорката на САД Агелер, не само што го нарушуваат суверенитетот како еден од столбовите на демократскиот поредок во државата, туку и претставуваат директно поткопување на македонските национални интереси, особено ако се земе предвид дека се однесуваат на внатрешното уредување, Уставот како највисок правен акт и македонскиот идентитет.Левица ги повикува Владата на ДПМНЕ и МНР за секоја ваква изјава да возвратат со соодветна реакција и да не дозволат ова да продолжи како пракса, без разлика за тоа амбасадор на чија земја ја има дадено истата.Апелираме до секој акредитиран дипломатски кор во земјава да не излегува од ингеренциите предвидени со меѓународното право, да се воздржи од изјави кои го нарушуваат државниот суверенитет или претставуваат какво било мешање во внатрешните работи на Македонија, вклучувајќи ја и амбасадорката на САД - Анџела П. Агелер!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

(Видео) Корупцијата царува во затворите - животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво, вели Левица

„Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците! Повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот Идризово изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка. За жал, се чини дека ова нема да биде последен ваков случај“, вели Левица и додава:Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана. Ова го потврдува и Годишниот извештај на Народниот правобранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаностна на просториите, кои пред сè, се извор на ширење на заразни болести. Условите за живот во казнено - поправните установи во Македонија се далеку под секој човечки минимум.Катастрофалните животни услови во КПУ се и еден од изворите што поттикнуваат појава на корупиција. Според она што го споделуваат затворениците, затворската полиција, чии припадници во повеќе наврати се фатени во обид да шверцуваат забранети предмети во затворите, се основна алка во корумпираниот систем.Потсетуваме дека во повеќе наврати околу затворите беше прогласувана кризна состојба со што се овозможи војската и регуларната полиција да ги обезбедуваат затворите, но, очигледно, дека и тоа имаше краткорочни ефекти, без да ги донесе потребните резултати, а проблемите продолжуваат да се таложат.Живот под секое човечко достоинство е недозволив! Дополнително, условите во КПУ се далеку под стандардите на КПД во земјите на ЕУ, затоа Левица бара ветинг на севкупната работа на затворите и затворската полиција, како и сеопфатна реформа поткрепена со дополнителни обуки за затворската полиција, кои ќе помогнат да се зголеми нивото на спремност и професионалност на нејзините припадници.Левица апелира дека на затворите им е потребно итно реновирање и зголемување на капацитетите, но и унапредување на програмите за ресоцијализација на затворениците, каде што преку индивидуален пристап, труд и едукација, ќе бидат подготвени за реинтеграција во општеството!БОНУС ВИДЕО:?t=607

пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица поднесе кривична пријава против Африм Гаши

,,Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.Оваа прва пријава против актуелниот собраниски спикер е поднесена поради пропуштање службено дејствие и свесно и злонамерно несовесно и противзаконито постапување во случајот со неодземањето на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – поради уставна инкомпатибилност и неспојливост на функциите „премиер“ и „пратеник“.Пријавениот, согласно императивни одредби од дури четири важечки закони и од Деловникот на Собранието, бил должен да ја констатира состојбата на судир на интереси и кумулација на функции кај Џафери и да го дополни Дневниот ред на првата наредна собраниска пленарна седница – но, истиот одбил да го стори тоа што му било изрична обврска и покрај поднесеното писмено барање од страна на пратеничката група на Левица, како и покрај јавните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата.Ја известуваме јавноста дека правниот тим на Левица и во иднина будно ќе ја следи законитоста во работењето на новиот собраниски спикер и соодветно ќе реагира на секое противзаконито постапување или непостапување.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Aпасиев до Мицкоски: Владината програма ви б'зди на одвратно десничарење

Ја прочитав внимателно програмата и биографиите на министрите и тоа се најзалудно потрошени четири часа во мојот живот. Вашите кадри би ги опишал преку два хаштага. Првиот хаштах е „ружна ви е владата“. Ова е една од трите НАЈГОЛЕМИ влади. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт имаме три најголеми влади, 24 - влада, гломазна влада, а европскиот стандард е 13 до 15 члена - истакна претседателот на Левица, Димитар АПАСИЕВ, на денешната Седница за избор на новата Влада.- Имате еден глумец, а јас би кажал сите сте глумци. Еден ШПИУН, косовски, не знам ни дали знае човекот македонски јазик и работел за косовската влада. Вие, господине Мицкоски, сте плагијатори, а не реформатори. Има 10 добри работи и сите се препишани од Левица. Идеолошки воведувате нов правец, еве, да го наречеме ,,Мицковизам" како највисок стадиум на Груевизмот, бидејќи правите идеолошка каша попара од кадрите. Значи, имате: бугараши, врховисти, необалисти, бранковисти и михајловисти на крајот, но не овие ванчо-михајловизам туку воведувате сега ,,Дража-михајловизам" во нашата Влада - додаде Апасиев.- Вториот хаштаг е „шверцеви властитог живота“. Мицкоски си ја фризирал биографијата. Требало наместо нарцесоидни моменти, да пишете ,,тато ме направи асистент, Груевски - претседател на партија". Програмата е без визија, без храбри чекори, зборот РАБОТНИК се споменува само два пати, зборот СИНДИКАТ нула пати и знаете дека на ДПМНЕ газдите и коморите ќе им бидат нивните соработници, додаде Апасиев.

Македонија | пред 1 година

apasiev-sobranie

Апасиев: Гаши го прекршува Уставот за Џафери да не биде разрешен

„Уставот е јасен! Дополнително има дури четири други закони кои изречно со ,,jus cogens" норма пропишуваат неспоивост на функција. Тоа се: Законот за Собранието, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси“ - рече лидерот на опозицијата и пратеник од Левица, Димитар Апасиев, при процедуралното обраќање на собраниската седница, а по однос на неуставното, незаконското и неделовничкото заземање на две неспоиви функции од страна на Талат Џафери.„На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако: Поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор поголема од пет години, настапи неспоивост со функцијата пратеник, му престане државјанството на РМ, со правосилно решение биде лишен од деловна способност или со смрт“, додава Апасиев.Во своето процедурално обраќање, лидерот на опозицијата - Апасиев, таксативно ги наведе случаите по коишто престанува функцијата пратеник.- Ставот три е многу битен, којшто вели: ,,Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанување на случаите од ставот 1, точки 2, 3, 4, 5, и 6". Значи, точката 3 којашто е случај на инкопатибилност е спомената изрично. Слушајте што вели: ,,Собранието тоа го констатира на првата наредна седница". Ова е прва наредна седница после верификацијата на мандатите - објасни Апасиев.Инаку, уште на 4 јуни, пратеничката група од Левица има поднесено барање врз основа на сите наведени членови.- Кај пратеникот Џафери, согласно Одлуката за верификација се констатира престанок на неговата функција без расправа со прост премин - поентираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

245349517_4529517183795689_6140185821685523684_n-749x445-1

Богевски со шестчасовен филибастеринг за блокирање на погубен ДУП за зградите „Силекс" во Кавадарци, вели Левица

- Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог - деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување - потенцираше советникот од Левица во Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски.Според Богевски, конкретниот ДУП предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара.- Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие - додаде Богевски.Тој потсети дека пред околу два месеца почнаа постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани.- На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од Дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на Општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина! Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина - појасни советникот Богевски.Советникот од Левица, Круме Богевски, околу шест часа часа ги презентираше амандманите, кои мнозинството не ги прифаќа, нагласувајќи дека, сепак, во планот ќе се почитуваат желбите на населението.Богевски има поднесено 365 амандмани и како што вели - со ова како партија го блокираат уништувањето на делот околу таканаречените Силекс - згради.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-20-at-15.28.27

Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Денеска Собранието ги верификувашњ мандатите на 118 пратеници, додека за 2 мандата дополнително треба да се расправа поради приговори во ДИК од прегласувањето.Жестоко е во собраниската сала.Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник може да се откаже од мандат, ако го нема.Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток. Не соодветствува со вашиот извештај. Да видиме каде сѐ погрешивте со верификувањето на мандатите”, рече Апасиев и толкуваше дека градоначалникот на Тетово Биљал Касами немал право на своја рака да даде изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат, туку тоа требало да го констатира Собранието, а не Верификационата комисија.,, Кога се кандидираме за пратеници, поднесуваме изјава до ДИК. Оваа изјава е неотповиклива до моментот на верификацијаа на мандатот. Значи не може да повлечете нешто што немате. Овие две изјави си ги потпишал Касами, сега се откажува од мандатот поради потреба. Која потреба? Сам се кандидираше за пратеник. Како можеш да се откажеш од нешто што го немаш?Вие како Верификациона комисија имате право да оспорите мандат, а не тој сам да си го оспорува. По сила на закон, сега треба да има избори во Тетово за да се бира нов градоначаалник, бидејќи по Извештајот на ДИК Касами има мандат за пратеник.Што вели деловникот за одземање на мандат? Пратеник може да поднесе оставка, но Собранието мора да ја констатира без претрес”, рече Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

Крмов: Лошо почна Собранието, Левица е четврта сила во Парламентот, а веќе е оштетена

- Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети нашата партија со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија - рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.- Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот ,,различно" во член 20 за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, затоа што Левица е четврта партија во ова Собрание: прва е ВМРО-ДПМНЕ, потоа е СДСМ, па ДУИ и Левица како четврта сила со шест пратеници. Петта е ЗНАМ со шест пратеници, но Левица има поголем број гласови на изборите, а потоа следува Беса со пет пратеници. Значи, еден член требаше да има Левица. Во старт почнавте со лоши практики - рече Крмов.Претседавачката со седницата на тоа одговори дека за ова прашање е одлучувано на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.При гласањето само шест пратеници беа против изборот на Верификациската комисија, сите шест од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_4165

Мојсоска: Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

За каузата на Левица зборуваше пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.Мојсоска го потенцираше она што често се гледа во Собрание како: трансферот на пратеници, Преспанскиот договор.- Она што ние и го докажавме во претходниот мандат е дека не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име... Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата ,Бугари во Устав' - ние попрво во затвор би лежеле, отколку да гласаме за Бугари во Устав - истакна Мојсоска.Оттука, ваквиот начин на дејствување на Левица е препознат и поддржан од народот.- Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат - додава Мојсоска.- И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат - како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови - поентираше првата жена - пратеничка и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Левица ќе биде деконструктивна опозиција

​​​​​За пасокизацијата на СДС и за тоа каква опозиција ќе биде Левица, зборуваше претседателот Димитар Апасиев при гостувањето во ,,Слободен печат".- Ние ќе бидеме на магарешка клупа како што бевме и досега со Борис. Таман - шест души собира на последната клупа во Собранието. Сега ќе бидеме посериозни, но ние, за разлика од СДС, нема да бидеме конструктивна, туку деконструктивна опозиција, бидејќи планираме да го вратиме историскиот судир на левицата и десницата - истакна Апасиев.Левица како политичка партија прва ја најави пасокизацијата на СДС што денес е веќе реалност.- Првото полувреме заврши успешно, а тоа е пасокизацијата на сдс. Ова ни на сон не ни доаѓаше, дека ќе паднат под 20 пратеника, меѓутоа индициите покажуваа. Ние се надевавме и ќе бевме среќни и под 30 да паднеа, но ова е класичен дебакл. Ако ги одземете тројцата - 2 од НСДП, 1 од ЛДП - тие се практично 15. Во меѓувреме, таму може и да фрчат некои оставки од пратеници и да дојде некоја втора постава - потенцираше Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мојсоска: Прв закон што ќе го поднесеме е Законот за една изборна единица

Тоа што Левица сега има пратеничка група, значи дека шесте пратеника сега имаат и многу подобра позиција за преговарање во смисла на условување - ова е тезата изречена од пратеничката Јована Мојсоска во гостувањето на ТВ 24.- Имаме подобра позиција, за да се најдат некои линии и да се поддржат нашите предлог - законски решенија. Најискрено, мислам дека прв закон што ќе го поднесеме, за кој ВМРО - ДПМНЕ викаше дека се залага во предизборието е Законот за една изборна единица - истакна Мојсоска.Актуелниот Д'Онтов модел, метаматички е неправеден и на Левица ù краде во секоја изборна единица по еден до двајца пратеници. Сето тоа Мојсоска го потврдува со факти.- И на овие избори се потврди дека, еве, еден пратеник на Левица, условно кажано - вреди 11.000 гласа, додека, условно кажано - најевтиниот пратеник беше на ДУИ со 7.200 гласа, така што ние сè додека имаме еден таков диспаритет во однос на гласовите, во однос на изборниот модел, не можеме ни да говориме дека имаме основни демократски принципи - потенцираше Мојсоска.Генералниот секретар на Левица и првата жена - пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, ја поентираше главната заложба на Партијата.- Поради сè наведено, една од нашите главни заложби ќе биде токму барањето за една изборна единица, за да може подеднакво гласот на секој да биде вреднуван - рече Мојсоска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мециновиќ: Северна Македонија е национален срам за Македонците

Дека потписот на претседателот на државата беше повеќе од битен кога СДС и ДУИ го објавија Преспанскиот договор во ,,Службен весник" - уште еднаш потврди пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во ,,КЛАН дебата".- Ова е национален срам. Национален срам за Македонците е Северна Македонија. Апсолутно, го чувствуваат како национален срам. Тоа е капитулација и не вадам нова теза. Ова е општо познато - истакна Мециновиќ.- Дали има друг пример во историјата на светот каде што држава променила име поради друга држава? Дали има друг пример - една држава име да смени заради волјата на друга држава? Е, па, нема! Тоа е национален срам! И тој национален срам ќе тргне од некаде да се митигира. Тоа што претседателката го направи е коректно - додаде Мециновиќ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади

,, Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да создадат писмо за својот јазик, да шират просвета, „за слепи да прогледаат и глуви да чујат“.Беа на страната на послабите и обесправените, во одбрана на оние кои немаа писмо и книги на свој јазик, создавајќи им слово, преведувајќи книги од грчки на словенски.Се бореа со мудра мисла и со моќта на ЗБОРОТ. Правично, правдоборно и со факти.Користејќи го говорот на македонските Словени од околината на Солун, Кирил ја создава првата словенска азбука - глаголицата.Нивната мисија нема само просветителска кауза, туку и политичко-културолошка, општествено-дипломатска, а меѓу другото, и во смисла на декомпонирање на јазично-теолошкиот систем на тогашното германско свештенство.Солунските браќа се бореа и против тријазичноста:„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“Кирил Филозоф своевремено ги бранеше јазикот и писмото пред многу векови. Денешните наши тенденции се да ги поттикнуваме граѓаните на критичко мислење, а особено младите. Кирил Филозоф нека биде пример пред сите нив и пред сите нас за одбрана, конструктивност и правдоборност!Кирил и Методиј создадоа азбука, преведуваа, просветуваа. Проблемот го решија трајно, но оставија АМАНЕТ.АМАНЕТ за да си ги браниме јазикот, азбуката и просветата од сите внатрешни и надворешни напади!Денес напади има повеќе од било кога! Но денес имаме и АРГУМЕНТИ за одбрана повеќе од било кога!Да се продолжи достојно влогот на Кирил и Методиј!Честит празник на сесловенските просветители!”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Апасиев: Југославија го обели образот на Европа

Во интервјуто за ,,Слободен печат", лидерот на Левица, Димитар Апасиев, зборуваше за степенот на развој на индустријата во поранешната СФРЈ Југославија, споредено со останатите земји од светот. Тој потсети дека во периодот на социјалистичкото уредување, земјата беше чекор пред најголем дел од европските држави.,,Значи, тоа е една нација во подем (Кина), цивилизација во подем, којашто на времето доаѓала да учи од Југославија. Кога летале авиони, (гледате документарци во Кина!), Југославија ја перципирале како напредна земја, а тие тогаш биле третиот свет.Апасиев потенцираше дека Југославија го обели образот на Европа.,,Буквално, Југославија пред светот го обели образот. Затоа што тие луѓе не се плашеа да мислат на големо, не да мислат на тендери, не да мислат на вработувања, на швалерки... Тие мислеа на идеи", рече Апасиев.,,Сега во третиот свет, во Кина, во Азија, во Африка кога ќе кажете Југославија, ви текнува на ,Томос - моторчиња' во Африка и на ,Тома Винковиќ - трактори' во Индија, на црнци кои студираат во Белград... Немало нешто што не се произведува во Југославија, буквално, од игла до локомотива. Па не одете подалеку, во Скопје автобуси сме произведувале, сега не можеме да си ги купиме! Значи, тоа било држава по сите нишани", додава Апасиев.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка"

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување.Пратеникот Сашко Јанчев даде поддршка на блокадата.,,Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско - америчкиот конзорциум ,Бехтел и Енка'. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука..."Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско - америчкиот конзорциум на ,,Бехтел и Енка", па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работа.,,Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со Бехтел и Енка со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена", истакна Јанчев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт" - институциите не постапуваат

,,До политичката партија Левица пристигнаа информации од вработени во компанијата „Кромберг и Шуберт", кои се жалат на бруталните услови под кои се принудени да работат во оваа екстра - профитабилна компанија. Работниците се жалат дека се принудени да работат дури по 12 часа на ден, без нивна согласност - во спротивно биле УЦЕНУВАНИ дека ќе им биде прекинат работниот однос нив или на нивните блиски.Иако претходно било пријавувано, НЕМА никаква постапка од страна на Државниот инспекторат за труд, кој со децении со неговиот пасивен однос се става во заштита на крупниот капитал, наместо да ги штити експлоатираните работници.Левица и претходно има реагирано за бруталната експлоатација во оваа странска компанија, од која единствено добивме закани за ТУЖБИ - кои никогаш не беа доставени, затоа што очигледно е кој манипулира со јавноста и кој го крши законот.Алармираме и бараме одговорност од директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, за непостапувањето на оваа институција пред очигледното кршење на работничките права.Се работи за економски гигант, кој во 2023 година остварил приход од 300 милиони евра, со што уште еднаш се потврди дека профитите на олигархијата извираат од ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА на работничката класа, која во ваков незауздан капитализам е целосно незаштитена од владејачките партии.Македонија, како држава на периферија на капитализмот, стана рај за странските инвеститори и ПЕКОЛ за работниците, додека партиите на естаблишментот се вазални на странскиот капитал и интерес, кој државата ја претвори во потчинета колонија, каде сите ресурси (вклучително и човечкиот) се брутално експлотирани за туѓите интереси.Сè додека партии кои се предводени од милионери се дел од секоја власт, тие ќе ги штитат интересите на сопственичката класа од која доаѓаат, додека работниците ќе бидат брутално експлоатирани и незаштитени за милионските профити на странските моќници.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година

,,Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица - патните трошоци да бидат укинати", изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог - закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

IMG_3511

Левица: Изборниот систем сите нас нè краде

,,Донтовиот изборен модел, поделен во шест изборни единици, заедно со неколкукратно спроведуваниот геримандеринг на нивните граници, уште еднаш ги сруши темелите на демократијата и еднаквоста како уставни категории! Ваквиот изборен модел овозможи легална изборна манипулација со гласачкото тело, што се покажува како најголем непријател за гласот на граѓаните и на штета на Левица!Согласно логиката на овој неправеден изборен модел, 23.725 гласови односно 34.55% од добиените гласови на Левица, не се валоризирани во пратенички мандати. Овој изборен модел го ПОНИШТИЛ СЕКОЈ ТРЕТ ГЛАС ЗА ЛЕВИЦА! Па така, за Левица да добие еден пратеник биле потребни околу 11.000 гласови, додека за еден пратеник на ДПМНЕ или ДУИ било потребно нешто над 7000 гласови.Доколку гласовите беа вреднувани еднакво, Левица во овој пратенички состав ќе имаше најмалку 2 пратеника повеќе во овој парламентарен состав.Ако се земе предвид и ваквиот дефицит од претходните парламентарни избори, во текот на овие осум години, со овој изборен модел, на партијата ù се скратени најмалку 5 пратеници што е еднакво на парламентарна група.Ваквиот демократски дефицит кој го создава овој изборен модел не смее да продолжи! Гласот на граѓаните мора еднакво да биде вреднуван! Заради тоа, услов на Левица, за било каква идна влада, ќе биде промена на изборниот модел, воведување на една изборна единица и императивен мандат на пратениците.”, велат од Левица.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања